1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на претстојните избори ќе биде многу тесно. Ова го покажува истражувањето на Институтот за правни и социолошки истражувања при Универзитетот Кирил и Методиј.

    Разликата е само два процента. Или некаде 22 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а скоро 20 проценти за СДСМ.

    Во албанскиот блок во водство е ДУИ со речиси 9 проценти, ги следат ДПА шест и Нова Демократија со 2 проценти, а скоро пет посто од гласачите би се одлучиле за Руфи Османи.

    Како проблеми на кои мора да се обрне внимание во изборните програми граѓаните ги посочуваат евроатлантските интеграции и економско социјалните проблеми.

    За скоро една третина најважен е влезот на земјава во НАТО и ЕУ. Скоро ист број граѓани сметаат дека е потребно да се отворат нови работни места, а за 16 проценти важно е справувањето со сиромаштијата.

    На прашањето кој настан влијаел најнегативно врз владата на Груевски, во првите три се Скопје 2014, случувањата со А1 телевизија и партиските и роднински вработувања.

    Секој втор од анкетираните или повеќе од половината сметаат дека државата оди во погрешна насока.

    Само 24 проценти мислат дека работите добро се одвиваат, а 20 проценти не знаат. Според истражувањето на институтот на претстојните избори за најголем број од анкетираните или една третина најважен ќе биде квалитетот на предложените кандидати, но и понудената изборна програма.
     
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Според мене ова ќе бидат стварно неизвесни избори, овие многу ќе поткупат, уплашат или уценуваат а од друга страна многу е и народот кој е незадоволен.
     
  3. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Анкетата на „Павел Шатев“ дава сосема поинакви резултати

    Груевски води во анкетата на „Павел Шатев“

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски ја имаат најголемата доверба на испитаниците во телефонската анкета на институтот „Павел Шатев“. На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 23,2 отсто од испитаниците, за СДСМ 13,2 проценти, за ДУИ 7,1, за ДПА 3,7, за НД 1,6, за Национална демократска преродба 1,4 и за ЛДП 1,2 процента. Вкупно 24,4 отсто рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, а 21,1 отсто немале одговор.

    Запрашани во кој политичар имаат најголема доверба, за премиерот Никола Груевски се определиле 24 отсто од анкетираните, за Бранко Црвенковски 9,3, за Али Ахмети 6,5, за Мендух Тачи 3,4 и за Имер Селмани и за Руфи Османи по 1,8 отсто од испитаниците. За ниту еден се изјасниле 37,7 проценти, а без одговор се 7,4 проценти. (МИА)
    Превземено од Утрински весник
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    И така и ќе биде. Мислам дека ќе победи СДСМ во однос 51% : 49% за мала разлика ама ќе победат.
    И меѓу народот се чувствува незадоволството спрема ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека со проектот Скопје 2014 си ја запечати судбината. Секој ќе каже - луѓето немаат леб да јадат а тој гради споменици. Се е тоа ок, ама не во ова време на оваа криза.
    Епа тоа е, а ние треба машки да издржиме до предизборниот молк затоа што ќе не бомбардираат од сите страни (телевизија, плакати, летоци, можда и некое пенкало или запалка падне :) ) со политика
     
    На la-chicka, AIT и enca.69 им се допаѓа ова.
  5. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    абе народот е крив никој друг,тие заедно на ручеци и состаноци седат,а народот си кине коси и ваде очи за тие две глупави партии.

    колку само сакам да не излезат многу на избори,и така и вака секако пак ке биде како и до сега,кој и да победи (и вмро и сдсм се исти-покварени) ;)
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    О со какво нетрпение ги чекам вмровчишта кај мене на врата да дојдат да делат пенкалца. има на клоци да ги издигам, ќе мавам со чевли, додека не го напуштат дворов. :devil:
    Додека другине можам културно да им ја затворам вратата. Ама во мој двор јас сум мој газда. ЌЕ мавам со нешто, мајке ми :devil:
     
    На LoVeR и enca.69 им се допаѓа ова.
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    ^^^
    И ја би ги :lol: , ама кај мене не ни доаѓаат :ninja: ....
    јас сум со ружата на чело, и во пошироко и во потесно опкружување...ме знаат...и не идат :lol:
     
    На danielka0507, rak1 и Offspring им се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Јас мислам дека сепак ВМРО ќе победи, иако најсреќна би била кога и тие и СДСМ би си оделе и би отстапиле место за некоја друга партија- нив не можам да ги поднесам, кога ги гледам било едните било другите, желудникот ми лачи киселина со геометриска прогресија :devil:

    Ама се прашувам кога кај нас ќе излезе некоја нова партија, со стабилна програма и цели за развивање на државата, а не со пропаганди против политичките противници :^) ?

    Изгледа многу фаназирам, како што гледам тоа во блиска иднина нема да се случи.

    Сепак трагично е тоа што се прави со списоци на потенцијални сигурни гласачи и кај двете партии, па ѕвонење по домови и слично- јас мислам кој земал партиска книшка за да се вработи или по некоја друга потреба, тој потпишал пакт со Ѓаволот.

    Да, да, со ѓаволот бидејќи за таа работа ти треба да немаш свое јас, да немаш своја приватност и цело време да изиграваш потрчко.

    Не благодарам, ќе си ја барам среќата само со лични документи- никакви книшки не влегуваат во обзир.
     
    На GeorGinnA, faye, Sparks и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Е за Трендо би гласала :D
    Се шалам, не би гласала ни за него, не му треба политика добар си е вака.
    И така, на гласање не планирам да излегувам, само сакам побрзо да помине и да престанат да лаат по митинзи. Кој ќе ги слуша луѓево сега опседнати со политика :puke:
     
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    На едни медиуми кажуваат дека СДСМ има поголем рејтинг меѓу граѓаните, а други изјавуваат дека ВМРО на чело со Грујо е во водство |( ...На избори ќе видиме кој е подобар...А, најсмешен ми беше Бранко кога рече - "ако Груевски фалсификува само едно ливче на изборите, нема да го соберат ниту Тунис, ниту Египет! :D Инаку многу се изненадив од кандидатурата на Шеќеринска за премиер (пријатно се изненадив се разбира) :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: мислам дека ова треба да се прогласи за виц на годината :rofl: :rofl:
    ако, ако, треба и вакви вицови за кутрите сдсм да се порадуваат малку :D
     
    На BlackXSs му/ѝ се допаѓа ова.
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Гледам многу е смешно :) Ај образложи како дојде до заклучок дека СДСМ се кутри и дека ова е виц на годината...Баш ме интересира... :)
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Што тресеш глупости?! ај преиспитај се и не се бламирај. ако не биле СДСМ омилени меѓу народот немало да бидат на власт толку години предходно. И што е чудно и невозможно? Ако имаш став пиши го, ако не, не се бламирај, стварно си смешна и истовремено... ај да не кажувам.
     
    На DivineChaos и BoaVista им се допаѓа ова.
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    И двете партии доволно го разочарале народот.Што и да биде,кој и да победи,би било МОЖЕБИ на стара слава,ништо повеќе.Ништо нема да се смени,кој и да победи,народот пак ќе си гладува,пак ќе си се бедира,а дотичните ќе се полнат со пари,ќе пробуваат малку од малку да ја оправат ептен заостанатава земја,само за мачкање очи пред другите држави,и тоа е тоа.
     
    На nena2010 и easyyyyy им се допаѓа ова.
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Јас не планирам да им приредам нималку срдечен дочек на тие што планираат да ми „подарат„ пенкалца,запалки,капчиња или вотевр од тој тип,бидејќи јас веќе сум ги платила тие пенкалца,со тоа што со години остварувам приходи од кои тие го полнат буџетот,во вид на персонални даноци,даноци на имот итн.Така да ме нервира секој што мисли како нешто му е подарено,кога тоа веќе го одработил ако не самиот,тогаш неговиот татко,дедо,сестра или вотевр песрона од најблиското негово опкружување.
    Друго,сите мора да излеземе на избори бидејќи едно партиско војниче и‘ признало на другарка ми еднаш кога не била на гласање дека гласале за неа,таа останала ваква :o ,на крајот си ги поделиле избирачките листови спрема сознанија кој за која партија е и си гласале овие навидум задолжените за спроведување на регуларноста на гласањето, :^) .Значи излезете,прешкртајте ги сите ако сакате,заокружете ги сите па макар и тоа неважечко гласање е ваш личен избор и определба и е подобро од тоа друг сепак да избира и гласа во наше име.
    Мислам дека ова ќе се избори со невиден притисок врз народот досега,а околу тоа што веројатно ќе има и најголеми меѓусебни навреди упатени на сметка на најзначајниве персони од политикава ама ич не ме засега,бидејќи само дебелокожец и безр‘бетник може да опстои на нашава политичка сцена доволно долго.
    И додека сега ќе се бараат влакна во јајце кај припадниците на партииве за да целосно се обезвреднат,бидејќи само тоа изгледа е начин на стекнување поддршка во моментов,бидејќи на сите можни начини веќе потфрлија,не гледаат дека од толку влакна перики ќе се направеја за сите ќелави на планетава да се покријат.И пак цел нов цунами бран од некои нови фаци од различни професии ќе се обидуваат да се инфилтрираат во политиката да брцнат и тие од медот,се‘ на се‘ општо лудило и радо би ги преспала посебно најсилно изразените пропаганди кога ќе се ближи крајот,кои наликуваат на отровници на мал простор ставени,а цел публикум бара крв,ама не сфаќаат барем во тој одреден момент дека не се тие во арената жртви,туку самите тие се поголемите жртви само што тоа касно се увидува и потоа наредните избори пак исто сценарио,можеби само промена на главните улоги и да тоа остава впечаток на стопена разлика не само во поглед на статистика,туку и стопени впечатоци на политички план и истото проклето дежа ву кое трае веќе 20-тина долги години.
     
    На Estelle, DivineChaos, nena2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Се согласувам со Тхеодора. Секој мора да излезе на гласање, затоа што гласачките листови што ќе останат се злоупотребуваат на големо. Исто како да сте гласале за некој, затоа што наместо вас ќе си заокружат за некој што нив им одговара. Точно е дека ќе бидат избори со огромен притисок и незвесни до самиот крај затоа што како што кажува темава разликата е стопена, и доста народ е разочаран од владеачката партија. Не зборувам за оние полтрончињата од вмро, туку обичниот народ - неопределениот ако некогаш го давал својот глас за вмро, мислам дека сега тоа нема да се случи. Тие луѓе или нема да излезат на гласање или ќе го поништат листот, или можеби ќе гласаат за некоја друга опција. Не сите, но во глобала, мислам дека така ќе биде.
     
    На easyyyyy, BoaVista и Theodora им се допаѓа ова.
  18. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    во врска со гласањево, најверојатно нема да испаднам да гласам...
    сметам дека баш поради разликава подобро е да не се гласа и да се поништат избориве, 3-4 месеци со земјава да раководи техничката влада, а за тоа време овие партии да размислат што прават и зошто никој нејке да гласа....
     
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Стопена разликата ? хах |-)

    Дали сте за ВМРО или за СДСМ

    Зависно од тоа за кого сте ќе добиете поинаква анкета со фала богу поинакви резултати ....
    Значи ако сте за ВМРО пуштете си Сител и уживајте :) Ќе видите како ни цветаат рози на секое поле како сите не фалат како имаме меѓународна подршка и се оди во нагорна линија .... Абе милина како за Германија да зборуваат ...... додека .....
    Си пушташ А1 и почнуваме пад на платите растат цените фрчи инфлација излагаат греотки луѓе ги манипулираат болни со 3535 проблеми да го криват Груевски , Скопје 2014 ... Ах да скоро и да заборавев Перо Наков Легендо :headbang:
    Значи се на се вестите изгубија секаква смисла за анкетите па ич да не праиме муабет .... Повеќе од сигурна сум дека ќе тепа ВМРО нема што да понудат СДСМ ги нема никаде ....
     
    На LadyN му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    А Вмро имаат што да понудат?!?
    Хмммм па и не би рекла баш дека имаат што да ни понудат. Доволно ги видовме за овие 5-6 години што ветуваа, а на крај што исполнија. Ништо, едно големо ништо.

    А ова за анкетите, во вакво време, кога мене би ме анкетирале, јас најискрено не би кажала јавно дека нема да гласам за ВМРО. А такви ги има многу, што нема да сакаат јавно да кажат. Зошто? Зошто сите живееме во страв, ќе кажеш дека нема да ги гласаш и оп остануваш без работа или нешто слично.
    Затоа сите анкети ги прифаќам со резерва, а посебно оние напумпаните на владеачката ни партија.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.