Веќе неинтересно и предвидливо. Без исклучок дневна комбинација со сако, пантолони, здолниште над колено уз тело и сандали во есенско/зимска комбинација. Еднолични обувки и масивни марами. Веќе ни со бои не експериментира а накитот е безвезен и најчесто отсутен. Постојано земјени тонови и кожни материјали и детали во кои наликуваат на бедна имитација за садомазохистички, доминант одела. Колку за промена од сакото носи прозирни еднолични фустани,инспирирани од гоблени ракотворби на некреативна пензионерка. Не можам а да не прокоментирам дека некогаш нејзината привлечна силуета сега се повеќе неодоливо потсетува на "атрактивната" физиономија на Гулабица, Сека Алексич. Сестро, тие сандали не одат нa дебело стапало.
Едно е да не ја сакаш, но да речеш дека нема стил е навистина бесмислено. Комбинациите со масивните марами, како погоре дадено е нејзиниот стил од пред 2 години. Иако денес нејзиниот стил е променет и навистина носи интересни комбинации, и денес како и тогаш, таа се облекува убаво. А и за стапала, какви треба да и бидат во бременоста? Сега, што таа од штиклите не можела да се оддели дури ни кога била бремена, е сепак нејзин избор. Дури и втората слика, самата таа ја објави коментирајќи дека веќе санадалите не и биваат.
Самерловер, ако некогаш си ме читала ќе знаеше дека Ким за мене беше божица, поим за женственост. Само ставот ми се промени низ годините, стилот кој и го наметна Кание мене воопшто не ми се допаѓа. А под стил не подразбирам една комбинација во различни бои, за мене тоа е едноличност и некреативност. Ама секој со свое мислење. Од штиклите не се откажувала ни во бременоста, тоа е исто како дебелите што не се откажуваат од хеланките затоа што некогаш биле слаби. Не личи, грдо е.