1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од летање (Аерофобија)

Дискусија во 'Психологија' започната од Anajirile, 17 април 2017.

  1. Anajirile

    Anajirile Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2017
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.179
    Hello :)

    Барам совет од вас, доколу некој има слична фобија ко мојата. Јас имам аерофобија и кога летам, не знам како да го опишам чувството...хорор! Но истото ми се случува и кога некој мој близок лета. Барам разни информации по интернет, мислејќи дека ќе најдам некаква утеха и дека ќе ми биде по лесно ако знам каде им прават технички преглед на авионите!!! Утре лета маж ми за Белгија, а јас денес купив диазепам за да се смирам! Совет? Фала ви

    Модератор: Ве замолуваме да пишувате на кирилица. :)
     
    Последна измена од модератор: 17 април 2017
  2. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Ќе ја живнам темава. Страв од летање, ама не од Ерика Јонг, туку нешто со кое морам да се соочам и ми ствара анксиозност. Имам летано три пати, секогаш пропратено со анксиозност и панични напади. Дали некој се има ослободено од овој страв и како? Зборувам за екстремна фобија. Секој совет е добредојден. :)
     
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Чекај имаш време, јас после четврт или петти пат се ослободив:) Дури седнав до прозор да си гледам и уживам. Едноставно мисли како ќе си поминеш најубаво, каде и да одиш. Јас обично апче земав, ама после ништо. Некако само од себе, стравот исчезна.
     
    На Idedemja и PurpleMind им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    И јас се плашев... Можеби не до тој степен на фобија, но помислата на летање со авион ми беше доста непријатна и долго време избегнував да летам. Се' до тој ден кога ми беше неизбежно, ако може така да се каже. Службено патување... Решив повеќе да не се кријам и да се соочам со стравот.
    Искрено, тоа што го довживев не беше ни одблизу толку страшно и непријатно како мојата фантазија. Напротив, убаво искуство.
    Се' додека човек не се соочи со стравот, не може да знае колку апсурден може да биде тој.
     
    На Idedemja и PurpleMind им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Чаре ти е само да користиш надземен транспорт по можност. За да не се тероризираш себеси бидејќи од стрес се се добива. Инаку авиотранспортот е најбезбеден од сите. Поголема е веројатноста да не мавне кола додека одиме пеш од тоа да нашиот авион се сруши. И гледај случајност, 99% од авионските несреќи се случиле кога во нив имало фудбалери, председатели најчесто, важни личности и слично. Многу ретко се случува да се урне авион со патници кои се луѓе без некое големо значење во општеството. Од која причина тоа е така логично дека е намерно. Во фамозниот несреќен лет МХ370 пред некоја година повеќето патници биле научници.
     
  6. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Исто, буквално исто. Сега кога ќе сум до прозор па тоа ми е посебна радост, моб. во рака сликам и уживам:inlove:
    @PurpleMind мене најмногу ми помага кога сум добро наспана пред лет, ако не сум побрзо ме фаќа тоа некое непријатно чувство, друго размислувај колку ќе уживаш таму каде што патуваш, исто земи си книга читај или читај ги списанијата што ги имаат во седиштата имаат интересни репортажи. Ако си на подолг лет можеш и некое филмче да изгледаш, со тек на време поминува паниката, ама најискрено ни еден лет од сега не ми поминал без малце да се сепнам кога полетува, а можда над 100 лета имам досега, така да не се грижи за непријатностите само научи да контролираш да не те обземаат тие чувства цел лет.
     
    На GrimTheReaper и PurpleMind им се допаѓа ова.
  7. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Е тоа, полетувањето ми е најгадно. После сум укочена со саати додека летам затоа што знам колку високо сум позиционирана.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Ќе научиш по некое време да се исклучиш од тоа сознание колку си високо, а те плаши, мене дополнително ме опушта кога ќе погледнам наоколу опуштени патници, кој спие, кој чита, некако поутешително ми е така. Па ако се погоди некое детенце пред мене и гледа преку процепите на седиштата во мене си се смееме обострано:) Се е до мислите, само контрола и поминува, кога ќе надојдат само замени ги со некои поубави мисли и се решава проблемот.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.