Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    веќе имам и порано дискутирано на оваа тема, ама ови аргументи најпоќе кажуваат за сегашната власт.
    1. порадно само солидни и одлични ученици завршуваа факултет,и колку толку дипломите им беа залужени,сега во секое село има факултет и секој сезапишва на факултете и завршва и ја има само дипломата а знаење нема. дури некогаш не е важно дали имаш диплома, туку дали имаш партиска книшка.
    2. за колку е зголемен бројот на млади луѓе вос транство, и колку малку од тие што заминуваат да студираат во странство се враќаат.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Процесот на одлив на мозоци не е започнат сега, а многу одамна и јас гласам со две раце „за“ секој што вреди и има храброст да ја напушти државата и да се образува, вклучително и да остане во странство доколку условите што му се нудат таму се далеку поголеми од тука, а се’, доколку успеал да се снајде... пак и без тоа оваа држава НИКОГАШ и не му понудила ама апсолутно ништо, како и на мене, пардон, ме финансираа за време на студиите и магистратурата, ама пак не се нешто потепаа да ме ангажираат за да си ги исплатам поштено потрошените од народов пари за моето учење.
    А, како што се приближува земјата кон ЕУ, овој одлив ќе оди во нагорна линија и тоа рапидно. Дал дошле СДСМ со нивната магија на стабилизирање на нештата или биле овие деструктивниве романтичари исто ќе ти дојде, бидејќи за мене се огромен - , дури ме мрзи на избори да одам за да прешкртам лист, колку да не ми го злоупотребат мојот глас.
    И СДСМ да дојдат, ако според твоето искуство и сознанија :) ситуацијата тогаш во нивно време била срча, јас многу и немам доверба во нивната правда, праведност и способност за владеење и вадење на ситуацијата од калта, впрочем ситуацијата кај нас не ја создадоа ВМРО, ситуацијата е таква затоа што државава пати од синдром на некадарни политичари и политички партии на недоделкани, кои никогаш и не успеаа да го направат она што го направи една Словенија и една Хрватска, не дека не можеа, баш тоа беа тие времиња кога тоа се правеше, тогаш се фаќаа возовите, а сега можат само да си се сликаат со споменичињата на овие, затоа што и не можат, НЕУМЕАТ, НЕМААТ КАПАЦИТЕТ да го постигнат тоа што треба, бидејќи УСЛОВИТЕ ВО СВЕТСКИ РАМКИ исто така се така изменети што не дозволуваат, пак и во едните и во другите се банда војничиња партиски, послушници, научени да климаат глава пред нивните Дучиња и да плукаат на сите страни ко тренирани кучиња с’скани на сликаички од противникот. (
    туку се мислев што доколку СДСМ победат, хаха што они ќе прават со споменициве :) на аукција да не ги стават?!? Можност ВМРО да си ги откупи за в двор и кога пак ќе си дојдат да си ги наредат по Скопјево :)
    ).
    Јас, не оти ме мрзи, НЕГО НЕМА да си дозволам да отидам на митинг и да им плескам со рачињава, бравос претседателе, бравос да викам, нема да си земам книшка нити од едните, нити од другите, нема поради тоа што ОВИЕ ГИ СМЕТАМ ЗА УТНАТИ да велам „другите се бољи“, бидејќи за мене не се.
    А, пред некоја година, кој читал весници и прател разно разни емисии, можеше да прочиташ, доколку си листала од Чешка да рачеме, проценки за тој одлив на мозоци од кај нив и конкретни причини, пак дури и проценки колкав број на млади кадри ќе имаат потреба во иднина да увезуваат доколку тој одлив од кај нив продолжи, а за да си ја пополнат администрацијата. Истото се случува во моментов со Бугарија и со Романи да речеме.
    А јас, и те како би сакала да дојде времето на тате мој, кога на правен се запишале некои си ајде грубо речено 200 души од кои уште во прва се расчистиле незналиците за на крај да остане квалитетот, макар што во разговори со мојот татко во квалитетот освен квалитетните не биле исклучени, синовите и ќерките на тогашната „сина“ крв во земјава, бугати и тогаш го имало тоа... НА ПАРТИЈАТА.
    Така да ВМРО, НЕ БЛАГОДАРАМ!
    СДСМ, МА ИЧ!
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.694
    Допаѓања:
    130.381
    На двајцата по 2500:) Едноставна математика. ДО денар точно не знам.СДСМ им ги намали пензиите последната година кога беа на власт. Тоа јасно е?
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Ахам математиката е едноставна, ама за жал невистинита! Ниедна пензија не е покачена по 2.500 денари.
     
  5. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Пензиите дали за 500 ден. се покачени, па за 2500 може си сањала нешто. 2500 бе! Eе камо да беа толку хахахахааххаа 2500.. не што нема шанси да е реално, дури смешно паѓа хахаххаха :shake:
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ајде без гајле, сега има шанса да дојдат СДСМ пак да ги намалат за 1000, пошто знаете и како е во бутици, прво качиш цени па викаш „ајде на попуст“ :).
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Аманте со тоа покачени платите и пензиите!
    Прво,огромна грешка на двете владеачки гарнитури-државната администрација е 40% од вкупниот број вработени.Во сите земји во светот оваа бројка се движи од 5-15% ние сме ти рекорд невиден.
    Ама не е тука крајот на трагедијава-овој огромен паразитски организам во кој секоја единка треба да прими платичка од некои си 19.000 толку некаде е просек на ниво на државава,треба да ја финансира стопанство каде просечна плата по гранки е некои 6.000-7.000 бидејќи станува збор за текстилна,прехранбена и др.индустриски гранки каде не се остваруваат високи плати на ниво на гранка.Не треба да си којзнае колку добар математичар да видиш колкаво е прекривањето на приходите со расходи,ама тука е секогаш можноста за распишување нови државни обврзници и ете фреш кеш за плати и пензии.Во здрава економија стопанството ги покрива трошоците на државната администрација,во нездраво како нашево се крпат со долгови.
     
    На mamence, lolyta777 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Не само партиски, туку сега ми правите и куќни проблеми.
    Се покачиле пензиите, а баба ми си го намали месечниот придонес во моето прасенце?! :o :o :o
     
    На lolyta777 и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Баш денес видов група дечиња облечени во маици од една наша политичка партија :x
    Деца од 10 години бе што знаат тие? Се трујат мозоци од најмала возраст, наместо да ги пуштат да си играат тие ги облекуваат во партиски бои и ги носат по штабови.
    ПУ за родителите!
     
    На lolyta777 и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Од мали нозе се учат. За некоја година треба да почнат да лижат плакати еј. Па да делат летоци. Ехе, кариера е тоа да си партиски војник дур си свеж, неизмесен треба да те месат.
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Каде ти тоа прочита дека јас чекам државата да ме вработи?..Како така лесно и брзо донесе заклучок?
    Што ви е бе луѓе? Стварно ви се чудам... :fubar:
    Еве ти одговор, имам правен завршено, спремам правосуден, имам работено, сум со работно искуство, работев под договор...а за тие 3000 евра со 1% камата сум запознаена и ако баш те интересира не ме ИНТЕРЕСИРААТ.
    Знам што можам и колку можам, знам точно што сакам и како да успеам. Ќе си отворам канцеларија со МОИ пари, не сакам ништо од вашата лажлива партија, влада и останата фамилија.
    А знаеш зошто...затоа што во матичната земја сум аутсајдер, затоа што администрацијата е полна со неспособни, некомпетентни и недоволно образовани сумљиви ликови кои дури не го ни знаат македонскиот јазик или седат дома, а примаат плата.
    Не ме прашувај од каде знам, нема да ти кажам.
    Затоа што вашата партија прави проекти и кампањи само за да вас ве лаже и привлече, а кога ќе излезете од клупите ќе видите колку реалноста е сурова и болна, и џабе ви се партиските книшки, чувајте си ги во фиока, одете лепете плакати.
    Во иднина пред да реплицираш запознај го соговорникот, прочитај две три мислења на темата па коментирај.
    Ај толку, немам намера да се расправам со закоравени умови.
    Пријатно. :hai:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Државата ако беше некоја јака држава ќе беше ДОЛЖНА да ја вработи, зашто има завршено факултет. За што онда ми дрват знаењето е сила и моќ? За да стојат урамени дипломите? Како може да не чека државата да ја вработи? А кој треба? Само државата си вработува свои, поттрчковци оние кои чмарот си го даваат за партијата која е на власт.
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Вашата партија, нашата партија...реалноста е сурова и иста за сите во Македонија долго време, без разлика на партија,и непотизмот не е измислен од доаѓањето на вмро, си постои одамна...така да нема потреба да се чудиме зошто некој седи дома а има факултет, не е тоа ништо ново...Уште кога се запишував мислев како ќе можам да го искористам факултетот надвор од Мк, јасно ми беше дека штом немам врски, блиски роднини на позиција, треба да имам многу среќа да најдам работа на мојата струка. Воопшто не сум изненадена што работам сосема трети работи што немаат никаква врска со мојот факултет...Што треба, да се правам луда и да чекам работа соодветна на мојот факултет (знаејќи во каква држава живеам) дека таа е должна да ме вработи (Немој молим те не се филмам дека живеам во Луксембург)додека детето ми гладува? Ако сакате идеален систем преселете се во некоја друга држава (или почекајте ги вмро уште малку :) ) само немојте со вакви срцепарателни стории...
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Еј, ова веќе па државата должна да ги вработи сите бидејќи имаат факултет го нема нит кај Американите :). Никаде уствари и го нема. Да речеш што не ги вработува, оние со висок успех, стипендии што земале, оделе на пракса во државни институции, докажани и покажани мозоци... е тоа богами да.
    Ама, умреа времињата, тоа во комунизмот беше нажалост со него и умре таа пракса (пардон и во тоа време имаше еден услов, да си верувач во партијата, бидејќи своеглави интелегентни створови ни тогаш не трпеше државата, одеа да се сунчаат они, на одмор).
    А, државава не да е трагедија. Јас и не паметам кога било поинаку, кога способни кадри се вработувале, а не заслужни за угледот и достигнувањата на партијата младичи.

    ЕДИТ: Лолитке не мораш ни да кажуваш од каде го знаеш, не е тоа ама ич тајна. Сите го знаат.
    Читачите на весници веројатно и го читале.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Епа тоа ми беше зборот, ама грешно се изразив. Голема грешка е тоа што се отворија факултети во секое село. Сите се испозапишаа и што биле јаки оченици во средно и што не биле, па ќе буткаат некако. Порано се знаеше - оној што навистина има желба за учење ќе оди на факултет, останатите ќе останат не кадарни и ќе работат што годе. Ама нашава држава кај е две педи отвори насекаде факултети и сега нема моќ да ги вработи сите тие студенти кои мака и напор вложиле а богами и нерви за да го завршат тој факултет. Греота е некој што се мачел толку време, фрлал пари сега да седи невработен или со завршен факултет да продава на пазар. Па и јас да сум завршела факултет и да сум вложувала напор нема да сакам што годе да работам.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Епа, мене поверојатно ми изгледа дека факултетиве не се отворија всушност бидејќи Македонијава има преголема потреба од високообразовани кадри, кога кај нас увек бројките со невработена млада популација, со високо образование биле високи, а бидејќи по потреба на партијата е тоа. Тие мене поскоро ми изгледаат, ко нечии кујни. Повеќето и се запишуваат на факултет, само бидејќи партијата ќе им понуди повисоко место, пак и избираат леви факултети, кои лесно се завршуваат, без многу потење, паѓање по сто пати на испит итн. Проблемот е што, кога ќе дојдат другите на власт ако дојдат, просто сумљам дека ќе променат стратегија, бидејќи и на ними ќе им одговара. Се’ се врти во круг, а задоволството на квадрат е со партиите.
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.694
    Допаѓања:
    130.381
    Ова многу пати го имам кажано - секој кој чека државата да го вработи, не е способен да работи. Секој со добиено добро образование може да најде начин да заработува. Не знам што имаш завршено, ама за да отвориш консалтинг ти треба само биро и компјутер.
    Ако веќе си запнала државата да ти даде, знаеш дека има кредити за неврааботени младо до 3000 евра, со 1% мислам ека се камата. А за консалтинг не ти требаат толку. ЗНам многу способни луѓе кои се здружија и земаа 6000 евра и почнаа свој бизнис, оти знаеја дека можат. И фризерки го можат тоа со средно образование не па со факултет.
    Тешко е да седиш дома, ама бетер е да не направиш ништо за тоа.[/quote]
    Каде ти тоа прочита дека јас чекам државата да ме вработи?..Како така лесно и брзо донесе заклучок?
    Што ви е бе луѓе? Стварно ви се чудам... :fubar:
    Еве ти одговор, имам правен завршено, спремам правосуден, имам работено, сум со работно искуство, работев под договор...а за тие 3000 евра со 1% камата сум запознаена и ако баш те интересира не ме ИНТЕРЕСИРААТ.
    Знам што можам и колку можам, знам точно што сакам и како да успеам. Ќе си отворам канцеларија со МОИ пари, не сакам ништо од вашата лажлива партија, влада и останата фамилија.
    А знаеш зошто...затоа што во матичната земја сум аутсајдер, затоа што администрацијата е полна со неспособни, некомпетентни и недоволно образовани сумљиви ликови кои дури не го ни знаат македонскиот јазик или седат дома, а примаат плата.
    Не ме прашувај од каде знам, нема да ти кажам.
    Затоа што вашата партија прави проекти и кампањи само за да вас ве лаже и привлече, а кога ќе излезете од клупите ќе видите колку реалноста е сурова и болна, и џабе ви се партиските книшки, чувајте си ги во фиока, одете лепете плакати.
    Во иднина пред да реплицираш запознај го соговорникот, прочитај две три мислења на темата па коментирај.
    Ај толку, немам намера да се расправам со закоравени умови.
    Пријатно. :hai:[/quote]
    И ти треба да знаеш со кој разговараш Магистер по правни науки, од септември докторант. Вработена на 2 работни места, и плус проекти за неколку фирми. Јас не сум аутсајдер во мојата земја, јас имама квалитет кој е кажан на интервјуата каде работам. Јас немав МОИ пари да се фалам по форуми, оти сум дете на земјоделци кои успеаа да ме образоваат. Тогаш немаше субвениции, па и јас работев по нивите и учев. Ако знаеш како да успееш, шо кукаш по форуми? Седни и успеј си со ТВОИТЕ пари.
    И совет да ти дадам, ако сакаш прифати го- размислувај позитвино, посебно кога одиш на интерјву. Гледам напукана си со негативна енергија која оддалеку се чита. Кога ќе седнеш таму, никој не сака да види човек кој го мрази цел свет.
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Ох, па така кажи, сега јасно ми стана зашто рипна во одбрана на преродбенициве :D Ако ако, верувам дека и Лолита да ги бранеше сега по темиве, и таа ќе беше вработена :D
     
    На lolyta777, enca.69 и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  19. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    Баш како што кажа Оффи, не им се противете и не им контирајте на овчињава ...и на нив им е јасно се ова што ние од петни жили се трудиме да им објасниме, значи јасно им е, ама баш за да го има местото кое го има, дотичнава погоре, освен дипломите, потрбно е и секојдневно активно агитирање, вклучено тука и на слични вакви форуми, и притоа мора да обезбедат по 20 гласа, во спротивно ќе летаат од местенцата на кои се, а за кои толку многу се удираат во гради, како да се единствено они амбициозни и со дипломи, па ете затоа се таму кај што се, а доколку пак вака масовно проповедаат за партијата и за ЧОВЕКОТ, тоа е голем плус, и ќе се искачуваат уште нагоре...
    Препукување со луѓе чиј месија е еден сероња, што наместо да зборува, лае, има фаца го да е врзан за нокшир, и цело време се напиња да сере, што му успева како што можеме да видиме, од чија уста излага само едно жално и бедно - не тоа не е вистина, ќе се покаже, ние ваботиме, и Бланко па Бланко, и човек кој се обидува да изгради историја во една година, да воскресне барок изумрен веќе 3 века, да гради катни гаражи во барок стил, да гради тврдини кои незнам само како ќе се осветлат и затоплат, и колку ќазни ќе треба да платиме за да си ги грат г`зовите во тие објекти, кои ни 500000 садници во дрва, нема да ги затоплат, а се тоа само за да испере пари, и затоа што е со болно мозоче да остане запечатен во историјата и да се спомнува, е последна работа на која би трошела време...
    Јас и кога одбирам свесно некој да ме лаже, ќе одберам човек што личи на човек, е појава, оратор е и не се крие како пи*ка под сукња од секое можно интервју со новинар што не е негов, а да не зборуваме за дуел...
    Искрено ми фали времето, кога ги гледав, ги снимав и прегледував дуелите на Бранко и Љупчо...
    А моја порака е да ги оставиме овие, да си ја вршат полтронската работичка, затоа што ги демнат, можеби и они нејќат...
    Толку од мене...
    Затоа што ве жалам, и нејќам да ви пречам во извршувањата на наредбите од вашата неинтелегентна, фалична партиичка, не враќам и не реплицирам на никој...
    Повелете...
    Форумот е ваш ;)
    Јас ќе ве читкам, ќе се смешкам, и ќе ве жалам.... :lol:
    Тие
     
    На Theodora, lolyta777, DivineChaos и 2 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    ^^ Е мори Енцо намбер сиксти најн и мене како ми фали тоа време. Заборавив што е дебата меѓу политичари, мислев само јас се сеќавам и жалам по тие политички дуели. Отупев со досадни вести и досадни политички емисии, дури и не ми се гледаат да слушам само едни исти аналитичари, а владиниве првенци, ако сакаш да гледаш, Миленко, јади бурек, Латас пушти... овој клима, за да остане буден дур камера го снима, оној Преродба во 100 чекори чита од идиотот.
     
    На lolyta777, enca.69 и Offspring им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.