Моето е 4 плус. Сакам да му купам столче да си седи на високо ама не можам да различам пронајдам столче за 4 плус месеци. Сите што ги гледам се 6 плус. Помош некаква со слико? На интернет гледам ама 4 плус никако не наоѓам. Би ви била благодарна доколку ми помогнете.
Ние купивме во ЕнциМенци во Сити Мол. Столчето се вика Луна. Се спушта до лежечка позиција така што можеш да го користиш од 4 месеци. Ние го користевме пред 6 месеци. Еве линк http://www.encimenci.com.mk/stolica-za-hrane-e-luna-88406. На столчињата за хранење мора да пишува 6 плус зашто нели до 6 месеци треба исклучиво на млекце да се. Исто така за да се хранат треба да може самостојно да седат а тоа е на 6 месеци. Така што ако не се комбинација со релаксатор на нив ќе пишува 6+. Она што ти е битно за пред 6 месеци е наслонот да има повеќе позиции не само седечка за да можеш да го спуштиш на нивото на кое може да седи бебето.
Мене не ми е јасно дали само делот како за потпирачка треба да се прилагодува или и останатото? Јас го ставав за проба во ваква ама не ми се виде адекватна за 4 плус оти баш доле столот не се прилагодува. Крај краева ќе си почекам. Ионака не планирам да го хранам уште од сега. Јас сакав да си го користам како релаксатор.
@vitamina се прилагодува само наслонот. Долниот дел останува да виси. Затоа се и 6+. Намерно не ги прават да може скроз да се прилагоди зашто има и столчиња комбинирани со релаксатор и тие се мнооогу поскапи. Некаде околу 10000 - 120000 денари. Сега за сега детето на под на подлога за играње и немаш гајле. Така е и најдобро за развој. На 6 месеци потоа ќе си купите столче за хранење.
@danichap понапред во темава има постирано столче токму какво што бараш. Релаксатор и хранилка. Sирни, мислам дека беше на hauck. едит Го најдов постот, еве линк: https://forum.femina.mk/threads/Столче-за-хранење.8511/page-4#post-2435991
Мајки незнаев во која тема да пишам па тука сте доста активни тука ќе прашам дали некој ја има хранилкава како сте задоволни која цена одат на ново???
Мајки каква хранилка е подобро да купам? Статична или што се поднесува на ниво столчето и масичката? Колку што гледав статичните се поефтини. И каде има убави хранилки?
Нашата е на нивоа меѓутоа како сум ја подесила на почеток (на највисокото ниво) така си е цело време. Исто и наслонот на седиштето се подесува во 3 позиции, а ние од старт ја користиме само таа под агол од 45%.
А од каде ви е купена? Јас гледав во Алф кидс Прилеп беше 3 150 се мислам дали да ја купам пошто гледав на ФБ статична за 1 600 денари и сега се мислам.
Од Енци Менци е нашата http://www.encimenci.com.mk/stolica-za-hrane-e-zhirafa-luna-88414 , само друг дезен.
Ние го имаме истото ,презадоволна сум лесно е за одржување и бебе обожава да си седи во него посебно да фрла играчки од послужавникот
Истата ја имаме и ја користиме скоро месец за бебе да седи во најлежечката позиција со мене додека сум во кујна. Цел саат седи без проблем и столицата е супер стабилна. @orhideea мидлам дека е попрактично хранилката да има нивоа за наслон и висина.
Da, mnogu e prakticen i lesen za odrzuvanje i definitivno e najiskoristeno od rabotite za bebe. Samo zborot mi bese deka otkako pocnav da go stavam sinko (4 meseci mislam bese), pa se dosega (1 godina) celo vreme e vo ista pozicija. Naslonot e od start vo najspustenata polozba i koga mu go potkrevam mu doaga neudobno i se nervira. Visinski isto, sekogas e na najvisoko nivo, pa taka nam ne ni igrase mnogu uloga moznosta za podesuvanje.
Јас му ја имам купено на внук ми од Чико пред 3 години, подобро столче не се наоѓа. Сега барам за мое дете ама нигде ги нема овие.