Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Еве едно клипче тука јавно ќе го постирам - погледнете какви имбецили и неписменици се на раководно позиции во државава...!!!

    http://www.youtube.com/watch?v=G_2TSNly ... r_embedded :puke:
     
    На Kika30, creshicka, tanja6 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
    Леле кај го најде клипчево!!!Се изнасмеав!! ха ха ха
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Се стопи и народот од нив .
    [​IMG]

    Слепи не водеа , глуви не возеа ...
    Ова слепи и глуви само за народот си беа ...
    И едните и другите беа на власт ...
    Каде се тие каде сте вие ...
    Каде е жална Македонија ...
    Е сега кој го разбра ова добро, кој не со среќа нека му е .
    Додека има овци ќе има и кој да ги стриже ;)
    Јас само да си кажам :) А вие пак по свое... делете бакнежи и топли зборови и немој да заборавите да гласате за нив .
    Е баш сум расположена за смеење :D овој на клипчево ми го разубави денот... овој мора со закон да се заштити ... редок вид :D
     
    На milky-candy и nena2010 им се допаѓа ова.
  4. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Да, да и на чело со Амди Бајрам ќе не водат, пак е на листата.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    хахаххаха :D :D :D :D :D бона силваневa :D :D :D :D :D
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Тачно. и тоа зашто ваквите ги гласаат.
    http://www.youtube.com/watch?v=Y-AhXKhn ... r_embedded
    http://www.youtube.com/watch?v=Y3pFawAF_P8&NR=1
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Ние Македонците сме експерти за реформи - го менуваме името на нешто, а содржината останува непроменета.

    Народот (претежно портокалово обоениот), плука по претходниот, социјалистички режим кога државата им даваше работа на луѓето, кога цветаше администрацијата, канцелариските службеници кои по цел ден пијат кафе и ништо не работат - а денес, од истите тие кои го критикуваа ваквиот режим имаме неконтролирано вработување токму во администрацијата, пропратено со високи плати.
    Да - платите на буџетарите и пензиите знатно се зголемија, но не како последица на зголемена продуктивност или зголемен обем на производство во реалниот сектор, туку како последица на задолжувањето - секој месец се креваат кредити од ММФ. Што мислите, кој ќе ги враќа тие пари?
    Кога веќе сте толку расположени за математика и постојано броите, пребројувате, па дури и во проценти сметате, ви предлагам да удрите на тоа дигитронот - вкупна задолженост на земјата (во милијарди евра) поделено со бројот на жители, па ќе ви излези сумата која треба да ја плати секој граѓанин за да се врати долгот.
    Секоја искована монета и испечатена банкнота мора да има покритие во реалниот сектор, т.е. мора да има противвредност во производи и услуги. Ваквото задолжување и неконтролирано трошење на народни пари, згора на се' и позајмени пари, еден ден ќе излези на виделина, постои нешто што се вика биланс! А тогаш, ќе не снајде нешто полошо од финансиската криза која ги зафати Америка и Западно европските земји.

    И уште нешто од вашите постови ме поттикна да го напишам ова - мерката на Владата за прибирање пари преку купување на дворното место.
    Па, јас колку што сум запознаена, моите купиле плац од пример, 300м2 на кој, со сите потребни дозволи, поминати процедури и сл, изградиле куќа, за што поседуваат тапија! Во тие 300м2 влегува просторот искористен за куќата и дворот. Од каде сега тоа дека дворот не е во наша сопственост, туку само го користиме, кога тој простор е купен, платен, и си стои во тапијата?!
     
    На BoaVista, JuLleE, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137669
    Гледавте на вести?
    Ова беше ооOOOooпасно.
    Сега истото и сител ќе им го направат на сдсм,ама потковани се.. знаат да не креваат слушалка на секого :)
    Иако мое мислење за случајов е дека нема ништо да се промени, гласачите пак ќе останат исти.
    А, истото истражување да го направиеа за опозицијата, исти одговори ќе имаа.

    И втора нејасна работа ми е, зошто А1 се пред влада?
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Ова немаше да биде толку страшно ако не се вршеше притисок врз администрацијата да обезбеди гласачи, под закана дека ќе летаат од работа. Сигурно и опозицијата агитира и собира гласачи, ама опозицијата нема моќ да ги уценува граѓаните, затоа што не е на власт и затоа што нема моќ да избрка некого од работа. Со ова владеачката ни партија покажа дека е спремна да гази врз се и секого само за да си го задржи газот што подолго во фотељите. Прашање е сега дали ова ќе влијае врз легитимноста на изборите, зошто очигледно е дека е прекршено избирачкото право на граѓаните.
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Jaс искрено не правам разлика меѓу "Гласај за мене и ќе те задржам на работа" и "Гласај за мене,ако сакаш да добиеш работа"
    Моќта е дискутабилна во случајов.
    Јавна тајна е дека секоја партија што ќе дојде на власт, можеби 80% ќе летаат од работното место што се опозициската партија.

    Во Македонија никогаш немало реални избори, во тоа сме сите сведоци.
    Се додека вработуваат со партиска книшка, ете на пример во градови каде што СДСМ е на власт, во општина добиваат работа СДСМ-овци.
    Во повисокиве државни институции те кооридинра владата, ако е СДСМ наредна ќе видиш како наеднаш ќе се промени ситуацијата во штета на едни,во корист на други.
     
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Со душа чекам некои вмрОвци од некој штаб да ми дојдат на врата дома и да делат пенкала или флаери...Немате поима какви клоци ќе јадат...Главечки има да бегаат... :) Можам после тоа комотно полиција да викнам - во мој двор не одговарам што сум направила... :)
     
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    СДСМ не беа цвеќиња за мирисање, ама барем не нарушија ни едно од човековите права. ови со случајот пајажина и придобивањето на гласачи со уценување , ги прекрши ја човековите права, што треба сурово да се казни. :!:
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не знам само каква е оваа еуфорија од изненаденост околу тоа дека се вршеле уцени околу претстојниве избори. Или сте имале повеќе илузии од мене за изборнава ни мизерија или па мене ми треба многу повеќе за да се изненадам онака прописно, бидејќи од ова ни милиграм прашинка не ми падна врз мене?!
    Намерно го употребив глаголот вршеле во минато време, бидејќи методов е веќе дежа ву, не само веќе виден, туку и на големо употребуван и ова ми доаѓа како народната „нова мода-ѓаќи :D „.
    Така да ништо толку спектакуларно ново не ми е ваквото вршење на притисоци употребувано е од страна на сите политички партии и субјекти, па не ми е јасно што толку се исповозбудивте за џабе?!
    Ова ми е исто како да бидам изненадена од фактот дека пак армија луѓе се туркаат кон буџетскиве институции пред избори, бидејќи очајно имаме потреба реална од дополнителена работна сила во моментов и тоа баш во државна администрација :^) ! Изненадена? Едно огромно НЕ! Тоа се подразбира како 2+2 само што мислам дека доаѓа сценариото на Орвел кога ќе почне да се верува дека збирот може да е и 3 и 5 зависно од тоа како и одговара на политичката гарнитура на власт. Сега, не сите, ама само оние кои што не се изненадуваат вака лесно ќе бидат поштедени, затоа рилекс малку ;) !
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Ах, до кај дотуркавме, анализа на тоа кој, што направил да прават или малолетни или деца што дури и не живееле во тие времиња. :) Аман бре, аман.. политико дај тргни си ги тоа канџите ти клети од децава.
     
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ете јас сеуште си го имам истото мислење ;(
     
  16. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    леле се утепав од смеење за клиповите,шо сте ги ставиле,особено првиот-бонева силванова,бонева силванова 100 пати кажа а таа си кути :D шукур еднаш на крај ја погоди како треба да ја каже..
    и она што ми упадна во очи-нема да смее шумска полиција да ве запре,гласајте за бонева и слободно може да си сечете(крадете)дрва :!:е таква ни е нашата држава и нашата влада..значи ако сте со нив слободно можи да си крадете.. :D зашто не го прекина и не го исправи ако не е така??или за да ги гласаме ке ветуваат се и свашта,па дури и слободно изведување на криминални дејствија. :?: .
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Еве конкретно овде ќе пишам што ми смета и поединечно и заеднички кај двете најголеми партии.

    СДСМ направи огромна грешка со самиот модел на приватизацијата првенствено затоа што им ги продаде за мали пари индустриските капацитети и др.услужни компании на импотентни за управување долгогодишни арамии кои беа залепени на директорска фотелја со години чиниш од раѓање, кои без никаков концепт за менаџирање доведоа скоро се‘ до стечај или ликвидација. Ако не беа толку евтино проценети и самата вредност немаше толку да им се намали значи практично ни го обезвреднија стопанството, што многу ме погоди. Друго, се занимаваа со тендери зад затворени врати и мафијашки продадоа клучни капацитети од енергетиката - легален организиран криминал пред очите на цела јавност - одвратно.
    ВМРО ги воведе казните за обичниот граѓанин изразени во евра и тоа набиени до бескрај и не им беше целта ширење на поголемо културно ниво, туку воведување фобија и терор кај граѓаните еден вид полициска држава во која владее диктатура на една партија. А за проектот Скопје 2014 само ќе речам човековата глупост е бескрајна посебно кога ја финансира буџетот. И упорно градење на градби, споменици игралишта за тенис и тротоари за шетање на млад невработен дипломиран преквалификуван пенис, значи заробени средства во непрофитни градби - тотален дебакл. И упорно задолжување за исплата на паразитскиот термит наречен државна администрација и пензии со убедување како во услови на рецесија покачиле плати и пензии, а неспомнувајќи дека се финансираат од заеми кои ќе ни се удрат од глава.
    И заедничка замерка кон двете партии што немаа ни г‘з ни тестиси да се спротивстват јавно околу неменување на името и што упорно држат фиксен курс на денарот плашејќи се од негово флуктуирање слободно, како да може да биде полошо па ние одамна сме на дното и пливаме во калта и ни останува само го‘на да јадеме.
    Малку си ја олеснив душичкава, :) .
     
    На mamence му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Синоќа од она што го слушнав од директните вклучувања од говорот на СДСМ не беше лошо, делуваа некако моќно, амбициозно и решително дека она што го ветуваат ќе го остварат, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои кога зборуваат се насочени кон навреди, клевети се на се целат кон тоа да го оцрнат противникот за тие да го спасат кутриот наивен народ.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  19. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    луѓе јас добив пакетче од СДСМ :wasntme: , а дали сум за нив или не јас со радо срце си го примив, па како да пропуштам кафе, локум и наполитанки, тоа е комбинација снова и одма го пробав локумот морам да признам ни крушевски, ни битолски и неготински не го стасуваат :), незнам кој им го правел ама е врв, уште наполитанките и кафето аххх... како добро им текна, а како мене супер ми дојде у моментот уф! :inlove:
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски

    леле мори мајко, Бонава СилвАнава. :x :x :x леле неможе да сврзи 2 збора, па јак јак за ВМРО :x :x :x абе од такви кои се прават дека се разбират неможеме да покренеме :x
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.