Lauren Katherine Conrad е американска TV ѕвезда, која се прослави првин преку реалното шоу „Laguna Beach: The Real Orange County“, а потоа со „Тhe Hills“ - исто така реално шоу, и двете емитувани на MTV каналите низ светот. Токму славата која ја стекна со овие шоуа и помогна да се протурне низ модната индустрија ( - додека се емитуваше „The Hills“ Lauren работеше како уредник во Teen Vogue ). Така денес со своите 25 години Lauren e автор на неколку книги ( пример: L.A. Candy ), моден дизајнер и е една од најпознатите celebrities во Америка. Нејзиниот стил е типичен girly зачинет со vintage детали, накратко - секогаш е убаво облечена по последните модни трендови, и скоро никогаш не прави грешки. Токму затоа се смета за fashion icon меѓу младата популација. : )
Е ова е веќе стил според мене! Девојкава се облекува баш како што сакам, како да сум и стилистка + и убава е, чиста 10ка од мене Околу утките, има и тоа ама ептен малце такви комбинации
Ја обожавам ! Прекрасна ми е , во секоја смисла на зборот . Предобра е и како личност Еве неколку каде што ми се допаѓа, ама па многу се ..Ехх
Многу ми е слатка Некако ми зрачи со позитивна енергија Многу ми се допаѓа како се облекува, и некако многу и одговара стилот со карактерот.. Нежно, слатко, женствено.. И ја обожавам косата Толку здрава изгледа и мекааа.. И бојата и ненормално добра Кога ја гледам ми иде да земам да се офарбам така, ама знам дека нема да ми стои Поубава ми е со посветла коса. Ми се допаѓа и шминката, никогаш не претерува и изгледа многу природно. Косатаааа
Ја обожавам девојкава! Иако има едноставен стил, секогаш изгледа прекрасно. Се си е на свое место, точно знае што да облече за да изгледа убаво.
Не сум некој најголем фан, но стилот и е 10ка! Совршено! А да не зборам за нејзината коса, или познатата Лорен Конрад плетенка Јас така најчесто ја правам!
Ни барбика не и е рамна! Совршена е. Преубаво лице, тело, коса и насмевка. Преубав стил. Едно големо за девојкава.
Слатка е убавка, ненаметлива што ми е негативност нејзина, убаво се облекува и треба тоа повеќе да го истакнува а таа ми е некако срамежлива во тие убави фустани и штикли на кои треба погорделиво да чекори. Ќе ја споредам со Оливиа Палермо која толку сигурно ги носи комбинацииве, спротивно на Лорен која тоа го прави некако несигурно, барем на прв поглед. А и прилично е умерена во комбинациите, не многу бои, не многу принтови, не многу дезени. За модна икона по мој вкус и недостасуваат неколку работи, но ги има предиспозициите и убава и згодна е дали ќе успее ќе видиме млада е . Тука ми е утка
леле што посебно видовте кај оваа што толку ја испофаливте не знам. ја за оваа прв пат и слушам, али нема врска тоа, скоро секоја комбинација и е фармерки и маичка како 70% од женските кај нас низ град коа се шетаат, зарем тоа е доволно за некој да е модна икона и да паѓаме у несвест?
Лорен си ја знам одамна, уше од The Hills и ми беше омилена таму. На крајот ја снема, и донесија нова на нејзино место и прекинав да гледам, не беше тоа тоа. Нејзиниот стил, ми се свиѓа да, но ќе се сложам со Каша, не е ништо посебно, не можам да кажам wауууууууууууууууууу. Добри парчиња, добри комбинации, ништо посебно според мене. Тоа што го носе, секогаш одлично и прилега, иако се само едни фармерки и маичка. А нејзината коса ми е прекрасна. Тоа е за wауууу .
Некои од омилените комбинации на неа Убаво ми е то што таа се облекува баш обично, ништо посебно на прв поглед, ама самата аура, самиот изглед ја прави да биди преубава жена. Ја обожавам.