Знам дека иако си ме цитирала не си сакала да ме навредиш ама се чувствувам должна да ти објаснам зошто не знам која е Ким. За мене е па глупаво твоето прашање како може да не знаете која е КИМ?? хахахаха И порано ја имам видено темава па не трчав на нет да видам која е како некои што прават, ако видат странско име одма трчат да се распрашаат. Прв пат се заинтересирав кога го видов мислењето на Оффспринг во смешни мислења..Ако не ја знам која е Ким не значи оти сме заостанати. Јас имам коментирано овде на многу побитни теми од некоја Ким како што се психологија, религија, студентски живот, правилна исхрана, политика што е многу поважно од холивудски кловнови што денес ги има утре ги нема. Јас само не се замарам со фаците кои ги пласира американската сцена. Еве гледам филмови а актерите не ме интересираат. Имам поважни работи во животот од една Ким, се забавувам, учам јазици, патувам, одделувам малку време за нет, судирам, читам книги и никако не пратам глупави реални шоуа. Немам време за такви фаци. Слушам рок, трaнс и техно музика и толку другите пејачи скоро и да не ги знам.Ако беше позната ке ја знаевме сите, зошто никој не вика кој е Џастин, Гага и слично. Јас не знам да набројам повеќе од 5 манекенки ама знам да ја прилагодам модерната облека со мојот стил (а оваа Ким очигледно ниту е модерна ниту има стил). Имам парчиња во ормарот од познати марки ама нивнто име не ми значи ништо, моделот ми е важен. Ако сакаш смеј се ама парфемот на Нина Ричи го имав меѓу првите а сеуште не знам таа со што се занимава, ама парфемот ми е одличен.Јас никаде ја немам сретнато КИМ ни во весник ни на некој сајт ни на ТВ едноставно не ме интересираат трачарски фаци. А и од тоа што го најдов на нет не сум воодушевена од неа и да сум ја видела не би ми оставила впечаток. ПОзз
Ми се допаѓа кога е облечена едноставно и елегантно, а тоа многу убаво знае да го изведе. Ама кога ќе ми се опне со тоа анимал принтот од глава до пети стварно не изгледа убаво. Поради нејзините облини на неа изгледа уште повулгарно од што би изгледало нормално. Инаку знае женската да си ги истакне добрите страни, очите ги шминка убаво само трепкиштата не и требаат. Во секој случај, убава е, скоцкана и средена, само понекогаш прави некои утки фатални.
Не ми се допаѓа изборот на облеката, просто не и одговара. Стегната во тесни фустани изгледа гломазно, ме потсеќа нејзината фигура на Сека Алексиќ
Ауу женскава ми е совшенство од друга планета...знам дека сум женско ама неможам да и се изнагледам на задникот и градите...мн убаво тело ми има со гради,тесна половина,рамен стомак,г‘з и убави нозе...само што е ниска...и преубаво ми се облекува се е убаво,скоцкано и не е вулгарно
Каша не можам а да не се согласам со тебе за овој вториов дел од мислењето... Инаку што се однесува за Ким, не би сакала да коментирам за тоа колку е паметна или не (не сум и го мерела коефициентот на интелегенција, а и не ме интересира) туку сакам да кажам дека одлично се облекува. Голем дел од холивудските ѕвезди имаат кеш ама немаат поима од облекување.
Ким не ми ја дирајте Значи типката се проби на сцената (не е важно како)... и сега убаво знае како да се одржи. Мајка и Крис е ЅВЕР во секоја смисла на зборот. Прави се за нејзините деца да уживаат во милиони. Ким (порното де) им беше отскочна даска. Имаат 4 реални шоу-а, од кои едното веќе има 6 сезони, се здружија со сите од кремот на Холивуд, ги има на сите настани, еве ВМА наградите се последното, заработуваат од сите страни. Парфеми, алишта и што ли уште не. За секој нејзин пост на Твитер зема по 10 000 долари. Во месецот ги има барем на 6 насловни страници. Всушност тие немаат професија, си го продаваат животот за пари (а всушност, кој гледа внимателно, ке види дека и шоуто е со сценарио и тие глумат цело време), и тоа многу големи. Во изминатите 4-5 години, гарант имаат земено преку 200 милиони долари, па и повеќе (за цела фамилија зборам). Што им е гајле што немаат професија, што се џетсетерки, или како сакате наречете ги. Според мене тие се едни од најуспешните. Немаат работа, а земаат ненормални суми на пари. Само минатата година зедоа 65 милиони долари. А сега и за стилот малку. Можда ја облекуваат стилисти, ама ретко кога има промашај кај неа. Преубава е, задник, гради, салце... се е така спакувано, да женава изгледа ПЕРФЕКТНО
Се подразбира дека ќе има убави парчиња при толку пари и стилисти,а што има толку посебен стил?Не е некоја модна икона па и воопшто не е уникатна ниту има некој гламур.Мене конкретно мие одвратна,кога веке решила да стане позната можела да поработи малце на својот изглед,облини во ред и Jenifer lopez i Beyonce ги имаат ама толку сало и целолит како кај дотичната не смее да си дозволи некоја што решила да остави впечаток во американскиот џет-сет.Типична спонзоруша на која и требало секс снимка да се збогати-тоа е страшно не за обожавање.Па сега ке се праве невина со реални емисии.Освен тоа во никоја индустрија ниту во музичката,ниту во модната нема никаков просперитет освен во порно само таму остави впечаток.Предходно прочитав коментар од типот нашите деца да се угледуваат на неа,во никој случај новите генерации треба да ги гледаат идеализираат вистинските уметници.
женава право да ви кажам на Фб ја видов и одма побарав да видам која е штое е и на фемина нешо читкав да имам пари и јас би се облекувала така можеби и поубаво (самобендисана сум знам) и некако премногу килажа за таа висина. иначе некои комбинации баш и се убави.
Мене тоа што ме иритира кај Ким, е тоа што е префорсирана! Имам веќе пишано во темава, девојкава има убави црти....но, не е мој тип Јас кралскана свадба не ја гледав, па на Ким свадбата ќе ја гледам. Всушност, напливот на овие рандом личности е поради оние глупави reality shows. Почнаа да ни го трупаат секојдневниот живот со “непотребни луѓе“. Се согласувам со мислењето во темава....и да сакаш, не можеш да ја знаеш. Сите магазини се полни со неа. Поради парите е најубава, поради парите е најзгодна итн итн. А уште повеќе ме нервира кога ќе грабнат да прават демотивации, демек Ким vs Парис Хилтон (а на сликата Парис во најанорексични дани). Наравно дека Ким ќе изгледа подобро во споредба со Парис А од доле пишале боље да љуља, него да жуља Девојката е убава, но мислам дека треба да прекине со форсирањето на облините. Не е единствена со облини, ама изгледа е единствена која успева да си купи Хрв Леџер фустан кој ќе направи тие да изгледаат перфектно. И да, не можете да ме убедите дека се и стои перфектно. Еве ви пример, доста едноставен и реален, дека не иде да бапнеш се’ што е дизајнерско на себе (ко изврзана вреќа е)
има изградено свој стил, дури секое појавување копи-пасте како да е, веќе здосади со истите модели, претежно тесно фустани до над колена со потенцирање на задникот баш би сакала да ја видам во повеќе комбинации со панталони
Не знам дали не ѝ стои, ама шеес пути поубаво ѝ стои од таа лево. АјПад може во џеб да си пикне комотно. :/ Не е најубава на свет, мене ми е убава со корекциите и згодна, преубаво се облекува, за да ја гледам на слика ми е топ. Да ѝ слушам нискоинтелигентните изјави у шоуто, не.
Не е важно како се пробила? О мај Гад. Епа поради таквите како неа што не е важно како се пробиле, вистинските таленти секогаш ќе бидат во сенка.Ете,поради таквите како неа. Ова испаѓа-не е важно што сум, важно е да ме има на телевизија.
Ги има промаршено сопред мене комбинациите со анимал принт и во фустаните кој се претесни и премногу и ги истакнуваат облините а за све друго за стилот рака и пуштам секаде комбинациите и се врв за тоа како стигнала да стане позната никој незнае и глупаво е да се коментира само можиме да си нагодваме
снимила порно... хао јес ноу... тоа фино лепо си беше домашно видео на 19 годишна девојка.Е тоа што го пуштија во јавност е друга работа.S**t happens . Па скоро сите вистински таленти според тебе, имаат порничи, секоја вечер прават луди журки, се пијанчат, се дрогираат. Само што тоа не излегува во јавноста. А на Ким излезе видеото... и таа после си го наплати тоа... ако е бал, нека е маскенбал. И ако сакаш да знаеш, Ким беше популарна уште многу одамна, кога татко и беше адвокат на О Џеј Симпсон... плус нејзиниот очув, Брус Џенер, беше идол на своето време. Цела фамилија ги имаше на тв со години. Е сега тоа што во последно време прават БУМ... си можат, така им се сака. Па и на мене клубот Тао во Лас Вегас да ми понуди 50 000 долари само за да излезам кај нив во клуб... и јас би го направила истото. Сите од фамилијата им се фаца, убави, згодни, со заоблени фигури. И доста беше од скелетоните што рекламираа облека до скоро. На сцената и требаше малку мевце. А Ким прекрасно си ја заврши работата. А кога збориме за талент...ретко се наоѓа во последно време. Почни од пеачи, заврши со актери... сите се пробија на сцена преку кревет.
A тоа за порното па скоро сите познати имаат порнич...е сега на некои ќе им испадне во јавност а на други не...
http://www.youtube.com/watch?v=UMqqOk3W7wQ премиера дел од видео записот на Ким нешто како полупорно му доаѓа 16+
Епа од кај знаете дека сите познати имале порничи ако не им излегуваат во јавност? А оваа Ким Кардашијан не е до толку нешто па олкава фама да се крева околу неа. И нејзиното ќе помине, како што и помина славата на Парис Хилтон. Чудо за сезона две би рекла.
Па како што пред некое време се дозна дека некој го има порното на Џеј Ло ама она си заврши работа и видеото не излезе во јавност