1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Лолита777 не знам за каматите , ама знам дека соседните земји многу полошо ја претрпеа оваа криза. Значи јас не велам дека се е идеално ама лично сум приметила одредени подобрувања. Ти може си имала подобар живот за време на СДСМ.. не знам , јас битно имам многу лошо искуство од нивното владеење па секоја алтернатива ми се чини подобра и тоа е тоа!
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Еве вака во јануари 2010 год. камата за денарски депозит на една наша банка беше 9% за 3 месеци орочени, веќе во јули 2010 каматата паѓа на 4%, камата по видување беше 7,4% месец јануари, а сега во септември падна на 1,5 %. Тоа е за денарски депозити, а за девизи каматите се уште помали. Тоа е еден од показателите дека економијата не чини, значи и нас не удира екон. криза.
    Веќе реков дека не сум партиски определенена, во ниту еден мој пост не покажувам СДСМ-овски наклонетости, само кажував зошто сум против ВМРО, како граѓанин засегнат за мојата иднина...Против нив сум најмногу заради претходното споменатата кампања знањето е сила, знаењето е моќ, затоа што после години вложување во себе и надоградување, сега си седам со дипломите дома и си ги чувам, знам од сигурни извори дека администрацијата е преполна, нема место во канцелариите, а упорно се носат нови партиски војничиња...тоа е она што најмногу мене лично ме засега, ме боли и ме фрустрира. Останато веќе го кажав да не се повторувам.
    А за останатите земји право да ти кажам ич не ме интересира, мене ме интересира како е кај нас, а кај нас сега и овде е лошо, полошо здравје, се е поскапено, цените се рипнати а упорно не убедуваат дека нема економска криза, како нема? Лебот, бензините, буквално сите прехрамбени производи се покачени, платите се исти, значи потрошувачката кошничката на обичниот граѓанин е намлена...
    Владеењето на СДСМ не го паметам баш многу, а дека лошо сме поминале знам само дека фирмата на мајка ми се затвори, т.е. се приватизира и мајка ми беше прогласена за технолошки вишок. Не паметам затоа што моите ме поштедиле од сиромаштија, поточно од кукање дека се нема пари. Реков сме воделе нормален живот, ми биле скратени многу работи, се трошело онолку колку што се имало, тоа било скромно, а сепак доволно.
    Е сега те молам да ми објасни каде ти го гледаш подобрувањето?
     
    На Shana, BoaVista, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Леле аман , јас само си го кажав моето мислење ...а искрено се надевам дека наскоро твојата ситуација ќе се подобри. Како ми се нафрли , ко потпарол да сум на ВМРО а и претходно истакнав дека не ми се свиѓаат некои работи и дека не е се идеално! Пс. подобрувања мислам во поглед на тоа што лежев оваа година во болница и бев задоволна од престојот и условите , подобрувања затоа што добив стипендија и партиципацијата се намали , подобрувања што градов конечно ќе добие некои нови градби ( иако да напоменам има премногу споменици што е и смешно на моменти ) , подобрувања што на татко ми му ја покачија пензијата .. ете заради се ова ја го имам оформено ваквото мое мислење.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Излишно е објаснување..no comment..Прочитај наназад...
    Не ти се нафрлив, ова се вика дебата, ако не се спремна да дебатираш не ни пишувај.
    Ај пријатно :)
     
  5. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Е и тоа што викаш , не сум баш расположена за дебати .. само онака се убацив да кажам што мислам . Пријатно и до тебе и уште еднаш искрено се надевам дека ситуацијата ќе ти се подобри , без разлика која партија ќе победи :)
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Значи вака, мене ситуацијата ми е супер, мене ме иритира фактот што седам дома, а сум вложила време, труд, пари, непреспани ноќи, сум се жртвувала и сум се лишила од одредени задоволства за да станам свој човек, сама да заработувам...Приметив дека си студент, кога ќе дипломираш, дај Боже одма да се вработиш за да не ја искусиш иронијата на учењето. :) :hai:
     
    На Mermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Да не се лажеме-разлика во живеењето т.е. преживувањето во Македонија немало. Ако зборуваме за минимални и банални разлики може, но кога ќе имаме плати како на пр. во една Словенија а цените исти тогаш ќе зборуваме за подобар живот. Затворете ги весниците, исклучете ги телевизорите, отворете го вашиот фрижидер и се ќе ви стане јасно...не треба да мериме и пресметуваме за колку посто се покачени пензиите, платите, или цените, па да видиме дали сега живееме подобро. Ни во сон не се надевам ниту пак се надевав кога претходните избори гласав за вмро дека за 3-4 год. ќе живеам во перфектно општество. Јасно ми е до колку сме ние заглавени и уназадени и треба време да се опоравиме, тоа е процес...али повторно ќе гласам за нив затоа што сметам дека даден глас за сдсм ти е рамно на самоубиство...колку и да сакаме да мрчиме, јасно е дека се прават реформи, се гради (не само споменици), се реновира, и немојте со реченици од типот 'каде тоа болниците се реновираат јас не сум чула' ...почнати се активности, има милион дупки да се закрпат не е една...во мојот град има три основни училишта од кои две се комплетно реновирани, со нови спортскии сали, па визна либерализација и многу др. работи да не звучам сега како кампања...И овие работи ми даваат надеж дека со тек на време и другото ќе се среди...каква надеж даваа сдсм, какви проекти имаа па да гласам за нив...не сум вработена од нив, не сум член, не живеам подобро сега него кога сдсм беа на власт, но гледам позитивни промени кои даваат надеж за подобро...
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Предност на Социјалдемократскиот Сојуз од 2% пред ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат избори - институтот за социјална демократија „Прогрес“ излезе со резултати од анкета во која за прв пат откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт - опозиционата, води пред владејачката партија.

    На прашањето доколку изборите се одржат утре 20.3 % од испитаниците одговориле дека својот глас ќе го дадат за СДСМ, а 19,1 % за ВМРО-ДПМНЕ, 18,3 се уште не знаат за кого би гласале, а 19, 2 немале одговор.

    Во албанскиот блок во водство останува ДУИ со 8,2 % а веднаш по неа е ДПА со 5,4 %. Новоформираната партија на Руфи Османи води пред Нова Демократија и е на трето место по ДУИ и ДПА според довербата на анкетираните.

    Слично како и во анкетата на „Дневник“ премиерот Никола Груевски не заслужува повторен мандат - вака се изјасниле скоро 58 проценти од анкетираните.

    Голем број граѓани или 77,8 % во проектот „Скопје 2014-та“ гледаат негативно влијание на економијата. Мнозинството граѓани 60,4 % сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока,а само 20 % сметаат дека државата е во добар правец.

    извор: а1.com.mk

    Me мрзи да коментирам на темава, а и алергична сум на предизборната добрина на двете партии, така да и медиумиве се знае како известуваат.

    Сега ќе чекаме сител да ги објават резултатите од анкетите.
     
  9. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    На баба ми и следува нај малата пензија. (Знам дека нај малата беше покачена највеќе)
    Не знам колку (ако сакате ќе ја прашам) но доволно за да ужива во пензионерските денови.

    Патем самата таа кажа: Веќе немам потреба да чистам, ова е сосема доволно.
    :!: Да се разбереме, жената со тие пари не се луксузира, но има доволно да не мора да чисти.
    Тоа е најважно. (Барем мене ми е најважно)

    Не сум слепа ниту глува и гледам многу незадоволни луѓе. Јас тоа не го негирам. Ве читам сите вас и жал ми е што е тоа така.
    Не можам да ви речам е како можете? Кога ете можете. Сите вие си имате свои причини.
    Така си имам и јас свои причини за моето задоволство од оваа влада. ;)

    За крај само за сите нас ќе посакам подобро утре, па кој и да биде на власт.
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Битер па пензиите не се покачени повеќе од 500 денари. Значи најголемото покачување отприлика толку беше.
     
  11. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Пензиите може ги покачија, ама колку поскапе лебот, бензинот и други работи? А платите? Ги покачија? Хах..кој и да дојде на власт, иста судбина не чека.
     
  12. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    мислам дека многу луѓе нема да гласаат
     
  13. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    ќе гласаат, ако сакаат добри пратеници!
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.175
    Допаѓања:
    23.853
    ете ги почнаа да доаѓаат од врата на врата... АМа не делат пенкалца, делат отчет што направила владата во последните 6 години... Страшно еј.
     
  15. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Која влада и да дојде исти к*рац, различно паковање. И едните и другите радат, едните поише, другите помалце, за кој да гласаме е сасвим сеедно, не е дека нешто кај нас може да биде подобро од ова што е. Една добра ствар е више што тотално се привикнавме па ништо не не изненадува или чуди. Евентуално некои партиски потрчковци ако имаат некоја минимална корист добро ќе биде !
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.185

    ДА и платите се покачија. Точно е дека како и во секоја земја во светот, се покачија многу работи поради нафтата, ама не можам ни да замислам како ќе беше ако не се покачеа платите и панзиите.
    Дедо ми и баба ми земаат 5ооо денари повеќе заедно отколку порано пензија. А трошоците им се зголемија за 1000.
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.185
    Ова многу пати го имам кажано - секој кој чека државата да го вработи, не е способен да работи. Секој со добиено добро образование може да најде начин да заработува. Не знам што имаш завршено, ама за да отвориш консалтинг ти треба само биро и компјутер.
    Ако веќе си запнала државата да ти даде, знаеш дека има кредити за неврааботени младо до 3000 евра, со 1% мислам ека се камата. А за консалтинг не ти требаат толку. ЗНам многу способни луѓе кои се здружија и земаа 6000 евра и почнаа свој бизнис, оти знаеја дека можат. И фризерки го можат тоа со средно образование не па со факултет.
    Тешко е да седиш дома, ама бетер е да не направиш ништо за тоа.
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Па и не е баш така лесно како што пишуваш, ама ај.
    Моја братучетка со завршен правен факултет и положен правосуден испит седеше без работа незнам колку години. Конкурираше на секој можен оглас за вработување(дури и за продавачка во маркет). Никаде не ја примија. Зема од тие неповратните средства 3000 евра и отвори правно биро. Знаеш како работеше? Никако. Неможеше да извади само за давачките да си ги плати. Зошто? Затоа што во помалите места нема правен промет, надлежноста на судовите е мала, а има многу адвокати кои од што немаат предмети им ја земаат работата на правните бироа.
    И после ќе се најде некој паметен и ќе ти каже дека не си вработен зошто не си способен да работиш. Како па да не! Лесно е да се зборува и да се пишува од страна, ама за жал во реалноста не е баш така ко што пишувате.
     
    На lolyta777 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Ај ти се молам објасни како пензиите се покачиле за 5000 денари?!? Тоа изгледа само на дедо ти и на баба ти за толку им се покачиле.

    ПС - бранете нешто што може да се одбрани, ама не убедувајте дека живееме во оаза кога сите знаеме во каква мизерија живееме!
     
    На tanja6 и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ич не е оаза ама ама па, ептем ми е криво, што овие и не можат да направат повеќе, за да не дозволат оние пред нив да се качат на Дорчо и да тераат истата нивна смрдена политика што ја тераа пред и да се шлепаат на истиве работи за кои ги пљукаме па овие. Исто срање различно паковање. Преку глава ми е од препукувања и препирки што е сега и нафрлање популарности на контото на ружине.
    Уште кога ги чув вчера ли завчера, како они ќе се бореле за гаранција на минимална плата да не е помалку од 9 илјади. Па, што?!? Телиња сме сите во државава. Не знаеме како функционира или ќе се правиме, ќе спиеме на уши, превез преку очи и мозок у замрчнувач. Терај бате. Што тие ќе направат само не ми е јасно, со што ќе подобрат ситуација баш тие. Дека ќе има минимум плата. Па каде тоа се спазува тој минимум. Како ќе гарантираат да се почитува. Кој тоа е пријавен во државава. Кој?!? Во која фирма, на татковците и дедовците фирмите, за синовите и ќерките тој минимум треба да биде?!? Кој ќе е заштитен со тој минимум, кога цел живот луѓе работат со договори на дело, пари зимаат преку авторски агенции, како хонорари, а работи од утро до мрак и делник и празник. Или ќе ги притиснат фирмиве да си ги пријават вработените или ќе ги репнат вработениве што ќутеле, за да им текне да дигнат слушалче и му речат „ало Бране, овој не ме пријавУе!“. Колку се тие фирми кои што само да не плаќаат даноци, даваат дел од парите на сметка, дел ги даваат во ќеш на рака. СИТЕ! И, што, да не би да не знаат владиве. Да не би ВМРО да го измислија ова. Ма стара процедура се влече тегне провлекува од времиња. Само малку се модифицира зависно од вкусот на конзументот и оп систем на совршено функционална демократија, стабилна економија, социјала и здравство стокмена за избори, фрешка. Еј, тоа ме нервира. Што овие не умеат и поради тоа што не умеат ќе дојдат бетер од нив. БАШ ТОА.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.