1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Последен ТВ дуел што го имам изгледано и тоа на јутуб го гледав е помеѓу Фрчкоски и Иванов. Тоа беше ваљда 2008ма ако не се лажам... Од тој дуел наваму, не сум гледала друг...
     
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    ^^^
    Ги имам јас снимени сите ;)
    И Љубчо, иако знаеше дека не може квалитетно да му парира на Бране, ама се трудеше, се појавуваше, не одбегна ни едно интервју, ни еден дуел, се знаеше по традиција дека пред избори ќе гледаме дуел, затоа и го почитував човекот без разлика на разликите нели, сепак ги почитував како партија со различни идеали од моите...а во овој што да почитувам????
    Диктатор? Првпат се плашам јавно да говорам, затоа што ќе летам од работа, тешко, тешко добиена, и покрај дипломите, амбициозноста и упорноста...
    А ЗА ЗБОРОТ ПРЕРОДБА...само тука не не излажаа...само за да се преродиш нели треба првин да умреш, епа тоа е тоа, не дека нема да се преродиме, туку сега за беља сме во фазата на умирањето....ко преживи причаче :lol:
     
    На lolyta777 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Е хахахахахха оф само ќе кажам за комбинацијата :) хахахахахах
    Јас последно гледав Милчин и Миленко хахах Милчин, ама ич не ми е по ќејф, не се согласувам со човекот, неговите ставови, ама, човеку, во емисијава на Миленко го љубев, што да зборам треба да се гледа.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Апсолутно сеедно ми е дали има голема разлика или нема помеѓу двете дотични партии.
    Јас мојот глас нема да го дадам за ниту една, т.е. ќе го направам ливчето неважечко.
    Ќе си нацртам огромно срце и ФЕМИНА ќе напишам внатре.
    Или Лилит или Шилеа или Боависта или Георгина и ќе заокружам.

    Сите кои се опседнати со дневната порција вести ми се смешни.
    Сите кои се палат како млади мајмуни на политиката кај нас и се трескаат во гради за некоја партија - ми се патетични.
    Сите со испрани мозочиња ми се - за утепување.

    Веќе одамна ми стана јасно како ден дека кој и да дојде на власт, лично јас и моето партиски неопределено семејство нема да заживееме живот без кредити, без фразата - почекај да дојде 15-ти (нема веќе 1-ви, за жал).

    Кристално е јасно дека таквите кои не сакаат да продаваат душа на чија било партија, во оваа држава ќе си бидат на маргините.
    Секогаш ќе си чекаат послушно во ред, без врски, секогаш ќе си ги плаќаат уредно казните, а кога ќе решат да си ја побараат среќата надвор, од истите оние лепачи на плакати кои со осмо одд. ти го лапнале работното место, ќе ти лепнат етикета на непатриот.
    Смешно.
    И жално истовремено.

    Гајле ми е, кој сака нека победи, мене лично нема никогаш НИКОЈ да ми направи разлика.
    Најсреќна би била да се испоколат помеѓу себе.
     
    На DivineChaos, pink4ever и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Мене ми е страшно после најкатастрофалните ефекти на транзицијата во која царуваше Б.Ц. воопшто некој да помисли дека бил омилен меѓу народот :o

    Тоа сигурно не бил некој од избрканите работници од фабриките шо плачејќи се прашуваа како ќе му донесат корка леб на детето дома, сигурно не биле ни сточарите ни земјоделците кои не бараа крема за нивните испукани напатени раце ами права и почитување на нивниот труд. Сигурно не биле и мајките кои колнеа и врескаа поради фактот дека после 30 годишно проширување на вени во некој погон добија само клоца на улица...не, сигурно не биле. Море ко ќе си размислам не биле ни измамените граѓани во штедилници, градежни претпријатија, афери и сплеткарења....епа кој бил???


    Ама чекај :!: ...оваа ситуација ме потсетува и на времето и просторот шо ме опкружуваат сега, можеби во малку поблага варијанта, значи горе доле исто е.

    Епа изглеа не било до воѓиве, до нас ќе да е!!!
     
    На Hipica, LivingGlam и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    А, дал некој памти и видел Фрчко, кога ги праша млекарите, истиве овие што плукаат по Грујо и се за СДСМ сега, „како извозот“ тогаш, Фрче сакаше президенте да биде :).
    Да, луѓето забораваат Ѓеоргина, ете ти, они заборавија дури :).

    ЕДИТ: Туку Бране не се кандидира на избориве, бидејќи он знае што рејтинг „висок“ има, се покажа и докажа, сите го сакаат, сега сака некој млад да пркне, да не е само он, тој би да е во позадина, да мирува ко пензионер :)
     
    На Hipica и Cka им се допаѓа ова.
  7. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012

    леле... ко мајка ми да ја читам. истите зборови.. :D
    не ми се верува која сличност. :)
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.273
    Допаѓања:
    101.173
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам, ви тропнаа помаранџестиве на врата да ви ја донесат книгата Отчет??
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Не ги подржува секој вмро затоа што има корист од нив...не ме вработиле, и сега не ми е гајле ќе седам дома и не излегувам на избори, кој сака нека победи...ок, твое право, ако размислуваш од денес за утре, затоа што очигледно и утре нема да се подобри ситуацијата. Но ако мислиш малку напред, за иднината на твоите деца, за тоа во какво општество сакаш да живееш после 5, 10, 15 год. треба да излезеш и да се определиш...А за дуелите меѓу Бране и Фрчко, ако толку сте желни за добри дебати,(не велам дека не беа добри) ок, побарајте да ги викаат во емисии и гледајте, палете се на нивната ментална гимнастика, додека некој се труди да направи нешто (Грујо :* ) а не само напразно да дебатира и да покажува мозочни мускули...btw и Шеќеринска е прва на зборови, валавица, да ја слушаш онака првпат ќе помислиш пет држави може да води не една, но за жал нема ништо од неа ,ок знаеме дека си паметна но нас ни треба памет на дело, не на зборови...
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Мене, НЕ. Ама знаат тие каде да тропнат, не се замараат со нас обичните смртници.
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Види вака, без фрутрации, полека малку, кој кука бре :?: , зарам само ако човек се пожали за нешто се смета за кукање, под нешто ја подразбирам моментална власт.
    Јас не се фалам дека имам МОИ пари, ако ми ги прочиташ мислењата ќе сфатиш од какво семејство ЈАС потекнувам, парите што јас ги имам се тешко заработени, заштедени, скратувани од одредени задоволства, и тие пари се чуваат за црни дани, што пак не значи дека ќе бидат искористени за моите желби и амбиции....Мојата негативност се гледа само на оваа тема, затоа што плукам по нешто што ти подржуваш. Ако ти си работела на нива, јас сум работела на лозје...блазеси ти што трудот и дипломите ти се нашле и те како.
    И кога реков да знаеш со кого да разговараш мислев на мојата добрина и човечност, позитивност и оптимизам, а не на моите титули.
    Реков секој си сфаќа како сака.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Скорпионка, што би можеле да ти реплицираме тебе после тоа фамозно :* (кисче) посветено на Грујо?
    Веројатно си една од овие фанатични следбеници, со вакви фб статуси, кои го трујат светот, дури и во виртуелноста -
    PRED NAPLIVOT NA SILA,ENERGICNOST,SAMODOVERBA,I SAMOSVESNOST ZA TOA KOI SME, KOLKU PRIDONESOVME I SHTO NAPRAVIVME I PRAVIME ZA NASHATA PREKRASNA DRZAVA I ZA NASHIOT NAROD....,SEKOJA PRECKA ZA NAS IZGLEDA, I E MINORNA,I MOTIVACIJA POVEKE PO KOJZNAE KOJ PAT DA GI UBEDIME NASHITE BEDNI OPONENTI,VO NASHATA MISIJA,KOJA SEKOJDNEVNO SE POVEKE I POVEKE VO CELOST JA REALIZIRAME..SAMO NAPRED VMRO-DPMNE!!!VISTINSKIOT IZBOR ZA SEKOJ MAKEDONEC..EDINSTVENATA REALNA OPCIJA ZA MAKEDONIJA,,SEGA I ZASEKOGASH!!!MAKEDONIJA..NAPRED..DO VECNOSTA!!! |(
    (* преземено од статусот на постоечка лудача)

    Така што, ако ти си една од тие кои бенефицирале од Грујчовските подвизи, баш убаво за тебе.
    Имај барем грам искреност и кажи си - имам работа, услови за нормален живот и си ја бранам партијата зашто ме извлекла од лајна.
    Не туку проповедај за иднината и изборот за подобро утре и животот на моите идни деца.
    Како што тргнало, не знам ни дали ќе ги имам, без работа, без надеж за истата и без покрив над главата.

    Не ми паѓа ни на крај памет да излезам и да заокружувам некојси Бране, Тито Петковски, Шеќерка, Амди, Грујо, Љубчо, Филип или било кој друг.
    На сите им се изврте редот и - погоди што? Никој не смени апсолутно ништо за обичниот граѓанин.
    Јас одбивам да бидам дел од било која партија и - заради тоа сум осудена на пропаст.
    Тие што се дел, ќе си извадат очи меѓу себе и со испрани мозочиња и две кантички за ејакулација до себе, ќе гледаат тв дуели.

    Јас сакам да има рамноправност и кога ќе има интервју за работа, да се гледа кој колку има во лејката, колку му е потенцијалот, а не дали бил верен и лојален на партијата и од која година му датира посраната книшка.

    Но, дотогаш, предност ќе имаат секако оние кои му праќаат воздушни бакневчиња :* на Грујо.
     
    На JuLleE, LivingGlam, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    не ни ја разгледав темата, ниту типувам за некоја партија државата ни е така ,,скроена,, што немаме место да размислуваме за подобро утре, или за иднината на нашите деца, и двете партии си имаат парички во џеб и си гледаат само за нив, вмро може вработил некој на почетокот одкако се на власт, сдсм можеби ќе вработи некој додека се на влст.. а кого го вработуваат???? на чичо, на вујче на дедо и на комшијата синот и ќерката на сватот тоа е јасно!! ако сакаш имај 10 год членска книшка од вмро ако има некој близок од сдсм ќе те вработат нормално и обратно!
    во секој случај,сепак милсам дека вмро дпмне ќе победат пак на следните избори!!
    п.с во план ми е да го поништам моето гласачко ливче т.е да го напишам моето име! ;)
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Трендафилке тоа што мојот :* за Грујо (кој btw е мој начин на изразување т.е. хумор) си го сватила како израз на фанатичен следбеник, (претпоставувам ме замислуваш како стојам пред олтар од негова слика, свеќи наоколу и изведувам ритуали :^) ) повеќе кажува за твојот мрачен ум него за мојот фанатизам...Твое право е што не излегуваш да гласаш и твое право е да веруваш дека сите се исти, но ако моите ставови за тебе се непотребно проповедање, тогаш и мене ми е напорно да те слушам како нема фајде од ништо, па нема работа, па не излегувам да гласам, овие се фанатици, само јас сум нормална и реална...Ти сакаш да фураш со став 'Сакам мир во светот, но не ме замарајте мене, кога се ќе се среди разбудете ме, дотогаш остајте ме да спијам' ???
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Мене ми е сеедно, ниту едната, ниту другата партија ми дала работа, а не ни верувам дека ќе ми даде. Всушност ние бираме од две зла помалото. ВМРО до сега барем ги наполниле џебовите колку-толку, ама овие другиве ќе дојдат со празни џепови, допрва ќе треба да ги полнат...
    А за кого ќе гласам, па ќе го прашам татета, како он каже така :rofl:
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Мојот мрачен ум не го измисли тој статус што го ставив во мојот пост.
    Мојот мрачен ум исто така не измислува дека во помалите градчиња агитирањето на партиите е страшно, таму има реална поделба на табори, па дури и на бесмислени места како кафичи за излегување - вмровски и есдеовски, незборување помеѓу фамилијарни членови, тепачки и модри окца во името на партијата. :muscle:
    Мојот мрачен ум никогаш не би помислил дека ружа на реверот од јакната или чисто една боцната позади уво некого етикетира како сдсм-овец или некој облечен во портокалово мора да е грујчевист и следбеник на преродбата.
    И ред други бизарности, улизување за работно место, компонирање песни за Никола Груевски и за ред други видни личности од владеачката партија.

    И додека не дојде некој посалам од оние кои години наназад се топлат во истите фотелји и го залажуваат народот, нема потреба од мојот глас.
    Ним нема да им смени ништо, мене лично ми менува многу.
    Нема потреба да одам и да удрам потпис за некои кловнови, за тоа си има специјално место наречено циркус.
    И едните и другите се исти лајна и не заслужуваат ќорав глас.
    Кој сака нека оди и нека ги гласа, мојот став е тој.
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Tој статус не е мој, па затоа и нема потреба да го ставаш додека објаснуваш за 'мојот фанатизам'...
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Не се напнувај, никаде ни не реков дека е лично твој. ;)
    :* до тебе и Грујо.
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Бакнеж??? Дали ти тоа си мој фанатичен следбеник??? ;) :D
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Дааааа!!!
    Ме откри, тебе ќе те заокружам на ливчето. ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.