ако некој е секогаш со свој стил и во последна мода мора да признајте дека то е никој друг освен Миша Бартон,еве уверете се:
за девојкава се ширеа некои гласини дека се запоставила себеси, се здебелила и сл.. ми текнува глеав и некои слики кадешто стварно не личеше на себе.. можеби биле само озборувања, можеби фаза којашто поминала. во секој случај многу е симпатична и убав стил има. посебно ми се допаѓа 4 слика 1 комбинација, баш е опуштена, лежерна и стои
Ништо посебно, се прашувам дали има доволно слики за да се коментира стилот. И стварно, на секоја една што се појавила во серија или филм почна да и се отвара тема за стилот, ајде ќе го трупаме форумов. Теми се знае, за најпознатите, што има најмногу слики да се видат од нивни комбинации, да развиеме дискусија, а не за секоја една што се појавила во серија или филм како што реков де.
Добро сеа на секоја т.н селебрити ќе коментираме стил, и ќе се отвараат милион теми? Вакви теми се отвараат за личности кои се сметаат за модни репери, а не за секој и сешто
ако ви смета толку избршете те го слободно јас сакав само да коментираме и мислев дека има стил а има ама нема врска, и не иччччччччччч селандурија
Миша Бартон и стил? Да има кежуал стил, ќе и дадат стилистите некој фустан за на црвен килим и готово. Никогаш не би отворила нејзина слика и да речам леле да видам што облекла да и се воодушевувам! Бетер се облекува од една просечна девојка. Ништо посебно. 80% од македонките поубаво се облекуваат од неа.
Кратко и јасно ќе се изјаснам на темава : Според мене Миша Бартон нема некој стил кој заслужува тема и дискусија.Сосем просечно, понекогаш и подпросечно. офтопик:Не ми е јасно зошто отварате тема за секоја селебрити личност со просечен секојдневан стил.Јас темата за Блер ја отворив бидејќи мислам дека нејзиниот стил е специфичен, на моменти екстравагантен и не се вклопува во нашиот менталитет и стандард, но стилот на Миша или Ева Лонгориа може да го има секоја девојка во Македонија со малку вкус за мода.
Мислам дека нема потреба за секој да отвораме нова тема, би можело да има една - СТИЛОТ НА ПОЗНАТИТЕ па таму нека се пишува за сите. Инаку Миша јас многу си ја сакам да ја гледам бидејќи многу ме потсетува на мене, ама за облеката ми нема оставено некој впечаток баш.
Оваа женскава ја знам од Addicted, да не беше спотон ќе немаше да знам која е Спојлер Море, што се променила од тогаш, да не ја познаеш Озбилно сеа, не сум ја пратела вака ептен да знам што стил има, тука што видов некои слики. Не е запуштена нешто да кажеш види ја каква е, ама не е ни да те остави со уста отворена. Кежуал стил, ништо посебно
Миша Бартон си ја обожавав кога глумеше во Округот Оринџ некако ми има мила фаца и убава коса а во последно време не сум слушала многу за неа.А за нејзиниот стил па не е ништо посебно за да се отвара тема специјално за неа но сепак се облекува модерно. Еве некои слики од неа во Округот Оринџ.
Многу ја сакав порано, прекрасна ми беше во округот оринџ ама се уништи..одамна немам ништо слушнато за неа.А за стилот што знам ништо посебно, имаше некој убави комбинации.
Мене ми е многу слатка, но кога е слаба. Не ми се верува каква се направила, ги видов погоре сликите. Вао, воопшто не личи на неа, како некоја друга да е. Лицето и е полно и дебело, воопшто не и стои. Според мене, нема некој специфичен стил, обичен, поопуштен. Неколку комбинации ми се допаднале, имам во компјутер некои, лежерни се. Бојата на косата, на 2 слика воопшто не и стои. Бледа е, светол тен па и плава коса. Но ме густа, ич. Со кафеава ми е преубава.