@newgirl1 опција 1. замижуваш пред се, тераш со ова темпо и ќе си го јадеш стапот секој ден од сите страни. опција 2. се разведуваш од типот. Очигледно не го сакаш детето, абортирај го сама, не мора да се правдаш на твоите, крај краева секогаш може да кажеш дека абортусот бил спонтан. Тоа што твоите немаат појма од живот, не е твој проблем. Заврши си факултет, или работи во меѓувреме нешто ако ти требаат пари и ќе бидеш посамостојна. Обрати се кај другарки/роднини... сигурна сум дека ќе најдеш некој што ќе те поддржи, а макар и да не најдеш - Ти знаеш што сакаш, зошто бараш тапшање по рамо? Направи го тоа што ТИ мислиш. Јасно е што треба да одлучиш, собери сила и дејствувај. Може не е така едноставно, ама нема друга опција. Убавина со сила не бидува...
Тоа значи дека бара сожалување, а не осудување затоа што останала бремена а не е мажена. Ја измисли приказната за маж, за родители кои што нормално во ваква ситуација се грижат за неа дали после абортусот ќе има поколение. Скроз ја изврте состојбата за да биде во нејзина корист.
А темава зошто сеуште не е во канта? Се гледа дека е чиста измислица и се чудам како некој од вас го троши своето драгоцено време обидувајќисе да даде совет на ваков трол. Ова го има напишано некој бадијалџија што има во изобилство слободно време или тотално неука или да не се изразам лошо неписмена личност. Да се работи за факултетски образована особа ќе и текне да прогугла на интернет за негативни последици од абортусот, ќе и текне барем да го погледне учебникот по биологија од основно, а тепајќи време тука ќе тркнеше на гинеколог и ќе добиеше одговор за секое прашање. Второ ваков став дека нема да најде друг ако раскине не е својствен за баба ми која има 80 години, а камоли на современа и еманципирана девојка. Ми е криво што воопшто ги употребив прстиве да се занимавам со ова, меѓутоа неможев а да не изреагирам.
Da be vistina aj neka se stori potrebnoto.A dali sekoj moze da brise ili samo moderatorite.Nova sum pa nemi e se poznato.
Се надевам дека во најскоро време ќе превземат мерки затоа што со ваквии будалештини би се изгубила смислата на форумов и не би сакала да биде на исто ниво со гламстик. Тука постојат голем број на сериозни форумџики кои даваат беспрекорни совети на девојки кои имаат навистина проблеми.
Се надевам дека во најскоро време ќе превземат мерки затоа што со ваквии будалештини би се изгубила смислата на форумов и не би сакала да биде на исто ниво со гламстик. Тука постојат голем број на сериозни форумџики кои даваат беспрекорни совети на девојки кои имаат навистина проблеми.
О, турското. Толку ме испобунивте сите, што ова можеби ќе е најконтрадикторниот пост што некогаш бил напишан, али еве, нек иде ко Дунав сосе телевизор... 1. Вие стварно не сфаќате дека постојат толку изгубени луѓе што ко сончогледи се вртат кон секој „совет“ пошто немаат свој став околу нештата, па најлесно ви е да пишете дека е трол и готово. Не, ваквите луѓе ги има во реалноста и проблемите им се многу реални...за жал. Затоа (не дај Боже) утре подзинуваме кога ќе чуеме како некој пореметен ѝ ја убил фамилијата пошто конечно се свестила да не биде робинка и го оставила. Еве штракичов уште пред 2 години се заканувал....а таа дури и му се венчала. 2. Се сложувам со доста од почесните епитети, ама колку што ми иде неа да ја зашамарам што се сјебала на млада возраст, толку ми иде да ве зашамарам и овие речитиве што ја направивте од урда подолу, па сите заедно да си идеме на anger management. Читаме? Да. Се сложуваме сите дека навистина утнала? Да. Ќе помогне ли ако ја направиме партал? Не. И, да бидеме фер, девојката апла ја утна цената за абортус, ама самата рече дека не се тоа сепак милиони, да не испревртуваме сега за да испадне апла амеба. Па сигурно била сиромашна пошто ѝ се чинеле ко милиони...богати, Шерлок, тоа беше битното! Па како тоа имала факултет...се читате ли бре?! Нели сме едногласни дека секој „дебил“ може да земе диплома, што е сега за бунење? Свашта... Да, некои се едноставно израснати и програмирани дека треба да бидат домаќинки, да изнародат потомство што е можно порано и толку да им е животот. Кога си зависен и контролиран од конзервативни родители, не знаеш за свој став, а немаш ни простор да го оформиш истиот зашто, за жал, турското не се искоренило и после толку време. Нејсе, сепак ужаснува помислата дека има толку заостанати родители што нема да застанат зад детето кое на само 22 години го сметаат за стара мома, а нормалните желби и потреби за тие години ги сметаат за курвински. Ама, да потсетиме - навистина постојат таквите луѓе. Не знам бе, еве се наежив...мене ми е страшно да му родиш и израснеш дете на таков психо со тој памет...еве, хипокрит испаѓам, ама навистина треба ти и за себе да си ги разгледаш животните приоритети, а не на твоите или на мажот, ако може да го наречеме така. Пардон за Мајка Тереза синдромот, ама абортусот е најсолидно решение во случајов. Всушност, било која ситница што те поврзува со оковите во кои те чуваат, треба да ја елиминираш што побрзо. Најди било каква работа, собери набрзо пари...еве, штом во една Систина е 150 евра, по државниве сигурно е за помала цена. Една таква жртва ќе те спаси од многу потешки во иднина. Е, сега, се плашам само дека не ги земаш советиве предвид, туку ти е само страв од мама, тато и мажето...мажето елиминирај го, финито...а родителите - закоравени или не, сигурно нема да те остават без кров над глава ако цврсто истапиш со свој став и го раскажеш пеколов низ кој минуваш.
Ima razni luge na svetot.Sekoj so svojata filozofija. Nicija filozofija ne e najdobra. Sum rabotela so koleski na koj zivotot im e Chick Lit. Ako vi napisam sto se sum videla i kako nekoj North American zeni gi ziveat zivotot, bi mi rekle, ajde begaj ova ni vo najevtin Chick Lit go nema. Go nema vo Chick Lit go ima vo realen zivot. Zatoa vo se veruvam luge moj.
Скопје е широк поим, Инџиково, Мралино и Кадино се често населени места каде владее ваквов менталитет, а тамошните жители се декларираат како скопјани. Девојче повели линк за да се информираш околу твојата состојба на приватно http://www.acibademsistina.mk/index.php/mk/ Државна болница секогаш е на располагање за информации и консултации за било што. Твоите родители се луѓе кои би требало како родители да ти дадат поддршка меѓутоа очигледно е дека нивната затупеност и неинформираност се пренела на тебе. Твојот сопруг исто така е себичен во поглед на нештата што допрват следат и да ти кажам искрено ова со или без дете не ми мириса дека ќе биде успешен брак полн со разбирање и поддршка. Од сите твои постови сфатив дека ти не умееш да направиш проценка на одредена ситуација и да се носиш со последиците од неа. Убаво ти спомнаа и погоре дека чевли кога се купуваат се бираат, а твоите животно - одлучувачки прашања се еквивалент на фрлање утринско ѓубре без размислување што има во него и дали е потребно да се фрли. Јас не прочитав дали и колку имате ВАШИ пари вие двајца. Не прочитав каде моментално живеете и од што жиеете. Единствено што прочитав е шетање, абортус и самостоен живот меѓутоа од чии пари? Од ваши логично е дека не, бидејќи сте студенти и немате примања. Дај пиши молим те ме занима како вие успевате да сте џаболебари со платени сметки и храна, а притоа да не работите?
Od kilometar se gleda deka si fantazira devojkava,si pravi glupi filmovi od so nema nesto popametno da pravi. Milioni pa milioni hhhhhh.Kakvi milioni kakvi bakradzi,ova od sto nemaat dovolno vnimanie vo realniot zivot,pa ajde da ne i bide dosadno ke si igrame po forumi!!! Pa barem nesto porealno da izmislese Daleron kakov inspektor ti i gledacka si stanala
Ти ако си сакала да шеташ оти порано не помисли на тоа па по никоја цена да не се мажиш. Не те обвинувам ама кога веќе си се омажила безвеза е од чиста мира да абортираш. Толку ли не го сакаш мажот за да имаш дете со него? Како ти одмили за толку кратко време?? и не очекувај позитивни реакции од некој и да те подржи за абортусот. Сепак 22 и не си мала, и нас на толку не родиле мајките.
Devojkii ne se zamarajtee so tolkaaavi citati gledate deka nikade ja nema zenskava samo ja pusti vodata pa sega davete se, taka ni napravi Aj pozz