1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв да не го загубам саканиот!!

Дискусија во 'Психологија' започната од vampire.p, 25 април 2014.

  1. vampire.p

    vampire.p Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    11
    здраво феминистки .. доколку има ваква тема залкучете ја...со дечко ми идеме 3 години, од ист град сме, но во различни градови студираме. Тоа мене страшно ме нервира дури сама се прашувам како сум издржала таква врска, се гледавме летото дури бев средношколка, но сега аплицирав за работа во странство и секако ќе бидеме разделени. Тој е при крај со студиите и планира да оди во странство како шофер на камион. Јас не сакам таква врска, а камоли и подоцна таков брак. Кога зборуваме за тоа многу се нервирам и повеќето пати гледам да ја избегнувам. Многу го сакам и не сакам да го изгубам, но ваква врска никогаш нема да прифатам по секоја цена. Секако во неговиот живот ме има и мене после завршетокот на моите студии тој планира да се „земеме“ и тој да продолжи со неговиот шоферски живот. Не случајно оваа тема е тука сместена во Психологија. Пред скоро 1 недела зборувавме за тоа и тој е цврсто убеден тоа да го стори. Јас како опседната само на тоа мислам, иако има уште време, размислувам за крај на врската, а не сакам да го прифатам тоа. Психички се уништив скроз. Тој секој ден ме прашува што ми е зошто сум ладнокрвна, а јас не знам како да му кажам. Само на него мислам, на неговиот „шоферски“ живот, како јас сум сама, како ги поминав 3 години без него кога ми беше најпотребен, како ќе минувам низ се сама, дури се замислувам како негова сопруга како сама ги раснам дечињата. Не знам ни како да го почнам овој разговор со него, ни што да зборувам. Психички пропаднав не знам како да се вратам во живот, по цели денови плачам за нешто што се уште не се случило. Ви благодарам однапред за разбирањето.
     
  2. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Има тема врски на далечина,мојот совет ти е да седнеш и со него да разговараш.Кога јас и мојот партнер одлучивме дека немаме иднина тука и кога он отиде во странство мислеше дека јас нема да издржам дека ке раскинеме ама ете човек се навикнува на се,еден ден ми пукна и му реков дека не сакам да живееме ние оделено еднаш на 2-3 месеци да доага тука на 1 недела и да сме оделени,па ете сега сме во брак и подготвувам документи за нашето заедничко живеење.Седини и кажи му дека не сакаш животот да го поминуваш сама те иднината ваша,ако има еу пасош венчајте се побрзо и заминувајте од тука ке најде работа во друга држава не мора да вози камион ,но за почеток и тоа е нешто е сега трпение спасение.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.