Страв од среќа

Дискусија во 'Психологија' започната од prominent, 8 септември 2019.

  1. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Женски
    И јас сум тука ✌
    Периодично ми се случува да имам некој страв буквално за се. За мене лично, за моите блиски, ми трае по неколку денови и постојано сум под стрес со црни мисли. Потоа без да приметам ми поминало, сум се олабавила, па по некое време пак. Додека сум во тие денови одвратно се чувствувам, плачам цело време бидејќи си размислувам што би било ако се случи пример нешто и колку и да имам причина за среќа ја убивам со негативните мисли и стравот.. Се обратив неколку пати на различни психијатари и од други причини, но немаше подобрување и си терам вака, си трпам.
     
    На poppie, prominent и eta им се допаѓа ова.
  2. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.199
    Пол:
    Машки
    Ова со стравовите, т.е што ве плаши сѐ, е резултат на гледаните хорор филмови кога по возраст (сте биле деца) не би требало да ги гледате.
    Мислам дека од таму е стравот од сѐ за кој пишаа неколку форумџики и мислам дека интензивно дружење, шетање, интеракција, ќе го збрише тој страв.
     
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    39.000
    @Keanu_R.Wick, ти се обраќам како најголем НЕгледач на филмови. Не сум гледала ниту како дете.

    Ќе беше добро да можеше да се реши се' со обични излегувања и дружења и со така често злоупотребуваниот термин позитивна енергија и позитивни мисли (што почнуваат да ми одат на нерви како изрази).
    Стравот е покомплексен, анксиозноста е подмолна.
    Често се појавува и неоправдан страв од социјална интеракција, од гужви, од отворен/затворен простор, од болести т.е. вируси што инаку се пренесуваат во затворен простор (тоа е случај кај мене), и уште милион нешта.

    Страв од нешто неодредено, тоа доаѓа до степен да те плаши буквално се'.
     
    На Bella.alleB, tamche995, flower30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    4.446
    Обично анксиозните луѓе се плашат,не само од среќа туку буквално од се прават драми,дај боже нон стоп да бидам среќна но тоа е невозможно,затоа што имаме родители,партнери,пријатели ти ке бидеш среќкна но ако слушнеш дека нешто им се случило на твоите блиски или пријатели тука паѓа све во вода.
    Се надевам бев јасна.
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.169
    Допаѓања:
    100.281
    Те сфаќам @prominent, до збор те сфаќам. Баш и за мене се е како круг, се е во циклуси. И животот и среќата и тагата. Некогаш сум толку среќна шо ми се чини дека секој момент нешто лошо ќе ми се случи, гради ме болат, почнувам воздух да губам и наеднаш ја снемва среќата, почна новиот циклус паника, па тага, па пак среќа. Не велам дека не знам да уживам во среќа, ама не во онаа прекумерната. Можда и зато сакам се неутрално зошто мислам дека тоа е како заглавено тркало кое не оди ни напред, ни пак се враќа назад. Без промени. Досадно. :hug:
    Дури, контрадикторно е да речам дека не сум суеверна зошто имам „ритуали“ против лошото. Море која priestess ќе бев кај многу бошците. :rofl: Не вервам во виша сила ама „ритуалче“ за се, само за мирна глава.

    @veteruska радо би била „драма- квин“ ( |( ) него човек кој не се обидува да сфати како е кога некој е на мака, опишувајќи го со погрдни изрази и работите кои ги прави да ги окарактеризира како не доволно важни за било какво внимание. Јер овај вториот човек кој не би била, е беден. Би ти кажала и зошто ама ќе ми речиш дека драматизирам.

    @Keanu_R.Wick би сакала да е толку лесно ама ми се :puke: кога решение за секој психички/ ментален проблем се нуди: социјализација, позитивни мисли, прегратки, срциња и насмевки. Не е едноставно, долг процес е, тежок процес е и многу често не можиме да го совладаме сами по себе. И тоа е во ред, во ред е да не можиме сами и во ред е да имаме на кој да се потприме и да имаме свој терапевт. Се тоа е во ред.
     
    На Srckata28, prominent и flower30 им се допаѓа ова.
  6. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.199
    Пол:
    Машки
    Може е и некој период, процес, не знам... Но знам едно: ќе помине. А за да помине најмногу може да ти помогне - самата ти :)
     
  7. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.199
    Пол:
    Машки
    Не знам зошто но, помислувам дека луѓето што се плашат од ништо, како да имаат поразвиени делови во мозокот од останатите, нешто слично како филмот Луси. Нервните рецептори што ги имаме во кожата им носат повеќе информации до мозокот за одредени супстанции во просторот, што создава чувство на страв бидејќи, на мозокот не му е познат тој вид на (пара)сетило. Ова е само мое мислење е сега науката не знам што вика...
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.169
    Допаѓања:
    100.281
    13 години, долг период јбг.
    Да ти се плукнам во пубертетот шо ми ја еба психата. Ама уште да беше пубертетот. :D

    Амин.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Skylar

    Skylar Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Добро што отвори ваква тема.Се плашам од среќа и тоа многу зошто секојпат ама баш СЕКОГАШ коа и да се развеселам да се опуштам едноставно да бидам малку среќна после тоа ми излезат 10 нови грижи и тоа не било какви оние најтешки...
     
    На tamche995, FallenAngell, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    39.000
    Интересна теорија :)
    И јас мислам дека анксиозноста, или општо гледано, склоноста на некои луѓе да се поплашливи од другите, има биолошки/генетски корени, но и општествениот фактор игра огромна улога. Би рекла дека е комбинација од двете.

    Некогаш си се тешам со тоа дека за да мислиш и да се грижиш цело време (overthinking, нели) мора да си умен. За да се чувствувам подобро барем од тој аспект. Зашто нели, за да мислиш толку, потребен е памет:)

    Ќе кажам за мене конкретно, и од поблиските и од подалечните родини имам луѓе што страдаат од анксиозност. Тука е евидентна генетската компонента, но од друга страна и постојаниот контакт со нив можеби придонел за усвојување на некои нивни начини на мислење/навики итн.
     
    На Keanu_R.Wick, MysteriousQueen и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    4.446
    @veteruska радо би била „драма- квин“ ( |( ) него човек кој не се обидува да сфати како е кога некој е на мака, опишувајќи го со погрдни изрази и работите кои ги прави да ги окарактеризира како не доволно важни за било какво внимание. Јер овај вториот човек кој не би била, е беден. Би ти кажала и зошто ама ќе ми речиш дека драматизирам.

    Те разбирам,но ако ја смениш перцепцијата на гледање на работите можеби поинаку би гледала на работите,сите имаме стравови,лажат тие што викаат дека се безстрашни.
     
  12. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.169
    Допаѓања:
    100.281
    Со било каква промена на перцепција се добива тој резултат - гледање различно на работите. Ама не е лесно да прекиниш да се плашиш, не е лесно да не „драматизирам“ во слободно време. Не е од досада, вервај. Зошто према првото твое пишано мислење тука, испаѓа дека сите анксиозни уствари имаат избор и одбираат да привлекуваат внимание, шо е стварно грешно.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Машки
    Ne se plasam od srejca jas srejcata ja baram ta nikako da me najdi. Da ja imav vasata srejca da se poraduvam na nesto barem.
     
  14. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Машки
    Dve tri godini prestanav da brojam nemam nikakva nadez deka nesto ubavo ce se sluci.
     
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    39.000
    @veteruska, ех, драма-квин. Сум го слушала често и тоа. Уште од тинејџерските години, сите договорени да одат некаде, се радуваат на петочното излегување, јас некогаш едноставно не можев да излезам од дома. Страв од гужви, од тоа да не фатам некаква болест, да не ми се слоши од нешто што ќе изедам или испијам таму итн итн. Бев и "размазена, и пребирлива, и кралица на драмите."

    Со останувањето дома не решавав ништо, некогаш ми беше уште полошо, ама останував во удобноста на својата соба. И сега имам такви денови, кога ми е страв буквално да мрднам од дома, но за среќа стануваат поретки. И тоа само со одредени луѓе, што ми даваат чувство на сигурност. Но можам да кажам дека имам голем напредок во споредба со тоа што беше тогаш.

    Перцепцијата дека треба да се ослободам од непотребните и непродуктивни стравови ми е тука, ја имам стекнато, знам дека ако седнам да испијам кафе во кафичот две улички подолу, најверојатно нема да ми се случи ништо страшно. Но теорија е едно, пракса е друго. Како и за се' во животот.
     
    На Bella.alleB, theowndemon и Skylar им се допаѓа ова.
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    4.446
    Тука ти е проблемот ем си знаеш што ти преставува проблем и пак тераш по старото,викаш ке мислам дека ништо нема да ми се случи,ти значи сепак живееш во страв дека можеби ке ти се случи нешто,тоа е стравот што те кочи и ке те коќи и понатака.
    Да те прашам нешто дали мислиш дека ако имаш страв дека можеби нешто ке ти се случи дека со тоа се заштитуваш дека нема да ти се случи?
    Сакам да ти кажам без разлика на твоите стравови ако треба да ти се случи ке ти се случи па ти дубела и на глава.
    Премногу оптеретување со тоа што ако ова ми се случи?Што ако излезам и кола ме згази,мислам до каде со такви стравови не ми е јасно?
    Уживај во животот и излези од комфорната зона.

    Сега јас ке се замарам со нешто што можеби никогаш нема да ми се случи.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    374
    Пол:
    Женски
    изгледа сите сме такви,иста сум потполно како да ми е страв да речам дека сум среќна зошто таман ќе речам веднаш нешто ме трснува од земја
     
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    39.000
    @veteruska, ако имаш време, наврати се на првиот пост во темава, таму опишав се'. Да, некогаш навистина мислам дека со загриженоста и стравот се заштитувам. Колку и нелогично да звучи. На пример, додека се грижам и се плашам размислувам за некој план Б, за некаков излез, ако нешто непосакувано се случи.

    Би сакала да беше така лесен излезот, како што ти го опишуваш. Затоа и реков, така е сето тоа во теорија, сите знаеме дека е само губење на драгоцено време, сите знаеме дека е добро да си претпазлив но ако има причина/видлива опасност. Живеењето во филмови, фантазии и во иднината е тежок товар. Се надевам дека еден ден ќе пишам овде дека сум успеала да ги применам советите што сите ми ги даваат...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. candy.cane

    candy.cane Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.933
    Пол:
    Женски
    Најубав дел од животот ми е сега.
    • факултетот оди одлично
    • другарството поцврсто од кога било
    • дома со месеци нема проблеми и гледам среќа кај моите родители
    • почнав да се трудам сама да се издржувам финансиски (колку толку)
    • одвојувам време за работи што ме прават среќна (пр. повеќе шетам)
    • најслаткото од се, имам дечко што ме сака и цени, вистински
    Но.. нешто во мене ме гуши. Колку што сум посреќна, толку сум поуплашена дека нешто не е како што треба.
    Се трудам да размислувам пред да изреагирам, но доволно е мала лоша работа да ми се случи и се губам скроз. Нов човек излегува од мене.
     
    На prominent, Skylar, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bella.alleB

    Bella.alleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    698
    Пол:
    Женски
    Исто ми е и мене страв од болести, си правам сценарија у глава што би било кад би било и такви црни мисли имам периодично. Во тој период кога сум океј сфаќам дека се е психа и се чудам како не сум можела во тој момент да си го контролирам умот. Но кога сум во период со такви црни мисли и не е баш едноставно и лесно да си докажам на себе дека се е во мојот ум и се правам сама дека тоа не е реално.