Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Discussion in 'Политика и настани' started by Ljubovnica, Apr 19, 2011.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,741
    Likes Received:
    162,637
    Монетарната политика не би требало да има врска со владата,ама Гошев изгледа не успеал да издржи.Други мерки требаа да се преземат и курсот на денарот ниту е стабилен,ниту ко шо треба,а тоа не ни оди во прилог никако.Во учебник по основи на економија можеш да го најдеш најпростото решение.
    Така што курсот на денарот е катастрофа.Тикви со расол дека нбрм е толку независна и дека курсот на денарот си е прекрасен.
     
  2. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    792
    Likes Received:
    297
    гледам некои овде баш жестоко се расправат па да си кажам не ми смета мене толку многу тоа што некои мислат дека ке ме поткупат со 60 денара туку ми смета тоа што дошол си ми во кука и сеа ми даваш локум кафе и наполетанки и наместо да ми кажеш и убедеш :!: зошто да гласам за тебе ти ми збориш упорно за спротивната партија како крадат како лажат-а истото го правиш и ти :!: ...велат ке има вработувања ово оно...алоооо јас не барам да ме вработиш,никогаш не сум ни имала потреба да се молам по партија за вработување,не ме понижувај така :devil: и на крај крајишта и двете се од Струмица и Ц.И и С.Б зошто кога нема избори ни добарден не кажуваш а кога има избори ми доагаш дома? :^) е тоа мене ме нервира....а искрено и уште нешто....на што личи тоа една особа сто пати во парламент и упорно се борат за се подобра позиција а толку млади паметни деца се само потрчковци и со надеж дека со диплома од факс ке добијат барем работа во фабрика за текстил или фирма за алкохол...страшно :puke:
     
  3. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2011
    Messages:
    178
    Likes Received:
    188
    Курсот на денарот не е прекрасен Лилит, но дефинитивно е подобар отколку да се пушти слободно да флуктуира на пазарот. За почеток, увозот кај нас е поголем од извозот. Точно дека ако девалвира валутата ќе се зголеми конкурентноста на земјата на странскиот пазар, ќе поевтинат нашите производи, но :!: нашето производство, а воедно и извозот, претежно се базира врз увозот на репроматеријали, машини, резервни делови од странство. Што правиме сега?
    Друга работа, имаме надворешен долг од над 2 милијарди евра (значи со девизна клаузула) кој треба да се врати нели, во евра. Ако вредноста на денарот се намали во однос на еврото, или еврото поскапи во однос на денарот, како сакате, што ќе се случи со долгот? Истото важи и за поединечните кредити на граѓаните...
     
    sanjaeva likes this.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,741
    Likes Received:
    162,637
    Блумарин,фино си ја научила лекцијата од дотична професорка и професор на факултет,но ти недостига практичниот аспект.Сега ќе ја разводениме темата,ако сакаш по лп ќе ти пишам,ама ако сакаш,но и не мора...Имаш опција да си играш на краток и долг рок да ги гледаш предностите и последиците од едното и другото.Она кое што нас моментално ни одговара за да се опоравиме,барем на краток рок е да имаме слободно флуктуирачки курс на денарот,но не можат да си дозволат големите господа зошто се толку прости што ќе го доживеат ко свој личен неуспех ако веќе го врзуваме за политика.Што за воља на вистината и е нивни неуспех,но и во голема мера е резлутат на глобалните трендови.Да беше фиксниот курс на денарот добар за нас,немаше да биде вака ко што е,значи граѓаните и државата вака или онака е заглавена во кредити,а треба да направиш атмосфера да се случи да заживее се и да се создаде можност да се отплати целосно или делумно долгот,а не да се остане на статус кво,па дури и полошо,не можам да се одлучам дали сме статус кво или кон полошо,ама ќе да сме второто.
    Откако ќе се променат работите можеш да ја промениш политиката.Но моментално е,катастрофално.Она кое што го пишува во книгата на Таки,на Горан или на Ирена,не го земај здраво за готово,туку гледај да го продлабочиш низ практика и анализа на нашата реална состојба со се сите фактори кои дејствуваат и да ги пратиш сите наши трендови од 1990 па навака за да се одлучиш.
     
    Theodora and sesilija like this.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,283
    Teмава и монетарна економија почнала да опфаќа, интересно :)
     
  6. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2011
    Messages:
    178
    Likes Received:
    188
    Имав можност да ги следам предавањата на еден од креаторите на монетарната политика на Р.Македонија по осамостојувањето, па оттука ми се и заклучоците ;)

    Друга работа, тоа е се во ред со флексибилниот курс, во нормална економија, каде што одлично функционираат финансиските пазари и каде што експанзивната монетарна политика кореспондира со процесите во реалниот сектор. Кај нас, ситуацијата не е таква и не може само да ги копираме мерките од другите земји, без детална анализа.

    Девалвацијата на валутата е решение само на краток рок, на подолг рок ќе предизвика инфлаторни движења и нестабилност, а тоа не ни оди во прилог.
    И Србите мислеа дека ако го пуштат динарот така, ќе направат бум на странскиот пазар, а ќе привлечат инвеститори дома, ама се зезнаа ;)
     
    zhap4e likes this.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Блумарин велиш од една страна да не ги копираме мерките на другите земји, потоа се повикуваш на примерот со Србија - не ти е контрадикторен во темел ставов,м?

    Точно е дека не се предвидуваат во целост ефектите кои ќе ги донесе флуктуирачкиот курс и дека може да повлече инфлација меѓутоа ги гледаме ефектите од врзаниот курс со години и се далеку од розеви не само што има инфлација и немој само да ми реплицираш со коментарот сега како е пренесена од глобалните светски настани, за кои не велам дека немаат никакво влијание.

    Значи веќе имаме инфлација подобро да има нешто повисока ако потоа следи стабилизација отколку да се продолжи по инерција. И да се негативни ефектите барем ќе сме начисто со тоа - подобро да се проба, отколку да се нема храброст и на ова поле како впрочем и на секое друго поле.

    И само во Македонија на моменти има еден економски невиден феномен паѓање на цени - попусти повремени во трговија не поради правилото на мала побарувачка или огромна понуда туку од недоволна куповна моќ. Може има и некоја друга земја со вакви ефекти во Африка пример не сум запознаена.
     
  8. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    912
    Likes Received:
    599
    Баш би дакала да видам како им се движи рејтингот на партиите, тоест расположението на граѓаните. За кого би гласале на избориве, но од реална анкета...
     
  9. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Joined:
    May 5, 2011
    Messages:
    178
    Likes Received:
    188
    Реков дека не треба да се копираат мерките од другите земји (посебно од западно европските земји) и се` уште стојам зад тоа.
    Примерот со Р. Србија го спомнав во контекст на тоа дека земјата (која се наоѓа во слична ситуација како и ние) се бори со инфлација и висока невработеност, (иако не толку како во нашата земја) и преку девалвација на динарот се обидоа да ја поправат ситуацијата, но не успеаја, направија само полошо. Инфлацијата може да се контролира и во еден момент дури и да „помогне“ во економскиот напредок, се` дури има зголемена продуктивност. Нашата земја има многу неискористени и нерационално искористени капацитети, кои во догледно време нема да се стават во погон.
    Заборавив да го спомнам и психолошкиот фактор, како ќе реагираат граѓаните и фирмите на девалвацијата и како девизните резерви ќе ги снема дури да речеш „кекс“. Ова е критичен момент за нашата земја, и сметам дека експерименти не се потребни, што не значи дека целосно треба да се отфрли идејата за флуктуирачки курс во иднина.

    Како и да е, ова се мои размислувања, мило ми беше што ги прочитав и вашите на тема „монетарна политика и девизен курс“ и сметам дека понатамошни реплики и ниски удари не се потребни ;)
    Поздрав, и секое добро.
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Блумарин, не знам од кој контекст го извлече ова со ниските удари, ама ај нека ти биде ако сакаш да си веруваш дека е така - немам против.

    Девизните курсеви се нешто околу што се судираат голем број експерти од полето на економијата и нема општо правило кој од нив е поприкладен за одредена земја од причина што има и развиени со фиксен, како и помалку развиени со флексибилен курс.

    Во крајна сметка јас мислам на управуваниот флексибилен курс како решение, а не на слободнофлуктуирачкиот. А во однос на психолошкиот момент те уверувам дека Македончето е дебелокожец така да нема да има некоја реакција, ако веќе бевме доследни на третиот Њутнов досега многу нешта ќе беа поинакви, всушност сите ценовни шокови досега минаа без некои големи турбуленции.
    Баш затоа што „моментов„ кој е веќе 20 години критичен бара промени ајде до сега се влечеја на фактот била млада економијава, ама сега веќе стана од дете врзано за родителот адолесцент со ретардација.

    Да не ја полнам со офф-топици темава имаме различни ставови за курсот и во ред го увидовме тоа само тоа што си го ставила под наводници туѓото мислење не те прави тебе постручна немам намера да ги цртам овде графиконите за промените на курсевите и да држам предавања, ни јас ни ти ни сите експерти на кои ќе се повикаш немаат прецизен одговор кои би биле детално ефектите од промена на курсот така да тејк ит изи, ;) .
     
    Blumarine likes this.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342



    Не ме интересира од што си револтирана ама ти ја цитирам само последната реченица. Дипломирај па соочи се со барање работа па ќе видиш што се случува во реалноста. Истото го прават и двете партии да не се лажеме ама секој си има свој интерес и сметка. Нема ниту една институција, фирма или сл. кое не функционира без ,,врска,, а дипломите и способноста или неспособноста како што пишуваш да ги оставиме на страна.
    А, ако не си партиски определен или на некого нешто, нема да можеш глава да дигнеш од инспекции и туѓи препукувања.
    На жалост така ни функционира системот, ако несакаш да те газат ќе мораш и ти да газиш
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,578
    Приватна фирма воопшто не те гледа дали си партиски определен или не.
    Или си квалитетен и им носиш на некој начин профит или леташ од работа.
    За во државно се знае, ако сакаш работа за безделничење, седнат на столица,кога сакаш имаш пауза, воедно и еден куп изнервирани луѓе те чекаат додека ти мераклиски си го пиеш кафето и за крај добиваш плата за трудот кој си го вложил, нормално мора партиска книшка.
    Во повеќето државни фирми варираат и директори според партијата.

    *чесни и ретки исклучоци...
     
  13. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Joined:
    Feb 26, 2010
    Messages:
    2,230
    Likes Received:
    438
    ама ич не ме интересира кој ќе победи, точно е дека ќе глсам за вмро ама не очекувам од никого работа,моите не виделе ниту од едните ниту од друте аир секој си гледа блиските да си ги пикне на работа, а не ми е близок ни Бранко ни грујо! ќе гласам за вмро само за тоа што го направија народот културен и тоа за казните, на нашиот народ треба по џеб да му удриш за да му дојде паметот за се едно и за отпушоци фрлање и за ѓубре и за работа без лиценца само со казна ќе ни дојде нас умот и најважно за возење на автомобил во алкохолизирана состојба, од моите познати никој не возе ако планира да пие,зошто?? оти страв му е 300 евра не се малку, а пред тоа сите ја имаа чукнато колата поради пијанство, се на се сите околу мене се подобри личности и во знаење и во култура и во образование, задоволна сум во тој поглед, за друго не коментирам!!!
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,243
    Likes Received:
    27,873
    Мене ми е многу жално што сите политички кампањи се водат за пензионерите, и само се збори што на нив ќе им се даде...
    Никој не ги спомнува студентите и младите. Изгледа знаат дека младите нема да гласаат!
     
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,243
    Likes Received:
    27,873
    :tmi: :o Кулутурен го направиле народот??? Хахаха .. Како го направија културен? Си видела колку културни луѓе одат на митинзи??
     
    milky-candy likes this.
  16. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Joined:
    Feb 26, 2010
    Messages:
    2,230
    Likes Received:
    438
    не одам на митинзи ниту пак ме интересира што ќе зборуваат, прочитај ја цела мислам на постот јас добро не очекувам ниту од едните ниту од другите, општо гледано се на се е подобро за сите, само што а1 претераа со репортажите па ја загрозија целата слика за македонија, од кавадрци сум и одоколу сите си живеат нормален живот, градот е среден се средува и уште повеќе! не навлегувам во ситници и големи грабежи како и да е кој и да биде во фотеља сите истото ќе го прават!
     
  17. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    328
    Likes Received:
    316
    Gender:
    Female
    Па не одат сите на митинзи. Јас на пример не одам на митинзи а секогаш си гласам за Вмро Дпмне.(Од приватни причини кои не сакам да ги образложувам). И не сум некултурна. Верувам дека и овојпат ќе победат, само не со толкава разлика како минатиот пат. Не се разбирам во политика и нема да продолжам да дискутирам на темава, но лично за мене (и за мојата фамилија) направиле многу и затоа го давам мојот глас за нив. (Знам дека е себично од моја страна што гледам само за мене а не за “доброто на државата“ но доколку дојдат сдсм на власт тоа не би ми било во корист.) Толку.
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,008
    Еве уште една анкета...

    Незнам колку е веродостојна, ама за секој случај ќе ја постирам! Ова, за Скорпионка, морам да потенцирам.

    Анкета: СДСМ 22,3% : ВМРО-ДПМНЕ 19,8%
    Македонија | 24. мај 2011 - 11:35
    29,3% од испитаниците одговориле дека изборите ќе бидат фер и регуларни, 51,2% сметаат дека власта ќе прави манипулации, додека 10,1% сметаат дека опозицијата ќе прави манипулации, покажа анкетата на Институтот „Прогрес“

    Share308

    22,3 проценти од граѓаните на изборите би гласале за СДСМ, додека 19,8 проценти би се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, покажа анкетата која минатата недела ја спроведе Институтот „Прогрес“. Со „Сеуште не знам“ одговориле 15,8 проценти, а „Нема одговор“ избрале 17 проценти.



    За ДУИ се изјасниле 8,1 процент од испитаниците, ДПА би освоила 5,6 проценти, за новоформираната НДП би гласале 2,9 проценти, а Нова Демократија би ја добила поддршката од 2,8 проценти од испитаниците.



    Над еден процент или 2,7 проценти би освоила Обединети за Македонија на Љубе Бошковски и ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски (1,8 проценти). Според оваа анкета, под еден процент би освоиле НСДП (0,9%), како и ЛДП со 0,3 проценти.



    На прашањето „Според Вас, кој ќе победи на следните парламентарни избори?“ 25,7 проценти одговориле дека на следните избори ќе победи коалицијата предводена од СДСМ, додека 21,4 проценти рекле дека на следните избори ќе победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 12,3 проценти одговориле дека тоа ќе биде некоја трета партија, додека 40,6 проценти не можеле да оценат кој ќе биде победникот на следните избори.



    67,6 проценти сметаат дека одбивањето на Никола Груевски да има ТВ дуел со Бранко Црвенковски е израз на страв и бегање од одговорноста, а 24,3 сметаат дека Никола Груевски е во право и нема што да разговара со Бранко Црвенковски. 8,1 процент од испитаниците не дале никаков одговор.



    Истражувањето е спроведено телефонски, врз 1.112 испитаници низ цела Македонија, во периодот 20 – 22.05.2011 година.


    Извор - www.press24.mk
     
    Blumarine likes this.
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,950
    Gender:
    Female
    да ова е анкетата што исклучиво ни ја презентира А1 телевизија се подразбира па да видиме драги мои што ќе кажат другите телевизиски медиуми
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,008
    Не е превземено од страната на А1. Долу напишав извор :?:
     
Thread Status:
Not open for further replies.