1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од повторна загуба

Дискусија во 'Психологија' започната од girl12, 6 август 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    слична ситуација имам јас дома

    пред 13 години(ова лето ке бидат)
    доживеав несрека, од која никој незнае како останав жива-со сите коски и заби на мене :!:
    сите доктори кои биле околу мене мислеле дека нема да се спасам т.е. да преживеам
    и секогаш кога ке помине брза помош-мајка ми се избезумува, а кога ме нема мене, ја фака паника(и покрај тоа што и пишувам каде сум и со кого сум) а што е најлошо истото се пренесе и со брат ми и татко ми-од страна на мајка ми :sweat:

    имам разговарано со психолози, психијатри, и ми објаснуваа како е тоа траума-на психицка база и потсвеста реагира, и мајка ми не може ништо против тоа :!:
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Ко за мои години, сум видела се и сешто. Татко ми почина пред 11 години, здрав човек кого ниту настинка не го фаќаше. Беше недела напладне, легна да одмори и не се разбуди повеке. Пред него почина брат му, чичко ми со кого бев блиска. Во истата година почина и на чичко ми жената. После неколку години почина тетка ми, сестрата на мама. Пред две години почина свекор ми, исто така ненадејно. За баби и дедовци да не зборувам, си боли и за нив но сметам дека преживеале по 70, 80 години па некогаш мора да се оди нели, само по ред да е.......
    И јас ги поттиснувам емоциите па има денови кога се распаѓам на молекули, кога неможам од кревет да станам.
    Сите тие личности никогаш нема да ги заборавиме бидејки биле дел од нашите животи. А животот оди понатака. Ми било тешко кога сум се мажела, кога родив деца, еве сега секој ден ми е тешко зошто би сакала дедото да ги фати за рачиња и да ги прошета, мене да ме оправи у живот за некои работи за кои си треба совет од возрасен....... Од сите моменти најтешко ми паѓа што татко ми имал многу тежок живот, се мачеше јадниот, одеше на две работи и со искинати кондури за да не исшколува и да ни створи кров над глава. Мене ми е родител, секако ме боли ама барем да знам дека ги проживеал тие 49 години колку што имаше кога почина, ке се тешев со тој факт. После него се вработив и застанав на нозе и сега да ви кажам се трудам колку можам да си направам кеиф на душата. Се трудиме да ги прошетаме дечињата, да ги однесеме на одмор, правам работи кои ме исполнуваат. Кога ке дојде моето време да одам, со спокојство во душата сакам да кажам дека барем нешто сум осетила од животов. Една поговорка вели: не се важни твоите години од живот, туку животот во твоите години. Ова е моето мото.
    На сите што сте изгубиле близок, ви советувам да си плачете кога ви се плаче, ама после станете и продолжете оти нема фајде, никој не се враќа, а и нашите часовници отчукуваат, па не го губете времето бадијала.
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.984
    Девојки, имам пишувано и порано на темава и на други теми, ама еве пак ке си напишам што ме мачи и ве молам за совет, одговор, било што, зошто се чувствувам многу без врска и сакам да си дадам дијагноза :) Мислам дека ова е ок место за да прашам, а може и не е (ама нема тема психолошки проблеми..)
    Имено, имам напишано дека ги имам изгубено родителите (од рак) и еве после повеке од 6 години од смртта на мајка ми и повеке од 1 година од смртта на татко ми, поминувам низ некој чуден период.
    Проблемот е што не чувствувам ништо. Индиферентна сум кон сите, не се смеам, не плачам, немам потреба од дечко ми, ги правам сите секојдневни работи онака, ради реда, и избегнувам секаква комуникација со блиски. Се чувствувам numb (не го знам македонскиот збор, извинете). Од друга страна пак, имам некој страв од доктори. Порано не се плашев да одам на лекар, на забар, на гинеколог, а по смртта на татко ми, буквално паничам кога треба да одам на лекар, и мислам дека ќе ми најдат некоја неизлечива болест :| Знам дека ова не е во ред, ама неможам да го контролирам ова чувство на страв...

    Добро ке кажам дека не ми се случува ова секој ден, туку најчесто пред да добијам , ама сепак ме загрижува што не чувствувам ништо за околината. (иако мислам дека сум си создала несвесно оклоп околку мене за да се заштитам). Кога зборував со другарка ми кажа дека имам симптоми на анксиозност, ама не сакам да пијам анти-депресиви, многу сум против нив и сакам сама да си помогнам преку читање соодветна литература или вака споделување искуства.

    Фала што ме прочитавте :)
     
  4. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    И јас го имам истиот проблем и ми тежи.
    Поради истите ситуации-губење на блиски луѓе.
    Сега и да ми звони мобилниот се плашам дека нешто лошо ќе ми кажат.
    Се борам против тој страв и веќе не знам како понатаму.
    А во последно време приметувам не можам да го поднесам моменот
    кога ке ги видам луѓето нервозни и лути.
    Не можам да се возам во кола во глава ми доагаат само лоши мисли.
    Не знам како да си помогнам сама на себе си....
    Грдо ми е... :(
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Кукличке, мислам дека длабоко во тебе тлеат еден куп емоции кои си ги поттиснала. А однадвор си ете индиферентна како што велиш, но мислам дека во суштина тоа не е така. Секако дека не ти е сеедно, барем внатре во себеси.
    Кога ти се случува ваква тешка загуба и шок, а треба да си силна и свесна си дека мораш да издржиш, може да се случи самата да си создадеш еден вид на блок на сите природни емоции, знаеш како квасец да затвориш во тегла, и кипи, кипи, и ќе пукне еден ден.
    Оно мислиш дека ти поминало, но не е така.

    Не знам, јас ова претпоставувам чисто од моја сопствена перспектива. Секако дека психолог би можел навистина повеќе да ти каже.

    Втора работа - стравот е нормален и природен но едно знам. Пробај да мислиш попозитивно, колку и да е излитена реченицата. Ако сакаш по ЛП ќе ти препорачам некоја литература која лично мене ми помогнала.
    Знаеш ако ти се плашиш од некоја болест, еве од рак, и потсвесно мислиш повеќе на тоа отколку на тоа дека ништо не ти е, не дај боже...да не довршам реченица.
    Ама поентата ми ја сфаќаш нели? Затоа позитивни мисли - и се би требало да е во ред.

    Ама со апчиња да се труеш немој, би ти препорачала. Не е убаво, и потоа како и секоја дрога човек несакајќи се навлекува. И со ова имам негативно искуство. Не лично но тетка ми е долго време на антидепресивни средства и верувај не може да се откаже а повеќе пати и наштетиле повеќе отколку што и помогнале :worried:
     
    На girl.23, KuklickaSk и blond им се допаѓа ова.
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Кукличке враќам доцна, но сепак би сакала да се надоврзам на Пирамида. Верувај поемотивна си од било кој во твоето опкружување. Повредена си, ненамерно и индиректно твоите чувства се имаат потиснато во твојата длабочина.
    Страв, загуба, болка и ред други работи се имаат испомешано за да дојде до вакво нешто.
    Во одреден период се испливува на површина и потоа повторно се враќа во првобитната состојба.

    Мој совет е да не одиш со апчиња, навистина немој. Нема потреба од тоа, многу повеќе би ти помогнал психијатар или психолог. Стручна личност која си ја знае својата работа. Доколку веќе тој ти препорача лекови, тогаш во ред.
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Girl,како јас да го напишав ова...едноставно неможам да си помогнам...посилно е од мене...пред 3години почина татко ми...како гром од ведро небо,го чекавме на ручек ,му звоневме,за да дојде негов другар со лекар и да ни соопшти дека добил мозочен удар и неможеле да го спасат ;( секако не веруваш-и ден денес не ти е за верување...оттогаш се плашам за најсаканите....морам да ги слушнам-во друг град се,ако ги нема на мобилен веднаш сум во паника -траума од нашето звонење по телефон на тато и чувството дека нешто не е во ред,дечко ми кога оди на работа му се јавувам дали стигнал недај боже да не направил нешто со колата :( а кога оди некаде службено-е јас си знам како ми е,додека не стигне жив и здрав....сестра ми сега треба за еден месец да оди во странство на работа,како ќе издржам се чудам,секој ден ќе ја мислам....аххх,страшно чувството,но знам ,знам дека ми сотана траума,бев и на психијатар и све,но неможам да се ослободам од тоа,дури да речам опсесија ми стана и ме измачува...знам дека не треба така-но верувај послино е од мене :worried:
    Бев многу силна особа,не премногу емотивна,бев цврста и одлучна ,додека оваа несреќе не ме сруши... ;(
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zombi

    zombi Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    18
    Пред 4години почина брачед ми на 30 години втор брачед ама близок во исто место живеевме имаше тумур на главата,не дека ми беше брачед немаше девојка која не го посакуваше преубав човек болеста го направи своето,и мајка му има доста години поцина од рак душичка колку патеше по неа в гроб со неа влегвеше.Не бараше да не видит заминавме со сестра ми да го виидме кога го видов не престанав да плачам беше стопен како бебенце напраен неможеше да зборвит беше среќен што не гледа,јас без престан солзите ги бришев да не ме видит.Со денови плачев имаше уште еден месец живот неможрв да се помирам кога ми јавија дека веке го нема.Многу тажен погреб и прв погреб ми беше од тогашсе разболив 6 месеци храна организмот не ми примаше од 54кг дојдов до 34кг секој ден по две инфузии примав неможев да го преболам и ден денс душава ме болит но морат понатака само со редот нека е велам сега се плашам како ќе ја издржам смрта на баба таа има 82 години но цел живот со неа го поминав таа ми е мајка,си имам сега фамилија детенце имам за кого да живеам но знам многу ќе ме погодит многу често знам да плачам за неа но то е
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Пред 3 месеци почина баба ми. Јас пред да почине таа бев нешто во некој свет. Ноќе не спиев или спиев па се будев и викав. Со месеци беше така, и после велигден баба ми почина. Бев многу поврзана за неа, таа ноќ неможев да гледам се тресев како труп, не сакав тресно е. Дојде дечко ми и ме зема, цела ноќ остана со мене а јас сум качила температура. Другиот ден ја копаа и јас плачев како луда, не можев да се смирам, не отидов на погребот не можев едноставно да гледам. Се вративме дома и првата ноќ сонував нешто како "ене ја баба", свесна и велам на мајками " мамо тамо има голема пајажина, ете запали светло види" и таа пали светло нема ништо. 3 ноќа така се будам несвесна дека сум будна. Се од стрес па и менструацијата ми дојде порано. Вториот ден бевме пак морав тогаш да одам, плачев пак неможев да се смирам да се помирам дека си отиде таа што највеќе ме чуваше. Со тек на време ми се собра се, но се изборив. Бев депресивна, секој ден плачев. Но луѓе се е до психата. Сам ако не се избориш никој друг неможе да ти помогне. Сега се плашам да не ги изгубам моите највеќе ги сакам, мајками таткоми и дечкоми, но знам дека еден ден ќе дојде и ќе боли многу. Но сепак не сакам....
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Скоро сите блиски ми се починати. Страв ме фаќа да не им се случи нешто на оние што се живи. Како човек старее, потешко ја прифаќа загубата на блиските.
     
  11. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Татко ми е починат пред 14години..јас тогаш бев 10. Тешко го поднесов тоа, до ден денес се сеќавам на се, како слика ми е пред очите. Тоа беше несреќен случај. Веќе престанав да плачам. После тоа починаа двете баби и дедо ми. За нив не плачев многу бидејќи после загубата на татко ми секоја друга изгледаше помала, немав потреба да плачам многу. Се плашам само за моментот кога ќе ја загубам мајка ми. Тоа ќе ми биде уште потешко бидејќи после татко ми со неа бев многу поврзана. Но уште од сега психички се спремам бидејќи еден ден тоа секако ќе дојде. Не можам да ја спречам смртта, па затоа морам да ја прифатам.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Јас на мои 10 години го изгубив мојот брат почина на 13 години таа случка остави последици за мене и моите родители лузна која не заздравува не зборувам за него а патам во мене секогаш и имам страв дане го изгубам сопругот не би можела да живеам без него и моето синче се разбира ☹
     
  13. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Се е господова работа те сваќам и те разбирам само останува да се надеваме и молиме се со ред да биди .
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.