И јас сум една од нив . Според мене бракот е ропство , нема флерт , нема спиење до 13часот и даље , мораш отчет да даваш каде одиш ,кога ке се вратиш , мораш јадење секој ден да готвиш , мораш да периш чистиш , па уште ако се погодат искомплексирани свекрвата и свекорот.....Мамааа миаа ! Јас сум за вонбрачна заедница , додека има љубов , кога не оди Чао! Повеке сакам самостојен живот , без замарање за банални работи .
И јас така мислам, барем некое време заедничко живеење пред брак, а после сеедно ќе ти биди за документот..
Не го мислам бракот за ропство. Ропство е за некои луѓе, за жал. Самостојност, финансиска и секаква друга може да се има и во брак.Се зависи од партнерот..како ќе си се договорат двајцата,каков живот сакаат да живеат од свадбата па натака. И к олку ќе се прилагодливи на се што ќе им се случува и од надвор а и промените што сами ќе ги доживуваат. Оти, с ите се менуваме,без исклучок. И вкусови и потреби и се. Не ми е страв од брак, страв ми е од луѓе кои не се за во брак а стапуваат во брак. Од навидум совршени партнери, од навидум прекрасни врски, навидум страсни љубови кои згаснуваат по првата година...по првиот проблем, од инаети кои не би се помрднале од статускво, од луѓе кои секогаш ќе бараат easy way out, а никогаш нема да имаат храброст да излезат... само им ги абат нервите и времето на партнерите. И други нешта.
Опкружена си со луѓе кои се во таков брак па можеби затоа и така размислуваш. Ете јас тврдам дека не е. Ако си одлучила да минеш жовотот со човек кој го сакаш не е ни слично како ропство.Се се прави и се издржува од љубов,не дека нема тешки моменти ама со разбирање се се поминива. Ете јас мажена сум спијам до кога сакам,отчет не давам,излегувам со пријатели и другарки,ограничено време нема,јадење не мора да правам секој ден,перење и чистење исто не е задолжително секој ден ... ништо немора ако не сакаш Но нели секој со своето размислување и изборот на живеење.Едни ги исполнува бракот други не
Со правилен и вистински избор на партнер нема простор за страв. Не сум го пронашла таквиот, има уште време, ама сигурна сум дека ќе биде сличен на мене а штом биде сличен нема да има никаков проблем и бракот ќе биде едно убаво патување а не ставање синџири на себе.
@anakonda88 внимателно барај го партнерот! Ништо не е невозможно. го научив мм да спие до 13:00 или барем да ме респектира кога јас го правам истото. Секој има право да се дружи со другари, пријатели.. дозволени се самостојни излегување. Немаме до кое време мора да се вратиме дома Заедно чистиме, за перење некако се разбираме, ама помага при собирање алишта. Барај самостоен партнер кој не зависи од родителите. Нормално, истото се очекува од тебе. Што даваш, тоа добиваш. Сепак за ваков брак ти треба open mind сопруг. Кој без проблем ќе ја фати правосмукалката за да може побрзо да одите во недела на плоштат, на кафе низ кафичи p.s. мометнтално си слушам Arctic Monkeys и си пијам пиво, а мм е на седенка со другарите. it's seems totally legit to me
Добар ти е советов. . Но тешко би било да се најде ваков либерален сопруг , па јас сум само за дружба со либерален човек без потпис на хартија и без деца , ако имам срека да најдам таков би била задоволна.
и јас имам страв од брак ,вчера ми кажа дека има купено прстен и сеа се плашам не сум сигурна дека е тоа тоа, бидејки премногу се караме и врегаме и имаме ептен спротивни мислења за се.
Ако се карате и вреѓате, размисли каков брак би имале? Јас не би стапила во брак со некој што ме вреѓа, особено со некого што јас го вреѓам. Тоа значи дека не го ценам и нема потреба да го повредувам со навреди, ниту пак да ја продолжам врската.
и јас се мислам тоа сигурно би било полошо, а тоа ни стана веке навика како добро утро и само ја префлраме топката кој е крив
Ако не ви оди врската, нема да ви оди ни бракот. Оние што мислат дека прстен или дете ќе им ги решат проблемите се во голема заблуда, затоа што тие работи треба да доаѓаат од љубов, а не затоа што не знаете да си ги средите односите. Мислам дека ти не се плашиш од брак генерално, туку не сакаш брак со оваа конкретна личност.
И јас бев убедена дека нејкам брак се додека не го запознав мм. Бевме пријатели 4 месеци и како маченце се врткав околу него дур го смувам..Едноставно знаев дека тој е тој.Прекрасна врска која донесе уште поубав брак и дете број 2 на пат .Искрено не сакам и неможам да се замислам без него.Убав, чесен, искрен, амбициозен и најдобар татко. Ме сака со сите мои бубачки у глава.Кога купувал веренечки прстен прашал дали може да го смени ако не ми се допага.Хихихиии.... Златарот му рекол: Аман бре дете ... Што жена ќе беше ... подобро не купувај ке се заебеш. А мм му рекол : Абе знаеш не е ко другите жени, мн.е искрена , ако не и се свиѓа ке ми каже одма.Среќа преубав беше... Поентата ми беше дека секогаш треба човек да биде искрен во се спрема партнерот. Животот не е 1 ден за да се преправаме. Ако имате исти погледи кон светот, доверба еден кон друг, несебична љубов, верувате еден во друг, тогаш сите животни ситуации се песна.
Здраво феминки, нова сум на форумов, постојано ве читам и решив да си направам профил. Прво, би сакала да ми одговори некој што можда поминал низ иставситуција или можеби ќе знае да ми објасни што чувствувам (оти јас стварно не знам)... Се одлучив тука да напишам, слободно префрлете ме во др тема доколку е потребно но сепак мислам дека се работи за страв од брак... Со дечко ми бевме во врска десетина години. Потоа стапивме во беак, еве втора година. Мм е многу добар човек и со мене и со сите кои го познаваат, го ценат како личност а и јас сум свесна дека тој е ретко добар човек. Во исто време е премногу амбициозен и има деликатна работа (да не навлегувам во детали) но во буквална смисла на зборот и пред да се земеме а и две години веќе во брак тој е секојдневно по 14 саати на работа. Во коронава исто, работи од дома, но јас станувам сабајле он е веќе на компјутер, доаѓам правам ручек или нешто он е уште на компјутер, станува јадеме пет мин и буквално од маса пак назад на компјутер а и за тие 14 саата не збориме и кога сум дома оти има многу одговорна работа и не е во можност дури ни збор да ми каже, кога ќе го прашам нешто најчесто со раката ќе ми покаже и толку. Имам огромен проблем. Он е стварно добар, никад не ме навредил но не знам што се случи откога се земавме јас некако како да се каам. Не знам како да објаснам но многу лошо се чувствувам веќе долго време и решив да ви пишам. Долг период немаме секс, а кога имаме сексот е краток и досаден, не знам ни како да се изразам.. Но сепак сигурна сум дека тоа не е главната причина за мојата состојба бидејќи никад не сум била многу активна сексуално. И да не заборавам, он ми е прв дечко инаку. Јас изгубив секаков интерес за него, ниту ми се дружењата со пријатели занимливи, немам желба за ништо буквално да правам со него. А он кога има слободно време, тоа е многу многу ретко ќе ми каже ајде ќе отидеме на ручек и кога одиме тоа ми е некако као колку ради реда и имам впечаток дека и него му е исто ама како да не сакаме да си признаеме. За деца, кога ќе се спомне јас дд чувствувам неспремна и некако во последно време се прашувам дали направив грешка што стапив во брак.. Можда сме си биле само навика од долгата врска. Не знам што да мислам на моменти ме фаќа паника што понатаму!? Се осеќам некако во безизлезна ситуација.. А и да напоменам не знам дали одлуката за брак ја донесов поради тоа што додека бев дома од татко ми трпевме психичко насилство и јас и мајка ми и брат ми а мм е смирена личност па некад се прашувам дали сакав само да избегам од татко ми. Тоа кога пробувам да ја анализирам ситуацијата и да сфатам што ми се случува... Инаку во мојот живот нема трета личност и никад не сум посакувала но во последната година сфаќам дека ми недостига да сакам некој и да ме сака со страст! Ве молам за мислења и совети. Разговор со мм ве молам не, зашто он си е фокусиран на работата и не е толку емотивен како мене, не верувам дека ќе ме разбере баш а и да се случи тоа нема како да ја вратиме страста кога одамна ја нема... Хелп