леле кај е ниска уште вакви штикли вакви со ремче визуелно ја скратуваат ногата. ја обичам оваа, ама ова е промашај. и ко што кажаа во постот пред мене, да имам пари колку неа многу поубаво би се облакала.. а вакви штикли верувале или не, се нецели 15 евра : http://www.ebay.com/itm/Women-Vogue-Pla ... 6fc4a018e3
Е што толку посебен стил има девојкава,се облекува потпросечно според мене. А да не зборам за тоа дека си се фрцка наоколу,ја сликаат папараци а никаква улога не играе во шоу-бизнисот.Ниту е пејачка,ниту е глумица,ниту пак нешто друго само уште една "селебрити ванаби".Ај барем убава да беше да речам има зашо толку да ја спомнуват ама и тоа не.А па нај ме чуди кога некој ќе рече имала убаво тело,имала убава фаца ,од толку убави жени во светот на оваа најделе да и лепат придавка "убава".
Верувала или не ова се Прада со добра сума на пари, а фејк чевлите нормално ќе се ефтини. Ким не е ко мене да носи фејк, си носи оригинал. Хепи? Додуше нејзе и ги подаруваат не верувам ни да плаќа пола од гардаробата http://www.saksfifthavenue.com/main/Pro ... &ev19=1:17 Meне па ми се допаѓаат чевлите. Уууууаааа Ким носи крзно Смешно изгледа Ко тетка е плус и ја утнале пудрата А ова е едноставно и симпатично И лајк за овој кежуал стајлинг
јас не само што мислев дека за 15 евра може да се купи Прада туку мислев и дека е тој идентичен пар чевли Ким што ги има носено. зашто ме разочара? и не знам што ти е со филмов што мислиш дека само ти се разбираш од мода. не викам дека ја сум нешто болна и ги пратам сите модни дешавања ( фала богу имам попаметни и побитни работи во животот ) ама немој да потценуваш било кого.
Ја обожавам! И во стил, и убавина и карактер. Кој што сака нека рече. Имала сало, па што? Која жена нема сало?!
Има разлика од сало до сало, точно дека секоја има, ама Ким има повеќе од доволно. Едно е да бидеш елегантно пополнета, и да имаш облини да не бидеш само коски и кожа, а друго е г‘зот да ти личи на израсток, да имаш бут од 60 сантиметри на висина од метар и шумска јаготка. За стил и убавина, нема да спорам, за вкусови не се дискутира, ама молим ти се кој карактер го има цурава?
Па гледај и го шоуто и ќе видиш што карактер има. А иначе незнаев дека ја измери во нејзините пропорции, па да кажуваш. Плус, има пари досега таа требаше да оди на липосукција 100 пати пошто нели има масовно сало,ама си ги сака своите облини и си се сака себеси како што треба секој да го прави.
Многу ми е попаметно да изгледам документарец и да научам некоја корисна информација, отколку времето да го трошам на некое ријалити шоу на жена која се прослави со својот порно клип. Не верувам дека има многу што да се види и научи. Уствари има, како да се заљубиш, венчаш и разведеш во рок од 3 месеци. А за липосукцијата, што се мене тиче, не липосукција може и пластична операција да направи сеедно ми е, мене ми засмета идеализирањето на нешто што да бидеме искрени, е далеку од идеално. Дали сум ја измерила или не, небитно, сликите доволно кажуваат. На крајот на краиштата и идеализирањето е повторно субјективно и индивидуално, јас можеби и се восхитувам на Јулија Тимошенко и ми е репер за жена змај, тебе ти е Ким Кардашијан, ништо страшно, секој за себе .
Не ја читав темата од почеток така да само неколу забелешки од машки аспект 1. Кардашиан у фаца не е ништо посебно, чист просек а мене ама ич не ми се свиѓа. 2. Тело има авион со облините, барем на сите фотки на нет и тука што ги погледнав, на реалити шоу не сум ја гледал, може е здебелена ама ако е како на фотките ниедно машко нема да ја одбие. Сакаме облини и тоа е . 3. Стилот на облекување и е одличен, има вкус (или одличен стилист) и барем на 90% од фотките беше феноменално облечена или како вие што викате скоцкана. Кој мисли дека нема стил се лаже, ИМА и тоа очигледно многу успешен што не значи дека не е имуна на повремени „чудни“ комбинации. Не ја кривите, жена е мора да проба како и стои . 4. За карактерот нема ништо да кажам зашто не сум ја гледал во живо. Може да е тешка глупача а може да и работи мозок 600 на саат а да се прави приглупа ради имиџ. Вие што сте ја гледале на риалити шоу си знаете најдобро. Во принцип девојки што се слабички ќе викаат дека е дебела а девојки што имаат облини ќе викаат дека е таман Инаку ми личи на типична шмизла ако не ме лаже интуиција
Алал да ти е за сликите Незнам дали е до стилистот или до неа само знам дека е ужасна во стилот . На свадбата ми изгледаше како Жаде со украсот на глава . Носи вустани кои ја прават надуена до незнам каде ... Што гледа толку убавина народот во неа , незнам . А за сестрите немам зборови . Едната што е ниска , ниска е . Ама бар нема кај неа до толку претеризам . А онаа другана е стварно како џин па и уште носи штикли 15ка . Плакарите Крзно , лејди гага штикли и што уште не . Претиризам ,луге и се за слава и пари !
Фустанчиња, високи штикли, долги шарпи, сакоа, тесни панталони и двобојни комбинации. Класичен стил..Но секоја комбинација и е веќе видено. Овај фустан и е еден од најубавите.