Сепак не работи 24 часа. Тоа што работи 14 часа не е изговор. Не знам дали тоа му е изговор нему или и ти си убедена дека тоа е причината. Што прави човеков во преостанативе 10 часа? Па во краен случај нели после тие 14 часа би посакал ти да го измасираш, кичма, врат?
Дримс , претпоставувам дека работи IT. Да , добро се платени ако е во таа бранша , за мк услови и фантастично некои од нив на повисоки позиции. Ама и тие се луге, и нив може да ги задеси burnout. Ако немаат доволно луге на проект чарето не е еден да работи за двајца...секогаш има избор и промена. Парите се добредојдени, ама ако цената што треба да ја плати е емотивна празнина или развод или брнаут, сам треба да си размисли дали вреди. Воркохолик можеби нема да го преобратиш, ама пробајте на односот ваш да поработите пред да е прекасно. Ако е тешко да се отворите еден пред друг можеби психолог би помогнал во ситуацијава.
Не верувам во брак и остали глупости. Од најпроста причина зошто жената стаува роб и се унаказува во многу случаеви имам фобија некоја,
Таа мисли дека ке си роб ке се затвориш дома и ке гледаш деца свекрва и мора да кутиш на сите. Всушност секој што е во брак според неа се запустил
Епа вака испаѓа пола форум сме робинки и накази.А баш па толкууу членки има што не се никакви накази,туку убави,средени,исполнети.
Сосема си во право и фала ти за секој напишан збор. Нормално, секогаш сум била на ставот дека со пари најбитните работи не можат да се купат и фала му на Бога имаме се за да сме среќни, дури и да сме платени помалце пак ако сме живи и здрави ќе успееме некако. Не знам, можеби сега така мислам поради стабилноста која ја имаме.. Но, сум пробувала да разговарам и секогаш сме завршувале со тоа нели ја гледаш ситуацијава во Мк, што сакаш да направиме, да зависиме од нашите дома... Нормално дека не сакам а плус неговите се толку себични што се додела сами не обезбедивме не кажаа можете кај нас и знам дека е свесен од една страна дека и да му притреба лажица не може да се потпре на нив за ништо и знам дека и тоа го доведе до ваков начин на работа и живот но од друга страна постепено се повеќе се губиме и веќе се повеќе сум изладена... Знам дека нема друга, не ни помислува сигурна сум, исто и јас но не сум сигурна дека во иднина така ќе биде со ваков начин... А знам дека јас ако се решам на такво нешто, тука ќе биде и крајот зошто сум емотивна личност и се приврзувам, не сум двојна личност! А тогаш не дај Боже и да промени работа и да сака да се промени, се плашам дека ќе нема назад.... Сме издржале тешки периоди и во врската и сме биле и физички далеку но сме пребродиле но мене ова ми е шлаг на тортата. Трае и трае... Кој не почувстувал не може ни да знае.. Си викам што ни фалеше као дечко и девојка ќе се видиме секој по дома и не осеќав таква празнина. Ова само на краток рок може да се издржи...
Што би можеле да направите за да ја промените досадната рутина? Само ти можеш да имаш идеја и одговор на прашањето и веројатно само ти можеш нешто да иницираш, тој секако нема проблем, ти си таа со проблемот. Притоа не мислам на смена на работно место, нешто надвор од тоа.
Како ќе им дозволиш така ќе те третираат. Во последно време гледам повеќе мажи помагаат во кујна, шетаат дете. Жената не е како порано сите обврски на неа, мажот само доаѓа дома се ми е наместено да јаде и спие. Премногу е 14 часа да работи. Разбирам дека требаат пари, ама треба и време. Сега ако не го посветат на фамилијата кога?
Со 14 саати работно време,што значи цел ден, мора да има една подолга пауза. Па жив чоек бре, треба да јаде, да се напие вода, да оди до тоалет. А викенди исто ли е? Мене не ми е верно тоа, просто невозможно ми делува, пошо еве и мм е во тие води, па не е баш така да не може да се мрдне 14 саати и тоа секој ден. Може да е цел месец турбо, ама да има некогаш периоди кога има повеќе луфта, односно помалце работа. Никогаш па не се десило да не може да ми одговори додека работи. Или па за јадење.. ќе седне ќе се најаде ко човек. Тоа се човекови и работнички права. Мораш да му кажеш дека ти пречи. Знам за пари како е, и глупо е сега да те распрашувам, ама има луѓе и што помалце работат,зимаат помали плати па опстојуваат и плаќаат кредити, и деца итн итн...
За верба или не, тоа е вистината. Можно е да има пауза после 14 саати месец време, да почне да работи некои 15 дена на пример по 12 саати, пример од 8/9 наутро до 20:30 вечерта и убеден е дека така биле повеќето луѓе. За него било незамисливо да работи по 8 саати односно до 16ч, тоа било за мрзеливи луѓе... Немаше помош од неговите за ништо, како сите негови другари кои сите добија некаква помош од дома на еден или др начин и он многу млад почна со вакво темпо и така си продужи...Јас се убедував дека стварно мора да е така, но веќе ми смета и он го знае тоа ама не мислам дека планира да промени нешто... Викенд по работ му е слободен но речиси секоја сабота работи а недела понекогаш, обично не...
Па вака од зборење ондак работата му е станата опсесија и зависност. Едноставно е не издржливо и психички и физички толку да работи било кој, 5 дена иам работено по 12 часа па не знаев кај сум, а не да трае и трае.. Мора разговор,макар и со стручно лице.. На многу луѓе родителите не им помогнале, причина не битна, па и со нормално работно време успеале. Пријавен ли е бар ко што треба? Да му се исплати бар за пензија трудот.
Ќе се разболе човекот со тоа темпо на работа . Ова е веќе сериозна тема за разговор . Не се откажувај , разговарај дали може барем по 10 часа да работи , наместо по 14 . Не е само вашиот однос во прашање , туку и неговото здравје . Прво , психички е невозможно да се издржи тоа работно време , потоа очите страдаат од компјутерот , кичмата од долго седење и ред други работи . Што ќе му е финансиска стабилност , кога ќе има здравствени проблеми ? И да земе помала плата , некако ќе успеете да излезете на крај . Што кога поголем дел од финансиите ќе ги дава на лекови , тогаш подобро ли ќе биде ? Разговарај со него на тој начин , тешко ќе биде и за него да ја смени рутината , но заедно ќе успеете . Можеби ќе тера инает на почеток , но кога подобро ќе размисли ќе види дека си во право што си загрижена и за него , па и за вашата врска .
Секогаш сум имала страв од брак. Како ли ќе се снајдам во таа улога. Особено кога бев помлада, самиот збор брак ме плашеше. Конечно сега може да кажам дека чувствувам некоја спремност да оформам фамилија, но пак не брзам. Ако се не е како што треба подобро и да си останам вака како што сум.