Ќе бидам директна и јас ... Најпрво тебе те обвинувам за големиот чекор што си го направила без ни малку да размислиш.Не си имала добра врска па си се омажила мислејќи дека ќе се смени нешто. Абе ајде глупости, значи ако имаш проблеми сериозни со партнерот тој не се менува што и да направиш.Оваа мислење го имам од сопствено искуство во минатото и во тоа што гледам што се случува. На 22 години ти размислуваш многу песимистички.Како може девојка од 22 години да не најде друг дечко во иднина ? Но ајде било што било еве си се омажила.Туку се чудам каде ти бил паметот и што си мислела во тие моменти кога си ја донела ваквата одлука И покрај тоа што имаш лош брак ти сепак си забременила.Значи со некого кој што не ми е убаво и не се поднесувам нема да ја правам и онаа работа.А не ем не се разбирате ем деца правите ... глупости во боја За што е виновно тоа дете,за ништо.Самата си виновна што си избрзала премногу. Што е тука е твоите можеби несакат да се согласат со тоа да абортираш и да се разведеш затоа што навистина се плашат дали ќе имаш добра иднина ако го направиш тоа.Но каков живот ќе живееш со човек со кој што не ти е убаво,ако не се разведеш сега утре друг ден ќе имаш посериозни проблеми а сигурно и уште едно па и две деца . Зошто детето да страда заради грешката на родителите? Мислам дека треба да ги убедиш твоите родители дека не се во право и да те подржат во твојата одлука а не упорно да правите грешки кои ќе бидат лоши за твојата иднина.
Јас се прашувам како некоја толку затупена во тимбата, успеала да се регистрира на фемина. Аман жити се зар твоите те држе дома затворена сите овие години? Зар не знаеш како се прај дете и колку е абортус? Ај те молам тролај си на др место. Ако е стварно вака да си глупа, тогаш подобро и не заслужуваш. Да имаш 22 год, тоа значи да си 3 год на факс, а да немаш поим за абортус. Ауу кај живиш ти жити се? Во Етиопија или Скопје. И жити се што муабет ти е ова цело време, моите викаат , моите викаат, има нешто за кое ти знаеш со глата да одлучиш и да кажеш? Ако е вистина ова што си го пишала тогаш си среќна, пошто ти заслужуваш и полошо. На пр во подрум да си затворена 24 часа и само деца да раѓаш, ама друг да ти ги чува, пошто не си способна за тоа. Инаку кажи им на твоите дека ако ти требаат 2000 евра за абортус, тогаш 10000 ќе ти требаат за пораѓај и уште 203 милиона за гледање на тоа дете. А како бе за 5000 евра ти се шета? Кај ти би шетала со тие пари?? Еве ние ќе отвориме фонд и ќе даваме донации за твоите екскурзии, само ако ни кажеш кај би шетала. Што по враговите ти би рабтела со ваков ум? Па јас ни хигиеничарка не би те запослила, зошто може доместосот да го помешаш со лепакот. Феминки не се лутете, ама вакви тупажи не поднесувам и крај. Знам ќе речете што сум пишала тогаш, ама па таа бара совет и јас морав да искоментирам.
Не. Нема памет девојката. Самодоверба има. Да се омажиш на 22 и гласно да. Девојки дај бе не верувајте на се што ќе прочитате. Не велам дека нема толку заостанати рдители, ама зар има толку прости 22 год студентки? И после некоја ќе рече зошто ги браните тие што “растураат“ бракови. Еве поради вакви жени и поради вакви мажи телиња.
Па ферфеле го напраивте девојчето. Тоа колку згрешила и што не требала, се има изнаслушано доволно. Санки ние само правилни одлуки сме носеле у животов. Финтата е да се најде начин како да се продолжи понатаму. А советот дека поради такви ги оправдувате швалерките, нема да го коментирам и ќе го почитувам како различен став. Само таа појава се` помалку ќе ме чуди затоа што, следствено на тоа, помалку треба да ги оправдуваме разведените што не донеле паметна одлука за брачен партнер од оние коишто си имаат излети вон а се во брак. Демек вториве паметно одлучиле.
Тогаш јас од најголем противник за екстерното и маката на идните студенти, ќе барам да има екстерно, државни испити, АЈ Кју тестови, рефлекси...... пошто ваков студент не сум сретнала со сега. Исто за секој студент би правела и задолжително тестирање на блиското семејство, пошто не може некој да има диплома со ваков памет. Море каков памет без памет. Да речеше дека се дрогира и дека во моментов е на кризи повеќе ќе ги сфатев моменталните размилувања. Не ова не е можно. Добро ете и нејзините да се најзабегани и најзатуцани родители од Сомалија или Етиопија, штом таа има компјутер, конекција и струја, тогаш за овие 22 год ќе научела нешто. Можеби таа е токмакот недоразвиен, па затоа нејзините гледаат да ја тутнат некаде и да ја скрастат, пошто оваа тешко дека би се знашла во овој голем и лош свет. Него цело време вика “ моите рекоа“, “ моите викаат“, па се прашувам дали нејзините и рекле да крене нозе и да склепа дете. На почеток гледам сите сакате да и помогнете, ама некои работи не ги забележавте. Ја замисливате само нејзината болка, ама паметот слабо.
Ахахахаха ја уплашивте со навредите. Иначе ваљда треба некоја да вас жените да и пише порака и да ја земе надвор и да и го објасни животот и неговото значење. И ваљда да ја запознае со народ да види дека има избор... + Би додал и некој психијтатриски сесии за нејзе и родителите (не дека они ќе идат али да паднам у муабет ). Ми личи ко на нормално девојче, можда благо под просечно интелигентна, ама со убер затуцани родители што уште толку и набиле комплекси. Некој стари југословени што останале во '52. Не би ме чудело ако дечко и им дал пари да ја тераат од факс да се отпише за да си ја стаи дома у шпајз Жими се има мушки на било што ќе се качат, и на коза ако треба
теси по некогаш си мила, ама секогаш сакаш да си главна. Читај добро. Реков тие што растураат, а не тие што се швалерки вечно. И да, секогаш повеќе ќе ја сфатам некоја како џордан или таа од скоро која сакаше брак со разведениот, отколку ваква ко оваа. Ем не го сака дечкото, ем се омажила за него, ем сака да се разведе, ем е трудна, ем сака да работи, ем и се шета. Е не. таквите и си залужуваат тоа што им се случува. И утре оваа истава ќе плаче и ќе се дроби овде на форумов и сите разведени ќе ги нарекува неспособни, а новата на нејзиниот бивши маж ќе биде вечито курва. Теси има твои размислувања кои навистина ми се допаѓаат, но некако не ја гледаш реалноста добро кога станува за брак. Знаеме дека тебе и на мт ви е добро и дека за вас е тоа свето, но за многу е само институција. И не, јас и ти никогаш нема да имаме исто мислиење за таа работа. Едноставно некој бира партнер со ум и со срце. Некој само со ум, а некој без ништо.
Зш бе главна? Затоа што не се согласувам со нешто и си го кажувам тоа? На некои места се согласуваме, на други не, у реду, па форум е не дека треба да се очекува поинаку. Никој не заслужува да му се случува лошо. Никој не треба да страда. A грешиме сите. И аман, мојот брак не го ни спомнав што го мешаш у секоја тема? Ја не знам што ќе ми се деси утре. Сметам дека е светост додека функционира како што треба.
@newgirl1 Mногу е лесно да е зборува на форумов. До утре ќе си прикажуваме за тоа кој бил крив, ти, твоите родители, твојот сопруг... Едно ќе ти кажам. Ние сме олицетворение на нашите родители. Тие не воспитуваат и ни го покажуваат патот. Ако тие имаат еден став за одредена работа, не си ти виновна што си чувствувала обврска да го следиш нивниот став. Извини за директноста ама мислам дека тие се заостанати во некој век наназад и многу е нормално ти да направиш погрешен чекор. Според ова што го прочитав, ситуацијата ти е многу тешка. Како и да е, седни и размисли со бистра глава пре да донесеш одлука. Од една страна не е лесно да живееш на таков начин а од друга страна не е ни така едноставно да се разведеш, родиш дете, завршиш факултет, бараш работа...(барем така прочитав погоре)
Mladi devojki vo mali sredini so konzervativni roditeli plus siromashtija, znaat da zatupat mnogu, sto vi e cudno? Sto ke kazat mama tato, komsiite i seriite na tv i toa e. Nitu prosetale, nitu videle nesto porazlicno, i ako nemaat hrabrost da se izborat za ona sto vistinski go posakuvaat potisnati od muabeti deka se sto leta ne se jade, tolku e, si vleguvaat vo shemata ubedeni deka povekje i ne zasluzuvaat i nema da dobijat. E sega muabetot so milionite i iljadnicive evra mi e nekako trolski, ako ne e, togas vistina zal mi e za neinformiranosta, ili pak se raboti za mnogu siromasno semejstvo za koe nekolku stotici evra izgledaat kako iljadnici, pa patuvanjata kako naucna fantastika. I toa ne treba da cudi oti za mnogumina realno patuvanjata se SF. Ostaj gi mama i tato na strana, kutrite od koj vek se i sami ne znaat, ti barem bidi popametna.
Главна не за тоа затоа што нашите мислења се ралични, туку затоа што неможеш на секоја тема и на секоја девојка паметот да и го прибереш и да ја воспиаш со твоите изцрпувачки поситивни “говори“. Не можеш и прифати го тоа. Некои не заслужуваат. Некои не ни сакаат. Тоа е. Дури понекогаш жал ми е да те читам како се мачиш и од мила ми стануваш гревче. За бракот твој извини ако погрешно ме разбра, Се изјаснив дека ми е мило и премило за вас. Него и да не споменеш ти, ти се познава во постовите, во советите, па колку ти и да се држиш во дискреција и да не пишуваш. Тоа е, Среќен човек се познава по говор, а глуп уште повеќе. Така да некои луѓе се глупи и неможеш да им помогнеш. Некои се навикнати само со дерењ, казни и притисок да функционираат. Како овде. Фала многу пријатно Bridget убаво што и ти сакаш да помогнеш, ама девојкава кажа дека е студент, а нема ниеден близок. Можно е да немаш бар пријател од факс, да прашаш за основни работи. И можно ли е прво да знае да отвори тема нова, а да не знае дека има тема за Абортус? Daleron мила зборувај си ама кој да те чита. Каде е сега? anina девојката и бара работа и сака да шета по светов.
Да не се лажеме и глумиме лудило, било која од вас кои ја осудувате жената, да се омажите што мислите вашите родители ќе ви речат дојди си ќерко доколку нема физичко насилство? Мислам, знам каде живееме иако не е тоа мој став, но да не глумиме лудило дека они се заостанати а ние и нашите родители сме супер современи, и дека вие веднаш ќе го оставите и вашите со раширени раце ќе ве прифатат со се деца. Го живеам реалниот живот и знам што се случува, сочувствувам со маките на жените како во овој случај. Јас никогаш не би дозволил сестра ми, да живее вака, но не сите имаат поткрепа во семејството. Иако дури и моите родители се малку со подзастарени сваќања и се од типот, те тепа? Не. Гладна си? Не. Епа тогаш што ти фали. Да не образложувам, претпоставувам свативте што сакам да кажам. Познавам девојки кои пред да се омажат ги исмеваа оние кои се веќе мажени и несмеат да мрнат од дома ниту да излезат со другарка на кафе, и велеа, мене ова неможе да ми се случи. Сега се исти како на тие што им се смееа.
@okcenzi Па мора некој и позитива да внесе. За строгиот аспект од советувањето, тука сте вие, боље ви оди, се согласувам и нема потреба да се повторувам. Со годините омекнувам и ја изглеа.
@okcenzi Сега се смирува со човекот и го убедува да одат на патување од 5000 евра за да не шета по градов, оти нели сега на и над 22 години сите што шетааt се к*рви како што и рекле мама и тато. Едит: Се појави мојата друга личност инспектор. Едно се прашувам само. Дали воопшто е во брак или само е трудна, па сега родителите ја тераат да се мажи???
Bah мојот брат, мојата мајка, мојот татко никогаш не би ми го направиле тоа. Јас ако им кажам само дека не сум среќна тогаш ќе ме пречекаат во прегратки, а не па да ме тепа или нез што. За тоа и имам сила да се спротивставам на се што не ми се допаѓа, дека брат ми е тука за се. Фала му на Бога што го имам. Знам има секаки семејства, ама боже мили ти си таа што треба да одлучи за себе. За тоа ја прашав и феминкава, дали нејзините од дома и рекле да легне со дечкото, уште пред да и биде маж? Пошто гледам дека се прави и што ќе кажат тие и им верува. Аман нека го роди детето и нека го даде на некој што сака дете да има. Нека продолжи со студиите. нека си го бара чарето надвор од тој дом. Уствари што зборувам јас. Човек кој мисли дека 2000 евра е абортус и милиони за шетање ете до Шпнија да речеме. Од што се нервирам ме тера јас да и платам бар 10 дена одмор до Египет, за иста цена како нејзиниот абортус. Жити се студент не знае колку е потребно за патување, а агенции секакви ги полудеа студентите со штандови секој 2-3 ден пред факултети. Па јас додека студирав колку ги имаше. Колку имааше и од здружениа на жени за абортуси, па предавања, па флаери, па потписи, ехеееее. Дури и Анима Мунди ги имаше. И јеховни сведоци имаше. А оваа нашава демек од Јупитер вчера дојде и само дете склепа. Абе трол е. Ама ако не е малку и е се. И и препорачувам да седи со тоа мулето нејзино, пошто навистина подобро нема да најде со тој памет. п.с некаде ми излегува дупло а или тродупло, ама ми се истури вода на тастатура и за тоа ми заглавува. Далерон мила, ќе морам шшто поскоро да те посетам за кафенцето што си го ветувме. Инаку ќе ми донесат камера до крај на неделава, па немора твојата да ја макнам.
Абе ајде во една тема имаш 24 години, сега имаш 22. Сеедно е колку години имаш, си го утнала животов, опрај си го дур можеш. Ако се прашувам јас што би направила, а не се прашувам ама ќе си кажам де. Развод, детето ако е плод на љубов ќе го задржам ако не е нема. Работа најди како било што и ако твоите не сакаат да те подржат отиди било каде во некое сопче. После 23,4 не се раѓало? Абе ајде, глупости! Жалосно е што родителите се помалку ги подржуваат децата и со тоа се повеќе им го уништуваат животот. Ама пак ќе си кажам, не се само они криви. Не си мала, земи си ги работите во свои раце и среди си го животот. Ако оставиш на другите, утре нема да ти речат фала. Во однос на глупостине со парите за абортус и шетање не знам дал да се смејам или плачам ама ајде твое си е. И приказните со првиот воопшто твој пост на форумов малце среди ги, за да имаме пореална слика ако сакаш навистина добар совет.
Сепак моево за трудна, а не мажена ќе биде точно само што нема да признае. Дали воопшто нешто ќе напише повеќе. Едит: Родена сум за инспектор значи Еве што открив напишано денес, не се малтретирајте повеќе.