За паркирање и јас не сум некој талент, ама не сум лоша. Не успевам од прва секогаш убаво да се паркирам, ама битно е да знаеш како да изманеврираш со колата и да не успееш да се наместиш како што сакаш. Паралелно избегавам, страв ми е да не ми се смее народ, а ако имам повеќе место влагам со предница па се местам со задница. За рикверц возење, само гледај ретровизори, ти ја контролираш колата и гледаш како се движи. Јас не знам да сњ снајдам ако гледам назачки со главата пример, само со ретровизор. Еве искуство од еден релативно тазе шофер
Јас во јануари треба да запишувам автошкола . До сега сум немала страв од возење , а сум возела неколку пати ( со шофер на совозачко ) , но малку ме фаќа паника што се ближи денот кога ќе треба сама да седнам во кола и да возам . Инаку , си имам проблем со менувањето на брзини . Никако не ми влегува во памет како се менуваат брзини . Знам дека се стиска на квачило / кумплунг , ама она маневрирање со менувачот .. да ме фрлиш од пенџер не го знам не ми влегува во памет никако . Знаците ги знам уште од средно ( тоа ми беше струката ) и за нив не му ја мислам многу , само ќе ги повторам пред полагањето на тестот . На мисла сум , дали воопшто да запишувам автошкола , со таа минимална паника во себе или не , а дека ќе имам потреба од автомобил и возачка , ќе имам и тоа како .
Веќе пола година откако положив редовно возам. На почетокот ми беше страв, ама преголема желба имав така да го поминав тоа со редовно вежбање. Сега секоја ден возам, а и на многу лошо место живеам, за разминување е хаос тесно и угорница, па нели таму супер поминувам за низ град на право воопшто и не ми е проблем. Е сега, има некои не знаат да се уклучат на кружен па тие повеќе можат да направат проблем. Возам автоматик, најдобрата можна одлука! Неможам да ви опишам кое олеснување е тоа за возач почетник поготово. Паралелното паркирање на полигон ми беше прелесно, е во град е друга приказна. Не сум некој преголем талент за паркирање, некои денови па ме тера малер не ме бива воопшто, а некои си паркирам од прва. Се е искуство, сега сум каде каде посигурна од пред пола година, а камо па за година-две возејќи редовно. Не се плашете толку многу, колку повеќе возите толку повеќе ќе се опуштате. И јас сум понекогаш страшливка и ми доаѓаат во глава црни сценарија ама се обидувам да ги тргнам веднаш да не ми прават непотребна паника. Нека свират, не им се замарајте, некои па се прават дека земале возачка уште пред да проодат.
Ако имаш возило, или некој познат со возило, седни и повежбај менување брзини. Нема потреба да се откажуваш само заради тоа. Возењето е пракса како и сѐ друго.
Гледај да си земиш кола автоматик чим не ти текнува на брзини. Автоматикот е D(drive) гас S(stop)кочница Немаш ни кумплук ни брзини
Искрено , и јас сум за автоматик , ама за полагањето на градска и полигон , сакала - неќела мора да научам да маневрирам со менувачот . Ај ваљда ќе ми се погоди упорен инструктор , што има живци како слон , зошто со мене ќе му се истенчат .
На градска појке од 3 та брзина нема да возиш,така да и еднаш и два и три пати да падниш еднаш ке поминиш. Јас сум за автоматик Лакше се дише
Сега видов дека и ти си ме цитирала . Имам возилото на маж ми ( иако повеќе личи на автобус ) ама не сум без ич , ќе ми заврши работа . Можеби имам вакви неосновани паники дека треба деца да возам во кола од сам почеток , па затоа и страв . Ама појасите на нив и возење по пропис .
Нормално е на почеток да имаш паника и трема. Најдобар совет е да не седнуваш да пробуваш зад волан пред да почниш автошкола. Пошто автошколата и инструкторот ќе ти објаснат чекор по чекор аи имаат и дупли команди па и да ти изгасни таа ќе задржи за да тргниш или ќе прикочи дур не фатиш ритам. Ако возиш сама и некој со тебе совозач ќе имаш баѓи нервоза пошто тој ќе гледа колата да не се оштети дур фатиш ритам на куплунг па дупки не избегна хаха. Не се само сообраќајни знаци туку имаш и правила и прописи. Прашања за сите моторни возила има преемногу од нив само 636 се за "Б". На тестот немаш само знаци имаш и дво смислени прашања на една иста слика која се повторува т.е една слика а различни 2-3 прашања. За менувачот е лесно посебно ако е прецизен да нема луфта. Дизелите тргаат и без туража само пушташ куплунг. Не ти препорачувам на почеток автоматик пошто за него нема филозофија, возиси рачен се додека не го совладаш бидеќи утре можи негде да добијаш службена кола или ќе ти речи земија колата моја и појди таму и таму а колата има мануелен. Од аспект на појаси и прописи таа фора само на почеток ќе ја правиш после ко ќе навлезиш само пред полиција ќе ставаш појас хаха. Среќно.
Искрено , ова со подучување пред автошкола и другарка една ми го спомна што положи пред половина година , и таа учеше со брат и прво , и вика најдобро е со инструктор да си учиш , зошто јас се научив на среде пат да си возам и а нема коли јас оп на среде лента ни лево ни десно . Се намачи инструкторот додека ме научи да возам во моја лента . Околу прашањата , знам дека ги има многу и некои се доста комплицирани , јас ги учев еднаш кога се имав натокмено да полагам ( ама забременив , па се одложи тоа ) , а и сега скоро золва ми полагаше , па и со неа ги учев пак , затоа ги знам горе долу . За појасот , искрено јас сум за тоа да биде редовно на мене и сопатниците , најмногу заради лична безбедност . Еве не мора за низ градов , ама преферирам појас кога патувам во друг град . Е сега не знам можеби ќе ми досади кога ќе бидам шофер , не велам не . Инаку , решена сум за почетна кола да си купам некоја крш , и да ја удрам да не жалам . Золва ми купи кола од 6000€ и по две недели направи сообраќајка . Се изеде жива што ја удрила . Не сакам да губам нерви за кола , искрено , затоа би зела некоја стара кола , и да ја удрам да не се јадам себе си . На крајот на краиштата , цел живот е пред мене , имам време за убава кола . Е сега од старите коли тешко да постои автоматик , затоа најверојатно ќе си заглавам со мануелен менувач .
Ima nekoj shto nadminal strav od vozenje? Kako na primer prvo imal soobrakjajna nezgoda ili soobrakjajna nesrekja i imal strav od vozenje i potoa go nadminal stravot?
Здраво на сите. Имам возачка веќе 4 години ама немам никаква желба за возење имам некој внатрешен немир и страв дека немам доволна концентрација и дека ќе направам нешто погрешно, а многу ми е потребно да знам да возам. Ве молам за совет и помош
Само тренинг, ништо друго. Касно навечер или недела попладне кога нема никој по улици ќе си цепаш. Возењето ти е всушност исто како постигнување muscle memory, треба време за да дојдеш до тоа, а без активно возење нема начин да го постигнеш.
Искрено незнам од каде ми е толку голем стравот, како помала немав до толку страв ама со текот на годините се повеќе имам. Кога треба да патувам јас сум напната а додека се возам имам и главоболка постојано макар и 100 км да треба да се возам мене тоа ми е товар. Пред десетина години брат ми на пешачки добро го поткачија и за среќа освен ногата во лангета две недели, тој ми е жив и здрав , ама кај мене стравот е преголем а тој мака си нема, дури додека возеше автошкола по вина на инструкторот имаа собракајна незгода. Мене тоа да ми се има случено најверојатно ни во кола нема да седнам повеќе а не па да возам .