I mean... what?! Mama's killed a panda! Pregnant Kim Kardashian Debuts Baby Bump En Route to New Year's Eve Celebration!
Малце е надвор од стил, но да прашам денес се контрав со една другарка: Дали Ким и овој црнецот се венчаа??
Мене ми се допаѓа нејзиниот стил, иако често има и утки. Инаку е преубава. Спојлер Спојлер И темава е за стилот затоа ако не ви се допаѓа стилот можете да го кажете тоа, ама да коментирате дебела, кит, ваква, таква, за бремена жена стварно е срамота. Затоа што и вашите мајки биле дебели китови (како што викате вие), а и вие ќе бидете еден ден и сигурно не би сакале некој да ви вика дека сте дебели како кит, а носите дете. Нека не се најде некој навреден.
^^^Кон дотичнава госпожа сум тотално индиферентна, нит ја обожавам,нит па ја мразам. Добро, ќе признаам само дека нејзиниот стил ми е тотално кич за мој вкус А што се однесува до коментарите од типот ,,дебела,,...,,кит,, и слично, да се разбереме - женава сама си го бара! Се согласувам дека е далеку од дебела, туку сосем нормална трудница. Ама, која нормална трудница носи тесни фустани два броја помали, хеланки со меѓуножјето на изволте и фустан ала расцветана градина во кој, за воља на вистината и ангелите од Викторијас сикрет би изгледале како китови?! Каде побогу со таа гардероба, уште во поодмината бременост? Со паметен избор на гардероба, една жена може да изгледа модерно и префинето дури и во таа состојба. Само...кога ги гледам сликиве од нејзините аутфити, имам чувство дека се уште не ја прифатила реалноста околу својата состојба. Све си мислам дека кога се гледа во огледало, од спротивната страна и мавта многу згодна риба со манекенски пропорции...
Па мислам дека почнувам да ја сожалувам Колку ли само ќе и биде тешко по пораѓај да се врати во нормала Дефинитивно стилот не ќе си го врати со тој Спојлер црнецот,*не сум расист да не бидам лошо сватена до неа, колку претходно добро се облеткувше сега толку лошо се облекува,а за телото се надевам ќе успее да си го врати рамниот стомак-би било штета инаку
Беше и преубава и преубаво средена , се додека јакиот стилит на Кање Вест не ја унакази ! Се на све личи освен на убава жена пред се , па трудница
Нема да помине ни месец дена по пораѓањето а Ким ке си го врати старото тело. Чичко доктор ке и направи тами так, ке и мавнат една липосукција и ај создравје. Мислите таа ко нас ке се диетисува и фрустрира со паднат стомак и свиснати гради, стрии и слично. Молим лепо, како не. Е сега за стилот порано баш и го сакав, сега е циркус во боја (ова благо кажано и тоа). Еве нешто што ми се допаѓа од различни периоди.
Најдобар изглед, каде мене ми е феноменална е во овој фустан од Herve Leger, фустанот e фантазија и нејзе на тенот и со облините и прилега совршено.
Мене ким ми е значи премногу убава и телото и е бомба (не зборувам за сега туку кога не беше трудна) значи баш како што сакам единствена замерка ми е што не е толку висока Али човек не може совршен да е и за стилот повекето комбинаци ми се допагат Али секогаш не ,Али пак ке кажам преубава ми е