Страв од стоматолог

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од praski4e, 22 септември 2011.

  1. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    4.807
    Иам гранулом на два заба. Ми ставаше лек, за една недела ќе ми става друг лек кој што ќе стои 3-4 недели и плус ми даде антибиотик.
    Рече дека најверојатно ќе се смири и ќе може да се одложи вадењето за неколку години.
    Има нешто друго што може да се направи во некои поспецијализирани ординации? @Annath
    Не би сакала да вадам 2 заба еден до друг.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.472
    Допаѓања:
    201.272
    Пол:
    Женски
    Микроскопска ендодонција, евентуално апикотомија (зависи за кои заби се работи). Побарај мислење од специјалисти, ендодонт и орален хирург, види што ќе ти кажат, дали вреди и може да се спасуваат забите или не.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    639
    Пол:
    Женски

    Имам многу позитивно искуство во ординација https://www.facebook.com/indent.familydentalclinic професионалци од почеток до крај. Двете главни сестри се прекрасни личности и пристапот е стварно на високо ниво. Имаат во предвид дека си исплашен затоа што 97% од луѓето сме кога доаѓа до забар ситуација.

    Кај нив вадење заб е последна опција онака кога веќе НЕМА спас, никогаш нема да ти каже аааа ова треба да се вади. Не, ќе ти ја објасни целата ситуација и на крај те прашува дали сакаш со тоа да се продолжи, ти кажува цена, дали можеш да си дозволиш.. итн.

    Човечки пристап. Ги препорачувам топло, целa фамилија ги префрлив таму. :)
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ravenn

    Ravenn Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Јас немам воопшто страв од стоматолог, а ги вадев сите 4 осмици недораснати, ми ставаа конци, анестезии. Имав фиксни протези долго време, носев ластици а бе се. Едноставно не го гледам како нешто големо. Одам, седнувам, оставам да си вршат работа и си одам дома. Единствен совет што можам да дадам е да бирате добри доктори што си ја знаат работата. Се е полесно кога знаеш дека си во добри раце и нема да дозволат да ти се случи нешто.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    4.807
    Препорака каде во Скопје се прави ова?
    Иначе се работи за 6ка и 7ка,на долна вилица.

    Фала на препораката @Rozevata
     
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.472
    Допаѓања:
    201.272
    Пол:
    Женски
    Од мое лично искуство, Томо Каракамчев. За ендо третман отидов директно кај него, за некое време ќе видиме дали било успешно. Ама болка веќе немам. Е сега соленки се цените, но мислам дека вреди ако е успешно лекувањето.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Јас имам малку чуден страв од стоматолог.. Не ми е страв од болка туку од самиот мирис во ординацијата ми се слошува и ми се гади и ми доаѓа да повратам кога ја држам устата отворена таму и мнооогу ми е незгодно не можам да седам мирна како мало дете сум… Многу ми иде на повраќање кога дремам таму со отворена уста и ме фаќа паника цело време мислам ќе повратам ќе се обрукам.. :( За два саати имам термин и веќе уште сега почнува да ми се лоши.. Има ли начин да се надмине ова? Можеби дијазепам би ми помогнал…