Нема друго. Само отворена комуникација меѓу вас двајца. Ако сакаш да ја вратите страста, и тој ако сака, може, се работи заедно на бракот и се надминуваат ваквите проблеми кои се многу чести во долги врски. Ама ако сакаш, а ако не сакаш ни да пробуваш, тоа е друго.
Тоа е нормално во ваквите долги врски, па и врската да била кратка па сте стапеле во брак со текот на времето и годините страста се намалува, не може да е како на почеток на врската. Мораш да го прифатиш тоа како факт дека он работи на компјутер, а не седи од забава и игрици да си игра, чим мора да е фокусиран постојано, и него не му се седи сигурно на компјутер по цел ден ама мора. Сега ова ти е само период и бидејќи ти е досадно, а мт не може да ти се посвети се осеќаш запоставено и мислиш дека се каеш што си го прифатила бракот, ама верувам дека длабоко во себе сеуште го сакаш, само мора да разговарате за оваа состојба, иако си пишала разговор не, ама тоа е единствено решение. Како што го опиша сопругот се гледа дека е разумен човек, и верувам дека ќе те разбере и ќе превземе нешто, ама мора и ти да го разбереш дека е преморен од работа и не може постојано да е со тебе.
Е баш тоа ви е проблемот. Не разговарате викаш... по цели денови. Не мора некој длабок разговор, ама комуникацијата чим ја нема, немате ништо заедничко. Споделувањето на секојдневието, мислењата, желбите, плановите, ситните муабети, се она што ја одржуваат било која врска во живот.. и романтична и пријателска и роднинска. Вие што делите освен животниот простор? Ништо. И чим не си сигурна во вашиот однос, користете контрацепција.
Злицо А за девојкава дримс кам тру, ќе и речев швалер да најде, да не беше мк-фемина менталитетот " брн д' бич". Сериозно сега, стварно си има проблем
А ти работиш ли нешто?Или се досадуваш по 14 саати додека он има работа? Нормално е до некаде да немаш возбуда после 100 години,ама па не и до толку,сепак мислам дека комуникацијата ви е проблем Мора да се разговара,не може он да знае ако не му кажеш, мажите не размислуваат како нас, нив треба да им се каже што ни смета, ако чекаш да им текне, нема да дочекаш и само ќе се нервираш. Разговор обавезно, а и некаква работа ,занимација обврска да си најдеш.
Едно и единствено решение на проблемов има. Да седнете да разговарате во преостанатите 10 часа. Ако не разговарате како двајца возрасни во брак зарем би продолжила и наредните 10 години вака? Значи мора да разговарате. Бракот е разговор. Подобро е денес да дознаеш на што си, на што сте, отколку за 10 години од сега. Со 14 саати работно време човек може и швалер/ка да си дозволи, а не пак време за сопствената жена.
Ај сега озбилно- на ништо специјално не се. Работа на компјутер е смрт, па уште од дома кога не излегуваш е смрт на квадрат. Класична криза на долга врска, поминати пеперутки, нема деца за да реметат рутина, корона морона нема социјални интеракции. Башка мажите и компјутерот- тоа е една специјална интеракција, пострашна од било која швалерка, јасно ми е. @Dreamsdocometrue тешко е времето, што да речам- одете на викенд во природа да разбиете рутина... Купете куче... Било каква промена на динамиката е подобра од никаква промена.
@Dreamsdocometrue Човеков има два слободни дена во неделата, или барем еден? Или годишен одмор од барем четири недели? @Biljarkata Епа може дека ние немаме компјутер па не сфаќам.
Донекаде и те сфаќам, и мојот работи од компјутер но он работи 8часа, твојот може самоволно зема 2 смени да работи. И навистина и мене ми е чудно, дури и кога јаде со нас јаде и пишува на лаптопот. И на детето веќе му фали Но тоа е, барем дур ми беше дома полесно беше, сега кога иде во канцеларија губи плус саат време во превоз и кога се враќа малиот спие. Му кажав да им каже дека кај и да е ќе се породам, и ми треба дома поред нас како и досега, ако не нека бара др работа. И он се сложи, иако мн добра работа има и добро платена а лесна, пак ние сме му на прво место.. 14 часа проведени пред компјутер ми е лудило. И кај маж ми има што работат две смени, секако сами си сакаат но тоа е претерано.
Не е по негов избор, не работи во две смени. Работи за странска фирма и има периоди кога буквално не станува од компјутер, често и не јаде ако имаат состаноци онлајн. Работата му е добра единствено што и во ова тешко време е добро платен. Меѓутоа се во животот си бара време, страшното кај него е тоа што така тера веќе неколку години а сум зборел со него. Од една страна го разбирам, нуди фин.сигурност неговата работа и не сака да промени зашто реално знаеме и како е со работа кај нас и порано си викав да така а ама веќе осеќам дека многу се одалечивме, толку многу што мислам дека немам ни простор за разговор на таа тема зошто јас имам работа нормална во смисла на саати но не сум платена толку добро како тој...
Па и маж ми работи за странска фирма.Но знам дека кај него самоволно земаш плус додатни часови или две смени. Не знам како може само да издржи 14 часа пред компјутер Маж ми викаше да земе 10часа сега дур сме цело време дома до пролет, не му дозволив. Среќа го пуштиле од дома да работи од другата недела. Фала богу, многу му е полесно од дома. Те сфаќам, финанскиски е одлично тоа да, но што кога цело време си сама, ни немате време за ништо..Лошо навистина