Што ќе ти е тотална анестезија- за вадење заби доволна е само локална- нема ништо да осетиш никаква болка што се плашиш.
Здраво ох ми се деси еден проблем од страв уште не сум отишла на заболекар ...ми падна на забот пломбата цела и не бев на заболекар така останав, само коренот на забот е останат е сега ми се случи денес еден проблем неможам да џвакам храната на него на забот како да закачува на живецот и премногу боли што да правам
А иначе се работи за 7мица заб скршен ми е само коренот е останат дали ќе е болно вадењето што да правам
Значи имало како мене што се плашат од стоматолог. Мислев само јас сум плачка. Ни анестезија не ми помага. Особено кога ќе го видам оној мал тенок апарат за бушење заби. Дали има некоја финта да не те боли толку? Имам за поправање ама од страв не сум отишла. Ако сака некој да помогне
Мене и со анестезија ме боли Како мала ме успаа со целосна ми прваеа заби ама сега неќат да прифатат повторно таков стрес. Едвај сум се разбудила. Нема као да ги убедам повторно. Нека ме успијат после можат да ми прават што сакаат нека сечат, кројат. Вака многу се плашам
Те боли сигурно кога те боцнат со анестезија, тоа е една секунда. Мораш да собереш храброст, не е толку страшно. Не знам колку си години ама зарем сакаш без заби да одеш? Од заби цело здравје ќе нарушиш. Какво успивање за ова, додека е време оди средувај ги.
Јас направив тетоважа шарена ама болката од правење заби не е како ни една друга болка. Страшно е Ама морам да идам и протеза треба да носам ама не ми ставаат на не средени заби протеза. Оф леле Стварно не знам што да правам... Како издржувате?
Ќе бидам малку груба, ама не замерувајте. Пострашно е да останете без заби, а ќе останете ако не одите. Ќе боли, ама нема да боли многу. За разлика од онаа болка по загуба на сите заби. Ако нејќете такво нешто, ќе се наканите да одите. Пред да одите на терминот, гледајте нешто што ви е интересно или смешно. Што може да ве опушти. Дур сте на столчето, мислете на нешто друго.
Нема друго. Мора да прифатиш дека и покрај стравот мора да одиш и да си ги спасиш забите. Ако почнеш и поредовно да одиш, ќе се навикнеш и ќе ти се чини помалку болно. Дома немој да мислиш на тоа. Пуштај си смешни видеа или читај добра книга. Па, кога ќе седнеш на столче помисли на нешто позитивно (убав спомен, среќен момент).
Се активира темава кога конечно закажав термин на стоматолог, утре. За карање сум и јас, долго време немам појдено и некни конечно кога ме фати болка во еден заб и не можев ни да џвакам нормално, собрав храброст и си закажав термин. Сега не ме боли, пиев и апчиња, ама проблемот си стои. А знам дека имам повеќе за проверка, плус еден скршен недокршен. Ама на крај ми дојде ум да одам да си средам се што не чини, па потоа редовни контроли 2 пати годишно за да не се доведам повеќе во ваква ситуација. Со среќа нека ми е, а вие уште што се мислите да не се мислите повеќе. Јас без анестезија нема шанси да седнам, така да ме теши тоа што нема да е (пре)болно. Стоматологот препорачан од сигурни извори дека е добар, па се надевам така ќе е. (Инаку се плашам, ама повеќе се плашам дека ќе останам без заби ако продолжам вака)
Ретки се тие што не се плашат од стоматолог, и јас се плашам ама здравјето е пред се. Јас пред одење обавезно стомак ме фаќа од страв, плус докторка што не сака да слушне за анестезија. И така секогаш прво стомак убаво ме стегнува, и одам целата испаничена, ама најбитно ми е што одам против стравот
Дефинитивно многу значи и забарот како ќе се постави и свеста на човекот. Од забар не се плашам, никогаш немам поправано заб со анестезија, хронична инфекција ми лечеле без анестезија, матрица ми ставале исто без, забарот имаше лесна рака убаво работеше и со самото тоа што и сама си размислив дека подобро 20/30мин болка, одколку цел ден да кукам е многу подобра опција, значи, прво најдете си забар во кој имате доверба и нема да се плашите, јас идам на забар ко на гости да идам, дури ми рекле дека сум имала висок праг на толеранција на болка, ама мислам дека сам човек треба да се убеди дека тоа не е ништо страшно, решаваме проблем со идење на забар... И да, да не бев упорна и да не идев, ќе останев без заби, среќа на време поправано, ниту еднаш не ме заболел заб и навистина не можам да сфатам како некои луѓе попрво би трпеле болка, отколку да идат на забар за 10 мин да им го среди, не ми е јасно, 21 век е ете со анестезија не се осеќа ништо, од што тогаш страв... Јас делувам ко психопат ама да можам би идела наместо сите, што имате проблем се чуствувам убаво, кога ми поправаат заби
Јас само да споделам дека денес го имав најубавото искуство на забар досега. Толку фин и добар беше човекот што кога мислев дека тукушто почнавме ми рече дека при крај сме. Никаква болка не осетив, секако со анестезија. Ми кладе лекче овој пат и ми кажа дека имам уште 3 заби за да ги правиме, одма се префрлив матична кај него. Стравот од стоматолог се лечи само кај добар стоматолог. Не чекајте, најдете некој што си ја знае работата и направете си ги забите. Оттука иди голем дел од здравјето.
Јас трпам друг вид болка, ама оваа со забар ми е не знам, страв до коска ама сум упорна и одам. Многу често размислувам зошто толкав страв од ова и не можам да си разјаснам посилно е од мене. Инаку ние од малите места не можеме многу да бираме, имав јас една фина, префина, стварно ништо не осеќав без анестезија правев ама до дома додека стигнам пломбата ми пагаше, не лекот пломбата. Кај оваа што одам сега убаво работи, ама уште не седнала ќе ме испоплаши ама среќа што сум упорна и си одам страв не страв, малце дијареа ме фаќа пред забар ама што е тоа е Најбитно ми е убаво да ми работи, другото што да се прави Од забар секогаш си одам дома како на маратон да сум трчала, жива вода цела до гаки испотена инаку не се потам, што ми станува тогаш не знам
Тој страв одамна го надминав гледам и тема сум отворила ама ваљда се поминува полесно кога ќе се решиш да се соочиш со стравот. Сега мислам дека тоа не е воопшто страв, додека седне човек.
Ја. . .. Ја попрво ќе раѓам само на заболекар да не одам Таков страв имам шо ме парализира Ама не оставам да не одам ме страв ама одам и средуваме
И јас имам фобија од забар, највеќе од анестезија, нема шанса да ставам, трпам болка ставам од капките заболек и така терам некако Мене во бременоста нагло почнаа сите заби да ми се расипуваат , неколку ми се скршија овие 5год идев ептен ако не можев да истрпам но не ни седнувам на столот , само ке ми стават лек и да ме нема Последната година почнаа пола и да се клатат мислам дека имам парадентоза желбините ми се некако смалуваат ко коренот да гледам на некои заби тие 6-7 што се клатат, а еден заб сам ми испадна, кога јадев, ни болка не осетив и го однесов ми рече цел е паднат со се коренот, јас ке пукнев од радост И така да скратам се надевам сите сами ке испопагаат