Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    :D :D :D :D Е браво за ова си во право-мене не ми текна, ете сеа така ми делува.
    Иначе добро е и на двете страни да им се бараат и критикуваат грешките, оти веќе и не објективно ако се залагаш само за едната :hai:
     
    На BoaVista и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе, па не ли читате дека се работи за имот купен во 1979 година. Го купил таткото на сопругата на Црвенковски, а таа го добила во наследство. Друго, ни самиот новинар кој го напишал текстот не е сигурен дали се работи за истата личност. Пишува дека моминското презиме на сопругата на Бранко е Димитровска и оп ајде штом се совпаѓа името со презимето, мора да е таа. Самиот новинар пишува дека не можел да дознае дали навистина се работи за истата личност, поради заштитата на личните податоци, што значи дека не е спореден и матичен број ни ништо.

    И да, можеби сопругата на Бранко навистина го наследила овој имот, ама за жал го наследила во 1979 година кога Б.Ц не ни бил на политичката сцена. Друго ќе беше да овој имот е стекнат за време кога Б.Ц бил премиер или претседател, а вака е само жален обид на власта која деноноќно води кампања под мотото - ,, Како најмногу да се оцрни Бранко,,.
    Смешни се, жални и јадни. Ама за среќа им се гледа крајот :)
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    За среќа им се гледа крајот? За чива среќа? Наша сигурно нема да биде :)
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Како и да е имот е се пријавува имот. А, јас секако ќе чекам тие кај кои што се пријавува корупција да решат. Брига ме мене Глујо што вели БЦ што вели. Ко што барате правда за се, ја сакам и ова и сееее друго и за БЦ сега и кога ќе дојдат другите за Глујо. И нек се расчистат сами меѓу себе. Крајно време е.

    Виножитке за среќа на оние кои чекаат да лапнат од колачето на СДСМ, пошто нели Зајко нив струмичанче убаво си ја кажа стратегијата нивна од хигиеничарка до врв се има да се СДСМ цела нивна политика како во Струмца, Куманово, Охрид во цела Македонија да се спроведе. Има администрација да се крати :P цццц
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Епа сега кој како си го сфаќа :)
     
    На Blanca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ауууууууу па ти го исчита-алал да тие, јас само флив поглед и сватив за што станува збор, а за детална анализа не сум баш расположена. И не се изненадив оти и од едните и од другите се е можно како што се можни и монтирани и добро спакувани СКАНДАЛОЗНИ обвинувања се со цел да се оцрни како што е и кажано погоре политичкиот противник.
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Абе штом е нешто против ВМРО вистина е, тогаш на клада, а против СДСМ исценирано е, да ги оцрнат :)
    страшна работа оваа еднонасочна правда.
     
    На SuperGirl2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Јас не мислев така
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    А, како мислиш ти? :)
     
  10. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Така како што треба
    И е правилно
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Дали тој имот треба или не да се пријави, расчисти си го, бујрум.... освен ако законите не важат за БЦ. Пошто знам дека не важат пошто во фиока за него стојат доволно работи кои никако да се активираат :) но БЦ си е БЦ бе ;)
    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... CF4957BFDF

    Сомнежот дал е или не е имот на сопругата, ко што и ти го поставуваш расчисти си го, бујрум
    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... 141D1C7532
     
  12. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Абе ако победат СДСМ ќе отиде во заборав и ќе се прогласи за тотална конструкција на ВМРО, ама ако они победат Црвенковски и компанија ќе одат во неповрат.
    Ама не е тоа работата, не треба да си се препукуваат едни со други туку енаш (туку и еднаш е де кога ветуваат пред избори на митинг) да мислат за доброто на народот и Македонија.
    Само одмаздата, богатењето, самопромоцијата им се битни изгледа.
    Аман кога ќе се свестат веќе, ваквите режими на владеење одамна заминаа во историјата...
    Или во Африка/Индија МОЖЕБИ
    Ах бре Македонче...
    :tmi:
     
    На nena2010 и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Една од најиритирачките појави при избори ми е токму оваа - ај да расправаме за потеклото и начинот на стекнување на нечиј имот, :^) .
    Нит сум во роднинско-семејна поврзаност од тесен круг со некој политичар да сум засегната со право :!: нит па си правам илузии како на сите целиот имот им е чесно предаден во наследство и стекнат со макотрпна работа. Не правам никому математики околу семеен буџет нити имотна сопственост нечија ме засега, не би ни некој да ми возврати со ваков фидбек така да кога ова почнува да се изнесува за време на избори ми создава ротации во дигестивниов систем, добро толку нема нешто покреативно за дискусија или па ќе ја палиме и жариме рајава со љубоморни изливи на бес кон туѓа благосостојба да гласа, кој има повеќе нема да го гласаат за инает.
    Нека се држат до тоа што тие ќе направат за народов, а нивните неколку станови или викендица на планина + уште една на море или деловен простор од не знам колкава квадратура ми се непотребни апсолутно како информации.
    :dance: Ја хочу живот бољи живот... за мене и моите најблиски во нашето скромно станче.
     
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.433
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    само што го изгледав видеото со Бранко и само ке кажам дека и најлоша провокација да е било од вмро не доликува на екс преседател на Мк да збори така...не можел да постигна и да сакал? Демек голем еб**ч е? Срамота!!! Ако и овој нашиот Заев почна како него ке почне да сонува за гласове...
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Еве интересна статија, кој не го мрзи нека прочита. Малку е објаснето преминувањето од Вмро Дпмне кон Вмро НП и ОМ.

    Немојте за овој, немојте за оној - кој е нервозен?

    ВМРО-ДПМНЕ влегува во директен фронт против останатите партии од десницата


    ВМРО-ДПМНЕ излегува во отворен фронт против политичката десница, со директен и јавен повик кон граѓаните да не гласаат за партиите што гравитираат на овој политички простор. Дали најголемата десничарска партија станува свесна дека на овие избори голем дел од гласовите на кои досега се потпираше почнува со сигурност да ги губи, па нервозата си го прави своето и од митинзите се бара гласачите да не го заокружуваат бројот пред ВМРО-НП, Обединетите за Македонија, Достоинство или, пак, на Демократска десница. Иако во политиката, особено на овие простори, и во изборен процес е малку несвојствено да се бара етичност, коректност и фер однесување, сепак, директното барање да не се гласа за одредена политичка опција ја преминува границата на минимум пристојност.

    Експертската јавност е неподелена во оцените дека во таквите свои настапи ВМРО-ДПМНЕ е свесна оти не може повеќе комотно да смета на бројот на гласачите што ги имаше претходно, но различно гледаат на тоа како повикот на ВМРО-ДПМНЕ упатен од бината ќе одекне кај граѓаните.

    Според професорот Јове Кекеновски, кој ги следи состојбите во политичката десница, во ваквиот моментум, кога демократското небо станува претесно, се гледа колкава навистина е "големината" на големите партии.

    „Овој повик мене ме наведува на помисла дека ВМРО-ДПМНЕ е сосема сигурен дека ВМРО-НП и Обединети за Македонија одат во нагорна линија и од мали стануваат големи партии, кои сериозно ќе им одземат од гласачкиот колач. Прв пат во оваа 20-годишна историја кога партиите што произлегуваа од ВМРО-ДПМНЕ потоа брзо гаснеа, овие партии опстојуваат на политичката сцена и сега се сериозен конкурент на матичната партија. Оттаму и стравот дека незадоволното вмровско и неопределеното гласачко тело ќе го дадат својот глас за овие сериозни десни конкуренти на политичката сцена. Исто така, можеби се работи за разбудена свест на поединци од раководството на ВМРО-ДПМНЕ - дека и не биле толку добри како што не' убедуваа во изминатите пет години", оценува Кекеновски.

    Во анализата на социологот Илија Ацески се посочува дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ да не се гласа за малите партии е од практична природа, но е далеку од политичката етичност. "Директните барања да не се гласа за одредени партии од десницата е затоа што во тој простор се наоѓаше ВМРО-ДПМНЕ, а сега има и релативно добри партии, кои се препознатливи во овој круг на гласачкото тело. Непријатноста во овој однос е поширока. Но, овие повици првенствено произлегуваат од демократскиот капацитет на самата партија и немањето етичност во смисла на некаква фер политичка борба. Десницата е релативно расцепкана и голем дел од гласачите кои претходно и' припаѓаа на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе се идентификуваат во овие помали десничарски партии. Тоа ќе значи и одземање дел од пратениците", вели Ацески.

    Како ваквиот повик, сепак, ќе влијае на гласачкото тело? Дали ќе ги следи инструкциите и слепо ќе послуша што му се посочува од партиските бини?

    "Прво не може да се смета дека политичката култура на гласачкото тело е иста како и пред три, пет или 15 години. Гласачкото тело денеска е веќе созреано и не можете со еден обичен повик да го разубедите неговиот став, кој е формиран со години наназад. Второ, повикот на ВМРО-ДПМНЕ, од една страна, е смешен, а од друга жалосен. Зошто - затоа што во првите редови во нивните кампањи ги имате трансформираните социјалдемократи, кои се на гурбет во ВМРО-ДПМНЕ, потоа го имате Амди Бајрам, Кенан Хасипи, Ѕинго, значи ги има сите, само вмровците ги нема и оттука стравот е дека вистинскиот гласач се' помалку ги препознава", смета Кекеновски.

    Со поразлично размислување е професорот Ацески, според кого, секако, ова ќе има влијание кај гласачите. "Повикот е повеќе за оние што се неопределени и тој може да влијае врз нив. Ако една таква реторика успее кај пет-десет отсто од гласачите, тоа многу значи и затоа мислам дека тоа нема да престане, туку, напротив, ако се оцени дека на тој начин можат да придобијат гласови за уште некој пратеник, агресивноста ќе расте. Груевски ја води главната борба кон тие гласачи, кои се колебливи кон Бошковски, Георгиевски, Ангелов и Петровски. Тој работи да ги придобие нив и тоа се психолошки моменти", смета Ацески. (Св.У.)

    Извор, утрински весник.

    Еве ви го целосниот линк, под статијата има интересни коментари за читање :) Претежно разочарани стари Вмровци од времето на Љубчо Ѓорѓиевски.
    http://utrinski.mk/?ItemID=2F4303D8DB32 ... 6C2EB93C8B
     
  17. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Со ова потполно се согласувам. На вмро-дпмне многу гласови ќе му одземат овие ''мали'' партии како што милува да ги каже премиерот. Но не се толку мали како што можам да забележам.
    Овој пат има многу јака опозиција :!:
     
    На enca.69 и milky-candy им се допаѓа ова.
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Така е, левицата е посебно обединета, но случајот со десницата е нешто сосема друго.
    Гласовите ќе им се раштракаат на сите страни, секако заради оние кои преминуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
    Имаат гоолем избор почнувајки од таа на Бошковски па се до онаа на Стојанче за бранителите ли беше :^)
    Иначе за најголем лузер на избориве му предвидувам на Ѓоргиевски и ВМРО-НП, устрвари нема што да се предвиди така е :lol:
     
  19. zapirka

    zapirka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    смешки
     
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Повеќе би рекла дека се глупости на ифантилни луѓе со ступиден карактер.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.