Најнапред мораш да се опуштиш и нема потреба од плашење. Мора да размислуваш реално, бидејки многумина го имаат твојот страв па остануваат бремени. Само опуштено и ке видиш дека е сето тоа најнормална работа која ја поминале многу жени, вклучувајки ги твоите најблиски. Позитивни мисли и се ке биде ок. Пиј си ја терапијата се додека не забремениш.
Тој страв го имаш сега бидејќи сеуште не си бремена, ама ќе видиш дека кога ќе останеш бремена сам по себе стравот ќе го снема. Во текот на бременоста не се менува само телото на жената туку и нејзините размислувања, приоритетите. Ќе се увериш самата за што ти зборувам. Бременоста е еден прекрасен период и треба да е исполнет со среќа, задоволство, љубов. За стравот нема место во тој период. Позз и што побрзо да се израдуваш со две цртички.
Ви Благодарам девојки за поддршката се надевам еден ден ќе се смеам на овие стравови и дека ќе ги дочекам тие две цртички.
И мене ми има влезено некој страв Не можам да издржам претерани болки...од сега се мислам што и како ке биде
A jas se si mislev deka sum ja pogodila temata. (ne se plasam od bremenostva ama onoi zadniot moment ) Strav od poragjaj trebase da e...ako uopce postoi takva tema