Пробав да најдам слична тема ама немаше.Ако темава е несоодветна слободно канта. Мојот проблем е во тоа што се плашам да се впуштам во врска.До пред некое време го игнорирав овој проблем но,сфатив дека тој е тука и морам да го решам.Сега сум во период во кој се започнуваат сериозни врски,а јас едноставно не сум спремна ни за несериозна врска.Ми пречи голема блискост со друга личност пред се интимна,сите мои состаноци завршувале со дадено не од моја страна.Најчесто изговори ми биле:не се вклопува во моите стандарди,премногу се наметнува уште од првиот состанок,нема да издржам.Се чувствувам како да сум од друга планета затоашто моите пријатели го немаат овој проблем.Накратко сум се научила се во животот сама да постигнувам,не сакам никој да се постави над мене,не сум спремна да го посветам моето време на некој.Се плашам дека во иднина овој проблем ќе порасне,во моментов ми се допаѓа едно момче но,ми е страв дека поради овај проблем ќе го изгубам. Дали и вие сте имале вакво чувство? Како сте го надминале? Девојки ве молам за помош...
Биди каква што си, и јас мразам некој да се поставува над мене- затоа и не дозволувам некој да се поставува над мене. Не сум во возраст кога почнуваат сериозни врски, но да, многу сум вознемирена кога некој ми нуди "врска". Како и да е, ако навистина го сакаш, нема од што да се плашиш. Не земај се' при срце и ќе нема што да изгубиш.
Кој тоа ви кажува приказни дека во врска некој се поставува над тебе ? Во кој смисол - конторлирање, забрани и слични детски работи? Поставување „над мене“, буквално ме потсеќа единствено на поза при сексуален акт и ми звучи смешно кога го кажувам на глас, иако не негирам дека постојат такви во РЛ, но сепак ретко се карактеристични за оформена и зрела личност која знае што со себе. И јас сум самостојна, сите нешта кои ми се важни и ме исполнуваат се трудам да ги постигнам сама и среќна сум за тоа, но среќата споделена со човекот кој ти значи најмногу на светот е двојно поголема - колку и да е клише или не, вистина е. Не знам зошто си створила толку голема одбивност кон било каква врска; мислам дека премногу си ја оптеретуваш главата со непотребни мисли, опушти се малку и полесно ќе го надминеш тоа кое ти се шета низ глава.
Ако под ова „поставување над мене“ подразбираш контролирање и забрани тогаш проблемот е во тебе. Како може некој да те контролира и да ти забранува ако ти не му дозволиш да го прави тоа? Најверојатно имаш лошо искуство во минатото или гледаш пред тебе примери со такво „поставување над мене“. АМА, само претпоставувам. Може и не сум во право, незнам. Од напишаното, ми се чини дека кога одиш на состанок, одиш за да му најдеш некоја маана на детето. Не се трудиш да го запознаеш, да ги видиш убавите страни, целиш само кон тоа. И после: „не се вклопува во мои стандарди“ или „премногу се наметнува“. Значи, следен пат излези со помисла дека овој пат, овој проблем нема да ти е пречка. Оди малце против себе, пробај, не губиш ништо.
Погрешно сте ме разбрале за поимот "поставување над мене",со тоа сакав да кажам како би се однесувал.Пр изјави од типот ти си женско препуштими го ова на мене или правењето работи како давање палто да не смрзнам и сл.Не можам да го поднесам тоа.Во секој случај благодарам за советите.
А досега си имала врска/врски? Пред се колку години имаш? Дали до ова дошло зошто си била повредена од претходна врска? Мора да има некоја позадина за овој твој проблем!!
Не сфаќам како типот би се поставил над тебе ако ти понуди палто за да не смрзнеш и верувај не звучи така страшно до таа мера до која си преувеличила ти самата, @SeaMermaid.
Јухууу и јас исто така еднаш купив црна чоколада најлепше жеље,ја поделив и си јадевме ко прасиња Инаку после тоа ни стана рутина,на секое искачање таа чоколада,good old times
@SeaMermaid веројатно погрешно се изрази, потполно те разбирам зашто и јас го имам истиот проблем, во последниве 2-3 години почнав да го забележувам. Имам 20 години и не сум имала ниту една подолга и посериозна врска. Да не речам и дека воопшто сум немала. Убаво ми е првите 2 недели и толку. После чувствувам одбивност и во се што ќе направи барам нешто погрешно. Особено ако ми угодува и ако видам дека сака нешто посериозно, ме плаши помислата дека сака да ми биде близок. Исто е и со оние кои поладно се однесуваат, имам некое чувство како да сака да ме искористи или дека ме гледа како авантура, а јас не сакам зашто со сите досега било само авантура и ништо повеќе. Не знам зошто не можам да се опуштам со никој, а сакам. Стварно е голем проблем иако може така не изгледа, дури и со никого немам зборено на оваа тема зашто мислев дека сум единствена која го има.
Јас знам дека ова може да биде фрустрирачко и навистина некому да му претставува проблем, но убедена сум дека сè е во вашата глава, колку и да се обидувате да негирате. Премногу анализирате небитни работи, си влевате премногу непотребен страв со тоа „што би било кога би било“ и пропуштате ситници кои верувале или не, можат да ве направат среќни без некоја посебна причина. Живеам за да сакам и да бидам сакана од мојот љубен и многу ми е слатко кога несвесно се грижи за мене - ми подава џемпер кога гледа дека ми е ладно, ме заштитува припивајќи ме до него кога се движиме низ гужва, за да не случајно добијам ненадеен лакт во ребро. Не гледам тука никаква понизност со тоа што е „посилен“ пол, поддржувам феминизам, но сметам дека е апсурдно да се бара влакно во јајце до толку, посебно пак во такви нешта како љубовта.
Се додека не си спремна своето време да го посветиш на друг, не си спремна за врска. Па и за било каков однос со некого ти е потребно време и заеднички моменти. Што знам, можеби до сега не си му дала прилика на некого да го запознаеш па да сфатиш дека би поминувала време со него. Никој не вели дека после првиот состанок мора да се направи нешто. Дај си време да запознаваш луѓе и да им даваш шанси. Можеби ќе сфатиш дека ти е интересно со некого и дека сакаш да поминуваш време со некого. Тоа со палтото искрено многу ме насмеа. Јас сум многу среќна што сум запознала момци кои кога ми било ладно ми го понудиле своето палто, па еден дури и кошулата ја соблече и остана по веш маица. Тоа значи дека се грижи за тебе, но не и дека се става над тебе. Што знам можеби ние помладите генерации не сме навикнати на каваљерски однос од момците, па ни е чудно дури и давање на палто.
@SeaMermaid и @Eveline Потполно ве разбирам девојки, тоа е период од животот кога си премногу разочаран од некои нешта или пак сосема други причина те прават тврда недопирлива или нечуствителна, можеби и сте имале претходно некоја љубов, сте љубеле силно но сте загубиле. Не плашете се воопшто, ќе видете дека со тек на време коцките ќе ви се наместат. Ќе запознаете човек кој нема да верувате дека сите овие кажани зборови и проживеани чуства ќе ги заборавите и ќе ви бидат доста чудни. Ќе видите дека постои неизмерна и искрена љубов и за вас, можеби сеуште не сте наишле на правиот човек што ќе ви го забрза пулсот на срцето, спокојот на душата и пеперутките во стомакот, но верувајте дека постојат. Ова ви го кажувам бидејки знам и ве разбирам како се чуствувате и знам дека ова чуство е еден менлив период од некоја заблуда или разочараност. Ќе ви посочам уште еден совет, пред да напуштите туку така некој човек размислете два пати, не избрзувајте секогаш во одлуките и дајте си прво самите себеси шанса за нов почеток па потоа и нему, дајте си шанса да се запознаете подобро, и да почуствувате некоја емоција. Не се откажувајте туку така, борете се и живејте си го животот онака како што вие сакате, ќе видите дека правиот човек ќе ви дојде и кога најмалку очекувате ќе легнувате со неговата помисла и ќе се будите, верувајте дека ќе се заљубите....дајте му време на времето и на вашите емоции. Советот ми беше доста љубовен и емотивен . Секое добро!
@SeaMermaid нема од што да ти е страв нема да те изеде дечкото впушти се во врска ќе видиш се ќе е добро и убаво на почетокот и јас бев таква но со тек на време надминавв се Ако не си сега спремна кога ќе си спремна Секое добро
И после зошто веќе немало џентлмени. Па нема... и тоа им го најдовте како мана на мажите... ех што ти е женски ум Камо сите да слекуваа палта кога на женското му студи и слично. Ние сме принцези, бе... за нас треба да се направи СЕ!!! Бек ту д топик.... колку години имаш? Вака ми се чини по пишаното како да си тинејџерка, па затоа имаш вакви мисли... ама ако си повозрасна, размисли малку поубаво. Викаат оние што премногу пребираат и ги оддалечуваат сите што ќе им се приближат, на крајот можат да завршат и сами... или да завршат со најбезвезниот
И јас бев таква како помлада, и голема грешка ми беше што мислев дека нешто не е во ред со мене, па за да се вклопам речиси со сила туркав една врска затоа што нели годинките си ги имам и не можам да бегам од сите. Треба да се почека, да се види, да се истраи...како да не. Ќе се појави човек со кој нема да се чувствувате така, и нема потреба да се силите во врски само затоа што мислите дека така треба. Не ви е добро, не се чувствувате пријатно, ви сметаат ситници макар биле слични како нудење палто, па што? Тоа сте вие и нема зошто да бегате од себе. Нема ништо лошо да работите на себе таму каде што мислите дека има потреба, ама тотално да се менувате затоа што многу други врски ви изгледаат понормални од она што вие го нудите и очекувате, стварно нема потреба. 20 години не се многу за да се замислиш дека имаш проблем. Терајте си така без проблем, сама ќе се јави потребата за близина кон некого.
Ама види @Bridget, никој не им рече на девојките да се сменат или на сила да останат со некој кој не е ниту малку од она кое им треба, туку малку да се опуштат за да видат што и како понатаму. Првиот впечаток ретко се случува да нè излаже, но сепак постои веројатноста, од Х причини да биде погрешен. Еве, јас на пример не сакам да ми делат „мачкасти“ комплименти; смешно ми е кога некој ќе ми убаци некое „лелеее, многу си згодна“, „мачкице, јао ... преубава си девојко“ и сл. И смешно или не, кога излегов на прв дејт со дечко ми, ми рече: „Изгледаш прекрасно, преубава си.“ Малку ме однесоа нозете назад во првите пет минути , но си реков да не претерувам и седнавме на пијачка. Кога разврзавме разнолики муабети и кога отприлика видов на која бранова должина се наоѓа, си реков дека и не било толку страшно некој понекогаш да ми рече дека изгледам прекрасно, рецимо. Mуабетот ми беше, првата помисла за некој кој ќе се понуди да ѝ даде палто за да не ѝ студи или да начне некој рендом муабет со неа, нека не ѝ биде „леле, овој сака да ме легне“ или „види простак“. Нека види што сака да каже авторот, ако ѝ се допадне - гоу фор ит, ако смета дека не се на иста фреквенција - чао, пријатно и крај на приказната.
Не се оптоварувај со тоа. Ќе си дојде само по себе. Ако некој ти се допадне, не се плаши, дозволи му да влезе во твојот живот, можеби ќе ти се допадне тоа. Ако досега си немала врска, а претпоставувам си немала заради ваквиот твој став, значи не знаеш како е тоа, како ќе ти биде, како ќе се чувствуваш. Врската може да биде една интересна авантура. Верувам дека еден ден ќе најдеш таков кој ќе го разбере твоето мислење и ќе имате стабилна врска без тој да биде над тебе како што викаш. Се во свое време.
Да имате по 30, 35 години па да се оптоварувате дали е се во ред со Вас, ама на 20 и некоја нека не Ве мачат тие мислачки. Според мене дури е подобро да не ,,шарате,, од еден на друг, туку да имате некои свои стандарди и принципи па да си бирате што е за Вас и со кого не си парирате. Ми делуваш како неопшутена и затоа ти се чини така Полека...смирено...не значи дека пиење кафесо некого или излегување на мирно место ќе заврши со врска... Не ги буткај луѓето од себе.. Остави да се покажат
Здраво девојки, би сакала да побарам совет од вас (се надевам дека не сум ја погрешила темата) Имам 15 години и веќе долго време сум заљубена во едно момче (околу 1 година) пред неколку дена неговите пријатели ми кажаа дека и тој го чувствувал истото кон мене. Утрово јас бев со другарките низ маалото и го сретнав, потоа ме прашуваше дали имам дечко и слични работи... и потоа кога се вратив дома ми пишал порака дали сакам да бидам во врска со него. Навистина не знам што да му вратам, а и на овие години некако имам страв од врска. Ве молам за совет!