1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од магија и негативни особи

Дискусија во 'Психологија' започната од Okean, 28 ноември 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Океан,тој свештеник не ти направил добро,туку ти направил лошо. И како свештеник кој студирал теологија,би требало да знае дека такво нешто не постои.Ако се водиме по нашата религија,таа не признава лоши магии и слични глупости. Наместо да ти ја зајакне вербата,тој ти ја омалаксал дополнително.
    Свештеник не е стручно лице и не е никој и ништо.Немој да се залажуваш со тие глупости од вакви луѓе што доаѓаат,зошто ќе ти кажат сешто.Една е вистината,твојата состојба на умот е посилна од се,се останато само ти ја руши вољата.
    Не верувај слепо,покажи карактер и свој став,а некој си што е лева рака,десен џеб сешто ќе ти каже за да те наведе,особено кога те видел со срушен дух.Можам дури и да претпоставам што план си увртел у глава,можда и ќе се нафател егзорцизам да ти изврши за пари..,ништо не ме чуди од овој наш алчен народ.
    Не се будали,појди си на психијатар,најди си добар психолог и среди си го животот,не верувај на вакви луѓе. Не ти е ни магија,ниту ти е од негативни личности,туку е OCD која бара асален третман од стручно лице!
     
    На MSkorpionka и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Луѓе со синдром Опсесивно - компулсивно нарушување колку што имам читано и разговарано ,не се за на психијатар,за да ти се вратиши провериш неколку пати дали е исклучен бољерот ,или избегнување на линиите на тротоар, т.е. газење само во полни коцки,тоа е проблем кога човек механички ги извршува тие работи по НАВИКА ,јас кажав 7 години ,не е мал период ,сито и решето прочитано,разговарано,убедувано ,некогаш и ако ми вришти сугестијата во глава ми иде да правам работи со глава у ѕид ,во стил па што сака нека биде ,АМА НЕМАМ СИЛА ,ХРАБРОСТ ИЛИ НЕ ЗНАМ КАКО ДА КАЖАМ.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Океан,многу пошироко е значењето на опсесивно компулсивното растројство и ти реков,плус имаш и фобии. Не знам како поинаку да ти помогнеме?! Да ти потврдиме дека има црни магии и негативните луѓе ти прават нешто?! Не постојат црни магии и негативните луѓе ги има,да и не можеме против нив,сепак тоа е одраз на твојот слаб одбранбен механизам и преголема сензивитвност на нормални нешта.
    Од толку многу доктори во државава,ниту еден не се обиде да ти препише терапија?! Не си пиела таблети?! Како се одвивале терапиите?! Јас не верувам дека кренале раце од вакво нешто кое може да се стави под контрола. И како не се за на психијатар,па за каде се?! Мене ништо не ми делува како се да е правено.Мене ми делува како да сакаш,а пак не сакаш,ко да ти е супер вака,туку само сакаш да си се сожалуваш. Очигледно е дека не можеш да си самопомогнеш,има луѓе кои се одлични во регенерација од вакви работи и си правам самоанализи и се самоизвлекуваат,ти очигледно не можеш.Значи не читање и разговарање со блиските,туку психијатар човече,психијатар,па после на психолог на психотерапија.

    Не знам кон што целиш,навистина. Ако ти е полесно да веруваш во црни магии,верувај,попрскај со крстена вода по дома,запали темјан,обеси лук на врата,што повеќе да ти кажам?! Оди кај пропрочица Клеопатра и ќе ти рече има зли луѓе,ти љубоморат,затоа ти е вака и ...?! Чарето,каде е?!
     
  4. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Имаш право Lilit ,но јас сеуште не се предавам,ќе пробам се и сешто,сите коментари кои ги прочитав до сега потајно во себе имаат влијание во мојата палава глава и на поединци ви благодарам многу не беше безкорисен вашиот коментар!
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Океан, мислам дека бараш оправдувања и изговори за да го избегнеш одењето на психолог или психијатар. Во нашата средина за жал сеуште дури и кај интелектуалците постои табу дека само луѓе кои се луди или психички пореметени се за кај овие професионални профили. Сепак не е така, најчесто тие работат со луѓе кои имаат проблеми од психички карактер, а згора на се‘ само тие се единствените кои се оспособени да го најдат коренот или мотивацијата на твоево однесување, нешто што лаик и покрај најсилната и најискрена желба да ти помогне тешко дека би успеал. Бидејќи навистина опсесивно-компулзивното нарушување не бара третман доколку станува збор за прескокнување линии на тротоар, ама твојов проблем е далеку поголем од ова ќе си признаеш и самата, во крајна сметка ова не е само нешто што влијае и те засега само тебе поединечно туку негативно се рефлектира на целото твое семејство. На добар пат си со тоа што си го детектирала и признала проблемот кај себе, тоа е првиот чекор, ама ако одбиваш да побараш стручна помош, тешко дека ќе имаш било каков напредок, бидејќи 7 години навистина не се малку. Собери сила и направи го тоа што се мора - закажи разговор кај стручно лице, додека свештеникот што те убедувал во постоење на магии е за целосна осуда и постапува спротивно од ставот на нашата религија ако не ми веруваш побарај мислење од уште неколку свештеници по однос на истово ќе се увериш.
     
  6. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Не магиите, туку сознанието дека некој ти прави магии прави да страдаш. Ако ти не веруваш во нив, ако ги занемариш тие бабини деветини, тогаш нема да се плашиш. А стравот секако дека го имаш кон нешто во кое веруваш, односно во кое мислиш дека постои. Ако нешто знаеш дека не постои и дека е само измислено за перење на мозок, нема да се плашипш
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Премногу си дозволила овој `проблем` да ти влезе во главата, па сега и најмала црна негативна ситуација си ја припишуваш дека е магија.
    Факт е дека има луѓе (пред се` жени) кои прават магии. Е, сега колку се искусни, а колку е перење пари не знам.
    Но, кој прави лошо со лошо ќе му се врати - не грижи се за тоа.

    И, ако не веруваш - верувај ништо нема да ти се `фати`.
    Пробај да се опуштиш, ќе видиш дека НИШТО страшно нема да се случи.
    Немој да дозволуваш на тие нелуѓе да ти го раководат животот и да ти влијаат на истиот.

    Јас не сум за да одиш на психолог, не знам што ќе ти помогни тој ако не си помогниш самата? Ќе ти препише лекови и лековите ќе ги отераат злите магии? Или преку муабет, кој муабет можеш да го направиш со било кој!

    Значи мафни ги магиите, исто како да не постојат и немај страв!!!
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    јас мислам дека ти треба да си заказеш разговор со невропсихијатар(не е табу тема воопшто, секој оди, кога ми е тешко и јас одам) и мислам дека ке ти препише антидепресиви, малку да се смириш, оти 7 години ваква состојба богами незнам како издрзуваш, и колку повеке одлозуваш, толку е полошо за тебе :!:

    а тоа дека постојат магии постојат(факт е дека зени ги прават, бидејки мазите не се замараат со вакви работи) ако мислиш дека ти е црна магија направена, оди кај некоја гатачка/бајачка да те посоветува што да направиш за да се растури магијата, оти секакви луге постојат на светов завидливи, и пакосни за да се ситат на твојата мака и болка.

    ти посакувам се најдобро :hug:
     
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Лелее аман! |( Кави магии, какви бакрачи бре девојко? Не и е потребен бајач и не се замарајте со тие глупости, туку сите претходно кажаа каде треба да се обрати. Сега прашањето е дали Океан навистина сака да си помогне себе си и да побара стручна помош, а не да се тегне по некој гатачи.
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ако ти не веруваш во магии, незначи дека не постојат
    секој има право на свое мислење :)
     
  11. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Јас би препорачала да поработиш и тоа под хитно на твојата личност и тоа не во смисла да бараш свештеници или бели магии или било што,ако мислиш дека не ти треба стручно лице биди самата малку по стабилна.Јас имам прочитано многу книги како Моќта на потсвеста и една друга со слична содржина верувај ќе ти помогнат но само ако ти сакаш да си помогнеш.Ние веруваме во тоа што самите избираме да веруваме и не џабе е кажано,не е тешка борбата со другите,тешка е борбата со самите себе.
    Јас верувам во силите кои не ги гледаме абе има луѓе едноставно зрачат со позитивна енергија други од авион ќе приметиш дека се негативни но еве јас си замислувам еден ѕид кој го изградив околу себе и мислам дека не постои жива сила која може да ме уништи а верувам многумина сакаат поготово кога некој има буквално се во животот,работев долго време на својата личност и се убедив самата себе дека никој ништо не ми може и не велам дека е лесно ти треба време и многу мислење и размислување.Посвети малку внимание,почни од некаде и немора наеднаш се туку еве денес немој да ги миеш или переш алиштата,претпоставувам веруваш во Господ па еве прекрсти се и кажи Господ ме чува.Да не испадне тука дека проповедам сакав само да посочам нешто во што би било покорисно човек да верува значи поѕитивни работи,убеди се самата себе дека си заштитена.Мајка ми е таква што верува во такви работи но таа не се изолира напротив ако дојде некоја според неа негативна особа кај нас таа после неа ќе зачури цел стан со темјани имаш чувство дека си во црква :?:
    Многу го развлеков постот се надевам дека е од помош,незнам зошто но некако ја разбирам жената и проблемот не е едноставен се работи за психа од нас зависи кон што ја насочуваме таа психа..
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Во превод - магии постојат и проблемов ќе го решиш со муабет со било кој. Ова ти е за стварнооо со гласче од шмизла изговорено...

    Еве ти си тука во улога на решавач на проблемов и ја префрлаш топката на друг кој ја игра твојава игра и така до недоглед, каде е тука решението? Или ако беше самопомагачки проблемов мислиш дека Океан не ќе си помогнеше сите овие години?

    Грл23, проблемов не е за во наводници и под знак прашалник, сериозен е и бара извичник ако веќе се одлучиме да правиме интерпункциски аналогии. Не е ни настинка која ќе мине кај и да е, сама по себе за неколку дена, трае со години, мене ми е дури и премногу жално само што ќе замислам што се‘ не прави таа сега дома, бидејќи нема буквално мир, цело време премива нешто, преперува, се плаши 24/7, реално немаме ни претстава како и‘ е навистина и она што ќе претпоставиме не е ни делумна слика за тоа како таа се чувствува, ама никако не треба да се сфати ова несериозно и наивно. Има психијатри кои навистина постојат само за препишување цела листа антидепресиви кои тотално ќе го отупат човекот и нема да знае ни каде се наоѓа, ама има и такви кои ќе се потрудат навистина да помогнат.

    Не ми е јасно зошто ја потценувате улогата на овие луѓе, бидејќи повторувам секое психичко растројство од помал или поголем калибар е од нешто поттикнато, нешто го стартувало и предизвикало и токму тоа е коренот на проблемот и само обучен професионалец може да го најде! Не само што и натаму се гледа со одбивност на професијава од малограѓанштина, туку и се потценува нејзината конкретна вредност во решавањето на психичките проблеми кои веќе се реалност кај голем дел луѓе, но не, подобро е да се оди по линија на помал отпор, нека си трае, нека минат уште толку години или па, нека оди по гатачки тие ќе го решат проблемот, ама како - ќе ја ослободат од доста кеш тоа сигурно... Не си играјте советодавци на сериозни теми, кога е во прашање нечие здравје и животи на повеќе луѓе во случајов семејството на Океан, најдобронамерен совет.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    И јас мислам дека постојат и знам луѓе на кои им е правено. Најдувале разни работи (да не раскажувам сега). Ама ако имаш силна волја да не веруваш во нив, т.е. да не се плашиш да те `фатат` и нема да те фатат!
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Луѓе дајте бре,зар сте сериозни со магииве?! Дај ве молам не трескајте глупости,особено кога читате човек со сериозен проблем,па уште и толку дотурате сол на рана.
    Кои магии бе,ајде објаснете ми причинско последичен однос на магиите?! Како функционира тоа?! Мене стварно не ми е јасно! 21 век сме,ало! Што ви е?!
    Не постои такво нешто као магии и Грл23 во интерес на членкава те замолувам да не пишуваш повеќе сешто,особено не ти треба психолог,има магии,поразговарај со некој близок,кога очигледно не ја гледаш сериозноста на проблемот. Доволно бил тој тн свештеник што ја вознемирил,па и вие тука. Ко што гледате не помогнало тоа,што повеќе советувате сешто.
    И Батрфлај,имам прочитано такви книги,ко моќта на потсвеста и уште една друга?!Многу?! Ова ти е психологија на брзака,кака првокласна! Пордавање на магла.

    Значи,психолози и психијатри не се само за луди луѓе. Ако не знаете,има групи,кои ги води психолог,за развој на личноста и одат луѓе кои психички се здрави,но се таму за да ја унапредат својата личност и полесно да се спознаат себе си. Тоа трае со години,секој разговара за себе,за она што го мачи,за она што го прави среќен,за ситуации кои им значеле,за сонови,за се! Тоа е затворена група,која со години е истата и не се менува.Сите нејзини членови знаат за дискреција и речиси никој не зборува на околу дека оди на такво нешто,е баш од оваа затвореност за нови нешта. Кога луѓево во земјава би биле поотворени за вакви работи,многу поздрава нација би биле,место да се верува во вакви глупости. Се унапредува личноста и повеќе знае да одговори на правилен начин на своите потреби. Обично оние што студираат психологија пожелно е да го посетуваат овој начин хмм како да кажам,на себеспознавање и растеж со цел полесно да одговорат на потребите на своите идни клиенти,полесно да можат да научат за луѓето и шемите на однесување.
    Стварно е примитивно да се верува во надмоќ на некој си зол човек. Ако врзе три кончиња ќе се деси чудо,види мајката,како тоа,не ми е јасно?!
     
    На ell, bittersweet, crazyinlove19 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Океан..
    Јас нема да ти давам некакви квази дијагнози на состојба или болест. Тоа може само сертифицирано стручно лице да го направи. Мислам дека не си во безнадежна ситуација, и сакам да ти кажам дека има и други луѓе како тебе кои веруваат во магии, негативни сили, патат од необјаснет страв. Сите тие бараат различни начини да си го решат проблемот, одат на психолог, на бајачки, кај видовити, бараат помош од свети лица, се посветуваат на верата....Нешто што го кажа ми беше занимливо- Велиш дека се почнало откако починал дедо ти, знаеш и кога и како точно се случил почетокот на твоите стравови. Значи ти сама си го дефинирала веќе проблемот, сега само не можеш да најдеш начин да се соочиш со тоа. Како и да е значи си претрпела некој шок, стрес и си подлегнала на страв кој и денес те прати. Стравот е апстрактна состојба, состојба на умот. Можеш да дозволиш да те води или можеш да му се спротивставиш. Но за да се соочиш со стравот мора да знаеш точно од што се плашиш: Од човек, од предмет, од некоја ситуација, од минатото, од иднината? Се плашиш дека нешто лошо може да ти се случи ако те допре или контактира негативна особа, некој кој ти мисли лошо и сака да ти биде лошо. Ако почнеш така, во секој втор ќе гледаш потенцијален непријател, ништо чудно што се изолираш, ти не бегаш од луѓето туку од можноста некој да ти наштети. Во многу вакви случаи има еден сосема спротивен метод на решавање на проблемов, не со бегање, со хоби што ќе те спречи да мислиш на стравот, со додатни обврски.. туку чисто со соочување очи во очи со твојот најголем страв. Ако се плашиш од комшијата што може да те сретне на улица и да ти фрли негативна енергија или посака нешто лошо, ти не го одбегнувај, туку помини до него погледни го право во очи и покажи му дека си посилна од него зошто си подобра, помудра, посреќна. Доброто секогаш преовладува, ако ти треба сила и дополнителна верба во твојата среќа, добрина и моќ, секогаш можеш да свратиш до црква и да се ослободиш духовно. А потоа можеш и да побараш помош од психолог.
     
  16. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94

    Не се предавај, ама не мораш да пробуваш се и сешто, убаво ти потенцирала мајка ти, цел проблем е од твојата психа, а не во магија или негативна енергија. Во магија не ни верувај, во Бог да , а негативната енергија произлегува од причина што се преоптоваруваш со непотребни т.н. проблеми (да не ти ги цитирам :) Значи започнало од 2004 од погребот на дедо ти, може страшно те погодила смртта на блискиот па од таа причина па и наваму како се ределе ситуациите, паранојата во тебе раснела, а моменталната состојба во тебе те направила тоа што си сега - параноична особа, депресија или анкциозност, или незнам што не сум стручно лице.

    Чим си се обратила на сајтов, свесно реагираш, сакаш да си помогнеш на себе и САМО САМА МОЖЕШ! Секој ден переш алишта од што? Каков страв? Па пробај да заспиеш, без тоа да го направиш. Смени нешто (по 7 години) , внеси ново во животот,не само кај тебе туку и кај тие околу тебе .....
    Имаш факултет, работиш добра работа (знак ? за секоја жена) , имаш семејство(прекрасно), возиш кола ( некој не е во состојба поради х причини) самостојна си , така велиш, но има жени кои го немаат ни тоа задоволство, самостојно, право на збор во семејната заедница, а работат како домаќинки или слугуваат, а се малтретирани и дискриминирани бескрајно од мажот.
    Млада си, размисли си ШТО те прави среќна, а не 24/7 негатива, каде се пријателките, колешките има полно теми на разговор да ги исфрлиш мислите.

    Цитирам: „Има денови кога ќе се најдам на некоја веселба ,прослава ,друштво ,али кога ќе дојдам дома јас додека не се избањам ,исперам од глава до пети,ташна и в ташна јас не можам да легнам или продожам со нешто друго". Зошто не се препуштиш на сопругот, уживајте во интимноста, а не трчај по машината за перење.
    Пробај секое утро по спиење погледни се во огледало и насмевни се, речи си: Јас сум среќна и се сакам себе си.
    Магиите ги измислил човекот, а Бога не учи на друго ( 10 Божји заповеди), а свештеникот е човек, не го полни мозокот со такви информации, гледаш до кај те доведоа.
    Незнам дали психијатар би ти помогнал и чинам напиша и самата дека си разговарала со стручни лица, ти си знаеш дали состојбата ти е до тој степен.
    ХАХАХАХА, ако постојат, тогаш и каменот ќе лета ,а ако лета и јас ќе верувам дека постојат магии.
    Поголема глупост не постои од Човековата!!!
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Гледај ја серијата Монк и ќе сфатиш за што зборуваш цело време. И главниот лик таму страда од овој синдром и оди на терапија. Коренот во неговото растројство е смртта на сопругата. Твоите корени се во смртта на дедо ти. Не се навредувај, но мораш под итно да одиш на психијатар инаку не можеш нормално да функционираш во животот.
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    А зошто до сега не си отишла на психијатар?
    Ако си сакала да се ослободиш од овој проблем си требало уште одамна да го направиш тоа.
    Работата е во тоа што СЕ е во твојата глава, а психијатарот преку разговор ќе ти помогне да сфатиш дека тоа од што се плашиш не постои.
    Ќе видиш, ќе ти се смени животот за 100%.

    Или те плаши зборот „психијатар“?
    Нема потреба од тоа, сите ние понекогаш имаме потреба од професинална помош, и баш треба да си среќна што знаеш дека има некој што може да ти помогне. Оди кај него веднаш, и стави и крај на оваа опсесија која постои само во твоето главче.

    Ехххх... сум имала и јас некои слични бубачки во глава... Ама ги совладав со разумот ;)
     
  19. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Јас се ежам од помислата на луѓето кои се занимаваат со такви работи,а не па да одам по гатачи,тогаш ни машината на 95 не ме пере ,можам да умрам од лудило,Монк серијата сум ја гледала и ја обожам ,дури и сама сум си правела шеги на своја сметка кога сум ја гледала,ама во филмот тој иако има психијатар,тој продолжува да живее со темпото кое му е создадено во главата,сум разговара со своите најблиски колку би сакала сите луѓе во Македонија да имаме психијатар исто како матичен ,колку би ни бил животот поедноставен кога би разговарал секојдневно или минимум 2 пати неделно со стручно лице за секојдневието кое го доживуваш и кое те опкружува,кај нас тоа е сеуште табу.Ако јас одам да побарам помош кај психијатар тоа треба да го направам во Бардовци ,таму одма ќе ми отворат досие кое што ќе ме бележи за цел живот во нашава мала Балканска земјичка и ќе има негативно влијание врз мене кога НЕДАЈ БОЖЕ ДА СЕ РАЗВЕДАМ (а денес не знаеш што може да биде секој втор е разведен од х причини) ,а јас имам мало детенце и се плашам дека би го изгубила!
     
  20. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    магијата се помалку и воопшто не делува ако не веруваш во неа ,колку повеке и даваш значење олку полошо,имав постирано мислам дека во друга тема,исус рекол не треба да веруваме во две сили во добро и зло,зашто злото не постои има само една сила бог,не протиставувај се на злото зашто злото не постои :)
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.