Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 19 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ниско. Многу ниско
    Расчитај ја малку темата Говорни маани, пред да продолжиш со вакво нешто. Остај Грујо на страна.

    Јас незнам за кој ќе гласам и дали ќе гласам. Ама знам за кој нема. Дефинитивно вмро. Искрено ниту се разбирам во политика, ниту знам кој што и како правел. Јас само осеќам голема разлика (на полошо) во мојата фамилија од кога се овие на власт. Ниту моите дома нешто збореле против некого, ниту некогаш биле партиски определени. А сега дојде ред еден од моите да изгуби работа токму поради тоа што несакаше да се определи партиски. Мизерија се осеќа на секое поле. Половина од луѓето во мојата околина се без работа од кога се овие на власт. Далеку од тоа дека порано цветало, ама се снаоѓале некако и тој што ќе се снајдел да дојде до некаков приход не бил спречуван на секој можен начин. Сега само се затвораат претпријатија, се намалуваат работници, пропаѓаат фабрики, додека од друга страна се сечат ленти на лавови, бикови, плажи, палми, триумфални капии....Се океј, али се си има приоритети. Неможеш да правиш кров ако немаш уште темели на куќата

    И јас мислам дека пак ќе победи врмо, а ова е добро само од една причина. Зашто мислам дека ако дојдам сдсм ќе се уништи Скопје. Овакво како што е на средина со градбите, сдсм како најголем противник на овој проект може да го прекине и тогаш ептен ќе биде заникаде. Само поради оваа причина.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сите треба малку да смират страсти во однос на лепење етикети од типот на проста маса или раја, бидејќи така само оние кои се од спротивниот табор :!: оправдано ќе реагираат, бидејќи вакви генерализации се претерани и погрешни. Прво, во секоја партија има луѓе од најразличен тип во однос на образование, култура - општа и посебна и што ти знам јас кој ви се критериумите за оценување нечиј простотилук или генијалност.
    И правењето а приори прогнози и сценарија не е потребно се ближи 6-ти сите ќе сме де факто сигурни во исходот, ;) .
    Темата е сличноста на овие две доминантни на политичка сцена партии, не какво е нивното членство ни каков е резултатот кој го прогнозирате на изборите.
     
    На zhap4e, stella83 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    па подобро да го прекине градењето и да ги вложи парите во нешто попаметно кога нема што да се работи и од што да се живее не е битно како изгледаат градовите зошто ми е лав?
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Нема да прекине да се гради. Јас колку што слушнав на вести, не се сеќавам кој беше што тоа го кажа, рекоа дека ќе се консултираат со граѓаните дали да продолжат со градбата, дали да го изменат проектот (незнам на кој начин и како) или да се руши се. Нешто овакво отприлика слушнав, ме мрзи да барам и да гуглам сега.
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Јас како што наслушнав,ама не сум сигурна, нешто што е почнато ќе се доврши по претходни консултации со граѓаните,нешто нема ни да се гради т.е ќе се стопира, а некој од спомениците ќе биле преместени низ другите градови, ако грешам исправете ме, зошто не сум сигурна :)
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Предвидувањата се тие
    ќе победат ВМРО, но со многу помал процент, отколку на претходните избори.
    Нема тука "народот одлучува"
    Народот одамна не одлучува за својата иднина, све е сведено на манипулација од страна на политичките партии.
    Да одлучуваше народот немаше по митинзи во некој град да се собираат луѓе од други градови, а се собираат само зошто ја поддржуваат партијата, што мене лично ми нема смисла.
    Ако отидеш на некој митинг, веднаш те етикетираат дека си за таа партија, што не мора да значи. Но,кај нас така функционира системот.

    Во склоп на тоа што направила владата, ја разгледав нивната програма.. со чие што остварување ние ќе бевме економски поразвиени од Америка, но се знае сето тоа е политичка маска.
    Но,ете
    -во однос на фискалните сметки сметам дека таа реформа добро функционира. Така и самата фирма има поголема прегледност кон приливот на парите, уплатата на дневен промет треба да биде задолжителна за понатамошен развој на една фирма.
    -монетарна политика- народната банка досега се покажа во најдобро светло според мене. Курсот на денарот е се' уште стабилен, што оди во прилог на секој граѓанин.
    -Повратниот данок- државата го враќа 30 дена од поднесувањето на барањето. Во тоа се имам уверено.
    -ДДВ-то за земјоделците за механизација се намали од 18% на 5%
    -Воведување на безвизниот режим, без разлика дали народот има или нема пари да патува, ова беше големо олеснување за фирмите од типот транспорт и шпедиција.
    -Бесплатни учебници. Ова е и те како олеснување за секој родител, поволни учебници што ќе најдеш-што не, некои мораш на ново да ги купиш,а цените им беа над 500 денари.
    -Задолжително средно образование.
    -Нов државен уневерзитет во Штип.
    -Откуп на дворно земјиште 1 евро за метар квадратен.
    -Рекламни спотови од типот "животот е мојот филм", со кои горе-долу се согласувам со она што е прикажано во нив, иако со тоа не беше извршена којзнае каква едукација на младината, но кога ги разгледав тие летоците каде што на секоја дрога детално и беше опишано дејството, начин на земање, улично име, позитивни и негативни ефекти.. тоа беше еден прекрасен проект кој за жал беше потребен.
    -http://www.youtube.com/watch?v=NzxPqOz3nBM
    со еден збор промоција на Македонија.


    Но и покрај се':
    -не се намали сиромаштијата
    -не се намали невработеноста
    -не се намали корупцијата
    -не се промени работата на судството
    -не беа донесени многу странски инвестиции
    -давачките на малите претпријатија се на ниво на големите претпријатија
    -и за крај мојата омилена тема
    СКОПЈЕ 2014!

    ДА ЖИВЕЕ ВЛАДАТА НА МИНИСТЕРКАТА ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА!
     
  7. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Прост народ ?!Прост?
    Значи,прост е татко ми што нема да гласа за човекот кој за малку ќе го оставеше цело семејство без леб..?!

    Е,значи стварно е прост! :x
     
  8. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Не би рекла дека ќе победи вмро, освен ако не направат некој фалсификат :!:
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    јас би рекла дека ќе добијат уште еден мандат вмро но ако и сега не се подобри ситицијата во нашата држава следните избори ќе изгубат многу убедливо сега иако е мала разликата помеѓу вмро и сдсм сепак има разлика сспоред моите видувања и пратења на работите вака ќе биде дали сум во право на 5 јуни ќе видиме
     
  10. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Сите помпезни лаги дека вчера се собрал народ паѓаат во вода. Да му објаснам на г-дин Андреј Петров, голи факти и проста математика. Должината на улицата каде вчера СДСМ држеше митинг изнесува точно 180 метри, нејзината широчина е точно 22 метри. Тоа значи дека целата површина е 3 960 м2. Во најголема гужва, во еден метар квадратен можат да се соберат тројца луѓе. Според проста математика и здрава логика на вчерашниот митинг на СДСМ немаше повеќе од 12 до 13 000 луѓе. Г-дине Петров, појдете денес во Охрид. Таму ќе видите што е НАРОД !
    њњњ.мацедонианс.тв

    е ова е за смеа!!! доста лажат веќе, доста!!! што постигнува сдсм со лагите дека народот ги сака стварно незнам!
     
    На Tashaa, Hopeful, baguf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ах да може не разликата, туку да се стопат и едните и другите.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Мене од тоа исто ме фаќа страв, ако се стопат и обединат ко во терминатор оној модел од железарија што се претвараше у течност па оп у облик сите на куп а задоволството на квадрат.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Хе хе, и Барселона беа со поголем рејтинг од Арсенал, ама Арсенал тепаше во првата утакмица :)
     
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674

    Обединети се они кога одат по коктели и пијанки, таму не си вадат очи, фини се едни со други. Така да се трансформираат у течност (кога се насамо тет а тет) па се лигават па кога завесата ќе се крене ОП у облик - или слика за народот.

    ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ, ФАЛА БОГУ ШТО ГИ ИМА......И ОД ЕДНАТА И ОД ДРУГАТА БАНДА....додуша повеќе од првата :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Еј, обединети и кога се затвараат кутиите за гласање, не само на коктели, тогаш оние што не си пошле да гласаат се предмет на договор за купо-продажба меѓу ВМРО и СДСМ нати тебе дај ми мене ццц
    еееехее...ццц
    абе весело да им е важно
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Епа за жал голите факти и простата математика не држат вода и се веќе видена работа од ВМРО, секогаш кога СДСМ ќе собере НАРОД. Најискрено мене не ме интересира колку народ имало, ама во неделата Скопје беше блокирано од сите страни. И да, беше блокирано од народ. Па не сител, не Грујо, ма кој сака нека негира и нека лаже дека немало народ, мене очите не ме лажат. А ако толку сакале да го избројат народот, требаше да им го отстапат Градски стадион, е таму ќе можеа точно да ги избројат. Ама не им го дадоа. Па ако го дадеа како ли ќе лажеа дека не биле 60.000 туку 6000?!? И кажете ми како да им верувам кога во очи ме лажат дека митингот бил мизерен и незнам што?!?
    Една слика(видео) вреди повеќе од илјада празни зборови!
    http://www.youtube.com/watch?v=aPrFh_KFo8o
    http://www.youtube.com/watch?v=Trm76qX-a1I
    http://www.youtube.com/watch?v=DAFmzj29 ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=4vIzkcKF ... re=related
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Значи,јас во тоа време бев накај парк,и НЕ видов толку многу луѓе колку што има на видеава.
    Стоеа пред Влада,кај што збореа,ама волку луѓе,не видов.
    Имаше многу Роми,и Албанци,кои беа на кејот.
     
  18. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Не видел колку луѓе имало тој што не сакал да види и што сака да живее во илузија. Значи овие видеа се монтирани???
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    не зборувам за поединци општо зборувам што ти да не не си свесна дека во мак има доста прост народ?
     
  20. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    во охрид имаше народ од секаде не само од охрид јас не сум од охрид ама сепак во мојот град пола администравија не работеше тие шос е партиски вработени им беше наредено да одат на митинг во охрид за утре да се фалат многу народ имаше а се тие едни исти на митинзите
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.