Затоа е најубаво кога се зема подолго време антибиотска терапија,да се зема и пробиотик,и за заштита на цревната флора. Мм,е многу осетлив на антибиотик,па секогаш му препишуваат и пробиотик,последните два пати немаше проблеми со стомакот. Последен пат ги земавме ,6kaпсули се,100 ден чинам,а ги имаме земано и Нормиа . Сепак најубаво е консултација со Др.
По можност да не јаде некоја тешко сварлива храна (од типот на риба во дигестивниот систем зашто тоа не е соодветно кога истиот веќе е разнежнет.
Леле знам како ви е на сите со болества и ве жалам Во животов сум имала точно 4 или 5 пати со ужасно повраќање! Се будам на сабајле стомакот , неможам да дишам од што ме боли И ич неќам да ми се повтори ухх
И јас фатив викендов стомачен вирус , но немам многу големи потреби за вц, само што неможам да станам од кревет, имам мачнина во стомакот и ми иде на ужасно повраќање но неможам да повратам..што би можела да пијам за да ми помине што е можно побрзо.. се јавив на доктор ми рече да одам на инфуз но како што е викенд тоа би било само на брза помош а не сакам да одам.
За побрзо да ти помине и да можеш да станеш од кревет најдобро написе Линекс капсули или некој сличен лек за стомачен вирус.
Кога летово бев во Дојран ме фати стомачен вирус и два дена бев катастрофа невидена! Почна со болки во желудникот и дијареа, а откако ставив во уста четири апчиња медицински јаглен, веднаш добив нагон за повраќање. Цела ноќ повраќав, а дијареата целосно ме исцеди, па следниот ден се онесвестив затоа што телото ми беше премногу изнемоштено. За среќа, брзо ми помина, веќе за два дена бев како нова. Постојано пиев медицински јаглен и кока кола со растворени хумани електролити, бидејќи има дејство на инфузија, само што се прима преку уста. Пиев и едни други апчиња, ама ги заборавив како се викаа, тие беа за да ми се смират нагоните за повраќање. Два дена јадев само двопек, кисело млеко, банани и варени компири. Јадев со сила, затоа што немав апетит, а и ми беше страв дека пак ќе повраќам. Не можев многу да се движам, затоа што веднаш се онесвестував. Бев постојано во кревет. Многу ми беше лошо, особено затоа што не бев дома, па ми беше уште по мачно. За среќа, дечко ми се грижеше за мене, одеше по аптеки и продавници да испазарува, вареше компири, цедеше лимони и буквално ме молеше нешто да јадам. Јас бев толку омалаксана, што постојано ми се спиеше, ама тој ме занимаваше за да останам будна и да пијам апчиња во точно време. За среќа температура немав, уште тоа ми фалеше...
Минатата недела ме фати стомачен вирус, ама ептен јако!! не се мрднав од вц...пролив, повраќање, температура...милина не можев ни вода да се напијам, одма ја повраќав. ми траеше 2 дена. тие два дена пиев линекс 3 пати на ден и еднаш на ден Пролајф и пиев многу многу кока кола. мислам дека кока колата ме спаси. Одма ми го смири стомакот, ме крена малце, ми делуваше како инфузија. После 2 дена и ќерка ми фати, па по 2 дена и мм. Среќа нив без температура. Али мене ме исцеди вирусот, за 2 дена ослабнав некои 2 кг.- тоа беше едниствената убава работа од вирусов.
СТРАВА! Единственото нешто кое ме фаќа и поради кое одам на лекар е ова. Речиси никогаш немам затнат нос или температура, ама ова... Е тогаш душата од петици си ја вадам низ уста, губам апетит и фиксно дехидрирам. Само еднаш во животов го имам поминато без инфузија. Ме држи два-три дена од кои првиот си ги истурам цревата, комбинирано со запечатување на шољата у купатило (тогаш таа е мојот трон ), а наредните денови останувам на тронот без ровење и превраќање црева. У вакви денови јадам лесна храна, варен компир, сиренце, двопек или препечено лебче и кока кола. Квики, бисквита-две, банани.. Никако млеко, чоколади, мрсна храна пржена и кисело или луто. Реглан или електролити никогаш не ми помогнале. Секогаш сум над тоа и додека не ми збуцаат инфузија нема шанси да се смирам. Мене ова ми е најголемо мачење. П.С. Како искусна со вирусов, сметам дека ни Линекс ни ништо не помага се додека не истерате се' од себе.
Исто е и кај мене.Кога ќе ме фати стомачен вирус додека не примам инфузија нема опоравак. А јадење на тешки храни уште толку ќе ми ја влошат ситуацијата,па тогаш сум на редуцирана диета од двопек,супа или пире. Мене многу ми помага кока-кола во ваков случај.
Незнам дали овде да пишам али неможам да тражам на друго место.....! Вака син ми има веке тешкотии и пролив 2 дена не оди често во WC. ама денеска ми се пожали дек аго боли главата стомакот мускулите и мене ме фати паника да не има некаков вирус... му дадов да се напие LINEX тврдите капсули што се вчера и сабајле но некако само тој момент се смири потоа пак во акција некаков лек да не знаете што да се напие исто така и чај од мерудија му сварив несака да му се подобри дали на клекар да го однесам :? доколку знаете нешо пишејте
Давај му линекс денес и утре на колку часа беше точно види си, нема штета од нив, и обавезно мерудија по неколку чаши дневно, и до утре вечер мора да се смири ако е обичен вирус, а ако не се смири до утре, однеси го кај матичниот, можно е да му е тешко и да му биде потешко од некоја храна или па некој вирус, па да мора да прима инфузија, или некоја друга соодветна терапија.
давај линекс 3 пати на ден по едни давај стрептазол за болките во стомакот и можиш и да даваш беча храна само не млеко и добро е оризова вода да се напие два дена со ова ке биде нов али гледај храната да биде варен компир банана двопек
Имам стомачен вирус најверојатно, дијареа само, пиев линекс и пробиотик. Сакав да прашам ако пијам алкохол може да ми е полошо или нема врска?
Имам закачено неколку пати и ептен гаден вирус е еј Те цеди буквално, ти го топи организмот, те дехидрира, те мачи те јаде од внатре. Напаст жива.
Ова лето како што има стомачен вирус и сеуште го има мислам дека никогаш не е имало. Ретко кој не го помина. Брат ми, маж од 100 кг ептен се жалеше, дека и претходно е имал ама вакво нешто досега не искусил. Тие што се во заедница пожелно е болниот веднаш да се изолира во друга соба и со маски во близина ако се на болниот. Моите така успеаја да се заштитат. Јас зимата бев со стомачен немам поима ни од кај сум го закачила ама ептен грозно чувство Најгрозно од се што не можев да се движам од малаксаност. Па јас екскурзија со стомачен поминав од неколку дена на нога, со шетање со све, овој пат не можев од кревет да станам, кога се движев се потпирав
@anggell исто..нема кој не сум прашала, а да не го поминал. Посебно овој период. И тоа од нигде, негде..