Страв од возење

Дискусија во 'Психологија' започната од anadimitrova14, 29 јуни 2013.

  1. anadimitrova14

    anadimitrova14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Пред неколку години направив собракајка фала му на Бога сите сме здрави и живи, но после тоа имам страв од возење. К ако да го надминам тој страв ?Однапред ви благодарам.
     
  2. badgirl14

    badgirl14 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Можеби треба да се консултираш со психијатар.
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.222
    Пол:
    Женски
    Да. Најдобро е да отидеш на психијатар. Тој ќе ти помогне да го надминеш стравот.
     
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Мораш да сватиш дека стравот многу влијае, секако негативно. Како второ, и да немаш страв и да си совршен шофер, не знаеш кој се седи зад воланот во другите коли. И не е битно дали возиш ти или те возат. Пробај полека полека, по мали улички, за да се ослободиш. Вози на кратки дестинации. Ако осетиш дека не можеш застани. Но, не вози сама за да има кој да те смени.
    Го сфаќам стравот, и знам дека не е лесно тоа да се оттргне.
     
    На angelche16 и FridaKahlo им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    105.294
    Пол:
    Женски
    Ne sum imala nitu soobrakajkanitu slicen nemil nastan.Vozam i niz drzavata i von nea,ama strav postoi vo mene epten golem.
    Pogotovo koga treba da preteknam ili da se razminam so pogolemo vozilo,avtobus,kamion..
    Vaka mi e od sam pocetok ama ne se otkazuvam,vozam veke sigurno nad 10 godini.
     
  6. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    На почетокот бев многу голем паничар, токму од тие причини - да не предизвикам сообраќајка или да не дојде до некоја друга неочекувана ситуација. Но, со поддршка од блиски луѓе, со многу разговори и соочување со стравот почнав да возам и сега за сега е супер. Самодовербата ќе си дојде со тек на време, но мора да се биде храбар и да се надмине сопствениот страв.
     
    На alana95 и galapce им се допаѓа ова.
  7. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Имам ненормален страв од возење.
    Јас сум пд оние кои немаат простор за ориентација и тоа најчесто во пднос на димензиите на автомобилот, па сите улици ми се претесни, си се пуштам повеќе на лево или на десно и стално ме опоменуваат држи си ја страната а во меѓувреме они си ги стискаат палците. (fingers)
    Последниот мој неуспешен обид за држење на страна беше моментот кога требаше да свртам на лево, се поткачив на тротоарот кое нешто го забележаа околните минувачи па повеќе од срам или страв следуваше бурна реакција од мм , па од тогаш не сум се качила во кола иако добро ми идеше:D

    Ја сум антиталент за возење пред се затоа што ми е всаден исконски страв од возење без оглед дали јас возам или некој ме вози.
    Имам проблем со тоа како да го надминам, утехите од типот никој не се родил научен, со возењето ( праксата) се учиш да возиш, па потоа ти преминува во автоматизам, не ми помагаат.
    Може и проблемот што превише сум сконцентриран на сообраќајните знаци и правила што во моментот кога треба да реагирам ја се кочам и наместо да продолжам јас стојам и давам предност иако јасно како ден е дека знакот ми налага јас да се движам.
    Внимавам да не го држам телефонот во раката додека возам, си гледам на патот , брзината ја прилагодувам но реакциите( рефлексите) не ми се баш брзи, а коментарите од страна ме дестимулираат и кревам раце.
    Имам намера да се пуштам сама да возам, затоа што подршката до мене всушност ми е најостар судија.
    Немам искуство во возењето ја имам научено улицата од дома до работа и назад и тука можам сама да возам, меѓутоа на друг терен ме фаќа страв.
     
  8. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.198
    mislam deka ova voglavno se javuva zaradi vizuelizacija (zamisluvanje) na negativni raboti so mozat da se desat ako se vozis ili ako prais neso drugo
    mozokot reagira slicno(so slicni emocii) na vizuelizacii kako da se vistinski nastani, pa taka ako si zamisluvas soobrakajka 10 pati u tek na denot 10 pati ke dobies emocii kako da si pominala niz soobrakajka

    najdobro e sovetuvanje so profesionalec, kako i pozitivna/namerna kontrolirana vizuelizacija (kako se sto se desava u situacijata e super) barem 2na den (wikipedia: http://en.wikipedia.org/wiki/Classical_conditioning )
     
    На FridaKahlo, Daleron и SwanMay им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    @FridaKahlo знам дека моментално не ти се утеха советите дека се е работа на пракса, никој учен не се родил, и додека редовно седнуваш зад волан, ќе се опуштиш. Ќе увидиш дека овие работи, кога мислиш дека сите во тебе гледаат кога ќе закачиш тротоар, всушност никој не обрќа толку внимание. Сите грешиме.

    Јас мислам имаше цели две години откога земав возачка, седнував позади волан и дишеееев, ќе седев едно десет минути без да ја запалам колата. Ќе го визуализирав патот, да не ме изненади некоја раскрсница, така ќе се пребројував, од тука до таму, па десно, па две лево и ќе стигнам до таму, па тој пат ќе го обиколам оти ми е тесен...некогаш после седење десет, петнаесет минути, без да палам колата станував и си влегував дома. Не можам бре и готово, ќе добивам јас срцеви удари за едно возење. Деф тамо.
    Откако морав секој ден да возам заради работа. Ден по ден, со хипервентилации појдував, срце лупа, не знам, ама евентуално беше се помалку и помалку страшно, да стана секојдневно. По некоја година веќе ги тркав по траките за тркање на викенди, ама ако ме прашува некој, на тие е побезбедно отколку во град.

    Совет ќе ти дадам, колку почесто можеш, вози. Нека е по пат што го знаеш добро ако така си посигурна, саатнина набивај. А кога си зад волан, не слушај никој. Ако ти коментира сопатник, закани се со тресење на тротоар. Единствено правило да ти е, ако не си сигурна - чекај. Тесен ти е патот за разминување, чекај да помине колата од спротива. Ако некој зад тебе свири, нека свири, ете му пат нека иде пред тебе. Не се давај на притисокот од околината. Со време точно ќе навикнеш на димензијата од колата и ќе се провираш низ иглени уши што се вика. Исто, не фаќај здарво за готово предност. Не си сигурна, нека иде другиот прво. Тие што имаат страв се многу повнимателни и стануваат подобри шофери за разлика од арогантните кои мислат дека се подобри од масата народ на патот.

    А да, тоа од погоре, сите грешиме, има денови кога уште ми се случува да се паркирам некогаш по пет пати, мести, мести и пак на криво, и се предавам, ја оставам така. :wasntme:
     
    Последна измена: 9 февруари 2015
    На Eli23 и FridaKahlo им се допаѓа ова.
  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Јас немам страв супер ми е поготово на долги возења, ниту повраќам ни ношто, ама кога бев помалечка ми се вртеше од возење многу и пискав ама фала богу сега не :):)
     
  11. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Имам возачка од 2008 а само последнава година имам возено и тоа со присуство на мм во случај да загусти па тој да го превзеде воланот. Моментално ми се налага потреба да возам затоа што работнот место мие 30 минути од дома, па имам силен мотив да го надминам стравот баш од причина што не сакам да зависам од други или од јавни превозни средства, чија далечина од дома ми одзема време.
    Да не мора да чекам на мм или на колешката да ме превезевуаат до дуќан или на работа.


    Поопуштена сум кога возам на јавен пат или на пократки меѓуградски дестинации меѓутоа во град, во гужва ми се има случано да ми изгасне кола пред кружен тек и да не можам да си ја повратам самоконтролата. Тој ми е најтежок дел кога ме зафаќа паника и нервоза наместо да се увежбам претходно и свесно да ги исконтролирам чувствата во ситуација кога грешам.
    Секако и оние нестрпливи и нервозни возачи кои свират и те предупредуваат за секоја ситница можат да те деморализираат.
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Pa ne e ni chudno da ti e strav ako edvaj ili retko si vozila. Site se uchime duri otkako sami sedneme. Normalno e da te fakaat vakvi nervozi i paniki ako nekoj ti sviri, ili ako ti izgasnala kolata na sred pat, ama veruvaj i toa ke pomine. Izgasne li ti kolata pochni od pochetok. Ne brzaj. I bez toa za dve sekundi se diga i spushta rachna, za dve sekundi se pali kola, za tolku se pojduva. Onoj shto sviri pozadi nema da zadocni ako e staven vo pozicija da pocheka za tolku. Pa neka te zaobikoli ako mora, oti neli nekoi imaat dobieno vozachka pred da proodat i ne minele ist period na gradenje samodoverba.

    Veruvaj ke bide polesno. Eden den i na drug ke mu kazhesh isto. Samo bidi uporna i ne se davaj. A sama najubavo. Nikoj ne ti broi greshki, ne ti kazhuva shto da pravish. Sposobnosta ja imash, samo praksa malku poveke i ke se opushtish, ke dobiesh poveke samodoverba.
     
    На tinka-mace и FridaKahlo им се допаѓа ова.
  13. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски


    Едно благодарам до Имелда заради тоа што издвои време да го напишеш постот и да ми се обратиш, затоа што даде корисни совети, не збориш напамет, се ти е напишано од лично искуство и затоа што во најмала рака е охрабрувачки.


    Само да се научам да го баратам мењачот и да ја осетам колата како дише ќе биде од мене шофериште.:emo:



     
  14. Leichka

    Leichka Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    8
    Стравот е многу лоша работа, јас имам возачка од 2011 не возам многу и од таа причина кога ќе се качам во кола после дого време мене ми е многу страв, посебно ако е густ сообраќајот. Едноставно неможам да се опуштам, и ако малце ми избега концентрацијата ја одма некоја грешка правам.
     
  15. Shy&Glam

    Shy&Glam Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Како и сите вас и јас сум нов шофер. Имам положено пред неколку години, но сега купив кола и зедов неколку дополнителни часови. Додека возам со инструктор правам грешки и ми се чини дека пребрзо возам, па тој реагира да забрзам. Некако дали бидејќи се ближи времето да почнам да возам сама мене ме фаќа страв. Може ли да ми дадете некои совети како да го надминам? Благодарам.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Сите го имаат тој страв особено долку имаш направено долга пауза од положувањето, потоа е многу потешко повторно да се опуштиш во сообраќајот. Истиот проблем го имам и јас положив уште кога завршив средно и сега ми е многу тешко да се вклопам во сообраќајот. Постои тој страв од гужва во сообраќај, барем кај мене а неискусвото си го прави своето. Само со возење се навикнуваш на колата, постепено ќе научиш, немој да се демотивираш и деморализираш сите мора да почнеме од некаде,Совет од мене е возење, возење и возење и секојпат ќе бидеш подобра и со поголема самодоверба. Совет од мене е што и да се случува на патот, дали ќе ти изгаси колата, дали ќе застане некој нагло, во каква и ситуација да се наоѓаш никако да не паничиш и да не брзаш само полека и сконцентирано,
     
  17. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    I mene mi bese strav, no stom mi dadoa sluzbeno vozilo stanav profesionalec,nemaa vreme da mislat dali mozam, sakam, dali imam strav...
    A i jas isto ne go pokazuvav.(a od kamioni mbogu mi bese strav).
    Sega bas mi e lesno, ubavo, site obvrski si gi zavrsuvam, ne mi treba veke nikoj za raznesuvanje deca, taxi ne sum viknala 100godini...nema nisto poubavo od sam da se organiziras.
    Kolata e potreba posebno vo Skopje.
    Mm bese iznenaden koga posle 2 3 nedeli go vozev prv pat, (preth mu bese strav za decata, za mene, kako ke vozis sama, drn drn...), ama pocna sam da mi gi ostava klucevite, mu se svigase sto veke nema sekade da go maltretiram:?::?::clap::*:hug:.
    Stravot ke se nadmine samo so vozenje.
     
    На cresa-jagoda и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    3.635
    Пол:
    Женски
    Знаете колку се плаќа доколку сакам да земам дополнителни часови?
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    7.719
    Пол:
    Женски
    Во мојата автошкола (не во Скопје) е 1000 денари од час (сат ипол возење).
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Shy&Glam

    Shy&Glam Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Е вака, јас како нов возач имам едно прашање. Како ги совладавте паркирањето и вртењето во рикверц. Јас возам една недела и се блокирам секогаш кога треба во рикверц да ја враќам колата и засега се обидувам да избегнувам такви ситуации, но знам дека кога и да е ќе морам да го направам и тоа. Како вие се опуштивте?