Страв од магија и негативни особи

Дискусија во 'Психологија' започната од Okean, 28 ноември 2011.

  1. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Имам проблем веќе 7 години , луѓето кои што ги бие глас дека прават лоши работи и ако стапам во контакт со нив јас полудувам ,навика ми е ако ги измијам рацете мислам дека ќе го избришам нивното зло,во контакт со такви луѓе јас цела се перам мијам ,бањам ,мијам се наоколу,па и детето и мажот ,од секојдневно перење на патики ,телефони ,клучеви и се што е секојдневие,сум стигнала до степен на скренување,али се уште сум жива до кога не знам,а знам дека долго вака не терам.Проблемот ме прави нервозна ,напната ме одалечува од сите што ги сакам.За свои години изгледам постаро ,а сето тоа се должи од тие нервози.Значи 7 години се во прашање до сега никој и ништо не ми помогнало и мислам дека таква и ќе умрам затоа што ми е длабоко навлезено во психата.Мислам дека маж ми ќе ме остави затоа што сум нон стоп негативна ,ако он комуницирал со некој таков ,и сака после тоа да ми се доближи јас од бес полудувам и избувнува кавга тоа е 99,9% наше секојдневие ,никој не сака да живее со намќор,избегавам дружење да ми доаѓаат и да одам,ептен се однесувам изолирано .Иако сум свесна што правам јас немам сила да го искоренам тоа, јас едноставно збеснувам до фаза на кршење и тепање .Ве молам за совет и ако знам дека проблемот лежи во мојата глава како што вика мајка ми!
     
  2. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Значи ако можеш да помогнеш помогни ,ако не не одмагај,за празни муабети не си го троши времето,на никој не знаеш како му е додека не се ставиш во негова кожа ,можеби тебе ти е смешно,зашто ти личам на изрод ,а и можеби сум ,но јас ова го сматрам за сериозен проблем и се плашам!Некои работи во животот ги правиш иако ги знаеш последиците ,таа постапка ти е прашање без одговор!
     
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Навистина е глупо на овој начин да се шегувате,мислам жената само добронамерно побара совет,нема потреба од потсмевање.

    Ова ми личи на некој вид на фобија и ако е фобија тогаш не е до толку страшно,мислам немаш некое психичко пореметување како што мислиш.

    За почеток би те посоветувала да не мислиш на тоа или барем да пробаш да не мислиш.Едноставно секогаш кога ќе ти се појави такво чувство повторувај си дека се е во твојата глава.Не дозволувај овој проблем или фобија да те победи,да ти го уништи бракот или да се нервираш поради тоа.Фокусирај се на други работи,излегувај,запознавај нови луѓе.Немој да седиш затворена затоа што се повеќе ќе се замараш со тоа и ќе биде тешко.Не е крај на светот,не си луда туку само си замислуваш работи.

    Ако пак не осетиш подобрување најдобро е да отидеш на разговор кај психолог,затоа што стручно лице ќе знае како да ти помогне.Нема ништо срамно во одењето на психолог а може многу да ти помогне.
    Се надевам дека ќе ти стане подобро.
     
    На Idealist-ka, srcekrsacka, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.538
    Не се потсмевам. Мене ми е глупаво кога некој има проблем од ваков калибар (да, очигледно огромен проблем е), да бара решение на форум. Во најмала рака е неодговорно, затоа што и семејството и е директно погодено од истиот.

    Со терапија се лечи ова, не со киснење на нет.
     
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    18.497
    Значи ако некој побара помош на форумов уште пред да праша можи и ќотек да добие .
    Настрана д аги тргниме маѓиите и куп други страња но во кожата ли и сме па да знаеме како се чувствува ,колку и е тешко лесно е одма да се кажи дека е глупава дека е забегана , очигледно е многу потешко да се даде совет и да се помогне ....и уште ке се правиме некопи јаки цури по другите теми КОЛКУ се сакаме како фоумџики колку ни се мили некои Ф. колку сакаме да помогнеме АМА тоа само во ОДРЕДЕНИ теми не во сите ....во тие кај што треба да се помогни веднаш друго лице покажуваме .....
     
    На DeMelo и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    628
    Значи ништо нема да ти се случи ако не паничиш и не ги миеш рацете само за да ги тргнеш нивните зла (а чии уствари? имаш ли некој во близина на кого му се случило нешто слично од што ти се плашиш?мислам,од каде тој страв и таа непотребна паника?).
    Мораш самата да пробаш да си помогнеш,немој да продолжуваш со тоа да переш патики и алишта секој ден само поради страв,и ќе видиш дека нема ништо да се случи.Погледни ги сите околу тебе,зарем и тие го прават тоа?Не,а сепак се нормални и не мислат дека постојат луѓе кои ќе им направат магија.
    Зборувај со психолог,мислам дека многу ќе ти помогне за да го искорениш тој непотребен страв.

    Добро бе,ако некој има страв од било што или нешто што ги преминува границите на нормалното не треба да седи на интернет и да разговара за тоа? |(
    Мора да е директ кај психијатар?Аман од вакви мудрувања низ форумов.
    Не секоја тема е за иронија и сарказам.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Јас до сега пишав 2 одговори ,ама ми ги нема не е битно.Ова почна да ми се случува после погрбот на дедо ми 2004 година ,светот ми беше под нозе само кога го родив детето,тоа траеше кратко,имам функција добра каде што ми поминале дипломатски кадри,во кои и психолози,на приватен разговор сме воделе разговори ,но сум добивала очекуван одговор.имам факултет,работам добра работа ,имам семејство,возам кола самостална сум си ,непијам кафе ,не пушам цигари,но ете имам некој порок како што си го викам јас ,ама за сите пороци има лек ,само за мојот изгледа не!
     
  8. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Абе жено оди на психијатар!
    А ти да пробаш да не ги мијеш рацете мислам(нормало декка ке ги измијеш) ама некако контра работи и немора секој ден да переш патики баш таа ден не пери и што ке се случи?Овде нема многу да најдеш помош затоа оди на лекар.
    А за каков пророк зборуваш :^) МИслам што те прогонува објасни малку :| Или пак јас не разбирам :lol:
    Сори за двете мислења што ги пишав едно подруго
     
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.538
    Moментот е што иако сите се направивте паметни и фини, на крај сите ја испративте девојката на психијатар. Тоа беше и мојот совет, само без филозофии. :)

    Никој не ја нарече нити глупава, нити луда. Ама факт е дека има проблем, а освен ако некоја од вас го доживеала истото, па може да и даде совет како да го преброди тоа, не гледам друго решение освен тоа што и го советувавте сите - стручна помош.

    И да, пасивно - агресивно обраќање is so last season.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    Психијатар.

    Без зафрканција. Сериозно е ова. Нарушување на психа и мир. Се чудам како си издржала толку време под стрес, али реагирај додека има време.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    9.258
    Допаѓања:
    119.663
    Ова е OCD со фобија,мораш да одиш на психијатар.Ќе ти даде соодветна терапија,а и убаво е и на психотерапија да отидеш каде низ вежби ќе научиш како да се контролираш,а и ќе ти ја поврати желбата за позитива и исполнет живот.
    Очигледно ти си во зачаран круг. Ниту е смешно,ниту е за занемарување,можам само да замислам колку ти го отежнува животот. Мислиш дека ако не ги направиш ритуалите(перење,миење,средување,што и да правиш) ќе се случи нешто лошо.Еве за почеток,дур да отидеш да побараш помош,пробај секогаш кога ќе те нападне идејата,да размислуваш за работа која те исполнува,пробај да се мотивираш длабоко од себе и да ги насочиш мислите во друга насока или смени го ова опсесивно однесување во друго нешто.Почни да дишиш длабоко и кога ќе помине тој напад,ќе видиш дека светот сеуште стои на своето место.
    Како и да е,кај луѓето со овој тип на проблем се препорачува некое хоби кое исполнува. Мислам дека е време да почнеш да правиш нешто што оддамна си сакала. А често пати и терапијата со читање е успешна,а бога ми танцување. Не се важни ни годините,ниту времето,почни да ја бараш смислата,зошто во спротивно ќе изгубиш многу повеќе.
    Ме заинтересира твојот јузернејм...океан.Зошто баш океан?! Јас го доживувам како продолжение на твојата личност.Зарем толку мислиш дека се бескрајни и длабоки овие проблеми?! Може да бидеш и среќно поточе бре жено! ;)
     
    На greenpeace, ines.h, Peppermint и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    628
    Во спојлер ставам работи кои се оф топик од темата,а не заради пасивно-агресивно обраќање.
    Не се направивме ниту фини ниту паметни ние,туку и кажавме два-три збора кои верувам дека и значат,а тоа што ја испративме кај стручно лице не е зашто сметаме дека е луда и дека во секој момент ќе се избања во варикина.И ако на вакви теми не се одговара и дискутира нормално па незнам тогаш зошто воопшто служи еден форум.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    15.947
    Пол:
    Женски
    Ај степајте и` се на Саја...
    Во право е девојката, само психијатар може да помогне.
    Ако малку помага, ова се симптоми на OCD at its finest помешани со параноја, што богами и не е за завидување. Обичен совет на форум не помага ама баш ич. Во вакви случаи, умот не контролира нас, а не ние него. Психијатар најубаво може да открие од кај потекнува тој страв и како на истиот може да се реагира, а претпоставував дека потекнува од смртен случај.
    Ако сега имаш 26 години, а ова трае веќе 7 години, значи те зафатило на 19, што е прилично критично со оглед на тоа што си била во „покревките“ години.
    Гледам зрела си, образована, успешна, со оформено семејство и најважно од се` - свесна за својот проблем. Нека сето тоа те поттикне да си помогнеш себеси. Може неможеш да го исконтролираш, но треба да си свесна дека во тебе лежи сета таа негатива, како што рече и самата. Луѓето кои ги допрел твојот сопруг се негативни затоа што ти ги замислуваш такви.
    Чист секојдневен пример за учење. Се случува човек се` да научи, отиде на испит, го фати стрес, се исплаши и целиот блокира што резултира со паѓање. Истото се случува и кај тебе, блокадата која поради некоја околност ја имаш во мозокот, не ти дозволува да ги гледаш работите онакви какви се, туку онакви какви што ти мислиш дека се.
    И мајка ти убаво ти рекла, се` е во главата, побарај помош од неа, разговарај со сите блиски на кои им веруваш, барем олесни си малку, па потоа со нивна помош и поддршка, побарај помош од стручно лице.
    Среќно. :)
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Значи Саја,немам ништо против тебе,те имам читано и пишуваш добри мислења но мене твојот одговор ми звучеше повеќе како сарказам и потсмевање а не како совет.

    И не се правам добра и фина туку мислам дека може барем малку од малку да и помогнеме на жената,сепак нема некоја сериозна психичка болест,да има не би ни била свесна и не би била во состојба да пишува на форумот.Па можеби некој ќе и препорача некој психолог или можеби има некој со сличен проблем.Значи совет или барем подршка би можело многу да значи.
    Има милион теми на кои може да се правиме интересни но мислам дека ова не е местото.

    Се извинувам за оф-топикот.
     
  15. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    BlackSwan5 тоа сакав и јас да кажам ,на работа сум имам малку повеќе време бев на форумите и решив и јас да пишам не губам ништо ,а иначе моите дома се најадени и ИСПРАНИ ,обврски имам 24/7 работа и детето ,ама ете тоа се бутка меѓу нас !
     
  16. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    159
    Јас не верувам ниту во магии ниту во бабини деветини. Нема потреба од тој страв. Дури и навистина некој да ти прави такви работи, или да те гледа лошо или не знам како, буквално ништо не ти може. Нас ни се има случено наша роднина што е по тие работи, ни прскаше крв в капатило. И што ни се случи? Секако дека ништо. Немој да се нервираш, ниту да им даваш значење на тие работи, оти било кој да прави, не е моќен, Господ одлучува што ќе биде со нас, никој не може да ја смени Господовата волја, па макар и да прави не знам какви магии (а таквите работи со баења и магии како што се спомнува и не знам уште како, се суеверија). Мораш да сфатиш дека никој не е совршен и поголемиот дел од луѓето што не опкружуваат секако дека им завидуваат на другите, што е редовна појава кај нас, единствено можеш со резерва да им веруваш, не прави лошо на никого, ни мисли лошо никому, а во врска со тоа дали ќе ти наштети не знам кој, ама ич да не те боли. Можеби некој завидува, или има лош поглед или негативна енергија, ама не и да ти наштети тебе и на твоето семејство. Тоа е нормална појава кај човечкиот род. Единствено не верувај во тие бабини деветини, па нема ни да го имаш тој страв. Оти ако не веруваш, нема ни за што да се плашиш. Ако ти помогне, оди в црква на неделна богослужба. Тоа ќе те смири, а ако има потреба разговарај со свештеник во врска со тие црни магии или бабини деветини, дури во нашата религија сето тоа е суеверие. Тие што прават такви суеверни работи на друг, не му наштетуваат на другиот, туку себе си. Јас искрено ти посакувам да го надминеш овој проблем, и немој да имаш комплекс на луда особа, тие работи можат да се решат, дури и сметам дека оваа ситуација нема потреба од психијатар, а тоа зависи само од самите нас. Единствено, стави си во главата дека такви работи со бајачи и бабини деветини се лага и не верувај во нив. Единствената вистина е она во нас самите, и единствено Господ има моќ над нас, а не обичниот човек. Поздрав и се најдобро.
     
  17. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    okean проблемот е вистина психички ама не до тој степен да кажеме ние тука дека ти си болна и да те пуштиме за на психијатар,твоето бегање од некативни луге и стравот од нив те прави тебе негативна,со текот на времето ти веке си станала премногу уплашена и негативна,прво мораш да се убедиш себе си дека тие луге кои направиле нешто лошо т е негативните луге не можат никако да ти наштетат ни тебе ни на твоето семејство,па макар некогаш маж ти кога е во контакт со нив,со негативните лица немаш потреба од страв и да полудуваш,зашо никој не може да натера никој на нешо шо неки,може само да го по боле глава од нив заради негативната енергија и толку :) мораш да се увериш сама себе со текот на времето дека си силна личност и дека никој не може да ви наштети . :)
    се надевам дека помогнав малку :) и девојки мн е лесно да пуштиме некој на психијатар,
     
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    Океан, се е во психата. Значи треба да се убедуваш секојдневно себеси дека тоа се глупости дека нема ништо такво, кога ке осетиш потреба да чистиш по дома бидејки си дошла во допир со такви личности игнорирај ја таа потреба наместо тоа играј си со детето, читај некоја книга, прави работи кои ке ти го одвлекуваат вниманието од тие мисли. Кога ке почувствуваш дека навлегуваш во кавга со маж ти, веднаш прекини, извини се, пробај да пиеш многу чаеви за смирување, јас мислам дека е само еден лош период кој ако сакаш можеш да го надминеш, биди свесна дека ако продолжиш така се ке ти се распадне, од семејство до работа. Се. :)
     
  19. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Јас имам разговарано со свештеник и истиот ми има кажано дека магијата постои и дека они изучувале во теологијата за неа.Истата може да направи да страдаш , да се мачиш , може да те донесе и да посегнеш да извршиш самоубиство,но не можеш да умреш од магија.Значи само да страдаш и да се мачиш!
     
  20. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Има денови кога ќе се најдам на некоја веселба ,прослава ,друштво ,али кога ќе дојдам дома јас додека не се избањам ,исперам од глава до пети,ташна и в ташна јас не можам да легнам или продожам со нешто друго,па мене дури и парите ми мирисаат на омекшивач,јас нема шанси да носам нешто 2 пати , а да не е испрано ,јас сум уморна веќе од тоа ,не моќам повеќе вака !