1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од стоматолог

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од praski4e, 22 септември 2011.

  1. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Сакам да ја отворам темава колку што успеав да забележам нема ваква тема ако има поправете ме.Вака имам голем страв од стоматолог може за некој е за смеење но мене навистина ми е проблем.Немам кој знае какви проблеми со забите ама сепак треба да се санира по нешто.кога и да седнам на тој стол ја се кочам не можам уста да отворам.Ве молам кажете ми некој совет упатете ме кај некој според вас добар стоматолог.Однапред ви благодарам!
     
    На Lara&Lana, Twinkles и Belieberka666 им се допаѓа ова.
  2. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Епа земи слушалките и опуштисе додека си во чекална... можиш за почеток нешто класика... после нешто пожестоко ( хеви метал, хард рок...) и онака че се изнервираш ептен... значи че ти се смачи и че си речиш аман веке нека го вадат тој забот... и то.... :lol: :clap: :geek: :P
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Леле и мене ми е многу страв, најмногу мразам да одам да ми ги прават забите и пошто ми мава во психа ми ставаат анестезија и пак ми е страв се си мислам дека ке ме здоболи :) и така одвај чекам да заврши а со анестезија и побрзо е.
     
    На tanjusskat му/ѝ се допаѓа ова.
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    за совет кој е најдобар стоматолог нема шанса да ти дадам, Подобро да умрам отколку да седнам на жешкото столче. Работава ми иде и да умрам и загинам немој заб да ми вадите :lol: :lol: :lol: Среќа што имам здрави заби па немам потреба да го посетувам често, искрено само ќутете осеќам едно дупче (се надевам забарката не ми го чита ова :lol: :lol: ) но не идам пак на забар. Памтам како мала кога сум идела само што ќе седнам мене ми се мочкало, ме болело само што се уклучувало машина :lol: :lol: , ми се лошело..... абе татко ми вика глумица права :lol: :lol: така ете имам страв од мала и не сакам забари :devil:
     
    На zborlesta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    А кој ли го нема тој страв?!?! :tmi:
    И јас се плашам премногу иако досега не сум имала лошо искуство (за среќа), иако секогаш ми стават анестезија и не чувствувам никава болка додека ми го прават забот, иако стоматологот веќе добро ме познава и ме опушта со разговор и ми објаснува дека место за страв нема! И пак ми е страв, секогаш пред да појдам на стоматолог јас пак чувствувам грчеви во стомакот, расположението ми е катасрофа, се гадам од самата миризба во стоматолошката ординација, па со душа чекам да помине и да ми олесни на душичката :lol: !
    Стварно бе многу ни е страв од забари, ми се чини нема човек што нема да каже дека се плаши да оди на забар! :worried:
     
  6. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сите имаат страв од стоматолог. Јас на времето имав многу криви запчиња, имав и расипани, како и секое дете, нормално. Тргај, тегни одев на стоматолог. Мораше да ги исправам забите, кај бива девојче со криви заби. И се престрашив, мислејќи на мојата убавина, на мојата насмевка. Сега забите ми се средени, немам расипани, прави. Одам редовно на контрола, бидејќи си ги носам фиксните сеуште. Си отворам уста, стоматологот си ме чепка, јас никаков проблем си немам. Ако треба нешто да се поправи, си поправа, ако има за вадење заб, ќе си извади. Ако има коренче расипано, ќе си го извади, ако има камен и тој ќе го извади. Какви маки имам претргано со тие пусти заби, што сега со песна си одам на стоматолог :D Чудно, но вистинито :D

    Значи, мисли на твојата убавина, на твојата насмевка, веројатно не сакаш да имаш насмевка со расипани заби. Секој сака блескава насмевка. А со плашење и не одење на стоматолог тоа нема да го постигнеш :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Најголем страв имам од забар. :x
    Само што ќе влезам во ординацијата, мирисот кога ќе ме мавне по нос одма ми се стемнува!
    Грчеви во стомакот, расположението ми паѓа.. Леле мајко!
    Ќе седнам на столчето и од што се тресам толку се тресе и послужавникот со „алатките“ па така секогаш ми се смеат. Иако од кога ќе ми стават анастезија ништо не чувствувам, освен на моменти некој притисок што е нормално, сеуште си стравувам.

    Деновиве треба да одам на забар, ме боли заб.. Господе биди ми на помош! ;(
    Еве и сега со самата помисла почна да ми се грчи стомакот..
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Скоро сите го имаме тој страв, всушност јас не познавам личност што не се плаши од забар. :lol: Чудно, но така е. Никој не сака за забари. А обично се плашиме за џабе, самата помисла не плаши, а не дека навистина толку боли. Колку сме поопуштени толку подобро. Немој да мислиш на тоа толку, и се ќе биде во ред. Едноставно сфати си го како нешто што мора да го направиш, а верувај многу е важно и за здравјето и за убавината.
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    И мене ми беше страв од стомотолог но се навикнав! Не било талку страшно!
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Ко бев помала со влечкање одев на стоматолог, премногу ми беше страв,ама со тек на време се навикнав ,сега воопшто не ми е страв, треба само да не мислиш на болката и се ќе биди ок, јас барем то го практикувам :)
     
  11. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    И мене ми е мн страв ... Мислам дека ни е повеќе од паника .. Пробај опушти се... Кажи му на стоматологот дека ти е страв за да бидее повнимателен ... Јас бидејќи неможам да ја истраам болката секогаш заб правам со анастезија ... така и помалку ми е страв ;)
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Па ако сакаш да носиш фиксни 3 години , да имаш 2 извадени петки и да ти ставаат после штраф , слободно не иди ;)
    Најозбилно , многу се каам што не одев на време , не знам зошто моите не ме фатиле за уши и така до столчето ..Поправив се дури во 8 одделение . Подобро да те боли 10 минути на столче одколку цел живот после да жалиш што не си одела на време .
    И мене вака ми викаа и ќе си речеш оваа има сега здрави заби и дели памет , ама верувај знам што зборам :) .
     
  13. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Леле, јас кога бев мала бегав од стоматологот како од 666 :rofl:
    Најголем страв од детството, шта чеш.
    Се сеќавам ме бркаа околу амбуланта моите дека им избегав, ми викаа ќе ти купам ово-оно ама јок бре брате. Ко брзата птица итрица сум била - а они којотот.
    А кога ми вадеа заб, јас мислам дека прозори пукале.
    Да ме колеле толку немало да вриштам :geek:


    Сега фала богу, нормална сум.
     
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    Мене па никогаш не ми било страв од стоматолог :) секогаш на време си одев и си одам, малце да осетам или видам дека некој заб почнува да се расипува не чекам воопшто одма одам :D носев и фиксна протеза, и триста чуда ми правеа на забите а мене уво не ми чуе :rock: од ништо страв немав ]:) ама затоа сега си имам убави запчиња :wasntme:
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Нннннннеееееемммааам с-с-с-с-с-стррааааав од стт-т-т--т-т-тт-оматолог.
    ННННЕЕЕЕЕЕЕ....

    Затоа ми е најретко посетуван доктор.
    Попрво би отишла клизма да ми турат отколку на с-с-с-с-с-с-стттоматолог да идам.
    Брррррррр :$
     
  16. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    5.916
    Oдсекогаш мака сум тргала со тоа стоматолозите.Секоја чест на тие што имале среќа јас да сум му пациентот. :D ..Сега се погоди еден школски од татко ми да ми поправа заби кога треба ( а тоа е често оти јас сум љубител на благо и јадам ко да не сум видела , шеќерчињата ја не ги шмукам - директно ги кршам со заби ) ..и така ви велам кај овој школскиов од татко ми си вриштам колку сакам :D
     
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Девојки ви благодарам за советите ми значат сепак споделените маки и искуства подобро се поднесуваат јасно е се ама како да го надминеме тој страв навистина не знам ми кажуваа дека сеа по ново правеле заби и со ласер безболно ко демек и сеа со новиве апаратчиња ич не болело ама сепак мислам повеќе до психата било се е во главата ако си речеме мечка страв мене не и едно бедоксинче може и ќе си поминеме полесно :)
     
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Абе феминчиња мои,барајте анестезија и ништо нема после да сетите :) А таа помалце боли и кратко.Јас секогаш така правам заби и сум ок!
     
  19. miracle

    miracle Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    15
    Мојата мајка е стоматолог и уште како мала применуваме една тактика,секогаш кога сум во улога на пациент и кога ќе осетам болка ја кревам раката и таа престанува со работата за момент, и така додека не заврси.Тоа секогаш ми беше утеха дека помалку ќе боли и ми помагаше да немам проблеми со надминувањето на стравот.
    Па пробајте и вие така,можеби ќе ви биде од помош
     
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Пишав во СКД ама и тука ке пишам ( не читаат сите тамо)


    ова е корисен совет не само за заболекар тука од сите стравови


    еве го

    20 мин пред да тргнеш на забар или било каде

    ке идеш у соба , ке се заклучиш ... никој да не те вознемирува наредни 5 мин
    ке седнеш на средина на собата или ке стоиш
    ке ја пуштиш најомилената песна (ако е од комп онда стани па врати се) замижи и слушај ја песната
    полека осекај како снагата да го победиш стравот те обзема
    морници те лазат , почнуваш да се чуствуваш непобедлива ....
    непостои човек кој може да те сопре .... стануваш кралица на светот дури ни бубачката која се наога позади тебе неможе да те сопре

    полека стравот исчезнува , ги зимаш кључевите од колата и возиш кон забомачителот , седнуваш на столицата
    и замижуваш .... ја слушаш песната во тебе и успеваш да го победиш стравот
     
    На Belieberka666 и Phyramide им се допаѓа ова.