Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од брак

Дискусија во 'Брак' започната од gjyste, 9 март 2013.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Се слагам дека има разлика. Мора да вложи многу жената за кариера, јас кога ќе помислам дека доста време поминувам во работење, па мене кој дечко ќе ме трпи. Ама јас сум се фатила во колото и ќе го играм.СЛободно врмее викенди, празници, попладне по 5 саат. И не мислам дека оние над 30 год се отпад, нема врска.Може и машко да е,ако се образувал, градел кариера, и многу други фактори не се оженил и што. Колега на татко ми се ожени на 33, а зема сопруга 35. Луѓето се ок, не им фали ништо. Само тој беше повлечен, сериозен тип, ќе скитал по кафани, гледал да направи куќа, да се среди, работел за тоа прашање да го реши,а во меѓувреме годините отишле. Познавам многу луѓе кои се самици,ане им фали ништо. Што е ваше ќеси дојде, јас не се форсирам. Кога нешто сака да бидне ќе се наредат коцките, и не осудувам ниту исмевам ако некоја не се омажила, или сама чува дете.Имам другарка со 35 год, има врска,ама дечкто ја навредувал нон стоп дека ништо не направила во животот бидејќи е невработена. Јас таков не би го трпела,ама она е со него, има 35 год и нема абер од брак. И што сега да се убие?
     
    На martovsko cveke му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски

    Така размислуваш затоа што не си го нашла вистинскиот. Тогаш сите мислиме дека сите се исти. Но, за секое тенџерче си има и капаче. Не зборам на памет и самата сум во брак и тоа неколку год.
    А за мислењето скришно некому да му родиш дете и да не му кажеш, како би ти било тебе да ти речат мртво ти е бебето и да ти го украдат и после неколку години да дознаеш за тоа...и не викај дека не е исто и не споредувај со самозадоволување и доброволно и свесно исфрлање на сперма...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tazna-solzicka

    Tazna-solzicka Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    27
    Ти благодарам драга за подршката и не само твојата подршка туку уште на 2-3 форумџики кои ми изразија подршка и верувајми дека ми е многу полесно што не сум сама што има се повеќе девојки како мене кои мислат дека не е битно само да се омажиш олку да не си дома туку дека и животот треба квалитетно да го проживееш. А, што се однесува до другаркати не е единствена која е о безнадежна врска со секојдневни понижувања и навреди. Само незнам со кој памет и понатаму се во такви врски, езнам што може да се очекува од таква врска.
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Девојко еден мој совет најди си некој дечко или можеби имаш тоа незнам и пробај да живеете заедно,подолго време како да сте во брак и ке видиш дали си за брак или не,ако сметаш дека не си личност што може тоа да го издржи,биди си сама тоа е твој избор,за дете е лесно има разни начини да те оплодат и незнам што толку се правдаш тука на форумов,сакаш подршка ли да ти дадат,ако е така еве ја имаш од мене подршката,прави тоа што те прави среќна.
    За разлика од тебе јас си сакам семејство деца и жена,ама тоа е мој избор нели.поздрав
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Јас па би советувала да не брза. Затоа што доколку почне таков живот со некого ете колку да почне таков живот, а не затоа што го сака, може да добие уште попогрешна слика за тоа што еден брак претставува.

    И јас пред да го запознаам мм бев разочарана од едно шовинистичо створење, мислев нема да се омажам и имав слична слика за бракот, мислев дека сите се исти такви, мислев ќе бидам исклучиво career woman која ќе тера сингл живот и сама ќе гледам дете. Но кога го сретнав мм, си реков „а кој ми брани и кариера и брачен живот“. И сите бродови со планови за сингл енд хепи живот отидоа 20.000 милји под морето.

    Мажот, неговиот начин на размислување е она кое треба да те предомисли доколку сакаш да добиеш вистинска слика за брачен живот со оној кој го сакаш.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Не се откажувај. А кога ќе го најдеш правиот, ќе знаеш. ;)
     
  7. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам дека не може да има и кариера и брак. А ако значи да одговорам со ДА на непристојни предлози на бизнис партнери, тогаш без разлика дали сум мажена или не, такво искачување на врвот не сакам под ниту еден услов.

    Доста сум испровоцирана од тоа што го напиша и вака ќе ти кажам. Сара Палин имаше едно многу убаво и интересно интервју кај Опра па ти препорачувам да го најдеш и погледнеш. Многу ме просветли во поглед на бракот и кариерата. Вели, една жена може да има СЕ во животот, само не во исто време. Имаш во одредени периоди и одредени приоритети, само добро е да имаш визија, а не да живееш во заблуда дека тоа ќе ти го ограничи животот. Твојот добар или лош избор тоа ќе го направи. Значи доколку имаш човек покрај тебе што ќе те сака, поддржува да го исполниш својот капацитет и што ќе те разбира дека тоа те прави среќна, тогаш не мора да се грижиш ниту за своето слободно време, ниту за пријателите, ниту за работата. Познавам жени кои се директорки и имаат убави бракови и кариера.

    Јас можам за себе да кажам едка сум амбициозна личност која работи, се едуцира, предавам попладне, пеам во хор и сл. И решив да се омажам и да основам семејство бидејќи тоа во овој момент од животот ми е приоритет. Но, мојот сопруг е на јасно дека кога детето ќе може да биде физички без мене, после 2-3 години, во истиот момент јас продолжувам со службените патувања и сл.бидејќи тоа е другиот дел од мојот живот што ако не го исполнам, ќе биде пекол и за мене и за него. Договор куќа гради.

    Не ги гледај многу тие бракови околу тебе, бидејќи има различни луѓе, различни карактери и различни приказни. Некои работи се поставуваат уште од самиот почеток. А таа ако се правела лизни-мазни домакинка па сега сака да направи промени нормално дека ќе има реакции (и обратно).

    Една битна работа имај ја на ум. Приоритетите се менуваат. И не и врти грб на љубовта уште пред да тропне на врата.
     
    На martovsko cveke, encimenci, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    тажна солзичка гадно се лажеш ако мислиш дека се што си кажала е вистина.

    убаво кажа некој пред мене се зависи од мажот и не се согласувам дека не даваат слобода или незнам што бидејќи многу зависи и од жената. еве јас сум ти жив пример мажена и со битна позиција во фирма во кое грото се мажи скоро сите деловни партнери се мажи, ручеци, вечери, патувања во странство со маж и се по ред, до никое време во канцеларија и маж ми ниту еднаш не ми пререкол, напротив кога си одам касно дома има направено ручек т.е вечера на маса, измиени садови и најбитно пријатно и расположено лице.

    многу е жално да се огледувате на околината и да се фрустрирате заради другите. гледајте си за себе да го најдете правиот човек кој нема да ве задуши. ако од почеток се претставите вистински што сакате во животот тој ако ве сака никогаш нема да ве ограничува.
     
    На eli25, Silver.E, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Се сложувам и повеќе од 100%. Некогаш и кога сама сум се сомневала дали нешто да направам или не, дали да одам или не он бил тој кој викал абре не пропуштај прилика во животот, незнаеш што ќе ти донесе. Работам исто како Жоел машка работа со едно чудо мажи (јас сум само едно единствено женско во нашата држава што го работи ова, па види сега), и ако нема симпозиум европски или светски жива жена не гледам со очи, и веројатно не сум дала повод па никој не ми се ни пуштал, ниту пак од дома ми реагирал господинот. Далеку од тоа дека ми фали нешто, едноставно не давам повод! Ако сакаш да имаш и тоа и тоа можеш, но само со правиот човек!
     
    На Bozica1980, Annath и joelle им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.161
    Допаѓања:
    112.915
    Пол:
    Женски
    Болдираново ми падна во очи. Еве и јас сум немажена, имам 34 години , имам кариера ама никогаш не се случило да имам непристоен предлог од деловен партнер !!! Ти немаш страв од брак , ти не сакаш брак, не сакаш да си врзана за еден и тоа е во ред, твој живот твоја одлука која сум јас или било кој да ти суди.
     
    На tessie и Silver.E им се допаѓа ова.
  11. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Нена, и мене тоа ме испровоцира за да го напишам претходниот мој коментар. Но, се навратив на првото нејзино мислење и гледам дека Тажна солзичка нема решено баш што сака. Нејзиниот прв коментар е дека се плаши од промени на телото, породување, од губење на љубовта и интересот кон мажот. Кај нејзе е ситуацијата буквално: „вака ми е добро, зошто да менувам - добитна комбинација не се менува“, има страв од непознатото.

    Тажна солзичка, сама се мачиш и си ставаш предрасуди, анализирајќи ја околината за која никогаш не можеш да имаш доволно информации како е позади вратата.

    Плус, сега е добро за сега, но понатаму не можеш да се конзервираш и да немаш промени. Ако не е од породување ќе биде од старост. На 55 години нема да изгледаш како на 17 па сакаш раѓала, сакаш нераѓала. И во фирмите ќе дојдат поинтересни, помлади, поамбициозни и поатрактивни девојки. Работата е битен дел од животот, но не е само тоа. Малку ли поучни филмови на таа тема се направени.. ѕирни го за потсетување Family man со Николас Кејџ.

    Немој да си ставаш пред себе тврди ставови кои ги базираш на страв и претпоставки, бидејќи така можеш само да пропуштиш убави работи.
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    А бе аман! Секој со свои желби и ставови. Времињата на наметнување традиции помина, сега во овој век па и понатаму секој индивидуално си решава за себе. Сака или не брак, нејзин избор. Точно стравовите сега се поголеми гледајќи дека во околината бракот не ретко се сфаќа како минлива фаза во животов, или како морална заедница. Тешко како нешто што треба да значи љубов, поврзаност, почит помеѓу партнерите, заедничка одговорност па следно и создавање потомство.
    Ја разбирам Солзичка зошто таква блокада и страв. Затоа што прво од страна на мажите ретко гледаме одговорност и сигурност во бракот. Се повеќе си ја земаат жената здраво за готово (за тоа тука се криви и жените). Ама факт дека мажите пред се си ја ценат слободата, своите потреби и интереси. И она неизбежното излети надвор од бракот. Веројатно тоа кај неа создава несигурност. Плус се оние стравови како ќе се снајде со сета таа одговорност која кај жената не е тек така мала. Знаеме голем дел од неа паѓа на нас.

    Солзичке те разбирам добро. Твој живот и твој избор. Само пробај по опуштено да гледаш на бракот или на заедницата помеѓу маж и жена. Верувам дека и тебе те чека она твоето, па и да имаш среќа да се снајдеш најдобро во истото.
     
    На nena2010 и tessie им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Се сложувам , не им е лесно на денешните жени. Мажите станаа поголеми спонзоруши во денешно врмее од жените. Блазе си ви на тие што имате маж што ручек ви прави. Јас гледам околу еден куп бракови кои се распаднаат баш заради неодговорноста на мажот, не сака да работи, сака да има слуѓинка дома. ПОчит, љубов?Тоа како во историја да отишло. Реално да гледаме, ако жената покаже слабост мажите често ја газат. Плус како што си кажа девојката има скоро 33 и на тие год изборот се намалува. Жената која постигнала нешто во животот, интелактуалка, деловна жена нема да се фрли во раце на некој молер што не знае 2 збора да гукне. Не навредувам, реално зборам. Секој си сака партнер спрема себе, ама во ова денешно време каде се е исместено не сум оптимист. Дали третина од луѓето во моја близина имаат стабилен брак,другите издржале заради деца и затоа што немаат каде да одат. А блазе си им на тие жени што имаат и кариера и добар брак, треба рецептот да го кажат...
     
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    тања не би сакала да давам рецепти со оглед на тоа што сум млада и само неколку години во водите на работата и кариерата и во бракот како институција само неколку месеци но скоро 4 години живеам и функционирам самостојно со сопругот па затоа ќе си земам за право да прокоментирам (иако може немам право да зборам)

    рецепт има само еден: се е во рацете на жената. вчера гледав тунел на мтв и зборуваа за насилството врз жената и децата и како тоа влијае. и психологот вика ако жената е предоминатна му се ствара одбивност кај детето (машко ) за понатаму да има успешна жена ако е потчинета ја обвинува зошто не се изборила за своите права. врти сучи за се е жената/мајката одговорна. сметам дека многу жени прават грешка кога мислат дека ако го слушаат односно му се клањат на мажот дека ќе му погодат и дека ќе ги сака многу. ова е апсолутно погрешно. не велам да не му се угодува на сопругот тоа е нормално ама од љубов а не од потчинетост.

    јас на пример уште на самиот старт се поставив на тој начин што му беше јасно и гласно дадено на знаење дека мене целта во животот ми е да студирам, да шетам и да работам и тоа не било што но да бидам успешна во работата. ако ме сака и сака да биде со мене тогаш рацете ќе ми бидат одврзани а ако мисли дека може да ми забранува и да ми брани банални работи тогаш колку и да го сакам не го мислам 2% собирам куферите и си одам. и до ден денс ги повторувам тие работи. а што е најважно тоа не се празни зборови. тој многу добро знае дека сум повеќе од способна да го направам тоа пред се психички а после финансиски. едно е да го сакам ама сосема друго е да ми го уништува животот тоа на никој нема да го дозволам.

    исто е и за дома не му се претресувам, кажано му е еднаш и запамтено: јас не сум му слугинка, јас сум му жена и ако сака секс навечер,мила и насмеана жена, и прекрасен брак со разбирање тогаш ќе придонесува во домот и не само финансиски, најбитна му е нашата среќа нашиот одмор и прошетки а не да се затварам за викенд на убаво време за да направам генералка.( немаме деца можеме да си дозволиме ) на тој начин ниту тој ниту јас не сме фрустрирани од нашите животи секој си работи слободно без никаков стрес од дома, си погаме взаемно и тоа придонесе многу да заедно и финансиски зајакнеме.

    се надевам дека не дадов слика на контрол фрик затоа што воопшто не сум таква, само ги имам одамна изнесено моите ставови за животот и планирам да уживам во него а не да страдам.
     
    На martovsko cveke, Trnche, artemidis и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Исто како жоел погоре :)

    Ставот на жената треба да е во исто време и цврст и нежен. Она што една фамилија ја прави „компактна“ е дефинитивно жената, не мажот, затоа и сме психички (а богами и физички во многу ситуации) појаки.
    Не треба страв од брак, ама тоа џабе ти го кажуваме сега кога ти немаш некој покрај тебе кој ќе те направи да посакаш цел живот да се будите еден до друг. Остави на времето, ама биди поактивна кон наоѓање на својата половина.....не кревај раце од нешто прекрасно, фамилијата и децата исполнуваат до невидени размери, само биди отворена и спремна за љубов, се` друго ќе си дојде :)

    И за промена на телото при бременост ИЧ да не бериш гајле! Тоа ти е мајка природа, за нецела година ќе ти се врати во нормала, ама ти ќе зрачиш многу повеќе од порано.
    Во никој случај не губиш!

    Ајде, само послободно и поотворено :f:
     
    На martovsko cveke, midnight.flower, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.017
    Пол:
    Женски
    И подобро што е свесна дека не е спремна за брак.Сите знаеме дека бракот носи голема одговорност.
    Некој е спремен да ја прифати.Има и такви кои мислат дека е само продолжување на врската,со тоа што цело време сме си заедно,убаво ни е,а после кога доаѓа некоја препрека-се предаваат и глава трескаат.

    И не се сите скроени за брак.Не е секој доволно силен да се носи со одговорност околу семејството и работата од друга страна.Не може секој да си ја жртвува кариерата за добар брак.

    Читаме за многу примери,за девојки кои не биле спремни да запливаат во брачни води,па сега бараат совети.

    Само она не ми се допадна,да биде самохрана мајка,без присуство на татковска фигура во животот на детето.На секое дете му се потребни двајца родители.

    И нека чека,можеби некогаш кога ќе го најде вистинскиот ќе го препознае и ќе си го смени мислењето.
     
    На Tanjamm, martovsko cveke и Moira им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Блазе си ти кога се согласувате. Ама јас сум видела во околината мажи пшто изигруваат “мажишта“, а потоа целиот товар, сите обврски и ги префрлаат на жената.Кој не сака таков брак, онака под конец, плански, кога работиме работиме, кога можеме ќе шетаме итн. Тоа сите го посакуваат ама се поретки се тиа што имаат таков човек покрај себе кој им дава слобода, а не ги гуши.
     
    На martovsko cveke му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Tazna-solzicka се е во ред што имаш страв но некако ми е интересно што еднаш се плашиш за твојот изглед
    или кога велиш
    значи стравот е од повреда на личноста-од чуства ,а не од аспект на изглед...Многу ке ти биде поинакво чуството кога ке го најдеш човекот кој ќе го сакаш и на кој ќе му веруваш...Како и да тоа е твој избор сепак мој совет ти е да си го отвориш срцето и да дозволиш некому да те направи срекна,прекрасно е чуството да сакаш и да бидеш сакана. Уште поубаво е двајца родители да има детето ,но никој неможе да ти наметнува мислења како и да одлучиш тоа ке биде твој избор.Сепак ова е твој живот.Па со среќа....
     
  19. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    Веројатноста од згаснување на љубовта во бракот секогаш постои
    Веројатноста за деформирање на телото, со и без раѓање, сотекот на годините, секогаш постои
    Веројатноста од неможност за раѓање после 35, а дефинитвно после 40 година, секогаш постои.
    Веројатноста да ја пропуштиш шансата да бидеш мајка- постои
    Веројатноста да немаш успешен брак - постои
    Веројатноста дека ќе ја загубиш работата- постои.
    Звучи многу песимистички? Не ми е тоа целта.
    Тоа се ризици кои ги носи животот. Во ништо не можеш да бидеш апсолутно сигурен,
    Сите тие веројатности барат работење на нив, инвестирање , улагање, посветување, толерирање, понекогаш трпење, плачење....
    Ништо не е глатко и мазно. Ништо не е подредено.
    Но задоволството да се имат е големо.
    Задоволство од вложување и добивка е големо.
    Задоволството од успешно помината бариера- чити брачна, професионална, здравствена - е големо.
    Изборот е твој
    Неизвесноста останува.
    Поздрав
     
    На Tanjamm, martovsko cveke, encimenci и 6 други им се допаѓа ова.
  20. sar4e.22

    sar4e.22 Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво Феминки.. Со дечко ми сме во врска скоро 7 години, а почнавме и да живееме заедно. Ме побара за жена, ме праша неколку пати, од кои што првиот пат не го сметав за сериозен (сега сфаќам дека бил), вториот пат посочив неколку изговори од типот, невработени сме уште сме издржувани од родителите, кај ке живееме од што ке живееме и сл., а третиот пат се направив на 3 и пол и инстантно сменив тема.
    Веднаш после тоа ја напушти неговата претходна минимално платена работа и најде друга од која што заработува солидно. Јас сеуште студирам, се сметам мала за брак (22, тој 28) а воедно и ми е страв од помислата и можноста дека неговата понуда тој ја гледа како решение за неговиот непотребен страв дека ќе ме изгуби. Плус и ми кажа ако не сакаш немора уште сега да правиме веридба, сакам само ние меѓу нас да сме си верени.
    Повеќе муабет на таа тема немаме правено од тогаш, инаку врската ни е доста сериозна и сега сфаќам колку глупо се испонашав со него тие 3 пати но ајде пусти страв.
    Предлог/совет ?