Не седнувај без анестезија. Нема да осетиш кога ќе те боцне и после раат ќе бидеш ништо не се осеќа. И јас не сакам на забар да идам.Ич не ми е пријатно во уста да ми брцаат. Тоа цревото што шмука го мразам устава пустина ми ја праи, и она за бушење што е
Мене ок ми се докториве ама пред секое одење по амбуланти болници ми се лоши. Тоа е. Ајде се надевам утре ќе се среди.
Пробај мозокот да го насочиш на сосем трето,затвори очи и не мисли воопшто на тоа. Како што ти кажаа ако пломбираш заб барај со анестезија да биде. И не си само ти со тој проблем да седне на таа столица
Ако чувствувам дека ми е страв, прифаќам дека сум вознемирена ама сепак одам! И се убедувам дека ќе биде во ред. Ако бегаш од такви ситуации, следен пат ќе ти биде уште потешко. Биди поголема од стравот
@WildMk на ад сум. Ќе соберам храброст и ќе завршам работа. Таман да го завршам разводот со убава насмевка и средени заби.
И јас сум на АД. Ако е оувруелминг, пијам хелекс. Је*и га друже судија. Некои луѓе се поеквипд, некои помалку. Ако е секси докторот, мисли како го пердашиш. Мене ми помага да не паничам
Ќе мислам на тебе на муабетот во темата дека си спиела со свекрвата и за швалерските места дека идеш на е... не на бања. Тоа е два пати што сум се смеела на форумов до солзи, да не можам да се смирам.
Здр бев на доктор скршена 7ца како половина заб има само, премногу болки имав овие денови, ми рече докторот демек морало операција, дали некој има искуство и мене ми е чуднозошто за скршен заб да треба операција? Може совет, малку ми е страв наравно, сакам нормалнодасе извадии, дали да го сменам докторот или?
Јас иам прееееемногу страв. Како мала ме носеа еднаш месечно али почнав да бегам и не ме однесоа повеќе. И од тогаш и неам стапнато таму!!! Ми се превртуваат цревата од самата помисла да одам, а кога ќе го вдишам тој мирисот шо го имаат во ординацијата ми паѓа притисокот и ми се лоши.
Еве јас конечно закажав термин за утре сабајле и цело сабајле еве ме едвај дишам, се тресам, премногу ми е страв иако свесна сум дека нема да боли бидејки немам активна болка во забот и башка со анестезија, ама сепак не можам да се смирам. Преголема фобија имам. Ама битно го скршив мразот со тоа што закажав термин бидејки и тоа немав гз да го направам со месеци.
Исто, да не одев во странство нареден месец да не ме фати заб додека сум таму па изгор цени, (иначе џабе ми се сензитивни непцава демек ми даваат знак декс мора одма да се оди) пак стандард ќе си чекав додека не ме здоболе некој ден и да си ја акам главата од ѕид
Како мислиш тотална, да те успијат? Ако е за таква јас колку што знам никаде. Таа се става само на лица со пречки во развој, кои не соработуваат, така ми има кажано мојата матична, а и таа анестезија во државна мислам дека ја има не ме држи за збор, ова што мојата докторка ми има кажано.