Стокхолмски синдром

Дискусија во 'Психологија' започната од ludacha-sweety, 17 март 2015.

  1. ludacha-sweety

    ludacha-sweety Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Стокхолмски синдром

    Овој синдром е наречен стокхолмски бидејки наводно прв пат бил забележан во Стокхолм.
    Стокхолмскиот синдром е карактеристичен за парови во кои едниот е насилник а другиот жртва. Обично мажот е насилникот, а жената е жртвата(тоа е клишето, може да биде и обратно). Во вакви парови насилникот има многу голема потреба за контрола и доминација врз жртвата со тоа што и ја зема цела енергија. Најчесто емотивно ја уценува за нешта кои знае дека на неа и се важни. Покрај контролата, има обичај да ја понижува и буквално да ја ништи. Во екстремни случаи се случува насилникот и да ја тепа жртвата. Вакви врски слободно може да се наречат садомазохистички.
    Е доколку на жртвата и здосади сето тоа “трпење“ и едноставно реши да си замине од ваквата токсична релација, насилникот станува вознемирен и анксиозен и почнува да ги користи сите можни мерки за да ја врати назад.Тие двајца имаат зависнички однос еден од друг, па колку што жртвата е зависна од него и има страв, така и тој е зависен од неа и од нејзиното внимание. Кога се обидува да ја врати назад, тој е нежен, многу ја сака, изразува чувства и посветува енормно внимание се додека жртвата не падне под тоа влијание.Што е најважно секогаш во тие моменти и ветува дека тој ќе се смени како демек. Е кога ќе падне под влијанието и ќе му поверува дека ќе се смени се е исто како што било некогаш. Тоа е маѓепсан круг од нема излез. Единствен излез е освестувањето барем на едниот од нив дека има проблем кој е најпожелно да се реши со професионалец. (превземено од фб)

    Па женски ме интересираат вашите размислувања на оваа тема и како некој кој се пронаоѓа во ова да се справи со тоа? Видов дека нема ваква тема и решив да ја отворам.
     
    На hermosa, Meckicja и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    мене муабетов ме потсети на фифти шејдс оф греј :D
     
    На Petra777 и tessie им се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    6.374
    Пол:
    Женски
    За овај синдром имам и јас слушнато,но луѓето кои го имат овај синдром уживат од еднатата страна да бидат жртва а другата страна да доминира над нив,така да ова му е како уживање и затоа всушност тие парови кои се во вакви врски да речам свесно се во нив и уживат на начинот на кои третират и се третирани...@Valentina.Vaki да тоа така некако му доаѓа се согласувам со тебе филмот и мене ми е скоро пример за ова...
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Ама јас мислам дека го немаш баш разбрано тој однос, не се работи за жртва у буквална смисла туку "жртва".. мазохистот ужива да биде мачен/а и физички и психички ..тие парови уживаат обострано тоа им е фетиш и тоа ги пали и мислам дека не бараат помош, тоа им преставува задоволство..
     
  5. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.596
    Допаѓања:
    10.779
    Пол:
    Женски
    Стокхолм синдром НЕ се однесува на начинот на функционирање на некои парови, туку конкретно се однесува на жртви на киднапери кои почнуваат да развиваат љубовни чувства за киднаперот и му ги оправдуваат постапките, наместо страв и потреба да избегаат.

    Stockholm syndrome, or capture-bonding, is a psychological phenomenon in which hostages express empathy and sympathy and have positive feelings toward their captors, sometimes to the point of defending and identifying with the captors. These feelings are generally considered irrational in light of the danger or risk endured by the victims, who essentially mistake a lack of abuse from their captors for an act of kindness. The FBI's Hostage Barricade Database System shows that roughly 8% of victims show evidence of Stockholm syndrome.
     
    На Hipica, crimson, cooll и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    ^
    Да знам.. и на друг форум се дебатираше за истово, на почетокот не се однесува на функционирање но потоа и двајцата функционираат така како што функционираат и на некој начин стануваат парови и тоа им се допаѓа затоа велам дека они не бараат помош туку уживаат во таквиот однос, најверојатно е во прашање некој психолошки момент и кај двете страни..
     
    На hermosa и okcenzi им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.295
    Пол:
    Женски
    Голем е бројот на ваквите врски, за жал. Зависноста е толку голема што, често, жртвите не се ни свесни дека се жртви. Денес сеуште фали самопочит кај голем број луѓе...
     
    На Petra777, hermosa и esperansa777 им се допаѓа ова.