1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Нормално дека им рипнале пензиите, Грујо знае каде и кого може да го манипулира...а да те прашам беа сега на бања?...Е па мајка ми беше затоа што мораше и плаќаше повисока цена за да можат пензионериве бесплатно да се бањаат, ај сега ти види кој ги однел на бања :!:
    А за ова првото болдирано...твоите работат приватно...ако има народот пари ќе имаат и тие...каде е тука ВМРО, кои ги запосли, приватњаци или државата т.е. Грујо?...Од каде има народот пари, како тоа го дозна, по тоа што татко ти добил покачување? Зборувај за себе..А да, и цените се покачија, сигурно Грујо имал и тоа на ум :fubar:
    Кои поволни услови еден квадрат-едно евро...Не си дете вака да те лажат..Ти си знеш голема си, ама во заблуда си..и ти и сите кои веруваат во Грујовата идеологија...
    А што е со проектите...знаењето е сила, знаењето е моќ...Еве имам знаење ама очигледно немам сила, немам моќ, немам некое еврејче да им турам во џепчињата...
    А како беше она-родете трето и четврто дете, државата ќе ви даде пари, да ама за 4-то дете надоместокот беше до 15-та година на детето, а после аш нема веќе...па сега ти удри математика т.е. размисли ако си невработена и ако маж ти не работи со што ќе ги раниш тие деца по 15-та година...
    Колку се само контрадикторни двете капмањи сами по себе, што би избрала да раѓаш или да учиш, или двете..мислиш дека ќе можеш да постигнеш и да родиш 4 деца и да имаш факултет за кој бај д веј ќе си добиеш диплома и ќе си ја чуваш дома урамена ...
    За тоа како ни личи градов со проектот Скопје 2014 излишно е да коментирам, а уствари што ми е гајле па дури и не морам на одмор да одам имам бре градска плажа не една туку две, можам да бирам, само чекај - а кај ќе се бањам?
    Или тоа што ги раскопаа сите улици партал ги направија, колку само пари се испраја и си ги наполнија сметките и тие што треба и тие што не треба.

    Ви се молам размислувајте малку со свои глави... :fubar:

    Како било во времето на СДСМ не коментирам затоа што тогаш било тато носи - мама меси,не сум се замарала со политика, колку носел толку, имало за скромен и нормален живот...е сега ЈАС НЕ НОСАМ, а нема ни да носам како што тргнале работиве со сите наместени непотистички работни места и формално распишани конкурси колку да замачкаат очи... е затоа ЈАС нема да гласам за овие ваши ВМРО-ОВЦИ...
    Да во право си времињата се сменија ама како за кого, нели :^)
     
    На BoaVista, enca.69 и nena2010 им се допаѓа ова.
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337

    Морав да те поправам овде.Куќата е нивна,си ја платиле да.Меѓутоа дворот,е државна сопственост.Можеш да сееш,да жнеееш ау бау,ама не можеш да градиш нешто трајно.Има многу такви луѓе,затоа беше 1 евро квадрат,да си го откупиш.Најверојатно заради неплаќање данок (мислам),не било преведено на нивно име,или така нешто.
     
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Видете вака, ако одите во едно село било каде,и ги испрашате селаните за кој ќе гласаат нивните одговори ќе бидат поделени и тоа по следниов критериум. тие што се пообразовани или дури и интелектуалци односно со завршен факултет пред 5-6 години ке ви кажат дека ке гласаат за СДСМ, а пак неписмените и постарите одма ке ви речат дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. друга работа пред некој ден до моите раце стигна флаер од партијава која е на власт а и цел град беше преплавен со нив, флаерот беше напишан во стил на флаерите од невладините организации од типот покажи ја својата креативност искжи се волонтирај, само овој пат на флаерот имаше лого од дотичната партија и целта беше да се придобијат млади пололетни лица односно да се зголеми подмладокот. тоа навистина многу ме изнервира, бидејки приватниците крај со крај ке врзват а тие ке се расфрлат со државни пари за да си придобијат нови кодоши плакато-лепачи оти старите си ги вработија колку да соберат гласови и ако падни власта нема ни прва плата да земат. ми се гади од сегашнава власт бидејки го узурпира правото на глас на граѓаните секој има право да гласа за кој сака, а не најново што разбрав кој има вработен сега брзо мора да собери барем 7 гласа за дотичнава партија. на што личи ова. навистина сум разочарана од сите партии. ама само едно знам ако сакаш нешто да е како што треба завршено дај му на жена да го заврши. сите жени политичарки на западот се покажале многу подобри од многу мажи. навистина ми се допаѓа ШЕКЕРИНСКА меѓу другото сум голема феминистка и сигурна сум дека таа ке ја среди колку толку работава а и кандидатски статус добивме баш кога таа беше претставник или не нзнам што за евро интеграции мегудругото е многиу покултурна од другите. И НИКОГАШ НЕ БИ ГЛОАСАЛА ЗА НЕКОЈ ШТО НА МИТИНГ СЕ ОБРАЃА СО БРАЌА И СЕСТРИ. И на нај обичниот селанец да му се обратиш со господине си поголем господин /дама од било кој/а друг/а.
     
    На enca.69, JuLleE и milky-candy им се допаѓа ова.
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски


    ЦЕЛОСНО СЕ СОГЛАСУВАМ СО МИСЛЕЊЕТО НА lolyta777. НАВИСТИНА Е ТАКА КАКО СО КАЖА А,ЗА ЖАЛ И НЕ САМО ВО СК ТУКУ СЕКАДЕ :@ .
     
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Да ти одговорам на првото прашање:
    Не беше баба ми на бања. Не те разбрав што тоа мајка ти плаќала за пензионерите да одат на бања?
    Инаку не сум знаела дека покачувањето на платите и пензиите е манипулација.
    Во времето на СДСМ баба ми чистеше згради бидејќи имаше мала пензија. Сега е задоволна со пензијата и одмара дома.
    Каде е тука манипулацијата не разбирам?! :^)

    Второто прашање.
    Реков моите работат во приватни фирми, точно дека Грујо нема никаков удел во покачувањето на платата на татко ми. Нели е тоа приватна фирма?
    НО она што моите го пласираат на пазарот, народот го купува!
    Па со право би рекла дека има народот пари бидејќи сето тоа што моите го пласираат на пазарот може да се најде на милион места низ градов по многу по поволни цени.
    А тука се троши како алва.
    На пр. Дали би купила градник од 150 ден на зелено пазарче или од 500 ден. во бутик?

    Ако немаш пари ќе го купиш она што е по евтино.
    Од тука е мојот заклучок дека народот има, а научен е да кука. Секако има и исклучоци.
    Реков ги почитувам сите мислења, секој си има свои причини зошто на овие избори нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ јас си имам свои зошто ќе гласам повторно за нив.

    Како може да е мое нешто што не сум го платила?
    Тоа е на државата а јас сум си го превземала и сум си го користела со години.
    Ако не го купам никој нема да ме праша, уште утре во двор зграда може да ми никне.
    Куќата исто, мојата соба беше дива градба, утре можат ако сакаат да ми го срушат тој дел.
    Мое е се она за кое имам документ и се она што чесно сум си го платила.

    Точно тие мали финансиски кризи се во периодот кога моите потреби станувале поголеми, кога сум растела и кога ми требале пари за излегување и сл.
    Па и ти кога си била мала не си имала толку големи потреби како сега нели? Малку логика! ;)
    СДСМ беа на власт кога јас знаев само за кукли и сладолед и ништо друго.

    Патем тие мали финансиски кризи се во период кога мајка ми одлучуваше да не работи па финансиски паѓавме. Татко ми е тој кој константно работи.
    Мислам дека нема потреба баш тебе да ти цртам и да ти објаснувам се до најмал детал.
    дали мојот пост изгледа како реклама за вмро или не. Мој пост е а не твој, таков е мојот начин на изразување.
     
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    :) Гледам некои прават споредби за тоа како живееле во времето на СДСМ, а како сега...Еве јас на пример подобро живеам сега, него СДСМ кога беа на власт, али не ми е партијата СДСМ крива за тоа...Зошто живеам подобро сега? - Затоа што стекнав квалитетно образование, станав свој човек, научив јазици.... И со своја среќа и свој труд со најдов лично сама работа(без ургенции и лижење на дебелите газови на партиските војници или пак со кукање и молење...) Не ми е ниту близу до совршено, но нема околу мене партиски обоени фаци, кои шпионираат по фирма и чешајќи си го газот по цел ден на фотељите земаат плата...Имам крајно објективни претпоставени - ако направам пропуст или грешка, ќе бидам казнета, а ако беспрекорно работам - ќе си добијам пофалба или бонус на први...И на друго работно место некогаш да заминам - ќе се трудам вака да биде...Во близина кај мене живее еден типац што едвај трето одделениа има завршено и вмровците го вработија во Македонски Пошти и "дотичниот" зема 27 илјади плата...И секако тој ако го прашаат ќе каже дека подобро живее сега него кога беа СДСМ (тоа се продадени души...) На политички план сум целиот мој живот лево ориентирана и голем симпатизер на плавите и така ќе биде засекогаш, без разлика дали се на власт или не и без разлика на кое ниво во општеството сум и што работам и колку пари имам...ЛЕВИЦА И ТОЧКА!
     
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    биттер девојко, ако твоите ги прилагодиле цените на сегашниов стандарт нормално дека ке им оди бизнисо и нема да имате проблеми. некој на сиромаштијата сегашна го затвора бизнисо, некој пак си заработва повеќе. сегаа луѓето ко немат пари нема да го интересира квалитет туку цената. а баба ти дека не мети влезови баш ми е мило. ама види колку од лековите на бабти или дедоти ако ги земаат сена позитивна листа а колку на приватно ги купуваат и види за тие што сесо надоместок колку плаќаат надоместок и собери помножи колку лекарства по колку пари се и колку од тие со сена позитивна листа се плака надоместок значи и тој додади го и ке видиш дека повеке од парите од пензијата и одат на лекови отколку кога метела влезови. а ако нема здравствени проблеми(дај боже), види кај нејзините пријателки комшивки и слично.
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    Да ти одговорам на првото прашање:
    Не беше баба ми на бања. Не те разбрав што тоа мајка ти плаќала за пензионерите да одат на бања?

    Второто прашање.
    Реков моите работат во приватни фирми, точно дека Грујо нема никаков удел во покачувањето на платата на татко ми. Нели е тоа приватна фирма?
    НО она што моите го пласираат на пазарот, народот го купува!
    Па со право би рекла дека има народот пари бидејќи сето тоа што моите го пласираат на пазарот може да се најде на милион места низ градов по многу по поволни цени.
    А тука се троши како алва.
    На пр. Дали би купила градник од 150 ден на зелено пазарче или од 500 ден. во бутик?

    Ако немаш пари ќе го купиш она што е по евтино.

    .[/quote]

    Бидејки во потполно се согласувам со ставовите на лолита еве јас ќе ти одговорам. мајка и како и мајка ми и татко ми и сите кои работеле и плаќале даноци го наполниле буџетот за сега овие да се прчат и да даваат бсплатни бањи. Значи Грујо не ги извади од џеб парите па да ги дава туку тоа се НАРДОНИ пари. ме прача ли мене бре некој дали со парите кои јас сум ги одвојала за данок сакам некој да иде на бања, да никнуваат споменици и градски плажи??? НЕ. Кога ќе си плати од сопствен џеб, пеки не се бунам, ама кога плаќа од мои пари тогаш и тоа како имам право да се бунам ако тие пари не се добро потрошени.

    Што се однесува на примерот со градникот од 150 денари, девојко сама си одговори. Пред 5 години народот купуваше од бутик не од 500 туку од 1500 денари прслуци, а сега истите немаат за тоа. Зашто ако идеш во маркет секој ден за еден ист продукт цената е различна. И во сето ова може едно прачање?? Дали си вработена или си студент. Дали еден ден имаш стаж, да знаеш како парите кои си ги заработола со над 50 саати неделно поминати на работа, секој ден помалку и помалку ти вредат??? Кога тоа ќе го знаеш, дебатирај за сиромаштија и немање пари.
     
    На lolyta777 и Offspring им се допаѓа ова.
  9. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Значи јас пак ќе повторам не ми беше намерата да бидам во конфликт со било кого од тука и да се убедуваме до немај каде дали треба да е вака или онака.

    Ниту јас сакам некој да го промени моето размислување ниту се обидувам да го наметнам своето.
    Моето семејство многу подобро живее со оваа власт. Во името на сето тоа јас на овие избори ќе излезам и ќе гласам повторно за нив.

    Сите што не размислуваат како мене, исто така ги оправдувам поради тоа што секој од нас си има своја приказна и причини за задоволство и незадоволство од оваа влада.
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Битер само кажи ми колку и’ ја зголемија пензијата на баба ти што тогаш не можела да преживее, а сега живее добро од неа? :^)
    Три пати, шест пати?
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Џабе ке си ги вадите повторно очите на вакви теми, некако многу сте забегале од темава пензии, бањи, споредби на едните со другите. Не знам дали стварно не гледа никој, или пак е излажан или купен со ефтини ветувања, за да може воопшто да застане на нечија страна. Без разлика кој ке победи на избориве, тие што се големи луѓе (што се испикале во најгорните редови од партиите) пак ке си возат убави коли, ке си одат на ручеци неделни во Лерин, и ке си ги ладат ма*ињата, додека обичниот народ страда, и жали оти некоја партија не победила. Сигурно знаете дека и од СДСМ, и ВМРО некој да изгуби, не се за жалење овие што лажат и припаѓаат по митинзи, пак нив ке му биде супер, разликата е кој ке лапне повеќе. Не можам да поверувам како се лажи кутриот народ на банални ветувања со години, а се подлабоко и подлабоко тонеме. Пред избори ако треба сите газови ке се излижат за гласови, после никаде ке ги нема. Се е за нив, за тие што се најгоре. Тие што ке победат, убаво ке засучат ракави за да направат стратегија како ке ги трошат парите, да си ги нахранат егата, кој на која фотеља ке седне, кој родидна да го пикнат некаде ако може, и тоа ке биде се. Ние ке си останиме со ***** враце. Кој и да победи, за кој и да сте, обичниот народ нема ништо да добие, освен нови разочарувања. Јас нема да одам на гласање, изборот е ист. Лошо - Лошо.
    Ако веќе споредувате, кога како било, јас ке кажам мислење лично мое, спроред некои статистики, не лични да објаснувам тргаедии ние вака, ние онака живеевме, мислењето е според тоа кои фабрики работеле, колкави биле платите и се останато. Пред оваа голема криза што не снајде, мислам дека Македонија, скромно добро функционираше во времето кога Љубчо Георгиевски беше премиер. И знаеме сите, дека Бугарин се пиша и се останато, не ме интересира и не се фаќајте за тоа, тоа е моето мислење кога било скромно ок кај нас.
     
    На Tomcia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Вака Битер, Нена ти одговорила, да не се повторуваме...
    Јас го кажав мојот став, моето мислење, а ти кога ќе излезеш на пазорот на понуда и побарувачка на работна сила и ќе се соочиш со фактот дека неквалификувани и неписмени го држат твоето посакувано работно место или откако сама ќе почнеш да заработуваш, ако успееш да се вработиш, па ќе отидеш на пазар и со потрошени 1000 ден се вратиш дома со три прехрамбени продукти за кои бај д веј утре пак ќе треба да купиш тогаш ќе дебатираме и дискутираме...
    Јас и претходно имам кажано не сум партиски обоена ама реално гледам што се случува околу мене и сама си донесувам заклучоци, не прифаќам наметнати влијанија од некои си персони за кои гледам дека ама баш ги боли к** за народот.
    Се извинувам за вулгарноста на последната реченица ама неизбежна е.
     
    На Ani.taa и nena2010 им се допаѓа ова.
  13. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Нема да гласам за СДСМ , затоа што на моја кожа го осетив нивното владеење .. односно мајками остана без работа затоа што незаконски ја приватизираа фирмата во која работеше и истата пропадна. Е сеа од друга страна , не сум баш воодушевена од сите пари потрошени за 2014 ама ми се допаѓа тоа што има какви такви проекти во здраството и образованието.А и фактот , што за време на светска криза не се дешаваа работи како во другиве соседни земји каде ситуацијата беше страшна ( имам роднини кои живеат таму , не зборам на памет) е за пофалба . ќе размислам , може на крај за Титови леви сили ќе гласам хахаха
     
  14. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    јас пак навистина за титови леви сили ке гласам и најверојатно ако имат подмладок веднаш би им се приклучила, таму најлесно се напредува одма ке те стават претседател на подмладокот :P :) :D
     
    На Mermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Какви проекти имало во здраството, како тоа ја не знам :^) ...а за во образованието најинтересен ми е електронскиот дневник посебно сега кога им го хакираа :lol:
    А зошто мислиш дека кај нас не е страшно, страшно е и тоа многу, и кај нас е сиромаштија, сега најмногу сме поделени...има ептен богати кои купуваат чевли од 8000 ден, средна класа која преживува од први до први и ептен бедни за кои појма немам како преживуваат. Они си знаат како им е.
     
    На BoaVista и ana-banana им се допаѓа ова.
  16. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Има ... али сега зависи која телевизија ја пратиш, на пример според А1 нема ништо хаха А иначе за образованието , мислам на некои реновирани училишта и стипендии .. абе за кого како на крај краева. И не беше страшно во поглед на банкрот на банки , отпуштања, кратење на пензии и слично.
     
  17. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Не сум ти ни јас за ниедна партија неможам да ги смислам ни тие ни тие од причина што негативното влијание и од двете го имам почувствувано на своја кожа, ама дека се согласлувам со lolyta777 се сголасувам со следново
    Е ајде жити се кажи што во здравството прават позитивно какви се тие „непознати“ проекти, кога секој месец одам на клиника и од лошо кон полошо се оди, ништо на подобро.
     
  18. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    [

    [/quote]
    за каква логика ми се смешкаш погоре?не пишав јас дали ти си имала мали или големи потреби,дали си била мала или голема ко ви се дешавале кризите па да ме исправаш. :) ..јас само пишав дека различно си ја престави домашната ситуација овде и на една друга тема а не ми се допага кога некој збори еднаш вака еднаш така,во зависност како му одговара у моментот и не си стои на кажаното..и пак ке повторам да кажеш дека сте немале пари за леб според мене не е мала финансиска криза нели..и во претходниот твој пост на кој реагирав рече дека додека биле сдсм на власт едвај сте преживувале,сте живееле во сиромаштија и беда, а сега пишуваш дека сте имале мали финансиски кризи поради тоа што мајка ти одлучувала да не работи..значи не ви бил крив сдсм сега испага..малце си контрадикторна нели ;)
    и ако си сега 24 години не би рекла дека кога биле сдсм на власт си знаела само за кукли и сладолед..не беа сдсм последен пат на власт пред 20 години нели..и да,немаш потреба баш на мене да ми црташ до детали нели,ама кога пишуваш на форум треба и да очекуваш дека некој може да реагира на твојот пост.
    и да нагласам немам ништо против твојата оринетираност кон вмро,тоа си е твој избор,твое право.мегутоа кога ке кажеш нешто стој си на кажаното а не самата да си ги извртуваш работите од тема во тема од пост во пост.еднаш велиш просечно семејство сме имале само мали финансиски кризи,а на друго место велиш немавме пари за леб,па не пракаа у село да не спасат од беда,итн,,еднаш да кажеш дека сдсм е крив а после дека мајкати е крива..не иде нели..
    и мило ми е ако ви е подобро сега,за време на вмро,дај боже уште подобро да ви е,без разлика кој ке дојде на власт.би сакала на сите да ни е подобро па ако треба и 100 години да се вмро на власт ич нема да ми е гајле,ама проблемот е шо веке со години се на власт а нишо подобро не гледаме,ама баш ич..има некои на кои им е подобро шо успеале да се вработат преку вмрото,ама на поголемиот дел од народот му е се полошо и полошо..сиромаштијата станува се помасовна и помасовна....завршуваме факлутети и седиме дома чекаме од родителите или работиме некаде за 7-8 000 ден колку да не седиме дома...кај е тука доброто?
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Нема банкрот на банки?.. а каматите знаеш ли колку паднаат? Е па јас знам, во сите банки каматите на денарски и девизни депозити се многу мали, речиси никакви, не ти се исплати веќе да чуваш пари во банка, отпуштање нема ама има непотистичко вработување кажав веќе, пензиите ги зголемија и тоа го образложивме итн.
    Училиштата се катастрофа, ќерка ми оди во градинка, ај погоди кога последен пат е реновирана, ние родителите донираме играчки, сме собирале пари за ТВ, па дури и за завеси...
    Болниците исто се катастрофа, лебарки шетаат, тоалетите подобро да не ги опишувам.
    За стипендиите не коментирам затоа што не сум запознаена, ама јас кога студирав на времето обавезно каснеа и стипендиите и студентските кредити.
    Битно имаме споменици во секоја населба, да градот ептен ни е убав.
     
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Еј, не ми е јасно само како може да ве весели фактот дека по ВМРО би можеле да дојдат СДСМ, да не би левицава да ни беше цвеЧе за мириШење. Јас, да имав доволно пари ко во големиот брат ќе им спакував куферите на сите вмро-овчишта и сдсм-овци и сите произведени од нив суртуЛУЦИ од партии и ќе ги пратев на доживотен одмор. Нека они оправаат некаде на друго место држава, мене ми доста во овој живот и од едните и од другите. Џабе ми се карате кој што направил, дал левиве се боЉи од десниве, побогу... штета е во државава, кога нема избор па дури и на вакво нешто луѓето да се радуваат, дека едните лопУши ќе загубат па другите ќе победат, белким нели, овој пат Бране и компанија ќе крадат помалце и ќе не оправат. Оф, политичарчИња, манипулаторчИња везден со исти пораки, што лошо направил другиот, бидејќи И НЕМААТ СО ШТО ДОБРО ДА СЕ ПОФАЛАТ. Гит и за едните и за другите бре, гит.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.