Oваа британска актерка неколку пати е избрана за девојка со најдобар стил, важи за модна икона, идол на многу британки, секогаш е следена од папараците и нејзините комбинации се доста коментирани. Воедно има и креирано мислам две колекции со свој потпис, со помош на својата сестра која е дизајнерка. Дали ви се допаѓа стилот на Сиена? црвен килим улична мода
Искрено и мислам дека повеке е барана од папараците баш поради нејзиниот стил отколку нејзината актерска кариера. Сепак
тука ми е убава... Спојлер П.С за да изгледа поубаво форумот предлагам сликите на секоја тема да ги ставаме во spoiler
Една од моите омилени селебрити фацки. Многу си ја сакам, мила ми е, некако скромно делува, а сепак шармира со својот вкус и префинетост.
Мене ми е многу убава и го обожавам нејзиниот стил ! Најмногу ми се допаѓа тоа што има полежерен стил а сепак модерен и впечатлив.Секогаш ми се допаѓа како е облечена.
Се восхитувам на тоа каков стил негува! Заслужено е тоа што е сметана за моден идол на многу жени. Имаше една слика со црно бело фустанче мислам каде е прекрасна, само што не можам да го најдам на гугл. Везено беше фустанчето чинам. Не знам, бледо ми е во меморија.
Ништо посебно, се некои недефинирани комбинации, материјали, модели, премногу натрупано за мој вкус. Има некои парчиња кои и се фини ама пак ке кажам, натинг спешал.
Многу ми се допаѓа стилот на Сиена Милер. Изгледав една емисија посветена на неа и нејзините комбинации, изгледа секогаш прекрасно на црвениот тепих, а нејзините секојдневни кежуал комбинации се чинам уште подобри и поинвентивни. Никогаш не ми е досадна за гледање, изгледа шик и свежо. Уникатна. Спојлер