Искрено многу детињасто од твоја страна, ама па на 22 и јас така би изреагирала. Мене услов ми беше да работиме и двајцата, имав веќе фобија од тоа да се јавам на телефон кај моите да ми дадат пари. Е почнавме да работиме и двајцата, се вработивме и зимавме добри плати, не солидни ама добри, он почна навелико да ја накачува платата и ете се решивме. Сега да му покажеш дека не се каеш или плашиш купи прстен и клекни пред него или уз муабет прашај го да ги повтори тие три прашања. Верувај идеално време нема, но ако не плаќате кирија, ако имате плата со кога ќе можете крајот да го најдете, наскоро и ти ќе завршиш па и ќе се вработиш, не знам зошто да одолговлекуваш, па биле 22 биле 32, дечко ти е сепак 28, тоа е една зрелост која може веќе да размислува на таа тема. Јас на 22 веќе се вработив, се веривме на мои 25, негови 28, сега имаме по 26/29 и не се каам за ништо, во нашава мала заедница се се решава полесно, дури и се чудам како функционираме вака лесно
Целосно те разбирам. Најдобро решение е разговорот, кажи му колку го сакаш и дека нема потреба да се грижи дека ќе те изгуби, и дека веридбата еден ден ќе се случи, но ти во моментот не се чувствуваш подготвено за тоа на твои 22 години, сигурно и тој на тие години не е мислел на такво нешто. Ако те сака ќе те разбере и ќе те почека.
Доколку не се чувствуваш подготвена за брак не избрзувај.Разговарај со него и биди искрена во објаснувањето поради што го одложуваш бракот.Ако тој е вистинскиот за тебе, ќе те разбере.
Совети и предлог ке добиеш ама ти си таа што треба да се прашаш себе што точно сакаш?!.. Сепак 22 години не се малце иако не се и многу,исто така итреба да разговараш со момчето и што точно мислиш и сакаш. Па доколку се е во ред мегу вас има голема љубов,разбирање,почит тогаш и веридба не е лошо да си направите,не значи дека треба и свадба да има веднаш(јас три години бев верена и пак не бев спремна за брак(се плашев до денот) Размислиси ти и не го врти момчето гледаш дека те сака
За да постои страв од брак, мора да има некоја причина. Мојата кума има страв од брак, а причината за тоа е што таа е дете на разведени родители. Кога и да правиме муабет на тема брак, таа ми вели - нема шанси да се мажам. Не сакам еден ден и јас да се разведам како моите.
Не е тоа причина да размислува така и не смее да биде. Не сите може да имаат среќа во љубовта и успешен брак. Како има негативни примери, така има и позитивни. Околу мене повеќе се негативни и морам да признаам дека пред да го запознаам дечко ми и јас бев скептик околу успешноста во бракот и неговото значење, ама како пораснав и созреав сфатив дека не можеш и не треба да ги гледаш работите на таков начин, секој еден е приказна за себе, сами си ја кроиме среќата. А страв од брак не сум имала никогаш, напротив, дури го посакувам откако сум среќно заљубена. Среќно и хармонично семејство за мене е најголем успех што може да се постигне во животот, баш затоа што станува се поретко.
Со дечко ми одиме долго и во последно време ми пушта муабет за брак,одоколу ме спрема а јас во никој случај не сум спремна на таков чекор а доколку дојде до таа ситуација незнам што би му кажала..совет???
А како би можеле ние да ти кажеме што да му одговориш..... Она што навистина го чувствуваш се разбира, само така ќе знаеш дека си ја донела правилната одлука и нема да се каеш. Доколку не си разговарала сеуште самата со себе, добро е што си сфатила предвреме дека има намера и имаш време да размислиш со ладна глава. Ама за ваквите работи не се менува мислење преку ноќ, судбоносни се, доколку му кажеш „не“ ќе треба и да бидеш свесна за последиците кои сигурно ќе ги има, бидејќи и самата кажа дека одите долго, сигурно последно нешто што би очекувал е да го одбиеш, инаку не би те ни барал. Тој штом си сигурна дека чувствува дека е време за тоа, доколку навистина сфатиш дека не си спремна, јас ти предлагам да му наспомнеш уз муабет пред да дојде до запросување, бидејќи верувај ситуацијата е ужасна.... Колку и да е дечкото разбран, зарем може да биде се исто после одбиена понуда за брак од саканата со која сте во долга и сериозна врска..... Не за друго, ќе добие траума после чоекот, нема пак да те побара. (малце да се нашалиме) И шала на страна, јас мислам дека еден пар во сериозна врска треба да разговара на оваа тема доволно колку барем да се знае ставот на секој еден од нив. Ако не го знаете тоа еден за друг, како би осетиле кога е вистинското време и за двајцата..... Ние точно знаеме како стојат работите на оваа тема, дури и си мечтаеме заедно често. П.С. И не мора да значи бе, јас и дечко ми постојано си збориме за заеднички живот и веридби, свадби, обичаи и тоа некогаш до детали како буквално утре да ќе биде..... Но ти си го знаеш најдобро дечко ти, ако ти е ова невообичаено за него, тогаш спремај се.
Ние можеме да ти кажеме по наше совет и дали да прифатиш,ама ти си знаеш како ти е со него,како е он со тебе,што има и каква е таа љубов мегу вас,размислиси што сакаш во животот дсли ке прифатиш веднаш,дали ке прифатиш покасно или не сакаш да тоа сее случи со него....
Страв од брак има оној кој очигледно не пронашол љубов и чуства кои доаѓаат спонтано, оној кој не доживеал трепет, имаат страв и оние кои се пишманџии и неизживеани, не знаат што и како со себе, оние кои носат голем психички страв во себе и не умеат да го искоренат. Бракот не е страв, не е робство, не е затвор ниту пак посесивност и љубоморство, тој е прекрасен, тој е двајца, значи да имаш човек до себе за добро и лошо, да не си сам, тој е почит и доверба, пред се бракот е за оној кој кога ќе се почуствува дека треба да го доживее тогаш да стапи во реализација на истиот.
@vitamina А зошто мислиш дека без брак некој не може да има сето горе наведено? Што ви толку претставува бракот? Животно дело? Според мене неизживеано е таквото мислење, според кое луѓето без брак се пропаднат случај.
Си ме разбрала погрешно, секако дека и без и со, може да има човек,јас генерализирав околу чуствата. Како што веќе и посочив сметам дека страв од брак има оној кој не искусил љубов и прав човек крај себе пред се. Се самоцитирав намерно да ти кажам дека сепак бракот е индивидуална работа, се работи за тоа дали си спремен или не. Крај краева бракот не е обврска, бракот е за оној кој се чуствува спремен за истиот, ако имаш желба за брак ќе се чуствуваш исполнет исто како што и оној кој нема желба се чуствува исполнето без истиот.
@vitamina Еве да не те разберам погрешно, повторно го прочитав истото. Но, ете нема врска. Јас не се согласувам, и сметам дека на одредени луѓе бракот им е само лист хартија која и не им треба. Љубовта не е брак, бракот не мора да значи вистинскиот човек. Спремен за што? Што е бракот?
Точно. Јас не зборев за папир туку заедница меѓу маж и жена, за да се чуствуваш среќно не ти треба папир и печат нели? Крај краева секој е со своите желби и потреби, пример ако некој се чуствува исполнето во брак/заедница, истото нешто го чуствува и оној кој не стапил во ништо и нема партнер, бидејки така сака и така е исполнет. И точно љубовта не е брак, јас може се изразив со брак но поентата ми беше точно љубовта.
Според мене нормално е да се има некој страв од брак како и секој нов голем чекор во животот, меѓутоа со тек на време, со разговор се прифаќа идејата и се осмислува или визуелизира брачната заедница заедно со партнерот и потоа почнува меден месец но, и решавање на животни цели. Бракот е добивање на колосек во животот, не е веќе што ќе купам јас туку што ќе купиме ние, не е веќе каде ќе живеам туку каде ќе живееме ... деца и сл. Што се однесува до страв по лошто искуство или неуспешни примери наоколу ... јас знам што е страв од брак иако имав партнер како што ретко се среќава денес во животот ... по тоа на секое спомнување на брак не знаев како да избегам ... можеби после толку време сум го надминала тоа, сепак според мене зависи од стабилноста со која зрачи партнерот и претставата која ќе ја имаме за заеднички живот. Инаку бракот како брак, парче хартија но, големо ветување еден кон друг и тоа е тоа што бракот го прави посебно важна категорија. Инаку и деца не се гаранција за успешен брак ... како велат да не тргне надолу топчето снег се претвара во лавина.
Витке, таман и јас негде со тебе да не се согласам, почнав да мислам да не сум двојна личност Не мислам дека е бракот ропство, или нешто слично, ама ептен ми е па некако... од сега до крај на времето? Побогу, не знам утре што да ручам, не можам еден кармин да одберам од онака, а тек па мажачка... Тоа треба да се проучи! Не ме плаши мене бракот, како што има брак има и развод, ама има прашања кои секогаш боцкаат. Иако сме тооооолку долго со дм, многу полесно ми е утре дете со него да родам, него да му речам дека сакам брак. Бара од мене прво и основно, да одлучам дал ќе мењам презиме. Јас нејќам да мењам презиме. Нема ни дм да ми рече нешто, ама дали несвесно ќе го повредам? Нејќам мажачки во цркви. Дм сака. И како овде компромис да најдам? Да подмитам поп побрзо да испее се? Да гризам јазик саат време? Да му речам нејќам, а знам дека ете му е ќеиф? Нејќам бележја по мене дека сум нечија, нејќам бурми. Ако не ја носам, ќе го повредам ли? За мене тоа што го чувствувам за него е толку интимно, што не сакам на никаков прст да се гледа. Сакам само тој да знае, никој не сакам ни да претпостави. Ова се банални прашања, ама вака можам од ракав да кажам - се е компромис. И презиме, и црква, и бурма. Ама јас мојот живот не го гледам како гранична зона меѓу две држави, па ќе одржуваме добрососедски односи и ќе дискутираме за зачувување на меѓучовечкиот однос и правата на населението. И на крај, како тоа некому да ветам дека засекогаш ќе го сакам? Јас не можам да ветам нешто што не го знам. А да бидеме искрени, никој не знае за 30 години од сега што ќе биде. И како бре да го гледам ова суштество, што живот ми значи, што ќе умрам денес за него и да му кажам - не знам? Не знам ете. Го сакам него повеќе од се. Сакам чопор деца да му изродам. Ама не сакам брак, никаков, ни хартиен, ни црквен. Сакам до умирачка да ми биде дечко ми, со кого делам се во животот, со кого имам чопор деца... Не знам дали е страв од брак, или одбивност. Ама таа тема ич не ми се свиѓа
Камелче се знаеме ние знам како размислуваш, нели ми пиша неодамна за таа тема . Е сега мислам дека не си го прочитала мојов последен коментар еве ќе се цитирам за да не се повторувам Моја беше грешката што јас не се изразив како што треба во постот, наместо љубов и заедништво напишав брак, тоа го видов отпосле и не можев да се реадактирам па затоа отпосле се поправив. Јас се согласувам со твојот став, еве пример ти ми ја знаеш ситуацијата нели? Ама овде не сакам тоа да го "глобам" ако мислев баш така немаше да бидам во ситуација во каква што сум. Знаеш за што зборувам.
@CameliaMiller јас живеам во заедница без потписи, цркви и други церемонии. Имаме едно дете, второто е на пат. Сѐ што кажуваш е изводливо и постои. Мислам дека бракот е право на избор и дека не треба да се меша со поимот заедница. Јас кога кажував "не се мажам" автоматски сите мислеа дека не сакам живот во заедница оти кај нас во општеството е така прифатено. Не, јас сакам живот во заедница и семејство и сѐ, но како што кажуваш, не знам дали од страв или одбивност од церемонии и наметнати правила и процедури, едноставно не сум за таков вид на брак. Грото не се согласуваат со мене, и не мора. Јас живеам убав и исполнет живот, без проблеми поради тој неставен потпис.
Да, ете најдов некој што се разбравме Јас не го сакам него помалку вака, нит ќе го сакам повеќе кога ќе се потпишам. И тој е согласен со мене, тоа е најважно