Немам воопшто страв од височина, напротив обожавам кога се качувам на високо и обожавам да набљудувам.. некако ми се крева адреналинот се повеќе.. имам желба да пробам банџи џампинг.. се надевам ќе биде во скоро време Yeahh
Страв ми е од висина, многу и тоа, но само доколку сум на отворено. На пример во жичара не ми е страв, или ако е просторот заграден со мрежа или слично, од летање со авион не ми е страв,баш си гледав од прозор убаво ми беше. Ама нешто кога е на отворено или кога има ниска ограда на некоја тараса на високо ме фаќа паника, мислам дека ќе се онесвестам и ќе паднам. И кога некој друг се приближува повторно ми е страв и се препотувам. Неможам да гледам, очекувам секој момент дека ќе падне некој
Сосема исто како Мимс - 89 и јас. Јас дури мислам дека сама од себе ќе се фрлам, не знам како да опишам ама такво чувство имам. Еднаш дечко ми, не знаејки за мојот страв, ме зема во раце и на шала демек ќе ме фрли од тераса. Ме држеше неколку секунди во воздух, абе чинам светците дојдоа по мене, па кога почнав да врискам, голема среќа што не се помочав од страв Мразам височини.
Јас имам страв од височина,ама не до толку малко.Пример повеќе од 10 кат да ама подолу не секогаш кога ке гледам надоле од високо мислам дека терасата се навалува и ке паднам,а сум имала и многу сонови.Мојата баба живее на 12 кат и од терасата кога ке погледнам,всушност јас едвај се доближувам до терасата многу ми е страв :geek:
Премногу ми е страв И од тераси, и од авион, и од рингишпили, од се и сешто веќе Неможам никако да се справам и поради тој страв и во лифт не влагам Секогаш ми е тесно ме гуши и ми е страв од висината Им завидувам ан оние луѓе кои се спуштаат со падобран Незнам као го можат тоа Јас да сум на нивно место би умрела од страв
Јас имам страв ама само доколку нема ограда тогаш мислам дека ќе паднам. Ме фаќа некоја паника кога ќе се доближам
Здраво феминки Да се качам малце повисоко од 20м и многу ми е страв. Сакам да си размениме по некое мислење и доколку може да ми помогнете како да го надминам стравот.
Страв од висина, неможам да го дефинирам мојот страв како така. Малце повеќе се плашам од мојата трапавост. Најголема желба ми е „да скокнам од хелихоптер“ или да одам со падобран, ама да одам покрај незаградена тераса/ скали или пак да се потпрам на висока тераса ми се врти. Се сеќавам, бившиот ми живееше на 9ти, па еднаш излегов си викам, ако се доближам многу можи нема да ми се слоши зошто оградата на терасата е многу дебела па нема зошто да се плашам. Од тогаш кога и да одев и ја заклучваше вратата од терасата. А ко ќе сум на мала дистанца од оградата, немам гајле, и не се плашам од висината, трапава сум.
Секој има некој свој страв, и не треба да се срамиме од него. Јас на пример имам страв од кучиња а и од висина. Сепак стравот од висина и не е баш некој голем страв но сепак го чувствувам понекогаш. Иако сакам да го посетам Париз и да се качам највисоко на Ајфеловата Кула.. Не знам да ти кажам како да го надминеш стравот, сум немала досега некој близок случај за да те советувам. Ако мислим дека е нешто навистина „сериозно“ тогаш можеш да се посоветуваш со некој што знае повеќе од нас. Поздрав
Јас немав страв од височина откако пред некоја недела бев качен на една карпа и страв ми беше да се помрднам. Незнам зошто баш сега ми се случува тоа. А предтоа пак сум се качувал насекаде и на секакви карпи. А и оваа што се качив не беше нешто поинаква од другите.
Јас немам страв од височина уживам кога ќе бидам на високо и го гледам целиот град. Мразам затворени простори се гушам во затворен простор имам страв од лифт и одбегнувам да се возам
И јас имам страв од височина незнсм како ама многу ми е став а од глетката од авион ич не се плашам се имам возено ногу пати и ич не ми е било страв од глетката
И мене премногу ми е страв од висина,нозете ми се тресат се збркувам не знам што попрво ама гледам да не мислам на тоа велејки си 'ајде бре немаш гајле што си се исплашил ееее ако падниш од земја подалеку нема да одиш' и така некако се справувам со тоа ама сепак нема шанса на мн високо да се качувам.
Едвај од трети спрат можам надоле да гледам и тогаш се тресам..во летото 9то према 1ва го добив стравов пошто сум луда глава..Во двокатен автобус ми е страв да стојам или седам.
Исто и јас, имам стан на втори кат ми е шубе, а погоре не можам ни да замислам. Имам чувство како да ми се врти и да ме влечи надолу.
Мене не ми се врти мене ми е страв пошто сум висока и слаба да не се превртам..тој филм го имам цело време
Хаха ме насмеа сеа (ништо лично) и ме потсети на еден другар. (не би сакал да се навредиш како минатиот пат, сепак сме strangers на форум ) Играме фудбал и го прашувам: Зошто не трчаш бе? Тој (билдер): Абе брат огромен сум, мускули имам, ми е страв ако се затрчам да не паднам и не можам да станам.
Хахахајајај јас сум како пердувче. Летоска се возев на едно што се врти, и како што доаѓаме на највисоката точка гледам надоле и си викам готово летнав.Мислев ќе излетам преку шипката имаше луфта уште еден човек да седи.
Порано немав или не сум забележувала. Сега последниве години онака осеќам некоја вознемиреност ако сум некаде повисоко, не сакам баш височини.