1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од магија и негативни особи

Дискусија во 'Психологија' започната од Okean, 28 ноември 2011.

  1. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Kolku e narodov nas se posiromasen po los stanuva i se poodvraten,gleda vo drugi dvorovi i se mesa kaj so ne mu e rabota...malogragjanstvo kolku sto sakas,izobiluvaat so negativna energija i se zanimavaat so takvi gluposti ...
     
  2. programerka

    programerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    Полека бе луѓе, се испотепавте за глупости! Некои велат постоеле магии, некои пак не веруваат во такво нешто, ама тоа ни најмалку не е повод за вака да се вреѓате и да докажувате кој е во „право“ (ако воопшто има такви). Факт е дека засега никој со сигурност не може да тврди дали стварно се работи за магии или па е некоја случајност за одредени несекојдневни и (засега) необјасниви настани.

    Освен тоа, не е во ред што некои од Феминкиве (ај да не ве именувам) велите дека Океан погрешила што тука се обратила за совет. Па кој сте Вие на крај краева, па така да се понашате?! Не дај Боже да сте во таква ситуација, па не на форумов, којзнае каде не ќе се обратите за помош. Ако имате нешто да и кажете што стварно ќе и биде од корист кажете и, ако не никому ништо, барем не и одмагајте.

    Океан, најискрено ти посакувам што поскоро да се ослободиш од овој ужас. Поздрав :)
    Да не се разбереме погрешно, немам ништо против никој овде, само сакам да се запази фер однос ;)
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.293
    Допаѓања:
    101.377
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со програмерка. Премногу напаѓате. еве и јас имам до некој степен такви стравови. Добро не е до толку да се мијам раце и све останато како Океан, но секој си е различен. Бидејки имам пропатено од магии ( за кои јас бев најголемиот скептик додека не ми се деси мене, ама тоа е веќе друга тема), и од такви негативни луѓе мене ми ствараат немир и сакам се поврзано со нив да тргнам од мојата околина и да ги тргнам и нив. Едноставно ми ја црпат позитивната енергија, ме полнат со негативна енергија.

    А што се однесува до проблемот на Океан, и јас би ја посоветувала да си побара стручна помош. Нема ништо страшно ни срамно да побараш помош кога ти треба. Ајде само напред, за се има лек па и за твојот проблем.
     
  4. Idealist-ka

    Idealist-ka Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Мислам дека доколку не сакаш да побараш стручна помош, не мора... Само верувај во Бога и обиди се да ги отстраниш таквите негативни мисли од глава... Секој може да ти наштети, ако ти му дозволиш... Како помош во таквото справување би ти препорачала да ја прочиташ книгата можеш, ако веруваш дека можеш од Норман Винсент Пил...
     
  5. Okean

    Okean Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Кажи ми го точниот наслов на книгата со целосно име на писателот и каде можам да ја најдам?!
     
  6. Minka

    Minka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    Океан, немој да го губиш времето беспотребно. Си имаш семејство на кое си му потребна. Како детето да ти расте здраво кога гледа неправилен пример од тебе. Зарем и тоа утре после допир со другарчињата дома да се бања? Јас сум мајка на три деца, сопруга на прекрасен човек. Сите имаме помали и поголеми проблеми кои ги решаваме најдобро што можеме. Претежно проблемите си ги решавам сама, кога тоа не можам барам помош и совет од пријател, мајка, роднина, сестра, но никогаш од форум, барем не за вака голем проблем. Во моето долгогодишно семејно искуство, сум имала само еден проблем кој не знаев како да го решам, па побарав стручна помош. Се обратив кај др.Дијана Белевска, семеен психолог, универзитетски професор, која многу ми помогна, ми даде правилни совети кои ги послушав, и сега лесно се носам со проблемот. Веќе не е нерешлив и тежок, напротив. Сигурно си ја забележала по ТВ емисии. Има ординација во Лептокарија, лесно ќе и го најдеш бројот во именик. Јави и се, закажи состанок, барем направи го првиот чекор напред. Вработена си, имаш сигурно да одвоиш доволно за да платиш терапија. А вие драги мои форумовци, наместо да заклучувате дали има или нема црна магија, дали има жената ваква или онаква дијагноза, за почеток препорачајте и добар психолог.
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Мене не ми е јасно зашто не сакаш да одиш на психијатар?
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35
    Гледам дека овде има многу докторки,филозофи,психијатри и психолози.
    Па мислам дека ваков форум нема никаде..Да да.Абе луѓе вие овде поставувате дијагнози?OCD и не знам уште што,фобии,паранои,па на крај ќе речете и шизофренија..Мислам да ви се обрати некоја личност со цел на решавање на сопствениот проблем,кој можеби и не за занемарување,вие место да дадете некој совет,некој стимул,некоја позитивност каде okean можеби ќе се разведри малку,вие самите себеси се претставувате како психијатри.Потполно се согласувам со Minka,со препораката која ја даде за Д-р Дијана Белевска,ја познавам и јас ми има и мене предавано и мислам дека може да помогне во решавање на проблемот.Сега да се вратам на проблемот кој го има okean.По смртен случај на нејзина блиска личност-дедо и,со кој можеби била мноогу поврзана,па по неговата загуба таа потполно се уништила самата себе.Да,била во ранливи години,кога добила и свое дете,па мислам дека сето тоа се поврзало и кај неа предизвикал еден таков пресврт,со вакви последици.Периодот е долг,стварно 7 години не се баш за потценување,но јас ќе ти речам okean дека и на работа,па и во продавница,па и на улица секаде ќе сретнеш негативни лица,но тие негативни лица не секогаш ти посакуваат лошо.Не мора да значи дека сите од твоето опкружување ти мислат лошо.Напротив ти си омажена ,имаш дете,имаш сопруг.Мислам дека овој проблем не е нерешлив,напротив само мислам дека не треба толку да му даваш значење,затоа што со самото значење што му го придаваш тој станува се поголем и понерешлив.Обиди се вака три дена да не мислиш на твојот проблем.Зафатисе и преокупирај се со обврските на твоето дете кое ги има во училиште.Обиди се да не переш три дена,да не пребришуваш работи и предмети.А четвртиот ден мислам дека ќе го нема твојот проблем.Good luck!!! :clap:
     
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Секој човек си има свои проблеми, можам да речам дека голем број од феминките, оние кои осудуваат без да размислат и се прават совршени, имаат многу повеќе проблеми од Океан. Касно пишувам, но се надевам дека Океан го надминала тој страв, еве нешто за стравот.
    Стравовите се комплексна, и многу силна тема. Тие придвижуваат цела динамика на процеси кај личноста, следствено и во нејзиното функционирање-всушност, стравот е филогенетски и онтогенетски најстара емоција.Стравовите може потекнуваат или не омид личното искуство на индивидуата. Со некои стравови се раѓаме: тие едноставно се наследени од претходните генерации по пат на несвесна трансмисија. На пр. стравот од губење на тло под нозете и стравот од ненадеен јак звук се смета дека се вродени стравови, заеднички за човекот и животните. Некои архаични стравови особено можат да се пројават во периодот на бременоста, и веднаш по породувањето во една кратка многу специфична фаза: кога зголемената сензибилност на мајката е со цел подобро да одговори на емоционалните и базични потреби на бебето. Тие двајца сеуште се во една фузија: го доживуваат светот како едно, особено преку доењето кое преставува многу силна врска.
    Многу стравови се научени во текот на животот, при што на некои можеме полесно да се сетиме и точно знаеме од каде и како сме ги стекнале, а некои се подлабоко втиснати во нас. Не ја паметиме причината, го паметиме, т.е. чувствуваме стравот во специфичната ситуација. Жените имаат природно изразен чувствен и релациски аспект на личноста, и затоа веројатно зборуваме за мајчиниот страв за детето. Што не значи дека татковците не го чувстуваат- туку дека нивната машка улога им наложила подобро да го сокриваат, за да можат да дејствуваат. И тоа е многу важно: стравот важна одбрамбена функција- да нè алармира и мобилизира кога ни е потребно, т.е. да нè заштити нас, или нашите сакани. Тоа значи дека стравот може да биде поттикнат од реално загрозувачка ситуација; или да претставува нејасно чувство на непријатност, вознемиреност, од познато или непознато потекло.
    Она што е можеби поважно од тоа од каде потекнува стравот, е прашањето дали и колку тој Ви пречи во функционирањето, и дали го обременува Вашето дете. Знаете, за детето е битно да знае што е добро за него, а што опасно. На пр. тоа треба да знае дека штекерот е опасен за него, тоа е реална опасна ситуација за него. Треба јасно да му се каже на детето ’’НЕ’’ ако чепка во близина на штекер, на загреана рингла, или истрча на улица. Но, доколку процените дека нема реална опасност за него, на детето му е потребно да има можност да истражува, учи и да се развива. Понекогаш, мајките добро го препознаваат тоа: дека можеби нема реална причина да се плаши дека детето ќе падне преку ограда на пр. но, чувството е присутно. И тоа има единствено врска со нас, и нашата лична приказна, отколку со реалната ситуација.
    Во таа смисла, мајката има свесност дека стравот постои, чувството се пројавува, но исто така и увидува дека нема реална опасност за детето, и тој страв не ја попречува во функционирањето, на пр. не ја остава будна или неспокојна, вознемирена во текот на денот, додека врши други обврски или едноставно се одмара. Со други зборови, умее да го совлада. Но, доколку стравот значајно и’ го попречува нормалното функционирање, или го обременува своето дете со својот страв, тогаш е добро да обрне внимание на тоа, или да побара психолошка помош.
     
  10. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    како може да дознаам дали некој ми има направено магија!? ??????
     
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Многу едноставно,ако бегаат момците од тебе значи ти направиле,ако не значи си ок,поздрав
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Опсесивното правење на нештата по сопствено определен број пати кај мене се појави уште на 8-9 години. Според мене причина за тоа беше тоашто моите уште од малечка ме оставаа постојано сама дома и уште на многу мала возраст ме пратија во градинка. Тие и двајцата работеа и немаше кој да ме чува. Исто така на улицата каде што живеам немаше деца проближно на моја возраст, па јас и постојано бев осамена. Иако примав родителска љубов, сепак мене ми фалеше пријателче. И така чувствувајќи се на некој начин осамена во мене се вроди оваа претерано иритирачка состојба. Мора да признаам дека кај мене траеше до мојата 21 година. Како што приметувате тоа се едно добри 13 години.

    Како и зошто ја победив?!

    Епа трпејќи го компулсивното повторување на нештата во мене се зародија стравови скоро од/за се. Тука беше/е исто така и паранојата и стравот од луѓето воопшто. Сличен случај како феминката која ја отворила темата.

    Се решив конечно да им погледнам на стравовите во очи. Полека се соочувам со сите. Не е лесно нималку, сеуште се случува да ме стресе нешто кое сум го пребродела, но не му дозволувам да владее ни секунда со мене. Веднаш го сечам тој страв. Значи, компулсивните напади целосно ги излечив самата ама стравовите и паранојата сеуште се во мене. Работам на истите секако. Но добронамерен совет и мислење би ми биле од корист.

    Некогаш кога се соочувам со луѓе кои заприметувам дека ми завидуваат и сакаат да ми расипат или земат нешто, јас незнам како да изреагирам. Првенствено бидејќи неможам да поверувам дека има такви луѓе (не сум воспитана во тој дух), а потоа и бидејќи не ми е јасно зашто не ме остават на мира кога ништо не сум им направила. Ама баш поради тоа _ ништо не сум им направила - тие си даваат за слобода да сакаат да си поиграат со мене и моите чувства. Изгледа приметуваат добрина во мене, може и наивност, па се обидуваат да ја распрснат.
    И по некое време си реков крај! Има да си издигнам одбранбен ѕид и да си свиркам кога и да приметам вакви личности околу мене. И знаете дека ми функционира. И не дозволувам повеќе никакви туѓи ниски страсти да ме повредуваат.

    Верувајте сум видела секакви луѓе. Сум видела моја братучеда која се смее на несреќата на сестра и, па си викам штом е таква кон родената сестра мене којзнае што ми мисли и спрема. А и си видов јас што ми мислела и спремала и ми се потврди ставот за нејзината злобна душа. И повеќе не трубам за моите проблеми. Порано им кажував на моите блиски роднини и другарки, мислејќи дека крвта не е вода, ама сега тоа никогаш повеќе не го правам. Бидејќи сфатив дека меѓу нив и се наоѓаат тие кои сакаат се да ми е мизерно. Ве советувам и вие да се оградите од искажувањето на таквите силни проблеми кои другите можат да ги искористат за да ве уништат.

    Мозокот е чудна работа. Ние сме тие кои од мали го тренираме како да се развива. Со какви мисли! Но и само ние можеме да го промениме истиот. Со стручна помош или самостојно, со верба во религијата или со хоби - како нас најубаво би ни одговарало. Искрено јас не сум многу загреана за книгите како - Моќта на потсвеста. И за мене тие се целосна глупост која само не заслепува а не не излечува. Ама не би должела сега за тоа.
    Магиите и јас ги исклучувам! Иако лично сум видела фрлена магија, во куќа на моја блиска особа, сепак решив дека тоа се толку толку смешни нешта кои не би дозволила да ми препречат во градењето на мојата лична среќа. Значи дека некој се дрзнува да прави такви нешта е многу јасно. Ама да се оптоварувам дека поради нив мене ме следи некој баксуз е тоа е малку претерано.
    Самите ние ги поставуваме границите за нашите успеси или неуспеси. Или самите си ги создаваме патеките на успешна и исполнета љубов или не!
     
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    ПОРАКА ЗА ОКЕАН.Толкав страв не е нормален.Познавав една жена што го имаше сличниот страв.Само што тоа кај нејзе беше последица од претрпена траума.Како медицинска сестра во странство една колешка и ги помешала вакцините и неколку деца умреле како последица од тоа .Срека била откриена на време и затворена. Жената за која ти напишав е мислам почината ама јас ја познавав и примаше странска пензија,оти не била виновна,тоа другата од љубомора и го сторила. Исто како и ти нон стоп переше и велеше англосаксонците ме извалкаа. Колешка и била Англосаксонка. Тоа е врската што другите не ја разбираа и велеа дека е тотално луда.Спрема мене беше фина ме частеше сладолед кога ке и стасаше пензијата, разговарашесо мене исто како и со другите, само тие и смееја јас НЕ. Не ми беше смешно туку ја жалев и сочуствував со неа и ако тогаш имав 16 години .Дома имаше еден куп книги и читаше постојано. За тоа мислам дека и кај тебе тој страв потекнува од некаде. Барај помош од свештено лице, моли се на бога тој да ги избрка тие негативни сили.Другите само би ти зеле пари.Со срека и кажи штом ке ти биде поарно. :rock:
     
  14. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    И мене ми е страв јбг а во последно време ми се случуваат чудни работи.
    Незнам ке се разболам мислам некоја меланхонија некои чуства меубиваат :(

    Пред и после излегуванје обавезно крстена водичка и веднаш ми е подобро инаку главоболки несоноци керками плаче. ..

    Само господ нека е со мене и моите сакани .
     
    На Orthophill и Petra777 им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.135
    Допаѓања:
    76.524
    Пол:
    Женски
    Се додека јас сум со Бог и Бог ќе биде со мене и никаква магија не ме плаши. :)
     
    На Orthophill, Vitaly, Prijatelot и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Освен ако не ти шушне или крцне нешто у собата :D
     
  17. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Ај да си кажам и ја мислење на темава.
    Мислам дека се работи за автосугестивен страв. Колку повеќе го веруваш во вакви глупости, толку повеќе работи ти се „случуваат“ т.е. причинуваат. Сум имал прилика да живеам малку во Америка и Англија. Таму не сретнав човек што верува во магии, гатачи, бајачи. Ако некое дете има натпросечен страв од темнина или слично, си го носат најнормално на психолог и решена работа. Епа извинете ама не е можно само балканов наш полн со суеверни луѓе да е опседнат со духови и магии, а во развиениот свет да ги нема тие ствари. Многу е поверојатно дека сите овие работи се на психичка база а како плод на суеверија и празноверија на нашиов народ каде уште од мали нозе те учат на глупави приказни, вештерки, повикување духови, гатачки, бајачки, баба роги итн. Ниска свест и необразованост.
     
    На twilight123, Someonespecial, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    А интересно е што и само во Македонија ако гледаме, магии, гатачи, бајачи поретко се наоѓаат во Скопје, а повеќе ги има по помалите градови, а уште повеќе по селата. Дали магиите успеваат повеќе во рурарни средини, а бегаат од цивилизација и урбани средини? Не. Разликата е во менталитетот, степенот на образование и развиеност на свеста.
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.135
    Допаѓања:
    76.524
    Пол:
    Женски
    Не се плашам ни тогаш. :)
     
    На Petra777 и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Од негативни особи и ми е страв, богами.:tmi: Радиоактивни се.:whew:
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.