1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    ^ Точно точно... Кај нас се јавија сестра ми им оговорила на телефон. Ја прашале за кого ќе гласа и несакала да каже јавно рекла само за кој и да било само не за вмро. Ја прашале зошто - Рекла оти многу ветуваа а ништо не исполнија, се надевав во Грувски дека ете тој ќе не извади на прав пат конечно, но излезе полош од сите други. Мораш така да кажеш, со овие на власт никогаш не се знае, кога се закачаат со млекари и тутунари им подметнуваат афери ним, па што би се рекло за нас обичните граѓани?
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Вмро вака или така ќе ги добие изборите ... Зошто ? !

    Да не го тупам многу да навлегувам еве што е можно пократко ...
    Рака на срце Никола Груевски испадна многу паметен , подмачка кај што требаше ги качи пензиите некои закони кои на сите ни се најдоа да признаемее крена платите и во други државни фирми, партиско вработување се подразбира , безвизен режим итн....
    Не викам е идеален ама мрднавме од мртва точка :!: . Се запнаа 2014 вака така пари се переле и ќе се перат така да барем Скопје ќе заличи на нешто . Рејтингот на СДСМ е за никаде изгубија и тоа мнооогу многу афери има зад нив ништо не направија апосолутно едно големо НИШТО на чело со Б.Ц |(
    И уште една најважна работа која ја прочитав извор беше од Лондон анализа од реномираниве новини
    Зошто СДСМ губи ?!
    Зашто даде јасна и гласна порака дека ако дојдат на власт ќе се решат на компромис и одиме во ЕУ а тоа нели значи менување на име...
    А знаеме барем најголемиот дел дека тоа ни е болна точка многу нормално.
    Луѓето си го гледаат својот интерес ако некој ти каже ќе гласаш за ВМРО и ќе си ја зачуваш работата фала богу нема да кажеш не јас не гласам за нив давам подршка на СДСМ и да летам од работа нема врска нели ? ! :!: :?:
     
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Дали треба да им се заблагодариме на господата од владеачката гарнитура, што на најголемата досега криза во нашава земја, во период кога земја кака Хрватска размислува да зголеми странски инвестиции,ориентирање кон туризмот,и итн. со цел да го зголемат домашниот профит,за да што помалку се почуствува ударот од светската економска криза, ние се мислиме дали наместо 3 да ставиме 4 лава????? До каде стигнавме,дали некој гледа? Навистина се за пофалба,благодарение на нивните брилијанти идеи и благодарение на паритена сиромавиот народ од цела македонија,така е,нашево скопје ке заличи ..ова ме прави страшно горда на нив,секоја им чест!!
    Додека фабриките преминуваат во стечај,се затвараат работните места,млад способен уневирзитетски кадар скапува дома,болниците ке оголат скрос(не само тавани,цели ке се срушат уште една зима),името за прв пат е доведено на размислување за негова промена(нешто што колку толку за овие 20 години,неможеше никој да го допре),цените на производите растат,а опагаат платите...
    Додека нашиове соседи уживаат во просечна плата од 1000 евра,на што е радосен и со мирен сон македонскиот човек??Наместо проектот 2014(во кој ми се допагаат спомениците на хероите,а сувишните лавови,порти,сплавови,мостови-безпотребни инвестиции според мене),зошто не им текнеше,нели како супер херои на државава,саканава ни влада,да отвори некоја фабрика,во која ке вработи 200 луге,или изреновира некоја болница,или подобруванње на патиштата и автопати? Од нив профит имаат само нивните симпатизери со книшка,кои крадат и успеваат следејки ги нивните шеми и патишта.Не сум ни за СДСМ ни з ВМРО,иако на последните избори гласав токму за нив,и искрено се каам,бидејки го гледам се потешкиот живот секој ден,кој реално за овие 20 години самостојност,никогаш не бил ваков(неспокоен,од ден на ден посиромашен,несрекен)
     
    На Estelle, enca.69, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    :D Ме пукаш од смеа со твоите хорор сценариа...од кога памтам пред избори секогаш се звонело по тел. и се правело анкети, немој да плашиш глувци...
    Владата не може да гради фабрики, сите се запнале за тоа, би се вратиле тогаш во друг систем...реновира болници, почна да инвестира во инфраструктура... ако следиш некоја друга тв освен а1 ќе знаеше за тоа
     
    На LadyN му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Луѓе,не ми е јасно што сте запнале за тие споменици.
    СДСМ кога беше на власт,не градеше ништо,па народот пак беше во мизерија.
    Овој барем гради нешто,колку толку.Не е до спомениците.
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Да, секогаш пред избори се звонело по телефон и се правеле анкети, ама НИКОГАШ НЕ ПОСТОЕЛ СТРАВ КАКОВ ШТО ПОСТОИ СЕГА. Зошто? Зошто немаме демократија, зошто не се почитуваат основните човекови права, зошто ако ти го фрлат меракот ќе те дотераат до гол стап, зошто власта те тужи - власта те суди. Е затоа! Затоа луѓето се плашат да зборуваат против власта, зошто власта од сите проблеми кои има да ги решава, најде време да тужи обични граѓани за навреда. Еј тоа го нема никаде, и уште наивни ќе ми се правите, секогаш имало анкети. Да, анкети имало, ама ваков страв и терор немало.

    Владата не може да гради фабрики, сите се запнале за тоа, би се вратиле тогаш во друг систем...реновира болници, почна да инвестира во инфраструктура... ако следиш некоја друга тв освен а1 ќе знаеше за тоа[/quote]
    Ахаа, за малку ти поверував. Од што ни се толку изреновирани болниците затоа во 21 век имаме смртни случаи на родилки како во Тунгузија да сме, од што инвестира власта во апаратура за болниците и во самите болници. За здравството ве молам, не се ни фаќајте. Оваа власт ЗДРАВСТВОТО НАЧИСТО ГО УНИШТИ. Денес ќе се лекуваш само ако имаш пари, а ако немаш ќе си умреш пред скапаните болнички врати, зошто немаат апарати едно екг да ти направат. А немаат од што многу се инвестира не од друго.
     
    На enca.69 и tanja6 им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Скорпионке, неписмена ли си? Кај реков јас дека никогаш не се ѕвонело? И ти ме пукаш од смеа пошто тресеш глупости неосновани по темиве, само одиш контра без никакви аргументи, само одиш оф топик, само ги расипуваш темиве без добро потковани мислења... Поддржувај ја власта, пишувај овде, ама пишувај ако имаш што да пишеш, а не да тресеш глупости, да вадиш зборови од контекст и да ги вртиш како тебе ти одговараат.
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Со кого да развивам дискусија, со тебе??? Добро потковани мислења, аргументи...ти се моооолам...или ај со Боа виста...Страв, терор, оваа власт го уништила здравството, смртни случаи (тоа никако не смее да се деси, само во Тунгузија ги има), демек имавме болници у стилот на Систина па сега дојде оваа власт и се отиде у пм...ма немам ни волја да се докажувам со вас, само можам да ве поздравам со по некој виц ;)
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Па тогаш зошто воопшто пишуваш и труеш со глупости по темиве? Не ти велам само јас, сите кои те читаат превртуваат очи на твоите глупости.
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    :rofl: Чисто ме интересира како можеш да ги видиш сите што ме читаат како превртуваат очи??? :rofl:
    Или ти така ги замислуваш пошто така ти одговара??? Во секој случај пак ме насмеа ... :)
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мене ме смее твојата неписменост и ограниченост. ;)
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    хахаха неписменост и ограниченост... неколку навредливи зборови што ќе ги кажеш не те прават опасна типка како што се трудиш да се прикажеш, треба уште многу да работиш на тоа...а во писменост јас сум за тебе кока кола :D поздрав и остани ми со здравје
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Хехехе, ма која пуста црна слава, ова се’ треба да се линчува, далеку е од славење работата. :lol:
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.486
    Пол:
    Женски
    јас читам ама не превртувам очи. А знаете зашто, зашто ми е смачено од политики, од лажење народ. Јас сум непоределена. Ама ова денеска неиздржливо. Под итно да се смени најдобро ќе биде. Скорпионка,и сличните како неа, те молам извади ги портокаловите очила и свести се. Народот тоне!!! ТОНЕ!!!!! За спомениците излишно е да зборувам. Уште недоправени веќе пропаѓаат. Тоа беше приорет???? А училишта, болници, социјала?? Се ни е средено само споменици ни фалат???? ајде те молам биди реална!!!! Во ред, почитувам што си симпатизер или член на ВМРО тоа си е твое уставно право и никој не ти го оспорува, ама дај малку отвори очи???? Не велам дека СДСМ биле светци. НИКОЈ КОЈ Е НА ВЛАСТ НЕ Е СВЕТЕЦ!!! кај сите има корупција и скандали и све. Ама пак ќе кажам ова денеска е неиздржливо!!! Само толку од мене, и се надевам дека ако победи ВМРО ќе се свестат да се оправи ситуацијава колку може, а ако дојдат СДСМ на власт нема да ги прават истите грешки од порано.
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ај те молам кажи ми искрено, зар си ти стварно задоволна од политиката што ја водеше сдсм и сакаш пак да се врати? (За жал немаме трета опција) Зар заради спомениците (еве нека бидат грешка) ќе речеш дека оваа власт е за никаде и ќе посакаш Бранко да се врати? Бранко не градеше споменици, ок, но што градеше? Здравството, платите ни биле за никаде, искрено веруваш дека ако дојде сдсм ќе се поправи тоа? Ни останува само да се надеваме на подобро, но кога морам да бирам измеѓу овие две партии, какви и наочари да ставам и повеќе од јасно ми е кој е поголемото зло...
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Гледам многу по различни размислувања од моето и ги почитувам сите до едно.

    Јас ќе си ја раскажам мојата приказна и единствената причина поради која ќе гласам повторно за ВМРО-ДПМНЕ

    Во времето на СДСМ моите родители едвај преживуваа, а мене и сестра ми не праќаа (летните и зимски распусти) кај баба ми и дедо ми за да не поштедат од сиромаштија и беда.

    Бев мала, но гледав и знаев се` што се случува. Баба ми и дедо ми имаа една пензија и две мизерни платички (баба ми чистеше згради, а дедо ми беше чувар во скадиште) сите тие примања беа доволни само за преживување.

    Слушав како мајка ми и татко ми еден леб го јаделе 3 дена. Мајка ми неколку пати дури и се онесвестила од глад.
    Кога се враќав дома не ми беше сеедно да ги гледам моите како се окозуваат од работа, а немаат ни за да преживеат.

    Ми купуваа мене гардероба, а кога ќе ми се смалеше истото тоа го носеше сестра ми!

    Времето поминува а работите се сменија со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.
    Ниту мајка ми, ниту татко ми не работат во државни фирми. Тоа се приватни фирми и ако народот има пари ќе имаат и моите родители, ако нема нема да имаат ни тие.
    Платите не се доволни за лукс и раскош, но доволни за еден нормален живот.
    На баба ми пензијата и рипна, нема потреба да оди и да чисти згради. Ужива во убавините на дворот кој конечно е НАШ! Владата ни овозможи по многу поволни услуви да си го купиме.
    Онаа дива градба каде се наоѓа мојата соба, во која не бев сигурна конечно ќе биде моја! Татко ми веќе ги поднесе документите за купување.
    На татко ми платата му се стабилизираше доби дури и покачување.

    Среќна сум и задоволна со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ жалам што другите не се.
    Сигурно си имаат свои причини.

    Во името на сето тоа што било и сега е, јас на овие избори повторно ќе излезам и ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ.
     
    На MacaLove, BlackXSs и slobodka им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.486
    Пол:
    Женски
    не го негирам тоа дека во времето на СДСМ ништо не нпарвија, и дека не мрдна ништо, ама бре ме нервира зашто овие ништо не направија!!!! Со парите за Скопје2014 можеше да се направат училишта по светски стандарди, болниците да се направат како што се секаде,патичтата, да се крене социјалата. да го направеа тоа јас со две раце ќе гласав за нив уште 1000000 години да останеа на власт. Мислиш мене ми е дојдено да страдам за некоја партија, било да е ВМРО и СДСМ?? па во вре3ме на СДСМ мајка ми беше технолошки вишок и бевме со една плата дома, и јас знам како поминувавме. Мислисш јас сум уверена дека ако дојде СДСМ ќе тече мед и млеко??? Се лажеш. Јас само сакам која и да дојде партрија на власт да биде подобро од ова што е. Да се ценат луѓето според нивната вредност а не дали се со книшка од оваа или онаа партија. Да биде мирно, да нема тензија, да има надеж дека ќе се има иднина. Да не му текне а никој млад да си оди од овде за подобра иднина, туку истата да е тука. конкретно за Скопје 2014 ми се допаѓа како идеа, ама го утнаа времето. На народот им требаат работни места. А не споменици и театри!!! Само толку ќе кажам. Кој и да дојде на власт, се надевам дека ќе знае како да ја икористи шансата. толку од мене на оваа тема, и ве молам не се карајте за политика. НЕ ВРЕДИ!!!
     
  18. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Ми се :puke: од сите по ред, исти се мафијаши и едните и другите. Имам завршено два факултета и НЕ СУМ вработена. Брат ми е магистар, и тој е невработен. Зошто? Затоа што немаме книшки. Друга страна е што татко ни е починат одамна па нема кој да не потурне, а мајка ни јадната е слика има тон нема. И неможе никој да ме убеди дека не е така бидејки праќам резиме каде ке видам оглас ама никој не повикува на интервју чисто број да потполниш а не па да запосли. А толку многу пари фрлија за реклами за да не убедат дека знаењето е моќ. Епа не се продавам по никоја цена. Да беа саглам било кои и да верував во програмата, ке поддржев некого ама се е лага. Да беше саглам Бране, што не го реши проблемот со името дури беше претседател? Зошто не ја оправи економијата кога беше премиер? Зошто да му веруваме дека сега ке биде различно? Овој па Груевски ми влеваше надеж кога дојде на власт, се звучеше идилично но што оствари? Само фрла тие лопати лево десно, како фрли малтер, така се затрува бизнисот. Знаете ли колку ја задолжи државава по последниве месец дена? Гледате ли што се случува со зградиве на телеком? Аман, три згради дадоа за една па уште и пари му исплатија? Абе будали ли сме, пред очи на народов ни срам ни перде си крадат а ние си гледаме и си молчиме, некој да ги прашаше алоооооо, што правите, каква е оваа математика?
    На избори ке излезам и ке им нацртам нешто на ливчето колку да не манипулираат со него, а секој ден се повеке и повеке размислувам да заминам од тука бидејки мојата професија е ценета секаде во светот, само не кај нас. Срамота е некој со преку 20 години поминати образувајки се да неможе да најде работа.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Како што прочитав еден наслов - Народот не е толку за Бранко колку што е против Грујо.
    Па искрено и јас мислам дека ќе биде густо на овие избори, ама сепак мислам дека Вмро ќе добијат повеќе гласови,поради сите веќе горе спомнати причини. Кога имаше претседателски избори гласав за брат Љубе, сега ме разочара некако во последно време, така да, ќе размислам убаво.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    а до сега чив беше дворот?не ли беше ваш?кој живееше таму кој го користеше комшиите ли? :D :D
    како може бе луге мои,плацот дворот што го имаш,каде што твојата фамилија живеела може 30,50 или 100 години и одсекогаш бил твој одеднаш доага некоја партија на власт и ти вика-слушај дворот не е твој..?куката може е твоја ама дворот не е твој,треба да го купиш да го отплатиш???епа куката никнала ли тука сама па не е дворот мој? :^) или им текнало да си подсоберат некоја пара плус на владата за буџетски и партиски трошкови?? што е следно незнам..може ке треба да плакаме ако имаме дрва во дворот,колку дрва имаш во дворот толку такса ке платиш ,пошто нели од дрвата ке бериш плодови,ке имаш кар а не е твое дрвото на државата е? :D
    p.s.она ужива во убавините на дворот кој конечно е наш..-ептем звучи као рекламата на вмро шо иде на тв,малце да го изменеше барем.. ;)
    уште нешто да додадам во една друга тема на форумот за своето семејство пишуваш дека одсекогаш сте биле просечно семејство,имало само некои периоди на мали финансиски кризи...а овде пишуваш дека за време на сдсм одвај сте преживувале не сте имале пари за леб 3 дена го јаделе еден леб и сл..јас тоа не би го нарекла мала финансиска криза...тогаш значи во кој пост не лажеш?овде или таму?
    не ми е намерата да напишам пост против тебе,ама ептем ти беше постот као реклама за вмро ;)
     
    На BoaVista, nena2010 и lolyta777 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.