1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од височина

Дискусија во 'Психологија' започната од crnokosata, 10 ноември 2010.

  1. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    :sweat: мене ужасно ми е страв од височина и неможам да се качам повеке од втор спрат во зграда на пример и стварно незнам како да го контролирам тоа.Mе интересира тие што имаат ваков проблем како се справуваат со стравот??
     
  2. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    204
    И јас имам страв од височина, ама па не до толку да не можам да се качам повисоко од втор спрат :^) Кога сум на повисоко се трудам да не гледам надоле а и морам за нешто да се држам за да се осигурам да не паднам. :tmi: Често пати кога поминувам преку мостовине над Вардар се воздржувам да не погледнам надоле, затоа што мислам дека ќе се превртам и ќе отидам јабана, срце ме стега одма :lol:
    Ми се има случено еднаш, на Козјак незнам какоооооо, ама дечко ми убеди на една карпа да се качиме и ја главата горе ни лево, ни десно, он ме води 5 чекори направив и одма седнав, неможев повеќе затоа што ќе пукнев од страв :sweat: И си седев така ко здрвена одвај ме намоли да станам после назад да се вратам ;( Амааа пак, :!: горда сум си и толку што успев храбра да бидам и воопшто да се качам на таа карба што ми делуваше висока како Монт Еверест :$
     
  3. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Неверојатно е колку се плашам од височина , ама на пример кога сум на тераса ор самтинг, ама кога сум во авион, луѓе се чувствувам сигурно и замислете сакам да гледам низ прозор, и штом се качам во авион ако седиштето не ми е до прозор, ги замолувам луѓето да се смениме, е ај сеа како е можно :rofl: :rofl: :rofl:
     
  4. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    не се плашам нити од тераси што се на високо,нити у авион кога сум.само кога сум на рингишпил,на вртешки некои високи ееееееее тогаш се тресам незнам зашто :D :D
     
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Јас па немам страв од височина,баш ми е убаво да си гледам надолу нормално ако има за што да се држам :$
     
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    И јас го имам истиот проблем. Само тие кои што почуствувале знаат какво мачење е тоа. И за мене претставува голем проблем и вториот кат од зградата. Јас почнав со терапија за овој страв и тешко ми оди но се надевам дека во иднина ке биде подобро. Би сакала да ги споделите и вие вашите искуства и како вие се справувате со стравот.Позз и само храбро ..
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Па скоро сите се соочуваме со овој страв. :tmi:
    И јас се плашам, кога гледам од високо надолу, дланките ми се потат, целата се тресам и неможам дури убаво да го опишам тоа чувство. Знам само дека ме фаќа паника. Избегнувам да гледам од високо, дефинитивно ми е непријатно чувството.
    А како се справувам, па се обидувам да избегнувам такви ситуации, кога седам на тераса не гледам надолу, се занимавам со друго нешто и решен проблем. Само треба да имате самоконтрола, и се ќе биде во ред. :)
     
  8. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    уф тој проклет страв :( незнам што ми стана до пред едно 3 или 4 години ми се јави претходно го немав!најмногу паника ме фака кога се качувам по скали во зграда и никогаш не гледам надоле и не се потпирам до оградата,напротив секогаш одам покрај ѕидот :sweat:секогаш кога се качувам мислам ми се врти и дека ке паднам :( а за ова лек незнам дали има се е психа мислам ,и треба добра самоконтрола и позитивни мисли ама како?? :sweat:
     
  9. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Скоро секој човек стравува од висина. Но, кај некои овој страв е по изразен а некои луѓе се правуваат со него, ќе се навикнат и тоа е тоа.
    Јас некогаш имам, некогаш не. Во главно стравувам само од погледот од високо, инаку за качување не ми е проблем, ќе се искачам и на највисокиот објект што постои но кога ќе дојде време да се погледне надолу...
    Кога бев на жичарана на Водно на пример ќе си умрев од страв!
    Кабинчето се клатеше а од самиот поглед надоле почна да ми се мати пред очи.
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Еден совет до сите
    Ова се однесува до сите теми на страв
    Не си го потресувајте организмот,контролирајте ја внатрешноста.
    Не плашете се и не создавајте си страв врз работите врз кои немате никакво влијание и контрола
    Пример: страв од качување на жичарата,или во авион.Штом сте се качиле,значи вашето второ јас(внатрешниот глас) го надминал тоа,вие сте го направиле главниот чекор.Сега само за цабе си стварате стрес, напнатост,организмот не функционира како што треба...зошто?Веќе авионот полета, вие немате веќе никакво влијание,тука завршува стравот.Кога ќе успеете ова да си го ставите т.е. вржете во себе ќе ви биде полесно
    П.С. јас така успеав
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Значи ни второто јас ни првото не го надминал стравот кај мене од височина, особено авиони и некои надземни летала, не ги поднесувам и тешко дека некое јас ќе го надмине овој страв, длабоко е во мене.

    Живеам на високо, но пак тоа не е олеснување, заборавам дека сум на високо не гледајќи надоле, но како да заборавам дека летам со авион или наоѓам на повисоко место.
     
  12. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    И јас се плашам од височина :| :| кога се наоѓам на некое високо место ми се чини дека ке паднам ( и 300 други хорор филмчиња ми кружат низ глава) па дури и да има ограда! Монгу се плашам, па избегнивам височини :|
     
  13. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    Ух .. височини - мојот најголем кошмар :doh:

    како малечка, односно некаде до 15. год возраст не ми беше страв од височини - напротив :!:

    после 15. год возраст ми е страв од височини и често се прашувам што се случи со мене.. зошто...

    првиот пат кога увидов дека ми е страв од височини беше пред 4 години ,
    отидов кај стрина ми нагости, таа живее на 2ри и 3ти спрат, реков ај ке одеме на 3ти спрат, абе, накачив тоа скалите, беше што беше дојде време да си одам дома, ама никако да се симнам,неможев ни 1 скала да пречекорам, зошто незнам, седнав на скали дуууурииииииии до ѕидот се залепив и плачев плачев лии - сирото јас :lol:
    не се зафркавам.. мислев никогаш нема да се симнам за да си одам дома :!:
    тогаш ме фати стрина ми за рака а јас седејчи скала по скала па све до целта :lol:

    и сега неможам да замислам да се качам на високо место... :!:
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Немам страв од височина.

    Напротив,обожавам да сум на високо место :D Повеке би рекла дека се плашам од затворен простор но секогаш е најдобро е да се соочам со стравот и да го победам.
    Мојот сон е да скокнам од височина.Од тоа поголем адреналин нема 8)
     
  15. Boka.A

    Boka.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    10
    Немам страв од мала височина например како што е ... 3-4-5-6- и ајде 7 спрат на зграда (јас живеам во зграда) и знам како да се контролирам! Ама ајде да кажеме на висока карпа ... ух ух ух ух |( још пак да погледнам надоле аууууууу! Тоа ме понесува да се „нурнам“ во воздухот а потоа рацете на друга вселена да ми отидат! Обожавам да се искачувам на карпа ама гледање надоле НЕМА иначе јас се опијанив од височината :drunk:

    Оваа песна ме мотивира „I believe I can flyyy“! :rofl:
     
  16. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    ауф колку ми е страв од височина. Секогаш кога се наоѓам на некое високо место мислам дека ќе паднам, ми се врте, и уште мн работи ми кружат у главата
     
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Немам некој голем страв од височина.Само кога ќе погледнам надоле знам да се исплашам.Ни кога сум во авион не се плашам. :D
     
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Хмм...има моменти кога навистина се плашам од височина,но открив дека не секогаш е тоа така.
    Бев на жичарата на Водно и едноставно од страв не сакав да се качам но се решив...се зачудив од мојата храброст упорно да гледам надоле,и за чудо не ми беше страв воопшто.
    Мислам дека полека го соовладувам тој страв.
     
  19. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    и мене тоа ми е многу голем страв. Обично избегнувам да идам на високи места али некат кога треба ќе си подголтнам се обидувам да не испаничам и одвај чекам да се спуштам на земја на ниско :)
     
  20. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Порано имав како малечка. и тоа многу голем страв што се вели ако се качев на столот ми беше страв непаа.. нешто друго. :lol: ама сега веќе не. се навикнав. :|