1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв ми е да не го загубам!!!

Дискусија во 'Разделби' започната од Lady-Sweet, 4 април 2011.

  1. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Го сакам, премногу го сакам.
    На почетокот од врската тој „трчаше“ по мене и ме „молеше“ за се;
    јас се лутев за ништо и го отргнував од мене.. подоцна го засакав...
    останавме заедно бидејќи многупати ми даваше до знаење дека му значам. Никогаш не помислував на некој друг, или да го изневерам, едноставно го засакав, иако се плашев да се заљубам.
    Официјално сме заедно скоро 8 месеци, ама неофицијално многу повеќе...
    Сега свесна сум дека го сакам, ама проблемот не е до мене, туку до него. Ми рече дека незнаел после сите кавги што ги имавме дали искрено ме сака и дали јас сум вистинската љубов за него.
    Се разочарав, несакам да го изгубам.
    Му реков да размисли, дека нема да го барам и да го гушам некое време додека не ми даде одговор дали ќе продолжиме или не. Сакам да си знам на што сум бидејќи знам дека ќе ми биде подоцна претешко. Го сакам и сеуште се надевам, а верувам дека и тој ме сака...

    Ве молам девојки, утешете ме некако, не сум депресивна личност и не ни сакам да бидам... :x
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.637
    Супер си направила :clap: :clap: :clap: ..остави го нека дише малку, нека си дојде на себе..и нека осети што значи кога нема денот да му почне без тебе. Ама не се јавувај, остани на кажаното! Секако за ова време на пауза во врската, потруди се да изгледаш топ, да бидеш присутна на сите дешавки ( верувам дека патиштата ви се вкрстуваат - исто друштво, исти навики, заеднички кафичи), и да бидеш насмеана секогаш кога ќе те види...а твоите другарки нека спречуваат влез на инкогнито девојки во негова близина :lol:
    Ако ова непрофункционира за две недели - ќе правиме план Б.
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    супер си изреагирала. сега од време на време пиши му некој збор, пример- некој мисли на тебе....
    или..... ти реков денес дека ми фалиш? ...... такво нешто. ако му фалиш, ке го освоиш вака, ако пак не сака да биде со тебе...нема да им обрне внимание на пораките, досадни ке му се....и тоа е тоа.....

    ке се среди се, не се секирај :)
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Секоја врска има свои монотони моменти. Во овој случај добро си постапила,но немој да претераш со далечината... Едноставно кажи му,имаш три недели за да си одлучиш што сакаш. А во меѓувреме ти ќе си мила и фина,но во исто време и воздржана. Пиши ни што ќе сториш :*
     
  5. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Јас не се сложувам со ангел92 дека треба да му дадеш рок, на пр. 3 недели за да размислува туку едноставно малку да се дистанцираш и да не го притискаш. Доколку те сака и сака да е со тебе, тој ќе го повлече првиот чекор за да дојде до тебе. Едноставно ќе му недостигаш. Колку и да е тешко пробај да се воздржиш, биди храбра. Добро де, ако ти е ептен тешко прати му и една порака или јави му се да прашаш како е, без да звучиш депресивно ;)
    Ти посакувам среќа и без нервози, се ќе се среди
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    И што ако тој не ја побара повеќе време? Таа цел живот ќе го чека?... Нека му даде одредено време,со чат пат слушање меѓусебно... А за одлуката,разговарање исклучиво во живо :!:
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Лејди како што те советуваа останатите девојки, остави го нека размисли, никако не му одредувај точен датум, ќе мисли дека имаш во план некој друг па чекаш да видиш што ќе биде со него, Јавувај му се еднаш неделно, никакви солзи или жаленки, некако другарски што правиш како помина денес на работа/училиште. Секој имал вакви кризни моменти во врската потребна му е малку слобода, можеби има и некој други проблеми па не сака да си го ратсури љубовниот живот. Излегувај забавувај се, не мисли само на тоа дали ќе се врати, добра е таа мисла што е кажана Пушти го да си оди, ако се врати значи бил твој ако не се врати значи и никогаш не бил твој.
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Нормално дека ќе го оставам да диши, тоа е начин и јас да си ги најдам грешките и да размислам бидејќи знам дека не е кривицата само негова.
    Сношти бевме на роденден со нашето друштво и ми обрнуваше внимание ама сепак додека ме испраќаше до дома многу не му спомнував за нас, и денес сам ми се јави да ме испрател од факултет до „некаде“ :)
    Знам дека се ќе се среди ама несакам да има напнати ситуации помеѓу нас... :inlove:

    Фала девојки навистина ми значат вашите совети :)
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Можеш преку смс или јавување да му дадеш до знаење дека си подготвена да продолжите, но сепак остави на него. Ако сега го задржиш под присила од врската нема да бидне ништо добро. И двајцата ќе се мачите. Ти ќе се нервираш зошто е ладен, а него ќе му пречи секоја ситница која ќе ја направиш.
    Прифати го тоа како реалност, чувствата се менуваат, а животот тече понатаму ;)
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Ќе почекам тој самиот да ме побара, оставам на него, а ако веќе нема ништо, ќе ги превземам работите во свои раце, бидејќи на крај ќе морам да добијам некаков одговор :P
     
  11. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Не реков дека треба да го чека цел живот, ама давањето на рок не е еден вид притисок?
    И секако дека одлуките се донесуваат само со разговор очи во очи.
    Еве како што читам работите полека се средуваат и верувам дека се ќе е ок. :clap:
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Несакам за една недела да се смириме и после веднаш да почне да станува напната ситуацијата, ќе му дадам време и простор, па нека си мисли...
    ако треба да се среди ќе се среди :sweat: :)