Проблемов го имам веќе подолго време. Имам 19 години и сум била на сите можни лекари, сум ги снимала и срцето и главата и секогаш ми викале дека органски сум сосема здрава. Меѓутоа скоро секоја вечер, значи од прилика почнува од 19 часот, па до полноќ, јас имам чувство на немир. Немам некое посебно гадење, не ми е лоши, туку едноставно чувствувам немир во организмот. Многу често знам да добијам тахикардии без никаква причина и тогаш мислам дека ќе умрам, затоа што не можам да дојдам до воздух и одвај се смирувам. Не ми е јасно како може да ми се случуваат вакви работи а да ми викаат на лекар дека немам никаква болест. Се нервирам бидејќи почнувам се повеќе да се затварам, страв ми е да одам некаде сама, еве на пример на одмор, имаме резервирано со друштво во Грција, сите зборуваат колку ќе ни биде супер и едвај чекаат да одиме а јас само мислам што ќе правам ако и таму ми се слоши... Многу пати ми е страв да заспијам бидејќи не знам дали ќе се разбудам утре. Го сакам животот, немам причина да се чувствувам вака бидејќи се ми е во ред, немам никакви големи проблеми па да ми предизвикуваат тие стрес. Не знам веќе што да направам...
Да не се работи за анксиозност? zdravstveni-problemi/anksioznost-t580/?hilit=%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82
Мислам дека се работи за анксиозност, значи не се работи за никаква болест, ти си таа која може да си помогне најмногу. Еве си била на сите испитувања и се е во ред, ти си здрава ништо не ти е, потруди се да го сфатиш тоа во твоето главче, не ти зборувам напамет, зборувам од лично искуство, опушти се и уживај во животот. Прочитај ги коментарите на темата анксиозност, ќе сфатиш дека не си единствена, биди упорна, позитивна, шетај и не се затворај во себе, нема причина за страв и за паника
мислам дека не се работи за анксиозност се работи за нејзината психа. и јас го имав(имам) истиот проблем имав период кај што ми беше страв да заспијам бидејќи мислев дека моќам да добијам излив на мозок срцев удар и такви триста глупости кои ме плашеа бидејќи не верувам во ништо и тоа би било тоа и дека ќе пропуштам се од животот... среќна сум и задоволна од животот и мислев дека ќе ми се случи нешто за да не уживам... да не филозофирам многу ќе ти кажам се е до тебе треба да си психички многу јака да го препродиш тоа и да размислуваш позитивно. мене кога ќе почнеа да ми се вртат такви мисли низ глава сама си велев престани да размислуваш глупости и заспивај сместа. девојче ти си сосема здрава само си уплашена, смири се полека и уживај во животот, биди јака и кажувај си секојденевно дека твоите размислувања се чисти глупости и плод на твојата фантазија.
Токму така за психата се работи, а анкиозноста е токму тоа, страв, паника, немир,нашата психа која не дрма не се работи за болест, можеш и стручно лице да си попрашаш ништо страмно и страшно, ќе си разговараш со психолог и ќе се трудиш да ги исфрлиш мислите дека ќе ти се случи нешто. Наместо да живееш во страв, и постојано на тоа да мислеш, пренасочувај ги мислите на нешто убаво. Еве се спремаш на одмор мисли на тоа што се убаво ке ти се деси а не што лошо може да ти се деси, уживај во убавите моменти, животот е еден а ти си сега во најубавите години. Верувај кога ќе ти помине овој период ќе се каеш што деновите си дозволила да ти поминат во страв и напнатост. Ова е период , ке помине но мораш на тоа и ти самата да поработиш, поздравче и се најдобро И да, да не нагагаме, за да се ослободиш,да не мислиш дека нешто може да ти се случи најдобро разговарај со стручно лице
Пробај да не мислиш на тоа, насочи ги мислите на друго место, кога и да ти се појави таква мисла, смени ја, мисли на нешто друго или прочитај нешто, некоја книга итн.Значи игнорирај ја мислата, колку повеќе и обрнуваш внимание, толку повеќе ќе те мачи.Можеби ќе ти биде тешко, но мораш за да не ти се појавува така, за да не те мачи тоа.Чим веќе и докторите ти кажале дека се е во ред физички, тогаш од тој аспект нема потреба да рамислуваш дали, што и како.Сама мораш да се потрудиш, за да не се појавува пак мислата, а со самото тоа што ќе ја игнорираш мислата, ќе ја заборавиш, бидејки вака ќе се оптеретуваш со тоа цело време и полошо ќе биде.Бидејки и друг начин нема.Те разбирам потполно, затоа ти кажувам.Треба човек да научи и знае како со мислите, сами од никаде се појавуваат, некои негативни, некои позитивни, од нас зависи кои ќе ги прифатиме.
А зошто таков страв? Ти се случило ли нешто? Некој немир,стрес,случка за да потоа вака се преокупираш.Нема шанси да дошло само од себе.Сигурно си имала некоја истрауматизирана состојба,на која краен исход е твојата анскиозност.Да,ти си физички здрава,меѓутоа сепак мислам дека треба да посетиш стручно лице,психолог,затоа што оваа состојба не може туку така да помине.Преокупираноста со црни мисли особено по сопственото здравје ме наведува да помислам дека си доживеала некоја траума,болест или сл.Се надевам дека брзо ќе помине оваа анскиозна состојба.
Има многу луѓе на кои им се случува тоа, но секој психички проблем е лош и не треба да ти биде утеха дека не си сама во тоа, туку да побараш професионална помош бидејќи проблемот може да заземе поголеми размери. Тоа не е нормално, и најверојатно е предизвикано од некоја траума, проблем што потсвесно го потиснуваш..
И јас го имав потполно истиот проблем како тебе само што бев многу помала...значи многу ми беше страв да заспијам, ако не легнеше мајка ми до мене ќе си преседев цела ноќ и цело време ќе мислев на лоши работи.И штом помислам на тоа одма ми се лошеше и се онесвестував, или пак ми се тресеа нозете или добивав тахикардии,значи ова редовно ми се случуваше секој ден штом се стемни.И секако мислев дека имам некоја болест или пак дека ќе добијам некоја болест.По цели денови одев по болници, ми испитаа буквално се и немаше ништо бев потполно здрава.Како си помогнав? Моите гледаа што е можно повеќе време да поминуваат со мене кога ќе се стемни, одевме на прошетки, на гости или ќе викнев некоја другарка, значи се трудев да не бидам сама и да си ставам во глава дека со мене се е во ред. Така треба да постапиш и ти,да сфатиш дека се е во ред со тебе, да се оттргнеш од такви мисли, да мислиш на нешто убаво.И гледај што е можно помалку време да поминуваш сама, така ќе немаш време да имаш лоши мисли.Поздрав и се надевам дека ќе биде се во ред
Zdravo sakam nekoj sovet da ve prasam vo vrska so edna rab i jas imam problem so nespienjeto, mislam ne potocno lesno zaspivam i sonuvam sonista koi vo sonot izgledaat tolku relano i koa ke se razbudam placam nemozam da se sovzemam. Bev i na psihilog i na psihijatar mi dadoa apcinja na priodna baza za da ne mi stvorat zavisnost kolku da me opustat ama nisto ne mi pomognaa, nz kazete kaj da se obratam ne veruam mn vo bajacki ama edna moja prijatelka navaluva da odam. Dolgo vreme se boram so ova kazete nekoj sovet
Сосема случајно наидов пак на темава. И еве ме сега, имам 24 години и мислам дека околу 85% од се што сум изнапишала горе, веќе е надминато. Посетив многу психијатри и психолози, додека да ги најдам вистинските за мене (сфатив дека дефинитивно нема добар/лош психијатар/психолог, туку такви кои ти одговараат и не ти одговараат во зависност од проблемот и самата личност). Она што ми помогна беа редовни психотерапии и антидепресиви - елицеа, пијам веќе три години и сега сум на 2.5mg преку два дена, бидејќи пробувам да ги оставам - немам веќе потреба од нив. Многу чудно чувство ме обзеде кога прочитав како сум опишала што ми се случуваше, сето тоа го паметам многу добро, а сепак ми е далечно... Во врска со твојот проблем - имам завршено психологија но не работам како психолог, во сосема друг правец тргнав, но она што го знам од факултет и дополнителна литература е дека веројатно сите овие твои кошмари и чудни соништа се приказ на твои проблеми од реалноста. Секако, има тип на соништа што се очигледно резултат на нешто што ти се случувало дента, на пр.ако се испокараш со шефот на работа, или гледаш хорор филм, шансата е дека вечер ќе сонуваш нешто вознемирувачко, што веројатно и ќе биде слична ситуација (пак шефот или убиецот од филмот како те брка хаха). Во секој случај, кога постојано сонуваш непријатни соништа, мислам дека станува збор за некои твои немири, мисли, чувства, нешто што свесно или потсвесно те окупира, не зборуваш за тоа (можеби затоа што не сакаш или не си свесна дека постои нешто такво), па се манифестира преку сонот. Би те советувала да зборуваш со психотерапевт и да се обидете заедно да им најдете значење на тие соништа, преку подолги и подлабоки разговори за твојата реалност.
Членот @a1nd2r3e4j5 наместо да искоментира во темава, по грешка ти го пријавил мислењето и таму ми стигна прашање. Па затоа морам вака тука јас да ти пишам, да те прашам во негово име: ,,So kolku mg pocna da pies elicea?"
Нема нешто подобро од читање книга дур не ти дојде дремка. И мене пред спиење ме мачат сите проблеми и ме замара мозокот до сабајле, ама откако почнав да читам, цела концентрација ми е насочена во замислување ликови и места од книгата и после ме фаќа дремка и заспивам со книгата во раце.