Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    Па не рече Битер дека е пијан, за муабетот збореше, не мораш одма да рипаш :)
    Одвратен е овој бре, толку ми е згаден, што суратот не можам да му го гледам. Мислам дека сдс би имале повеќе шанси овој ако не се појавува и ако се повлече.
     
    На ciribiribela и bittersweet им се допаѓа ова.
  2. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Преку глава му е веќе на човеков за се и сешто да го обвинуваат него. Ништо не ме чуди- на секој би му пукнал филмот. Што и да се случи Бранко е крив. Ги преминаа сите граници. Бранко па Бранко.
    Ниту е кандидат за премиер, ниту за пратеник ниту за претседател ама од уста не го извадија. Имаат некој комплекс - дефинитивно :!:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    А ти кај ме виде дека јас одма рипам?
    Јас само културно си прашав :)
    А само Бранко ли ти е згаден или и Грујо?!?
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.689
    Допаѓања:
    122.112
    Пол:
    Женски
    ^^^ и јас го мислам истото. А бе бајачки толку не бајат едно име како овие Бранко за 5 години. И што ме иритира најмногу е го напаѓаа и кога беше Претедател на држава. Мислам алоооо. Лично може каков сака да е ама е Претседател. Имај почит мајку му према институцијата Председател. страшно!!!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.745
    Пол:
    Женски
    Па по стоте прашалници и алкотесто мене ми заличи на рипање.
    А и згадени ми се прилично сите, сум го кажала тоа, само Бране ми е посебно одвратен со тоа пропаднатата алкохоличарска фаца. А и кога за ништо не се кандидира нека си седи у кафаните да лока.
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.735
    Допаѓања:
    162.580
    Се на страна ама смешно е партиите на Љубчо и Љубе да коалицираат со СДСМ,затоа што по некое непишано правило имаат различни залагања,интереси и идеологии.Како што е смешно коалицирањето на ДПМНЕ и ССМ,десница и левица у коалиција?!Само во Македонија е можно.

    Инаку,пре ќе го гледам Бранко,бар има харизма и знае да се иразува и сите тие околу него се културен народ,а не сељчишта ко оние другине.Сите пропалици и криминалци им се во партијата.Од седнати во шалтер у кладилница,станаа некој и нешто,а досие фуче брате.Потешко ми оди кога ќе ми текне на фејслифтингов на Скопје и пропаднатата економија која овој поранешниов министер за финансии не ја среди ни како премиер,туку уште повеќе ја заглави до гуша у срање.Тоа ли се младите сили со генијални идеи?!Ако се тие,не фала.Јас не излегувам на избори,макар и да го поништам ливчето.Немам рачун бе!
     
    На enca.69 и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Искрено многу ми е гајле дали е пијан или не(мада треба да се слеп па да не видиш)мене ми беше за речникот на човеков,таков муабет не им доликува ни на пијанициве мои пред зграда,а камоли на некој што држел врвни функции во државава.
    И пред да ме нападнеш дека сум за Грујо и за него ме заболе,туку сега ми станува јасно зошто Македонија си тапка во место,уствари чекори наназад прави..со вакви политичари далеку не се стигнува.
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Кога сме веќе кај начинот на изразување, далеку побетер се ВМРО. Ова на Бранко беше дури благо во однос на нивното простачко. :x
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Искрено, не дека го бранам далеку од тоа, но како би реагирале вие кога некој би ве напаѓал цели 5 години и за нешто што сте ги направиле, и за нешта што не сте ги направиле? Се согласувам дека дури беше благо, па јас да сум на негово место пердуви има да летаат бре, дежурен виновник за се и сешто. Јесда си има црни страни на неговото владеење ама па мајка му стара како што кажав, усул малку, јас незнам Вмро со што ќе ја правеа нивната кампања ако не постоеше Бранко? за што по ѓаволите ќе зборуваа? Пак излезе достоен и не ги испичкари сите по ред таму, па јас да сум и пцовки ќе им дадам, некој да ме обвинува за целиот пропаст и редовно да си го вади својот неуспех со моето име.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    И мене ова страшно ме нервира, не дека ги гледам нешто особено ама од тоа што го видов на ТВ што зборуваат на митинзи запрепастена сум :| Грујо цело време, Бранко вака Бранко така, па кажи бе братче ти што ќе направиш а не другите какви се.. Макар и Бранко исто, долу Груевски па долу Груевски..
    Македонска работа, најјаки аргументи за другите да се збори, немам со што да се пофалам и ај ќе го вреѓам комшијата |( Не оди тоа така, не не :tmi:

    Море се двоумам, не дај боже во недела на интервјуто да ми постават некое прашање со ова избориве, нели актуелно сега па економија има некоја си поврзаност.. Не верувам ама ајде коа би поставиле, не знам ни што би им одговорила. Уште тоа ми фали :x
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Баш сега видов билборд Грујо напред и демек држи ДА, а позади Бране и му ставиле НЕ. Си помислив аман бе, зарем толку се јадни. Да неможат една кампања без Бране да си направат. А и кој фактор е Б.Ц тука, јас колку што знам не е на гласачки список. Зарем не е Рада од нивна страна....?
    Или јас на ги сфаќам работиве ко што треба, или Грујо и оние кои му ја прават кампањата се слабо креативни, без идеи
    А и шо к*р Бране вика на дуел? нели си е во позадина он?

    едит: карина сега прочитав па да кажам дека потполно се согласувам. Наместо да се натправатуваат кој повеќе и подобор ќе направи, они се натпреваруваат кој повеќе ќе го оцрни другиот. Демек јас ќе гласам за Петре оти Климе бил повеќе лош, а Петре помало зло. Ах Господи, све наопаку
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    А тие истите тек посмртно почнаа да викаат претседателот за Борис Трајковски,пред тоа беше граѓанинот,тие ја почитуваа институцијата,или за едните важи,за другите не важи,зависно од тоа кој кого напаѓа.
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.689
    Допаѓања:
    122.112
    Пол:
    Женски
    Ај не мешај баби и жаби.
     
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Кој баби,кој жаби?
    Дали ја почитуваа СДСМ како институцијата Претседател кога беше Борис Трајковски председател или го ословуваа со граѓанинот,некаде грешам или сум сонила дека така го нарекуваа?
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Јас не се сеќавам на такво нешто, можеби и да било мала сум била. Ама сигурно не го нарекувале Борис Трајковски од Сдсм криминалец, крадец, одговорен за се и.т.н. како што тоа го правеа од дпмне додека БЦ беше претседател.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.689
    Допаѓања:
    122.112
    Пол:
    Женски
    Во право си дека не го признаваа дека според нив беше нелигитино избран. Велам спред низ зашто јас не сум компетентна. Ама нивниот однос кон Б. Трајковски, бог да го прости, нема врска со односот на ВМРО кон Бранко кога беше на власт. И да, зарем тоа како заврши СДС на минатите избори не им беше лекција да ги повторуваат истите грешки??? Доста веќе мината власт па мината власт. Па потруди се бе ти да не си МИНАТА власт. Не туку гледај назад, тоа поминало, затоа е МИНАТА , сега гледај напред, да си останеш на тоа што си.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^Немав намера да се расправам,само ми падна во очи тоа дека не се почитувала институцијата,демек едните почитуваат другите не,според мене сите се исти,едните ги соблекуваат кондурите другите ги облекуваат и продолжуваат со иста тактика,разнебитување на државава.
    Мене лично ми е жал за народот тука,заблеани или по едните или по другите очите ќе си ги извадат,додека ово политичариве си ги користат,им ја пунаат главата со глупости за да не видаат дека и со две плати едвај крпаат крај со крај а со една или ниедна ич да не правиме муабет.
    Додека едните плукаат по Бранко,другите по Грујо,тие си се наполнија и двајцата со пари ич мува не ги лази само народот си страда.

    Искрено посакувам да доживеете време кога премиер на држава ќе поднесе оставка зошто на алкотест син му имал незнатен процент на алкохол а како почетник возач треба да е со 0промили,значи каде може полиција да застане син на премиер,каде командир на сообраќајна полиција поднесува оставка зошто го шкрапнала камера за брзо возење и што е најважно каде со една плата можеш да одплаќаш кредит за куќа и пак за ништо да не страдаш.
     
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Само нешто да додадам во врска со видеото што го постираше Скорпионка, некоја страница претходно...Тој т.н. стечаец -Јованче Ацевски работи како хаус мајстор во основно училиште во населба Аеродром во Скопје и е најтежок вмровец...Жена му и децата му се во Канада - живее сам...Така да на лагата куси и се нозете..Уште една брука за вмро... :clap:
     
    На BoaVista и Offspring им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.689
    Допаѓања:
    122.112
    Пол:
    Женски
    сега дадоа на а1 дека истиот тепал студенти по архитектура на плоштад!!!

    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=138483
     
    На BoaVista и milky-candy им се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Еве и слика како доказ :)

    Еве го преродениот стечаец на кој Бранко му бил крив затоа штоа жена му го оставила. Сега го гледаме во поинаква ситуација - како тепа студенти!!!
    [​IMG]
    Почитувани,

    Изминативе пет години Македонија стана чудна држава. Груевски и ДПМНЕ измислија нов изум, досега невиден во политиката. Се изнагледавме се и сешто, од креирање на лажни жртви на транзицијата до режирани контра-протести пред нашето седиште.

    Последниве денови, како се приближува денот на изборите, гледаме дека типичната црна и валкана кампања на ДПМНЕ станува се’ повулгарна и повалкана. Типичен синдром на режим во заминување. Нејсе.

    Паниката и очајот од неминовниот изборен пораз на 5 јуни, очигледно ги тера Груевски и фамилијата да прават нови и се поголеми грешки. Вакво потценување на сопствениот народ и поигрување со човечките судбини не сме виделе до сега.

    Ајде што трошат милиони евра народни пари за нивните билборди, огласи и реклами, сега Груевски им се потмева на вистинските стечајци кои се директна последица на неговото министерување во перидот 1998-2002.

    Денес ја користиме оваа прилика со јавноста да споделиме информации за ликовите кои се појавуваат во ултра скапите огласи и реклами на ДПМНЕ.

    Стојан Стојанов, поранешен стечаец, а сега послушник на Груевски и ДПМНЕ. Еве зошто одработува во нивната кампања. Неговата сопруга неодамна, експресно за само два дена е вработена во штипската библиотека “Гоце Делчев“.

    Русе Јовановски освен што се расфрла со клетви заборава да каже дека во 2009 година е вработен во ЈП “Македонски железници“- Инфраструктура. Истото лице е познато како еден од насилниците што ги тепаа студентите на плоштадот во Скопје.

    Драган Богдановски се обидува преку платени огласи и спотови на ДПМНЕ да го ослободи својот шеф Груевски од одговорност за криминалот на Смиленски. Нападите ги упатува на погрешна адреса. За неговата судбина е одговорен Груевски кој шуруваше со Смиленски и неговата Експорт-Импорт Банка.

    Згора на се, денес Гордана Јанкуловска театрално се среќава со уште еден лик од спотовите и рекламите на ДПМНЕ. Јованче Ацески е исто така еден од насилниците кои се пресметуваше со студентите кои протестираа на скопскиот плоштад.

    Каква иронија. Наместо министерката за внатрешни работи да го санкционира Јованче Ацески, таа го искористува во својата кампања.

    Е ова е вистинското лице на Груевски и неговите платени глумци. Лаги, манипулации, навреди и потценување на граѓаните. Камо среќа и вистинските стечајци да беа згрижени како ликовите од огласите и спотовите на Груевски.

    Почитувани граѓани, ќе ги издржиме уште 10 дена. На 5 јуни, вистинските стечајци заедно со останатите граѓаните масовно ќе излезат на избори да им стават крај на лагите на Груевски и фамилијата.
    Прес на Гордан Георгиев
     
    На Blanca, nena2010 и milky-candy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.