1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од повторна загуба

Дискусија во 'Психологија' започната од girl12, 6 август 2010.

  1. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Видов дека нема ваква слична тема па решив да отворам .. ама доколку има слободно можете да ја заклучите ..

    Татко ми почина кога јас имав само 8 години. Оттогаш па понатаму премногу се плашам кога брат ми ке излага надвор и до доцна го нема или пак мајка ми или брат ми ке задоцнат и ме фака паника нешто да неим се случило. Првин мислев дека е тоа од грижа нели како секоја керка и сестра. Но, после сватив дека работата не е во тоа.

    Сватив дека се работи за страв од повторна загуба на некој мој близок.. А не знам што би правела ако ја загубам мајка ми или пак го загубам брат ми... не би била спремна на тоа бидејки уште не можам да се помирам со фактот дека татко ми почина.. Девојки што да правам како да го „победам“ тој страв ? :worried: ;(

    Благодарам однапред... :)
     
  2. rockangel

    rockangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    1
    Девојко, навистина е тажно тоа што се случува, имам многу другарки кои поминале низ тоа и нормално е што се плашиш, но тоа се патиштата на животот, мора прво да се помириш со тоа и да продолжиш со животот, зошто е краток, прекраток за да ги оствариме сите наши амбиции и желби, а сигурна сум дека ги имаш многу и ќе пронајдеш нешто со што ќе успееш да го надминеш стравот и ќе се бориш да ги оствариш твоите цели, наместо да се плашиш и да тагуваш, знам дека не е лесно но размисли за ова: ДАЛИ ТАТКО ТИ БИ САКАЛ ДА ВИДИ ПЛАШЛИВО ДЕВОЈЧЕ КОЕ СЕКОГАШ ЗАВИСИ ОД ДРУГИТЕ ИЛИ ДЕВОЈКА КОЈА ГОРДО ЧЕКОРИ СО ДИГНАТА ГЛАВА КОН УСПЕХ, ДЕВОЈКА НА КОЈА БИ БИЛ ГОРД?
     
  3. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Фала ти роцкангел и мислм дека си во право дека треба да продолжам понатаму .. но сепк неможам многу ми е тешко секој ден си вика од сега почнувам нов живот но другиот ден е повторно истата приказна ..
     
  4. rockangel

    rockangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    1
    Најди мотив, нешто што ќе те тера да успееш, размислувај позитивно, зошто веќе ти реков тој би бил пресреќен да ја види неговата малечка храбра, одлучна, паметна...девојка на која сите и се восхитуваат ;)
     
  5. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Најдобро е на мајка ти да и го кажеш твојот проблем па заеднички да најдете решение. Мој совет ти е да побараш и стручна помош.
     
  6. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Немам потреба од стрична помош неса .. не сум луда .. ако ако би била до сега сигурно би била во лудница .. :fubar: :tmi: (без навреда)
     
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Биди храбра и не мисли на такви работи.Јас имав нешто сличен проблем пред 10години татко ми имаше срцев удар.БЕше зима тој почна да се жали дека рацете го болат,градите го стегаат и се така додека отиде на доктор.Фала богу сеуште е жив но отогаш јас сум полна со страв.Многу често помислував дека тоа повторно ќе се случи на мене или на некои од најблиските.Најлошото беше тоа што јас паничев секогаш кога ќе ме заболеше нешто,мислев дека се истите симптоми,ги плашев и моите.Бев на доктор ми кажаа дека немам проблеми,ги направив сите можни снимки за срце докторот ми рече,девојче се е во ред со тебе нема никаков проблем но вака ако продолжиш може да настанат компликации.Ми дадоа апчиња за смирување ги пиев 2-3 месеци и некако се смирив.Сега многу ретко размислувам за тоа,не размислувај за такви работи,не биди песимист едноставно уживај во животот. Тоа што треба да биде ќе биде и нема потреба да се оптоваруваме со тоа затоа што и така животот е краток и треба секој момент да го искористиме и да уживаме.Се надевам дека ќе го пребродиш тоа позз.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Никој не вели дека си луда, напротив. Ама за да го надминеш тој страв што го имаш, да не те кочи во животот (верувај, стравот многу често може да биде пречка да се реализираш понатаму), понекогаш е потребно да поразговараш со стручно лице. Од таквиот страв понекогаш може да се развијат и посериозни психички проблеми, па тогаш веќе без помош од стручно лице не се може. Ако поразговараш со психолог, ќе ти олесни малку. Може да биде полесно да му се довериш на некој што не го знаеш отколку на блиска личност. А разговор со психолог не е толку страшно, секако во училиштата ги има, па можеш во твоето училиште да се консултираш.
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Душо, баш напротив за да не станеш луда треба да одиш на психолог. Таму ќе му кажеш сите твои стравови, со неколку терапии разговор ќе видиш дека ќе се осеќаш подобро.
    И јас понекогаш страдам од тој проблем... немам загуба во семејството, ама не сме многу блиски... само со дечко ми сум многу поврзана, тој ми е сродна душа и може звучи не зрело или банално ама јас мислам не можам без него. И сега многупати ми имаат прелетувано мисли низ главата, што ако еден ден го однема, што ако му се случи нешто... кога оди некаде подалеку мислите ми се нон стоп кај него... Сфаќам дека со самото тоа се измачувам самата себе, дека нема простор за грижа, ама ете мислите не можеш да ги контролираш... Млада си се уште, овој проблем може да ти биде пречка во животот... утре кога ќе си фатиш дечко и тој ќе дојде на тој список... Затоа ти препорачувам да одиш на психолог, патем тој не е за болни луѓе, туку за оние кои имаат стресен живот или некои обични проблеми. Избриши ја таа идеја од главата.
     
  10. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Ви благодарам на сите за советите .. но незнам ке видам мозе ке посетам психолог .. но поразговарав и со мајка ми па сеа ми е подобро се надевам и дека ке биде и понатаму .. аи како што кажа роцкангел татко ми сигурно не би сакал да види плашливо и тажно девојче и фала ви уште еднаш :) :*
     
  11. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Не сакав да отварам нова тема, еве затоа ке би поарам мислења тука.
    Јас по природа сум многу психички силна личност, односно бев. Неодамна,имав смртен случај кој за мене беше страшно трауматичен. Не можев да искажам никакви емоции солза не ми капна, седев како стонирана, и само ми се здрвуваа рацете и устата, а во себе ми беше претешко. Откако помина се, продолжив како да не било ништо, но за најмала ситница, нешто што врска нема почнувам да плачам. Буквално од ништо за најбанални работи. Не можам да се препознаам, како да се разбудила во мене емотивноста, сите работи околу мене ги доживувам поинаку. Дали некој вакво искуство имал? Би ве замолила да споделите.
    Јас продолжувам, и се трудам да ми помине само од себе со текот на времето.
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    жал ми е за твојата загуба.во моментот мислам дека така се чуствуваш зошто уште поминуваш низ тој период и премногу си чуствителна за све пробај што помалку да мислиш на све што ти се случило времето ги лечи раните никогаш потполно но сепак доволно за да продолжиме понатаму бравос што си јака психички личност тоа е голем плус за тебе да пребродиш све но знаеш дека секогас можиш да се обратиш на стручно лице и све што ти се случило да го поднесиш полесно...
    Со мојот бивши дечко бев поврзана премногу бидејќи немав никаква блискост со родителите него можев да му кажам све и за све неможев да се замислам да направам нешто без да му кажам без да добијам благослов или укор што би се рекло имав таква потреба потреба од таква блискост со некој кога него го снема една вечер кога ми се струши све кога го изгубив тоа беше шок за мене како некој да ми откина парче душа никогаш нема да заборавам како мајками ме најде на подот облиена во солзи како никогаш немав мирен сон и спиев со телефонот во раката секогаш ме следеа неговите чекори и секогаш кога требаше да донесм одлука внатре во мене се прашував сега што би рекол за ова и колку пати го имав пофатено телефонот да се јавам или да пишам за да го прашам колку тажно и патетично нели :( а секогаш бев преплашена од тоа дека еден ден можев да го изгубам иако планиравме заеднички живот се прашував што ке биде ако не биде овај човек покрај мене но се случи тоа што се случи пробвав на многу начини да продолжам но само грешки праев побарав помош од психијатар и ми помогна да излезам барем од кризата која бев за некого можеби не е ништо ова но за мене беше многу инаку по природа сум мн.јака личност и стабилна мн.работи имам поминато и секогаш во главата ми се врти реченицата од психијатарот ДАЈ МУ НА ВРЕМЕТО ВРЕМЕ и не се грижи све ке биде во ред...
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.986
    Fearless мора најпрво полека да се соочуваш со фактот дека мора да се продолжи со животот и цврство да веруваш дека постои срека некаде за тебе. Дај си време на самата. Болката нема да исчезне никогаш но значајно ке се намали. Дај си можност за уживање во животот, пробај да се радуваш на ситни работи, како на сонцето, на прошетка во парк, кафе со некоја омилена личност...
    И најбитно од се е да си дадеш на себе можност за искжаување на емоциите, плачи кога ти се плаче, не потиснувај ништо во себе, бидејки така ке си наввлечеш само дополнителна болка и веројатно некоја болест. Нека не ти биде битно дали некој те гледа кога плачеш. Тоа е твој живот и ке го живееш без да му се правдаш на некого за твоите постапки. тоа се твои чувства, твоја тага и затоа никој не смее да ти го одземе моментот на тагување.
    Животот е борба. За некој борбата почнува многу рано, но тоа ке те направи многу посилна личност утре.

    ПС. Мене ми е најтешко во зима, кога е ладно и облачно. Во тие моменти најчесто излегувам надвор, шетам сама да ми се избистри главата додека ми течат солзи и додека да се вратам дома се чувствувам емоционално толку испразнета што легнувам да спијам и го поминувам кризниот период. Неможе вака секој ден, ама од време на време ова многу помага.
     
  14. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Девојки како прво ви благодарам за мислењата, убаво е да се искажеш, без да се тресеш дали на некого му задаваш болка. Јас мислам дека до моето "стонирање" и неискажување на емоции на тој немил настан, дојде од проста причина што ми беше страв да не ги загрижувам сите наоколу, бидејки беа толку повредени, не смеев да дозволам ни за момент да се загрижат за мене. Не знам како се стегнев и издржав тие 2 дена. Сега ја исфрлам цела тага, и жалење. Да, шетам, се смеам, гледам да излегувам, навистина се трудам, и од насмеана наеднаш може да се случи да се срушам за 1 секунда без причина. Не сакам да изгледам како psyho ;( Плачам секогаш кога ке ми дојде, со сета сила, и не се срамам, но толку често почна да се случува што се загрижувам, и сонувам толку страшни и бизарни работи, што страв ми е да заспијам, само филмови гледам. Мојот дечко премногу ми помогна, беше тука за мене, и со него понекогаш разговарам, но не се отварам сосема. Мене есенва ме уби, темна мрачна дождови. Мислев дека ке најдам некоја работа да не мислам на тоа, но не оди некако, затоа се трудам да излегувам колку што може повеке. Главата горе и продолжувам, и ке го послушам советот да му дадам на времето време..
    ве гушкам и ви благодарам, ова е за мене навистина големо бидејки се отворив некаде, макар тоа да е и форум.
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Се што е, за добро ќе биде. Секако после било каква загуба има болка, но ако е близок, тогаш е таа мнооогу поголема. Твојата ситуација, јас ја видов кај мајка ми, кога загубивме едно мило детенце. И таа само стоеше, ни солза ни ништо, а тетка, ја боли којзнае колку :( И сите се чудеа како може да биде таква. Траеше, сите плачеа таа не, ама еден ден ја фативме со тато, сама, мислела дека нема да си дојдеме, таа седната на плочки во купатило рика дали рика. Така плачела со денови, секогаш кога била сама. И таа како тебе секогаш велеше дека за да не ги загрижува друготе, плус некој морал да биде свесен. Во случајот тоа беа таа и дедо ми. После веќе сфати дека колку повеќе собира толку помалку ќе издржи, почна да и се врзува јазикот, па раката да и трни, мораше да се искаже, и почна да плаче со сите, секогаш, дури и сега не се плаши да пушти солзи кога ќе и текне и надојде. Ете ти еден пример, сличен случај. Можам само да ти кажам да не чуваш се во тебе, не е убаво, здраво да ја собираш болката, таа кога тогаш ќе експлодира. Исплачи се, издиши, знам дека болката не исчезнува, ама барем нема да те стега, ќе научиш да живееш со неа. И плачи секогаш кога ти се плаче, јас сум таква, поубаво да ги излееш сите чувства. Се најубаво. :*
     
  16. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Јас имав таква слична загуба како тебе почина татко ми кој ми беше идол буквално.Јас по природа сум си голема плачка секогаш на се можам да заплачам дали од радост или од тага ако видам друг како плаче или и да не видам одма почнувам.И да ти кажам дека поубаво е да се исплаче човек отколку се да си става при срце тоа е уште полошо така може и да се разболи.Знам како е потполно те разбирам и јас бев во слична ситуација како тебе.Ти си сега многу ранлива и слаба личност ке ти треба време да се вратиш во нормала.Биди јака стои цврсто со двете нозе на земја.Сите луѓе ти се чудни,бесчуствителни никој не те разбира.Мислам дека ке те разберат кога ке доживеат таква траума.И јас бев таква гледај си се сама никој друг нема да ти помогне тука мораш сама да си поставиш цел дека треба да си се вратиш во нормала обиди се пополека знам дека е потребно време.Обиди се да бидеш повеќе време со најблиските и да разговараш само тие можат да ти помогнат и ти самата нормално.Кога мене ми се случи трагедијата сите блиски роднини ме напуштија како ништо да не било ми свртеа грб.ме гледаа како странец како да сум од друга планета и имав едно неописиво чувство на отфрленост.Нив не ги интересираше битно тие си се здрави и живи си се собираа си славеа родендени,веридби како ништо да не било немаа никаква жал ни почит спрема покојникот.Саможивници бесцувствителни луѓе.Ке ти помине верувај ова ти е само лош сон во животот но и лекција ти вечно ке се жалиш и ке живееш со таа болка но ке станеш со текот на времето посилна.
     
    На Johny, Nine25 и Fearless им се допаѓа ова.
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Драга феминке нормално е да се плашиш и јас сум го почувствувала тоа на своја кожа знам како е.Имам помала сестра за неа многу се плашев кога излегуваше и за мајка ми се плашев кога одесе на работа кога си доаѓаше.Немој да мислиш така биди оптимист мисли позитивно како ке завршиш школо(ако немаш за вршено) ке се вработиш ке го работиш тоа што го сакаш,ке се омажиш ке живееш убав живот тоа што отишло нема да се врати се е џабе готово е тоа зар твојот татко не го сакал тоа да те види среќна и успешна направи го тоа за него,слушај ја мајкати на нејзе и е најтешко помагај и прави муабет со неа ке пребродиш.Ти си јака личност верувај во себе .После дождот доаѓа сонце.
     
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Слична работа и мене ми се случи. Ми умре дедо ми, со која многу бев поврзана. Не можев да поверувам дека наеднаш ми снема личност од фамилијата. А ние сме такви сите, блиски во нашето семејство и поврзани.
    Дента кога го донесоа, јас не можев да заплачам, а ми беше тешко претешко. Само си седев и гледав. Али сепак мислам дека ова ми беше од тоа што не плачам пред други, не знам. Но затоа после тоа, скоро секоја вечер плачам за него,а поминаа 3 години веќе. Се плашам за најобични ситници за кои порано не сум ни размислувала. Се плашам брат ми кога оди нашкола да не му се случи нешто, сестра ми кога излегува, татко ми кога оди на пат, мајка ми кога оди некаде со колата.....за сите се плашам! Не можам вака да живеам само во страв за сите, што ќе биде понатака кога ќе имам мои деца?! Ќе се мрднам вака. Ај некој патува и јас му ѕвонам а тој не ми крени, јас помислувам одма на најлошото, дека нешто му се случило и се мрднувам, паничам! Никогаш не сум била ваква.
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да, имам искуство, ова што го опиша ми е многу добро познато и како што ми беше објаснето од стручно лице многу вообичаена реакција.
    Значи ти поттиснуваш некои чуства после силен шок, не реагираш онака како што би требало да реагираш, тие чуства не исчезнале туку едноставно се поттиснати. И затоа како реакција се јавува тоа што, можеби, барем за тебе, претерано реагираш на работи за кои не би реагирала токму така.

    И јас имав вакви пост-реакции. Знаев да губам сила, да паѓам во несвест или едноставно да се струполам, да не ме држат нозете. Исто и со претераните реакции ми се случуваше. За едни силна а дома, сама, бев слаба како ливче - да ме дувнеш, буквално.

    Гледам дека поодамна си го пишала ова, како се чуствуваш сега? Ако имаш прашање слободно пиши ЛП, темава е многу опширна, но за утеха - не се секирај, се ќе помине со тек на време! Тагата ќе си остане засекогаш, но верувај постепено ќе собираш сила, и ако си веќе силна личност, се би требало да се врати во нормала.
    Моја препорака сепак - кога си сама, плачи, рикај! Извади се од себе. Сите сме само луѓе и рикнуваме од време на време и природно е да ги филтрираме сопствените емоции.
     
  20. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Пред 4 години ја загубив најдобрата другарка... Пред сите бев цврста како камен, а секоја вечер сум плачела пред спиење без никој да ме чуе, тонев во депресија тоа можеби траеше пола година, не сакав да се јавувам на телефон, секогаш кога ќе заѕвонеше некој број што не го знам или во чудно време ме фаќаше паника. После оваа случка ми се десија уште 2 загуби на блиски особи. Кога некој касни, а не се јавува на телефон знам да се избезумам... од тогаш не сум веќе иста.
    Само кај мене обратно се случува сега, станувам бесчуствителна, многу малку луѓе оставам да ми се приближат и да ме запознаат таква каква што сум, а за останативе не се замарам премногу. Повеќе неможам да плачам, колку и да ми е тешко...Во ретките случаеви кога ќе се расплачам тоа е право шоу! Ми се слошува, почнувам да се губам, неможам да се контролирам, да дишам и помислувам дека ќе умрам, колку пати ги имам испотресено моите дома. За среќа не ми се десило некое време ова!