Страв да го чувам сопственото дете

Дискусија во 'Психологија' започната од rainlover, 30 октомври 2013.

  1. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    623
    Останав бремена на 18,5 година, на 19 родив. Колку само сум му се радувала на моето бебе, какви планови сум си правела, никакви стравови не сум имала. Првите 2 години овој страв никако не сум го почувствувала. После 2,5 години од раѓањето, почна да ми се појавува. Како почна детето да ми се разболува, едно друго разболување стравот се' повеќе растеше. Луѓе ќе ви се верува ли ако ви кажам дека толкав страв имам што се плашам да го гушнам сопственото дете, поради тоа што мислам дека ќе му нанесам штета, ќе биде болен ;( ;( ;( Со страв му полнам вода, му давам лек затоа што мислам дека во водата има нешто што ќе го задави, од кое ќе почне да кашла, од лекот дека ќе се задави. Многу ми е тешко. Цел ден чувствувам некој страв поврзан со него. Дека ќе му се случи нешто, а јас ќе бидам виновна за тоа. Се фаќам себеси дека обврските околу него се' повеќе ги избегнувам, гледам да ги заврши баба му или некој друг. Многу ми е тешко, планирам да посетам стучно лице, ама никако да се случи тоа.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    5.044
    Пол:
    Женски
    За тоа дека треба да посетиш стручно лице треба. Не треба- мора!
    Не го сфаќај ова како навреда, далеку од тоа, со најдобри намери ти кажувам.

    Бабата неможе довека да го чува и расте, ти неможеш да се плашиш, ти си негов заштитник, му требаш.
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    3.415
    Пол:
    Женски
    Cекако е добро да се грижиш за сопственото дете но твојата загриженост се претворила во параноја.Aко имаш потреба да разговараш со стручно лице,направи го тоа ,ќе ти олесни.Jас не сум мајка но можам да претпоставам како се чувствуваш ,и сигурна сум дека го сакаш премногу детето и не би му наштетила никако,затоа исфрли ги тие црни мисли од глава консултирај стручно лице за проблемот и дај боже брзо да се реши :hai:
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    17.437
    Навистина неможам ни да претпоставам како се чувствуваш. Не сум мажена, немам дете, само можам да претпоставам какво мачно чувство е тоа да не можеш од страв да си го прегрнеш роденото дете и сето тоа заради нереални стравови. Искрено, мислам дека кога јас ќе бидам мајка ги имам предизпозициите и кај мене да се јави овој проблем затоа што истото тоа го чувствувам за моите родители, за најмала ситница се плашам дека може да прерасне во нешто големо и нема да можам да го исконтролирам. А за дете, несакам ни да замислам како би се чувствувала.
    Имам гледано емисии за вакви слични проблеми, и мислам дека овде станува збор за опсесивно компулсивно нарушување, проследено со анксиозност. Според симптомите и стравовите кои ги имаш дури можам и да тврдам дека е тоа во прашање.
    Дефинитивно со добар психолог и добар разговор може да се реши ова и со тоа и ти и детето ќе бидете помирни.
     
    На rainlover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    57.612
    Rainlover, мораш да ги сфатиш разболувањата на син ти како составен дел од животот.
    Ти си истрауматизирана од постојаните пневмонии, затоа и ти се јавил овој страв откако почнал повеќе да се разболува.

    Јас не дојдов до оваа фаза, но имав периоди кога се прашував дали можеби јас не знам да ги чувам децата доволно добро, па се разболуваат цело време. Не сакав да се среќавам со пријатели затоа што ми беше страв дека ќе закажам некој вирус што ќе им го пренесам и тие пак ќе бидат болни. Ако некој ми кажеше дека е болен, бегав од него како од чума. Малку ако ми потечеше носот шетав дома со маска да не ги разболам и нив.

    Само јас релативно брзо се средив. Се натерав да сфатам дека тоа е тоа, и дека така ќе биде. После си викав - само да се болести кои можат да поминат. Веројатно удел имаше и тоа што не беа само пневмониите во прашање - со двајцата имав и операции, а веројатно ќе имам и уште, па ако не ги прифатев како составен дел од животот, до сега ќе бев сосема избезумена.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    623
    Читав за опсесивно компулсивно пореметување и во скоро сите од наведените факти се пронајдов.

    1. повторување на дејствата (миење раце, раскренување, проверување по неколку пати дали едно нешто е таму, дали е како што треба, итн.)
    2. препознавање дека повторувањето е непотребно и неразумно
    3. трескавично размислување или активност
    4. депресија и вознемиреност, бидејќи обидите за ослободување од овие принуди се покажуваат за неуспешни.

    Морам под итно да лекар, ЗНАМ, колку и да го избегнувам тоа, после 2,5 години себеизмачување немам сили понатаму вака да продолжам.
     
  7. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    7.406
    Пол:
    Женски
    И мене ме фаќа страв, а се ближи времето до тоа.
    Никогаш не сум држела бебе помало од година дена. Страв ми е да го држам, да не му наштетам на вратчето.
    При најосновна работа, ме фаќа паника. А, не па за другово....
    Господ нека ми е на помош.
    Сепак, се надевам и верувам во мајчинскиот инстикт...
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.143
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да ми е страв да си ги чувам децата. И претходно имав искуство со мали деца. Се е до психата.