паа како што сум забележала убаво се облекува ама фризурата каква што и е сега и е утната и тоа многу ич не и стои,а останатите фризури сите ми се допаѓале
Сликана погоре лилјак и е жива катастрофа стајлинг со се фризура утка невидена. Би рекла една од нејзините најголеми. Знам тупам на темава дека ич не и го поднесувам стилот ама она си продолжува по старо, ова и се најнови слики. 11ти септември. Бљааааааак на чевливе и ужасниве панталони А и мразам наочари во црна темница 29ти август 19ти август. Дали е свесна колку ужасно и стои ова на нејзината градба и изгледа ко свинче? 21 јули Освен за фризурите кои реално речиси сите и стоеа одлично, освен црвенава фаворит ми беше црна кратка и тие промени се единствените стилски промени кои беа со вкус направени. Она и облека = катастрофа!
Toлку многу ја сакав, ма цела соба ми беше излепена со нејзини постери! И' се восхитував, бувално на се' - не коса, не облека, не очи ...а сега, оваа некоја си нова Рајана не ја ни познавам. Воопшто не ми се допаѓа. Менува фризури пречесто - ајде, разбирам дека е јавна личност и сето тоа, ама се' си мислам дека малце и' фали да се избриче гола глава - уште тоа не пробала. И уат д фак и 'се дешава и со облеката? Нејсе, не чини. Премногу вулгарно и ексцентрично. Ја сакам старата Рири назад. Од целиов циркуз што го видов, единствено ова ми падна во око - скромноста е злато, драга Ријанке.
Што красно чупе си беше порано, и поубави песни имаше, и убаво се облекуваше, многу ја сакав тој период кога искочи.Ај што мењаваше фризури мењаваше, сите и бе горе-долу добри, ама последнава година-две збесна бре!Виде искочи Гага, па ај и таа нека проба де. Убав стил имаше, се упропасти.Не само и стилот, и песните никакви и станаа.Сега само црвената коса и е убава (ако уште ја има) Еве порано каква убавка си беше: Сега де со бапски чорапи, де невеста, де трикоа нема што не облече . Овие се врв:
нејзин фан сум..прави добра музика.. (иако во живо гласот и е катастрофа ) ..ама во последно време..нема никаков стил..облекува што ќе и падне во рака..па тоа стил ли е ? на крај крајот..што ќе му се мисли што да облече..па нека се соблече целата.. и така се помалку алишта носи на себе..
Кај оваа девојка приметувам многу квалитетни парчиња облека, посебно кондури, но често комбинациите и се смешни, чудни, конфузни пр. сликата погоре, ајде нека се екстравагантни, но да личат на нешто а не како за во циркуз. Што се однесува до црвената коса и е полн погодок, убаво и стои дури поубава ми е вака отколку со црна, а со плава и кратка како од гето да излегла како циганка. Се на се девојаква поинтересна ми беше во секој поглед некаде на почеток, сега ми е сафра од неа и глупиот стил кој го фура особено во музиката.
Оваа со другарка и Гага рака под рака и ајмо, си има карвани некои, патувачки циркуси си постојат. А врска со мода и со стил? Ријана? Ц, никаква.
Каква што си беше на почетокот со нормална, долга кафена коса најубава беше. Евентуално овој фазон беше добар, многу убаво и стои кратка виткана црна коса. Сеуште личи на женско тука. После тоа... Не знам, лошо до лошо, со црвената коса до колена од летоска ко избегана од џунгла. Неќам да знам шо има се`видено главата нејзина.
МОјата пеачка Многу ми се допага со црвена коса и нека не си ја мењава всушност секаква и стое ама вака коса не http://ultimate-rihanna.com/gallery/alb ... 8ee0d6.jpg Еве и го нејзиниот вечерашен изглед Е оваа е нешто нај нај прекрасно!!!!
*Само исправка, ова е нејзина восочна фигура со облека испирирана од спотот за S&M Се согласувам дека почна многу невкусно да се облекува за нејзини години. Такво невино фациче, а толку провокативна облека. Ама не е таа виновна, нема запрено 6 години кутрата.. и удрија парите во глава, а сеуште нема албум кој достигнал прво место на топ листите, туку само синглови. Единствен период кога ми беше слатка беше кога имаше кратка црна коса и со неа експериментираше, имаше разни фризури и речиси сите и стоеја. Има убаво главче, мора да се признае. А и црвеново косе и беше полн погодок. :up:
- ова ми се допаѓа така-така - ова ич не ми се допаѓа не и одговара фармерското џакетче -леле што е ова , грдосија нема што да кажам - ова пак уште полошо е .
Овде косата и е преубава, и бојата и како и е направена фризурата И ми се допаѓаат тие венчиња што ги носи. Многу интересно и слатко стои
На почетокот на нејзината кариера ми беше фина девојка со долга кафеава косичка и одличен стил но некако подоцна сигурно не по нејзина вина и го сменија стилот до немајкаде но ми се допадна промената со црвената боја . Абе па и не е до неа колку стилисти има што ја прават што ја трткаат за настапи и ја облакаат така по ‘‘најнова‘‘ мода ама тоа е сега Ама си ја сакам
Потполно се согласувам. Многу поубава ми беше вака: Спојлер Сепак Ријана си е Ријана, секако си е убава и ја сакам
99% од сликите и се од пред некоја година. Значи новиот стил и е ужас. И си продолжува со грди комбинации, а плавава коса со црн корен и е наужасна до сега.